Аргентина и Бразил 2019


Име на сместување
Држава
Дестинација

 АРГЕНТИНА И БРАЗИЛ

06.10.2019 - 20.10.2019

 АРГЕНТИНА, ВОДОПАДИТЕ ИГУАСУ И БРАЗИЛ

ЈУЖНА АМЕРИКА

Јужна Америка – За некого Рај помеѓу Карибите, Јужниот Пацифик и јужноатланскиот океан, континент преплавен со долга историја и пејсажи кои го одземаат здивот. Јужната хемисфера или јужниот дел на земјината полутопка е домот на еден од седумте континенти на планетата Земја. Јужна Америка опфаќа површина од 17,818,508 км2 и брои 355,070,540 жители, распрскани низ 12 држави (Аргентина, Боливија, Бразил, Венецуела, Гвајана, Еквадор, Колумбија, Парагвај, Перу, Суринам, Уругвај, Чиле, Француска Гвајана). Овој континент изобилува со голем број на природни атракции како: најголемата дождовна шума во светот и најголемата река (Амазон), највисокиот планински венец надвор од Азија (Андите), островите (Галапагос, Велигденските Острови и Фернандо де Норонха), преубави плажи (особено во североисточниот регион на Бразил), широки пустини (Атакама), ледени пејзажи (Patagonia & Tierra del Fuego), највисокиот водопад во светот (979m Angel Falls, во Венецуела) и еден од најголемите Игуасу водопади,  границата помеѓу Аргентина и Бразил. Свој белег овде оставиле и луѓето преку древните руини (Мачу Пикчу и другите градови на Инките, Моаи на островот Велигден) до метрополи од светска класа (Сао Паоло, Буенос Аирес, Богота, Каракас, Сантијаго, Лима и Рио де Жанеиро), извонредна модерна и европска архитектура (Бразилија, Буенос Аирес) и шармантни градови изградени во Андите (Каракас, Меделин, Кито, Сантијаго де Чиле). Силното афричко наследство (во Салвадор, Рио и Монтевидео) со својата домородна култура (Белем, Манаус, Куско, Лима, Ла Паз) и влијанието на Истокот (огромната јапонска заедница во Сао Паоло) се мешаат со отпечатоците од иберанските колонизатори. Градот Ушуаја (најјужниот град во светот) и легендарните настани од овој крај на светот -  карневалот во Рио и Беримовата Цирио де Назаре, Светското првенство во Танго и фестивалот Вендемија во Аргентина, се исто така дел од магијата на овој неверојатно разновиден и атрактивен континент.

АРГЕНТИНА

Динамична и интензивна, Аргентина заведува со својот уличен танго танц, вкусна храна, фудбал, гаучо култура и моќните Анди. Со два збора - коктел од убавини. Сместена помеѓу Андите на запад и Атланскиот океан на Исток, Аргентина го добива името од латинскиот збор Argentum, што значи сребро, а првите кои го употребиле истоимениот збор се шпанските и аргентинските колонизатори во 16-от век.

  • Буенос Аирес - Главен и најголем град на оваа грандиозна држава е Буенос Аирес (Buenos Aires), кој се протега по десниот брег на реката Ла Плата, при нејзиното влевање во Атлантискиот Океан. Модерна метропола која плени со својата улична и култура на живот. Кога велиме улична култура алудираме на танцот и љубовта кои локалните жители ја презентираат буквално во секое населено место. Од родното место на тангото (улицата Caminito), квартот на италијански мигранти - La Boca, па се до “фудбалскиот дом” на легендарниот Диего Марадона, овде е раскажана приказната за Буенос Аирес. Долга е историјата на овој град, а влијанието на шпанците во 1776 година и британците во 1806 оставило белег засекогаш, но притоа правејќи го еден од највлијателните градови во нивните кралства, во тој период.  Според последниот попис, Буенос Аирес брои околу 3 милиони жители од кои главно се аргентинци, со италијанско и шпанско потекло, но има и жители со арапски, еврејски, кинески и корејски потекла. Денес, градот претставува еден од водечко економските градови во Јужна Америка, а присуството на туристи од ден на ден постојано се зголемува. Авенијата 9ти Јули (9 de Julio Avenue), Женскиот мост (Women's Bridge), споменикот Обеликс (Obelisco de Buenos Aires) се само дел од знаменитостите кои се мотив за посетителите.
  • Игуасу (водопадите Игуасу) - Во близина на градот Куритиба се наоѓа изворот на реката Игуасу која поминува низ двете најголеми држави на Јужна Америка, Бразил и Аргентина. Поголемиот дел од реката тече низ државата Бразил, а нејзината вкупна должина изнесува 1,320 километри. Во својот слив со реката Сан Антонио, реката Игуасу ја формира границата помеѓу Бразил и Аргентина. Оваа река ја красат повеќе од 250 водопади и упади кои варираат од 60 до 82 метри и го носат нејзиното име, Игуасу. Водопадите се мотив за посета на илјадници туристи ширум светот, а брзо и лесно достапни преку двата аеродроми кои се во близина на истите: Бразилскиот меѓународен аеродром Фоз до Игуасу (ИГУ) и Аргентинскиот меѓународен аеродром Катаратас дел Игуасу (ИГР). Водопадите Игуасу се специфични по тоа што можете да ги набљудувате од двете соседни држави, Аргентина и Бразил. Убавината на водопадите е заштитена од Национален парк Игуасу (Аргентина) и Национален парк Игуасу (Бразил). Двата парка се одредени од УНЕСКО како Локации од светското наследство, еден во 1984, а другиот во 1987 година.

