Маурициус I Декември 2019

Mauritius

Име на сместување
Држава
Дестинација

 

Маурициус - парче од рајот

Датум: 01.12.201910.12.2019

9дена / 8 ноќевања

Маурициус - парче од рајот што ги фасцинира сите што ја допреле неговата магија. Самото име на островот го сугерира за тропскиот луксуз, спокојството и можноста за комплетен одмор. Маурициус ќе ве фасцинира, ќе се чувствувате како да сте еден од ретките избрани да го допрете ова неверојатно место, каде што секој посетител ужива лично внимание, каде што зад секоја насмевка се крие ветување за уникатен одмор. Република Маурициус е островска држава во југозападниот Индиски Океан, на околу 900 километри источно од најголемиот африкански остров Мадагаскар. Освен островот Маурициус, како дел од територијата на Маурициус се и островите Св. Брендон, Родригез и Агалега. Островот е откриен во 1507 година од страна на португалски морепловци, кој никогаш пред тоа не бил населен со луѓе. Главниот град е Порт Луис, а официјален јазик е англискиот, кој исто така е основeн трговски јазик. Не помалку е распространет и францускиот јазик, којшто е основата за локалниот говорен креолски јазик. Месеците од мај до октомври се поладни, што е поизразено при ниската влажност отколку во намалување на температурите.Маурициус ... таму каде што се мешаат минатото и сегашноста ... таму каде што се воодушевувачки природните глетки и архитектонски знаменитости ... таму, каде што плажите се бескрајни ... каде што тиркизната вода нежно ги мие белите песочни брегови..

Ден 1:  01.12.2019 | Скопје –Истанбул

Состанок на аеродромот во Скопје во 18:45 часот.Полетување во 20:40 часот.

Ден 2:  02.12.2019 | Истанбул -Маурициус

Слетување во 00:20 часот во Истанбул. Краток престој на аеродромот, по што следи летот Истанбул-Маурициус со авиокомпанијата Turkish Airlines во 02:20 часот. Пристигнување на островот Маурициус во 13:15 часот по локално време. Пречек од претставник и трансфер од аеродромот до одбраниот хотел. Сместување во хотелот по 15:00 часот на соодветната база на исхрана според табелата. Ноќевање

Ден 3:  03.12.2019 | Маурициус

Појадок. Слободно време за одмор и релаксација или дополнителни екскурзии. Покрај прекрасните плажи, белиот песок и топлите води, Маурициус нуди бројни можности за дополнителни активности, како нуркање, сурфање, голф, посета на природните паркови, ботаничките градини, sky diving, едрење со јахта и многу други.

Неочекувана средба со делфини – полудневна екскурзија
Уживајте во една неверојатна средба со делфини. Патување со моторен чамец и посета на островот Benitiers каде што ќе имате вкусен ручек. Уникатниот дел од искуството на оваа екскурзија е пливањето со делфини во нивната природна средина! Цена по лице: 95 EUR (од 1 до 3 лица)  - трансферот не е вклучен во цената

Ден 4:  04.12.2019 | Маурициус

Појадок. Слободно време за одмор и релаксација или дополнителни екскурзии.

Полудневна ексурзија на главниот град Порт Луис (со доплата)
Обиколка на главниот град на островот Маурициус - прекрасниот Порт Луис, кој ќе ве однесе низ страниците на разнобојната историја и културната разновидност на островот. Религиозната разновидност е дел од културната традиција на островот. Светилиштата се отворени за љубопитните туристи - муслиманските џамии, кинеските пагоди, хиндуистичките храмови и христијанските цркви. Порт Луис е најголемиот град во Маурициус, како и економски и административен центар на островот. Веднаш покрај главниот плоштад можете да се прошетате долж најимпресивниот булевар - Place d'Armes, опкружен со кралски палми од двете страни. Можете да уживате во неколку прекрасни француски колонијални згради, особено на зградата на Владата и на општинскиот театар. Ќе имате слободно време за да ја посетите крајбрежната улица, како и трговски комплекс Le Caudan Waterfront. Живата крајбрежна улица нуди бројни можности - за шопинг, места за забава, ресторани со поглед на пристаништето Порт Луис. Крајбрежјето на Порт Луис е средиште на културниот живот во Маурициус. Цена по лице:  75 EUR

Ден 5:  05.12.2019 | Маурициус

Појадок. Слободно време за одмор и релаксација или дополнителни екскурзии.

Целодневна екскурзија со катамаран
По појадокот ќе заминеме на еден ден исполнет со сонце, пијалоци, вкусна храна, многу забава и релаксација, на крстарење со катамаран! Поради ваша погодност, Ви нудиме голем избор на крстарења до неколку дестинации, со неколку различни појдовни точки. На север, изборот е меѓу Gabriel Island и Flat Island. Можете исто така да видите делфини за време на едно од нашите крстарења на западниот брег. Друга можност е да одберете крстарење на источниот брег со посета на познатиот остров Ile aux Cerfs. Во текот на крстарењето ќе имате слободно време за нуркање, сончање и пливање. На катамаранот ќе можете да уживате во вкусен BBQ ручек со свежа риба, пилешко и избор на салати и леб со лук. Цена по лице: 95 EUR (вклучен ручек во цената) трансфер не е вклучен во цената

Ден 6:  06.12.2019 | Маурициус

Појадок. Слободно време за одмор и релаксација или дополнителни екскурзии.

