Тајланд I Пукет Нова Година 2020


Име на сместување
Држава
Дестинација

НОВА ГОДИНА НА ЕГЗОТИЧНИОТ

ТАЈЛАНД – ОСТРОВ ПУКЕТ 

Термин: 25.12.2019-03.01.2020

7 ноќевања со појадок + авионски превоз со вклучени аеродромски такси + трансфер + вклучена Новогодишна Гала вечер!!

(ГАРАНТИРАНИ МЕСТА НА АВИОН)

ПРОМОТИВЕН ПОПУСТ ОД 100€ ЗА ПРВИТЕ 4 МЕСТА!!
БЕЗ ДОПОЛНИТЕЛНИ ТРОШОЦИ!

„Тоа што сме, е производ на нашето сопствено размислување. Со нашите мисли го креираме светот“ – БУДA

ПРОГРАМА 

1 ден – среда (25.12.2019) – СКОПЈЕ – ПУКЕТ

Полетување од Скопје кон Доха во 11:55. Простигнување во Доха во 18:50 локално време. Полетување кон Пукет во 20:15 локално време.

2 ден – четврток (26.12.2019)  - ПУКЕТ

Пристигнување во Пукет наутро, во 07:05 часот локално време. Пречек во Пукет од страна на локалните партнери и трансфер до хотел. Сместување во хотел Ashlee Hub Hotel Patong Phuket 4* /Millennium Resort Patong Phuket 5* во Патонг (или сличен). Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

3 ден – петок (27.12.2019) -  ПУКЕТ

Појадок во хотел. Слободно време за индивидуални активности и уживање на најпознатата плажа на Пукет – Patong beach. Насладете се со бескрајните песочни бели плажи, многубројните угостителски објекти каде преку традиционалната храна ќе го почуствувате духот на Тајланд, продавници во кои локалните жители ќе Ве пречекаат со топла насмевка и незаборавни забави во текот на ноќта. Едноставно, препуштете се во ритамот на еден од најубавите острови на Андаманското море. Ноќевање.

4 ден – сабота (28.12.2019) – ПУКЕТ  

Појадок во хотел. Слободно време за индивидуални активности или предлог факултативен излет. *Целодневен излет до Phi Phi Islands со брз брод (90 евра по лице). Ноќевање.

5 ден – недела (29.12.2019) –ПУКЕТ  

Појадок во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

6 ден – понеделник (30.12.2019) – ПУКЕТ

Појадок во хотел.  Слободно време за индивидуални активности или предлог факултативен излет. *Целодневен излет до заливот Phang Nga со брз брод и кану (90 евра по лице). Ноќевање

7 ден – вторник (31.12.2019) – ПУКЕТ – Гала Вечер

Појадок во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Во вечерните часови следува Гала Вечер по повод дочек на Новата 2020 Година (пијалоци не се вклчуени во пакетот). СРЕЌНА НОВА ГОДИНА!!. Ноќевање

8 ден – среда (01.01.2020) – ПУКЕТ

Појадок во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање

9ден – четврток (02.01.2020) – ПУКЕТ

Појадок во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Во однапред договорено време следува организиран трансфер до аеродромот во Пукет за лет кон Доха. Полетување кон Доха во 19:40. Слетување во 23:30 часот.

10 ден – петок (03.01.2019) – ПУКЕТ – СКОПЈЕ

Полетување од Доха кон Скопје во 07:15 часот. Слетување на аеродромот во Скопје во 10:55 часот.

ХОТЕЛ ЦЕНА ПО ЛИЦЕ ВО ДВОКРЕВЕТНА СОБА
Ashlee Hub Hotel Patong Phuket 4* (или сличен) 1070€
Millennium Resort Patong Phuket 5* (или сличен) 1530€

***можност за плакање на 12 или 24  месечни рати со 0% камата ***

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Авио билет на релација Скопје-Доха-Пукет-Доха-Скопје со Qatar Airways;
  • Аеродромски такси;
  • Рачен багаж до 7кг;
  • Чекиран багаж до 30кг;
  • 7 ноќевања со вклучен појадок во хотел со 4* или 5* на Patong Beach во Пукет
  • Повратен трансфер на релација аеродром-хотел-аеродром;

Цената на аранжманот не вклучува:

  • Виза за Тајланд – 90 евра по лице (посредува АтлантиС);
  • Бакшижи за водичи, возачи и ресторани;
  • Индивидуални трошоци;
  • Дополнителни екскурзии, оброци и пијалоци кои не се напоменати во програмата;
  • Патничко осигурување – ЗАДОЛЖИТЕЛНО (информации во агенција)

Потребни документи за виза:

  • Формулар за виза;
  • Биометриски пасош (валидност повеќе од 6 месеци);
  • 1 слика пасошки формат;
  • Копија од авио билет;

Рокови за отказ на аранжманот и пенали:

  • над 60 дена пред датумот на реализација се задржува износот на депонираниот депозит;
  • помеѓу 60-тиот и 30-тиот ден пред датумот на реализација се задржува 70% од вредноста на аранжманот;
  • помалку од 30 дена пред датумот на реализација се задржува 100% од вредноста на аранжманот.

Напомена:

  • За ова патување е потребна патна исправа со валидност од минимум 6 месеци од датумот на враќање во матичната држава;
  • Во случај на промена на цената на авиобилетот од страна на авиопревозникот или сместувачкиот објект, агенцијата има право да ја промени цената на аранжманот;
  • За резервација е потребна уплата на 50% депозит кој е неповратен  во случај на отказ од страна на корисниткот на услугата;
  • Доплата на аранжманот 30 дена пред реализација на истиот.

Сезони



Награди и признанија


1. Благодарница од Qatar Airways за континуирана поддршка за 2018/2019 година
2.Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија 2018 год.
3. Награда за најуспешна агенција за продажба доделена од страна на Qatar Airways,2018 год.
4. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2017 год.
5. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2016 год.
6. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија, 2015 год.

7. Топ 100 ВИП локации во Источна Европа од Western Union, 2015 год.
8. Награда за 20 години постоење и значителен придонес во туризмот од Општина Струмица, 2015 год.
9. Благодарност и најдобро партнерство во Република Македонија доделен од страна на Turkish Airlines,2014 год.
10. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија,2012 год.
11. Изворедна поддршка и посебна соработка со Turkish Airlines, 2012 год.



Let's socialize




© 2015
All Rights Reserved


Хотели и Апартмани - Лето 2019

Тури



Корисничка поддршка
+389 2 3 22 99 22
marketing@atlantis.com.mk