БРАЗИЛ

Држава со големина колку половина континент (Јужна Америка), самба, карневал, фудбал, прекрасни и долги песочни плажи, планини, реки, споменици на природата, споменици заштитени од УНЕСКО, се само дел од зборовите кои ќе Ве асоцираат само на една држава – Бразил. Бразил е петтата по големина држава во светот (по Русија, Канада, Кина и САД) и трета по големина во Америка. Главен град на државата е Бразилија, а најнаселен (со 11 милиони жители) е Сао Паоло. Вториот е поставен на туристичката мапа на светот, но сепак целото внимание е насочено кон Рио де Женеиро.

  • Рио де Женеиро - Рио де Женеиро или често нарекуван само Рио, е град на истоимената држава кој е воедно втор по големина во Бразил, а трета метропола во Јужна Америка, со вкупна бројка на жители во неговата внатрешност од 6 милиони. Рио е најпосетуваниот град во јужната хемисфера и познат по неговите природни опкружувања, славењето на карневалите, самбата, ритамот на Боса Нова и плажите Бара де Тихука, Копакабана, Ипанема и Леблон. Во прилог на плажите е најпознатата знаменитост овде - статуата на Исус Спасителот ('Cristo Redentor'), лоцирана на врвот на планината Корковадо и дел од Новите Седум Чуда на Светот. Понудата ја надополнуваат Шеќерната Глава, областа Самбадроме (во која се стационирани повеќе училишта за самба танц и која се користи како авенија за времетраење на карневалот) како и Стадионот Маракана, кој сеуште е еден од најголемите фудбалски стадиони во светот. Сите овие се наоѓаат во различните зони на градот, кои се поделени на: Централна зона (Centro), Zona Sul (Јужна Зона), Северна Зона ( Zona Norte), Југозападна зона, Западна Зона (Zona Oeste)
  • Централна зона (Centro) - Зоната Centro е историскиот и финансискиот центар на градот. Во времето на колонизацијата оваа област била изградена со цел да им служи на Португалските гувернери како живеалиште, каде притоа биле изградени многу историски цркви, односно црквата Канделарија, Старата Катедрала и црквата во модерен стил Катедралата Рио де Женеиро. На плоштадот Канделарија има многу знаменитости кои се вредни за посета, а дел од нив се Градскиот Театар и Националната Библиотетска Зграда. Меѓу неколкуте музеи, се издвојуваат Националниот Музеј за ликовни уметности и Националниот Историски музеј. Не помалку важна историска атракција во централниот на Рио е и “Passeio Publico” - градина која датира од 18-от век . Центарот останува срцето на бизнис заединцата на градот. Некои од најголемите компании во Бразил имаат седишта токму овде, вклучувајќи ги Петробрас, Елетробас и Вале (трите од најголемите Бразилски корпорации).
  • Zona Sul (Јужна Зона) - Јужната Зона на Рио де Женеиро е составена од неколку области, меѓу кои се Сао Конрадо, Леблон, Ипанема, Арпоадор, Копакабана и Леме, кои заедно го сочинуваат богатото Атлантско крајбрежје на Рио. Други познати области се Глориа, Катете, Фламинго, Ботафого и Урка, која граничи со заливот Гуанавара, Сента Тереза, Косме, Велјо, Ларанхеирас, Хумаита, Лагоа, Хардим Ботанико и Гавеа. Ова е најбогатиот регион во градот дури побогат и од познати градови во другите држави, а соседтсвото наречено Леблон има најскап недвижен имот од сите соседства во Јужна Америка. Областа Копакабана и нејзината плажа, секоја година е домаќин на една од најспектакуларните забави по повод дочек на новата година, каде што толпа од над 2 милиони посетители, на полноќ ужуваат во блесокот над нив, наречен огномет. Од 2001та година, огнометите биле лансирани од бродовите, за да се подобри безбедноста на настанот. Меѓу областа Леме и заливот Гуанабара се наоѓа познатата планина која како да излегува од самото море. На врвот може да се стигне со дво-насочна жичарница од местото наречено Праиа Вермеља до местото Морро да Урка и нуди прекрасен поглед на планината Корковадо. Еден од највисоките ридови во градот е Педра да Гавеа чија височина изнесува 842м и се наоѓа близу ботаничките градини. На самиот врв има огромна формација од камења која наликува на глава од свинга со брада која е видлива од многу километри одалеченост. Параглајдерството е популарна активност близу областа Педра Бонита (во превод Убавиот Камен).
  • Северна Зона ( Zona Norte) - Северната Зона почнува од центарот на градот и се шири километри во внатрешноста. Оваа зона на Рио е дом на стадионот Маракана, кој како домаќин на Светскиот Куп во 1950та година поседуваше капацитет од 199,000 луѓе. Во поновите времиња неговиот капацитет се намали со цел да се постигне поголема безбедност (околу 90 000). Оваа област е позната по тоа што е дом за многуте училишта за самба танцовите како што се Мангуера, Салгуеро, Империо Серано, Индос да Тихука меѓу најпознатите. Некои од главните соседтсва на Северната Зона на Рип се Тихука, Вила Изабел, Сан Кристовао, Мауреира и Пења меѓу другите. Во Северната Зона се наоѓаат 1,000 сиромашни градчиња, наречени фавели, каде живеат нелегално сиромашни луѓе во импровизирани колиби и наликуваат на оние градови во земји кои сеуште се во развој.
  • Југозападна зона - Југозападната страна на западната зона во Рио де Женеиро е областа која од неодамна е модернизирана. Ги вклучува областите како Бара да Тихука, Јакарепакуа, Рекреио дос Бандерантес, Грумари и многу други. Постои многу голема социјална разлика (контраст) помеѓу Горната Западна Зона и Долната Западна Зона. Сепак , Југозападната зона на Рио има свои фавели (сиромашни градчиња) покрај областа со домовите на средната и високата класа. Урбаното планирање на областа, била направена во доцните 1960-ти години, и потсетува на предградијата во Соединетите Американски Држави, со помош на мешање на фамилијарните ќуки со станбените облакодери. Плажите на Бара да Техука се исто така популарни кај жителите на градот.