Седумте акробации / водопадите / со доплата
Имате можност да одите длабоко во   локалните шуми на јужен Маурициус - LesSeptCascades. Буквално преведеното име значи "седумте водопади", место кое е најпосакувано од локалното население за пешачење во бујното  зеленило. Транзицијата открива едни од најпредизвикувачките места, а на крајот на вашата прошетка ќе завршете со  ладење на изворите и водопади. Ќе имате шанса да уживате во прекрасни панорамски погледи. Потоа ке се искучуваме по мала патека, од каде ке дојдеме  до седумте водопади.Цена по лице: 140 €(од 1 до 3 лица) 95 € (од 4 до 8 лица)

Ден 6-9:  06.12.2019-09.12.2019 | Маурициус

Појадок. Слободно време за одмор и релаксација

Ден 10:  10.12.2019 | Маурициус-Истанбул

Појадок. Напуштање на собите во 12:00 часот и можност за користење на заедничките делови на хотелот. Трансфер до аеродромот за лет Маурициус-Истанбул со авиокомпанијата "Turkish Airlines" во 21:05 часот.

Ден 11:  11.12.2019 | Истанбул-Скопје

Слетување на аеродромот во Истанбул во 06:05 часот по локално време. Краток престој, по што следи лет Истанбул-Скопје во 08:30 часот. Слетување во Скопје во 08:00 часот.

 

 Услуга*По лице во двок Пакетна цена од лице :
 Emeraude Beach Attitude 3*Се Вклучено1160€
 Radisson Blu Poste La Fayette Resort & Spa 4*Полу Пансион1438€
 Maritim Crystals Beach Hotel 4*Полу Пансион1569€
  Silver Beach 3*Се Вклучено1611€
  Riu Creole 4*Се Вклучено1625€
  Veranda Tamarin Hotel 3*Се Вклучено1528€
 Seaview Calodyne Lifestyle Resort 4*Се Вклучено1680€
 Sofitel MauritiusL'ImpérialResort & Spа 5*Полу Пансион 1818€
 Seasense Boutique Hotel & Spa 5*Се Вклучено 2209€

*Можност за плаќање на 12/24 месечни рати без камата

Во цената е вклучено :

  • Авионски билет на релација Скопје-Истанбул-Маурициус-Истанбул-Скопје со Turkish Airlinesсo вклучен багаж до 30кг;
  • 8 ноќевања на соодветната база на исхрана во избраниот хотел од табелата за сместување во двокреветна соба;
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром;
  • Пречек на Маурициус од претставник на агенцијата партнер на англиски јазик;
  • Претставник од АТЛАНТИС доколку има пријавено 16 патници

Цената не вклучува :

  • Храна, пијалоци и услуги што не се споменати во програмата;
  • Факултативни излети
  • Задолжително патничко осигурување.
  • *Цените се калкулирани на пријавени  16 патници,сите кој се заинтересирани ве молиме да се пријават

Неопходни докумeнти:

  • Меѓународен пасош со важност минимум 6 месеци од датумот на враќање.
  • За деца под 18 години кои патуваат без родители - нотарски заверка со родителска дозвола за напуштање на земјата (оригинал и 1 копија). За деца, чии родители се со различни семејства, потребна е копија од извод на раѓање на детето, во кој се запишани и двата родители.

Дополнителни информации: 

  • Нема дополнителни визни, санитарни и медицински барања за патување до Маурициус.

Услови :

  • При резервација се плаќа депозит од 50%, а целосна уплата се прави 21 дена пред поаѓање.
  • Понудата важи за минимум 2 пријавени патници.
  • За ова патување не се потребни медицински имунизации.
  • Патничко осигурување

Рокови за отказ на аранжманот и пенали:

  • До45-тиот се задржува неповратниот депозит од50% од вредноста на аранжманот;
  • помеѓу 45-тиот и 36-тиот ден пред датумот на поаѓање се задржува 70% од вредноста на аранжманот;
  • помалку од 35 дена пред датумот на поаѓање се задржува 100% од вредноста на аранжманот.

Цената е дадена во евра и пресметана во денари, по курс 1 евро = 62 денари.

” MAURICIUS “ е во организација на АтлантиС

Сезони



Награди и признанија


1. Благодарница од Qatar Airways за континуирана поддршка за 2018/2019 година
2.Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија 2018 год.
3. Награда за најуспешна агенција за продажба доделена од страна на Qatar Airways,2018 год.
4. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2017 год.
5. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2016 год.
6. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија, 2015 год.

7. Топ 100 ВИП локации во Источна Европа од Western Union, 2015 год.
8. Награда за 20 години постоење и значителен придонес во туризмот од Општина Струмица, 2015 год.
9. Благодарност и најдобро партнерство во Република Македонија доделен од страна на Turkish Airlines,2014 год.
10. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија,2012 год.
11. Изворедна поддршка и посебна соработка со Turkish Airlines, 2012 год.



Let's socialize




© 2015
All Rights Reserved


Хотели и Апартмани - Лето 2019

Тури



Корисничка поддршка
+389 2 3 22 99 22
marketing@atlantis.com.mk