ПРОГРАМА

1 ден (06.10.2019 - недела) | Скопје – Истанбул

Состанок на групата во 18:55 часот на Меѓународниот аеродром во Скопје. Полетување од Скопје кон Истанбул во 20:55 часот со авиокомпанијата Turkish Airlines. Слетување во Истанбул во 23:30 часот. (Авиокомпанијата обезбедува бесплатен хотел доколку разликата со поврзаниот лет е над 12 часа).

2 ден (07.10.2019 - понеделник) | Истанбул - Буенос Ариес

Полетување кон Буенос Аирес во 09:40 часот (директен лет со еден технички стоп во Сао Паоло во времетраење од 1 час). Пристигнување на меѓународниот аеродром Езејза во Буенос Аирес во 21:30 часот локално време. Добредојдовте во Аргентина! Пречек на аеродромот од страна на нашиот претставник во Буенос Аирес и трансфер до хотелот Cyan Americas Tower 4* (или сличен). Сместување во хотел. Ноќевање.

3 ден (08.10.2019 - вторник) | Буенос Ариес (разглед на градот со локален водичјужен дел/танго шоу)

Појадок во хотел. Состанок на групата во 08:45 часот во лобито на хотелот. Во 09:00 тргнување кон организиран разглед (вклучен во цената/целодневен разглед) на јужниот дел на градот Буенос Аирес со локален водич на англиски јазик (превод од страна на претставникот на АтлантиС). Разгледот ќе започне со посета на квартот основан од италијанските емигранти, Ла Бока (La Boca) кој е познат по типичните шарени куќи, поплочени улици и големиот број на ресторани во кои можете да уживате во бројните претстави и маестралните танго изведби. Ќе имате можност да прошетате по улицата „Caminito“, позната како родното место на тангото. Пауза за фотографирање пред стадионот на еден од најпознатите локални фудбалски клубови „Boca Juniors“ - Estadio Alberto J. Armando. Другото име на стадионот е „La Bombonera“, а истиот е познат и по тоа што токму овде тренирал легендарниот фудбалер од минатото - Диего Марадона. Следи посета на центарот на градот или „Plaza de Mayo“, каде ќе можете да ја видите Претседателската зграда уште позната и како Розевата куќа. Тука е и модерната зграда на најголемата катедрала во земјата, а наспроти неа е една од малкуте зачувани градби од 18 век позната под името Кабилдо (Cabildo), каде некогаш бил сместен административен совет кој управувал со општината, а денес зградата се користи како музеј. Ќе поминеме по булеварот Мајо - „Avenida de Mayo“, кој ги "поврзува" законодавната и извршната власт на земјата. На едниот крај е Претседателството, а на другиот крај е Сенатот (Парламентот на земјата). Тука се наоѓа и познатата кафетерија Café Tortoni, која имa автентичен ентериер зачуван од средината на 19 век (нема да се застанува или прави паузa, можете да го посетите за време на вашето слободно време).  Враќање во хотелот индивидуално и слободно време за индивидуални активности. Во вечерните часови организирана вечера и танго шоу во “Tango Porteño” (со доплата, вечера со вклучени пијалоци и часови по танго). Состанок на групата во 19:30 часот, во лобито на хотелот. По завршување на шоуто, враќање во хотелот со организиран трансфер. Ноќевање.

4 ден (09.10.2019 - среда) | Буенос Аирес (разглед на градот со локален водич – северен дел)

Појадок во хотел. Продолжуваме со разглед на Буенос Аирес, но овој пат северниот дел на градот. Се упатуваме кон Булеварот 9 - ти Јули (Avenida 9 de julio) кој претставува еден од најшироките булевари во светот. Тука се наоѓа и познатиот Обелиск (Obelisco de Buenos Aires), кој е симбол на градот. Ќе поминеме покрај Изложбениот центар и Националниот музеј за ликовни уметности. Следува застанување во квартот Риколета (Recoleta), кој е еден од најпрестижните во градот,  познат по административните и станбените згради во француски стил и бројните музеи. Тука се наоѓаат и гробиштата Риколета, кои ќе ги посетиме и кои претставуваат музеј на отворено. Тука се погребани познати личности како Евита Перон, аргентински претседатели, локални уметници, добитници на Нобеловата награда, па дури и ќерката на Наполеон.
Разгледот продолжува со поминување низ квартот Палермо, кој е познат по скапите аристократски станови со поглед кон паркот. Разгледот завршува со предлог посета на една од најубавите и уникатни згради во градот, книжарницата El Ateneo Grand Splendid. Оваа зграда првично била театар Teatro Grand Splendid и е изградена во 1919 година. Долги години зградата била празна, за конечно во 2000 г. да се отвори како книжарница. Ентериерот е зачуван, а некогашната сцена денес е кафуле, а ложите и балконите со раскошни орнаменти се претворени во полици за книги и места за читање. Враќње во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

5 ден (10.10.2019 - четврток) | Буенос Аирес (ранч Дон Силвано или Санта Сузана)

Појадок во хотел. По појадокот следува целодневна факултативна екскурзија (со доплата) до ранчот Дон Силвано (Don Silvano) во аргентинската пампа, земјата на гаучосите. Состанок на групата во 09:10 часот во лобито на хотелот. На овој излет заминуваме надвор од големиот град и ќе се запознаеме со навиките на аргентинските “каубои” - гаучоси, додека шетаме низ една од најголемите светски рамници - аргентинската пампа. Од Буенос Аирес до ранчот Дон Силвано се патува околу 100 километри. Попатно ќе поминеме низ северниот дел на градот каде ќе ја видиме скулптурата на цвет изработена од челик и алуминиум Floralis Genérica, во близина на Правниот факултет на локалниот универзитет. Металниот цвет е дизајниран да ги отвара своите ливчиња наутро кога изгрева сонцето и да се затвoра навечер кога заоѓа. Ова го прави уникатен и претставува еден од симболите на градот. Овде е се наоѓа богатиот кварт Палермо во кои се сместени Јапонските градини како и ботаничката градина на Буенос Аирес.  Тука ќе нѐ пречекаат нашите домаќини со пијалок и “empanadas” (традиционални закуски од месо во тесто). Следува слободно време за различни традиционални активности на ранчот, како: јавање коњ, возење на вагон, прошетка низ ранчот и др. Следува ручек со традиционални „asados“ или различни видови на месо печено на оган, колбаси и разни салати, домашни десерти и разни пијалоци (вклучени во цената) вклучувајќи го традиционалениот аргентински чај мате. За време на ручекот ќе имаме можност да уживаме во традиционалното шоу на локални танци и музика, а кон крајот на истиот ќе  уживаме во трките со коњи и демонстрација на вештините на гаучосите. Пакетот вклучува трансфер, локален водич на англиски и шпански јазик, богат ручек со пијалоци, трка со коњи, шоу програма. Враќање во хотел. Ноќевање

6 ден (11.10.2019 - петок) | Буенос Аирес - Игуасу

Појадок во хотел. По појадокот следува одјавување од хотелот и состанок на групата во 10:30 часот во лобито на хотелот. Во 11:00 часот следува трансфер до аеродромот во Буенос Аирес за внатрешен лет кон Порто Игуасу во 13:55 часот. Слетување на аеродромот во Порто Игуасу во 15:45 часот локално време и транфер до хотелот Hotel Esturion 4* (или сличен). Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални активности, уживање во природата на Игуасу и содржините на хотелот. Ноќевање.

7 ден (12.10.2019 - сабота) | Водопадите Игуасу од страната на Аргентина

Појадок во хотел. По појадокот следува целодневна екскурзија на водопадите Игуасу (Iguazú Falls) од аргентинска страна (влезницата за National Park e вклученa во цената). Состанок на групата во 08:15 часот во лобито на хотелот. Денес не‘ очекува еден незаборавен ден во Националниот парк Игуасу, каде ќе ги видиме водопадите од аргентинска страна. Тука се наоѓаат 80% од водопадите, а само 20% се наоѓаат од бразилска страна. Преку 275 водопади се создадени од двете реки Игуасу и Парана, а на неколку места водата паѓа дури од 82 метри. Просечната количина на вода што минува низ водопадите е 1500 м³ во секунда и варира од зависност од сезоната и водостојот на реките. Ќе прошетаме по туристичките патеки, од каде се откриваат неверојатни глетки кон водопадите и од каде ќе можеме да ги направиме најубавите фотографии. Овој природен феномен ќе ве остави без здив со неговата убавина. Денес ќе имаме можност да го видиме најголемиот водопад од водопадите Игуасу, наречен Ѓаволско Грло (La Garganta del Diablo) и ќе ја почуствуваме величевственоста на природата. Ќе имаме можност да одиме по патеката кон водопадот и да уживаме во прекрасните звуци на природата. Слободно време за ручек (не е вклучен во цената). Враќање во хотел. Во попладневните часови слободно време за индивидуални активности и уживање во содржините на хотелот. Ноќевање.
Дополнителна факултатива: Плoвeње во кристалните води на водопадите како дел од „Nautical adventures“ - морска авантура со брод (уплата и информации на лице место).

8 ден (13.10.2019 - недела) | Водопадите Игуасу од Бразилска страна, Птичји парк

Појадок во хотелот. По појадокот се упатуваме кон целодневна посета на водопадите Игуаси од бразлиската страна, поминувајќи ја границата и влегувајќи во Бразил. Ќе поминеме по мостот на пријателството од каде има прекрасна глетка кон границите на 3 држави Аргентина, Бразил и Парагвај. Денешниот ден ни започнува со посета на Птичјиот парк (влезницата e вклучена во цената). Паркот е дом на над 1000 птици од различни краеви на Бразил. Се наоѓа во близина на националниот парк Игуасу и ќе ни овозможи одблизу да ги видиме различните видови на папагали, тукани, фламинга и најмалата птица во светот - колибрито, како и многу други разнобојни претставници на птичјиот вид. Полудневна екскурзија со локален водич низ водопадите Игуасу (Iguazú Falls) од бразилска страна (влезницата за National Park вклучен во цената).  Враќање во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

9 ден (14.10.2019 - понеделник) | Игуасу - Рио Де Женеиро

Појадок во хотел. Одјавување од хотелот при што се упатуваме кон аеродромот во Игуасу за лет кон Рио де Женеиро во 10:05 часот. Слетување во Рио во 12:00 часот. Пречек од страна на претставник на локалниот туроператор во Бразил и трансфер до едно од најпопуларните одмаралишта - Копакабана. Сместување во хотел на брегот на Атланскиот Океан – Augusto’s Rio Copa Hotel 4* (или сличен). Слободен ден за плажа и индивидуални активности. Ноќевање.

10 ден (15.10.2019 - вторник) | Рио Де Женеиро (Корковадо/статуата на Исус Спасителот)

Појадок во хотел. Денешниот ден е предвиден за екскурзија до планината Корковадо. Состанок на групата во 08:40 часот, во лобито на хотелот. Полудневна екскурзија со времетраење од околу 6 часа (вкучена во цената/локален водич). Екскурзијата започнува со посета на планината Корковадо (Corcovado) на чиј врв се наоѓа една од најпознатите статуи во светот - статуата на Исус Спасителот. Статуата на Исус може да се види од сите точки во Рио Де Женеиро. Споменикот е изграден по повод 100 годишнината од независноста на Бразил во 1931 година. До статуата се стигнува со жичара која поминува низ најголемата дождовна шума во во светот лоцирана на градска средина - националниот парк Тижука (Tijuca Forest). Со качување на само 100 скали (има и лифт) ќе стигнеме до место каде панорамскиот поглед е волшебен. Заминување од Корковадо кон најголемиот и најпознатиот стадион во Бразил – Маракана (The Maracanã - Estádio Jornalista Mário Filho). Пред реновирањето на стадионот, истиот имал капацитет за 100.000 гледачи, а по реновирањето во 2014 година, капацитетот е намален до 80.000 навивачи. Ќе имаме кратка пауза за фотографирање пред стадионот, а оние кои сакаат ќе можат да влезат и внатре (доколку нема фудбалски натпревар, влезницата изнесува околу 10 $). Следува разглед на најубавите плажи во Рио со автобус - езерската област Região dos Lagos, со посета на плажите Ипанема и Леблон, како и луксузните плажи Фламего и Ботафого. Враќање во хотелот околу 15:00 часот. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.  

11 ден (16.10.2019 - среда) | Рио Де Женеиро (разглед на Рио/Шеќерната глава/Rio by the night show)

Појадок во хотел. Состанок на групата во 08:30 часот во лобито на хотелот и почеток на полудневен туристички разглед на Рио Де Женеиро со локален водич, со вклучена посета на втората најважна знаменитост во Рио - познатиот рид Шеќерната глава (времетраење околу 4 часа, вклучено во цената на аранжманот). Ќе ја започнеме турата со втората најважна знаменитост во Рио - Шеќерната глава (Sugar Loaf). Планината е со висина од 395 m и од тука ќе имате можност да уживате во панорамскиот поглед на сите плажи во Рио и прекрасна глетка кон мостот кој ги поврзува Рио и Нитерој, точно на средината на заливот Гуанабара. Качувањето со лифт вклучува и една пауза на 220 метри височина на планината Урка, од каде ќе можете да ја фотографирате од близу Шеќерната глава. Кога ќе се спуштиме од Шеќерната глава, ќе имаме можност да го видиме и стариот централен дел на Рио де Жанеиро. Ќе поминеме покрај модерната катедрала Канделарија (Igreja da Candelária), ќе прошетаме покрај Националната галерија, градскиот театар, музејот - Museum of Tomorrow (Museu do Amanhã) посветен на чувањето на животната средина, како и многу други историски и модерни згради во срцето на градот. Се враќаме во хотелот околу 13:00 часот. Слободно време за инвивидуални активности во Рио. Во вечерните часови следува организирана вечера во бразилски ресторан и Платформа шоу - Rio by the night (не е вклучено во цената на аранжманот). Состанок на групата во 18:45 часот во лобито на хотелот и трансфер до ресторанот. По завршување на вечерата, враќање во хотел. Ноќевање.

12 ден (17.10.2019 - четврток) | Рио Де Женеиро (лагуните на AngradosReis)

Појадок во хотел. Слободен ден во “градот на чудата”. Ќе имате можност да ја осетите локалната атмосфера и да прошетате до соседната плажа Ипанема, стариот луксузен кварт Санта Тереза, со бројните куќи, поплочени улици и да се повозите со стариот трамвај. Ќе имате можност да ја вкусите локалната кујна во еден од рестораните покрај брегот на океанот, да се забавувате во некој од ноќните клубови со звуците на самба и боса нова или пак факултативно да ги посетите лагуните на Ангра дос Рејс (Angra dos Reis) - (не е вклучено во цената на аранжманот/опис подолу). Состанок на групата во 08:45 часот во лобито на хотелот и организиран трансфер до лагуните. Ноќевање.

13 ден (18.10.2019 - петок) | Рио Де Женеиро – Сао Паоло

Појадок во хотел. Одјавување од хотелот до 12:00 часот. Личниот багаж можете да го оставите во просториите на хотелот предвидени за тоа. Слободно време за плажа и индивидуални активности до 16:00 часот, кога е предвиден трансфер од хотелот до аеродромот во Рио. Полетување од Рио кон Сао Паоло во 19:45 часот. Слетување во Сао Паоло во 20:55 часот.

15 ден (19.10.2019 - сабота) | Сао Паоло - Истанбул 

Полетување од Сао Паоло кон Истанбул во 03:10 часот. Слетување во Истанбул во 21:40 часот локално време. (Авиокомпанијата обезбедува бесплатен хотел доколку разликата со поврзаниот лет е над 12 часа).

16 ден (20.10.2019 - недела) | Истанбул - Скопје

Полетување од Истанбул кон Скопје во 07:50 часот. Слетување во Скопје во 08:25 часот.

РАСПОРЕД НА ЛЕТОВИ

Број на летДатумПолетување одВреме на полетувањеСлетување воВреме на слетувањеВреметрање на летот
TK100606.10.2019Скопје20:55Истанбул23:3001:30
TK 1507.10.2019Истанбул09:40Буенос Аирес21:3017:50
AR173211.10.2019Буенос Аирес13:35Игуасу15:4501:50
G3 207514.10.2019Игуасу10:05Рио12:0001:40
G3 108718.10.2019Рио19:45Сао Паоло20:5501:10
TK 1619.10.2019Сао Паоло03:10Истанбул21:4012:30
TK100320.10.2019Истанбул07:50Скопје08:2501:30

ИНФОРМАЦИИ ЗА БАГАЖ

Дозволен багаж за летовите со Тurkish Airlines (Скопје-Истанбул-Буенос Аирес/Сао Паоло-Истанбул-Скопје)

  • Рачен багаж до 8кг. и максимум димензии 50x37x25cm;
  • Чекиран багаж до 30кг.  и максимум димензии до 158cm (сите 3 димензии);
    Дозволен багаж на внатрешните летови (Буенос Аирес-Игуасу);
  • Рачен багаж до 8кг. со димензии кои не надминуваат 115cm (сите 3 димензии);
  • Чекиран багаж до 15 килограми и максимум димзении до 158cm (сите 3 димензии). *Доплата за 20кг багаж - 15 долари на аеродромот во Буенос Аирес)
    Дозволен багаж на внатрешните летови (Игуасу-Рио-Сао Паоло);
  • Рачен багаж до 8кг. со димензии кои не надминуваат 115cm (сите 3 димензии);
  • Чекиран багаж до 23 килограми и максимум димзении до 158cm (сите 3 димензии);

ПРЕПОРАЧАН БАГАЖ:

Рачен багаж до 8кг (до 115cm) и чекиран багаж до 23кг. (до 158cm)

ПРОМО ЦЕНА ПО ЛИЦЕ 2799 €


Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Авионски билет на релација Скопје - Буенос Аирес / Сао Паоло - Скопје и чекиран багаж од 30 кг. по лице;
  • Авионски билет Буенос Аирес - Игуасу со вклучени аеродромски такси и чекиран багаж од 23 кг. по лице;
  • Авионски билет Игуасу - Рио Де Женеиро со вклучени аеродромски такси и чекиран багаж од 23кг. по лице;
  • Авионски билет Рио Де Женеиро - Сао Паоло со вклучени аеродромски такси и чекиран багаж од 23 кг. по лице;
  • Аеродромски такси;
  • Сите трансфери наведени во програмата, екскурзии со локални водичи и комфорни автобуси;
  • 4 ноќевања со појадок во хотел Cyan Americas Tower 4* во центарот на Буенос Аирес 4* (или сличен);
  • Панорамски разглед на градот на Буенос Аирес (јужен и северен дел);
  • 3 ноќевања со појадок во хотел во централното подрачје на Пуерто Игуасу - Хотел Esturion 4* (или сличен);
  • Целодневна екскурзија на водопадите Игуасу од аргентинска страна со вклучени влезници;
  • Полудневна екскурзија на водопадите Игуасу од бразилска страна со вклучени влезници;
  • Посета на Птичјиот парк од бразилска страна со вклучени влезници;
  • 4 ноќевања со појадок во хотелот Augustos Rio Copa Hotel 4* во Рио Де Женеиро блиску до плажата Копакабана (или сличен);
  • Полудневна екскурзија низ Рио до планината Корковадо и статуата на Исус Спасителот - качување со жичара (вклучени билети и влезници), посета на стадионот Маракана (не е вклучена влезницата за самиот стадион);
  • Полудневна екскурзија во Рио со посета на ридот Шеќерната глава - качување со лифт (кабинска жичара);
  • Локален водич на англиски јазик за време на сите екскурзии во програмата;
  • Водич од организаторот на патувањето за време на целото патување.

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Дополнителните факултативни излети;
  • Индивидуални трошоци;
  • Храна, пијалоци и услуги кои не се споменати во програмата;
  • Задолжително патничко осигурување (информации во агенција).

Потребни документи:

  • Биометриски пасош со валидност минимум 6 месеци од датумот на враќање;
  • 1000 € депозит при резервација на аранжманот;
  • Доплата на целиот аранжман до 30 дена пред реализација на истиот.

ОПИС НА ФАКУЛТАТИВИ 

  • Вечера со танго шоу во TangoPorteño” -  Аргентина (со доплата, вечера со вклучени пијалоци)
    Незаборавен спектакл со најсензуалниот танц - тангото. Овој спектакл се одржува во ресторанот Tango Porteño. Вечерата е на мени со вклучени пијалоци. Шоу програмата вклучува танго изведба во различни варијанти. Ќе имаме прилика да видиме различни варијанти на танго кои се менувале со текот на времето и ќе ја ПОЧУСТВУВАМЕ моќната емоција која ја пренесува овој танц. Вечерата започнува во 21:00 часот. Шоуто започнува во 22:30 часот, а завршува околу 00:00 часот. Вклучува приватен трансфер, водич, вечера со вклучени пијалоци, богата шоу програма, часови по танго. Времетраење околу 4 часа. Цена: 100 €
  • Целодневна екскурзија до Ранчот Дон Силвано (Estancia Don Silvano), Аргентина
    Во aргентинската пампа, земја на гаучосите. На овој излет ќе излеземе надвор од големиот град и ќе се запознаеме со навиките на аргентинските “каубои” - гаучоси, додека шетаме низ една од најголемите светски рамници - аргентинската пампа. Од Буенос Аирес до ранчот Дон Силвано се патува околу 100 километри. Тука ќе нѐ пречекаат нашите домаќини со пијалок и “empanadas” (традиционални закуски од месо во тесто). Потоа следи слободно време за различни традиционални активности на ранчот, како: јавање коњ, возење на вагон, прошетка низ ранчот и др. Следува ручек со традиционални „asados“ или различни видови на месо печено на оган, колбаси и разни салати, домашни десерти и разни пијалоци (вклучени во цената) и традиционален аргентински чај мате. За време на ручекот ќе имаме можност да уживаме во традиционалното шоу на локални танци и музика, а кон крајот на ручекот ќе имаме можност да уживаме во трките со коњи, демонстрација на вештините на гаучосите.  Со водич на англиски и шпански јазик. Вклучува трансфер со автобус, локален водич, богат ручек, пијалоци, трка на коњи, шоу програма. Времетраење околу 8 часа. Цена: 150 €
  • Rio by the night – Вечера во Бразилски ресторант со Платформа шоу (не е вклучено во цената на аранжманот)
    Трансфер од хотелот до ресторанот со автобус каде ќе имаме можност да ги пробаме сите типично Бразилски јадења, вклучувајќи ги и различните типови на месо (пијалоците се наплаќаат дополнително). После вечера ќе се преместиме во салата Plataforma, каде група на професионални танчери ќе ни ја долови историјата на Бразил преку шоу во 2 часа. Ќе ги видиме различните периоди низ кој поминувал Бразил - од основањето на земјата па се до денес, претставени во колоритни костуми, ритмичка музика и неверојатно расположение. На крајот на шоуто ќе ве освои ритамот на самбата доловен од прекрасните танчери со кои ќе имаме можност да се фотографираме. Вклучува трансфер, водич, вечера (без вклучени пијалоци), шоу спектакл. Времетраење околу 5 часа. 130 €
  • Целодневна екскурзија до лагуните на Ангра дос Рејс (Angra dos Reis)
    Рано наутро со автобус се упатуваме кон Costa Verde или во превод Зеленото крајбрежје. На околу 150 км. (околу 3 часа во правец) западно од Рио се наоѓа реонот Ангра дос Рејс, кој претставува збир од повеќе од 100 острови. Следува крстарење (околу 4 часа) со типичен бразилски брод до некои од најубавите острови и пауза на тропски остров каде ќе имате можност да пливате во извонредните смарагдни води и да уживате во прекрасното сонце. Ручек на бродот. Касно навечер се упатуваме кон Рио со автобус и се враќаме во хотелот. Екскурзијата трае околу 12 часа. Вклучува трансфер со автобус, водич, прошетка со брод и ручек (без вклучени пијалоци).(Водич на англиски јазик). Цена: 75 €

Дополнителни информации за Аргентина и Бразил погледнете на овој линк

Сезони



Награди и признанија


1. Благодарница од Qatar Airways за континуирана поддршка за 2018/2019 година
2.Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија 2018 год.
3. Награда за најуспешна агенција за продажба доделена од страна на Qatar Airways,2018 год.
4. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2017 год.
5. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2016 год.
6. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија, 2015 год.

7. Топ 100 ВИП локации во Источна Европа од Western Union, 2015 год.
8. Награда за 20 години постоење и значителен придонес во туризмот од Општина Струмица, 2015 год.
9. Благодарност и најдобро партнерство во Република Македонија доделен од страна на Turkish Airlines,2014 год.
10. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија,2012 год.
11. Изворедна поддршка и посебна соработка со Turkish Airlines, 2012 год.



Let's socialize




© 2015
All Rights Reserved


Хотели и Апартмани - Лето 2019

Тури



Корисничка поддршка
+389 2 3 22 99 22
marketing@atlantis.com.mk