Caves Beach Resort

stars

Име на сместување
Држава
Дестинација

ОПИС НА ХОТЕЛОТ
Сместен е околу 10 км северно од Хургада, околу 15 км од аеродромот и околу 12 км од центарот на Хургада.
Општи информации
Ресортот е дизајниран во уникатен и убав пештерски стил, според моделот на познатите Flinstones. Хотелот е отворен во 2015 година и има 385 единици распоредени во четирикатната зграда, од кои 250 се стандардни соби (пештери) со поглед на градина, базен или море.
Хотелот е наменет само за возрасни (16 +).
Плажа
Песочната плажа е убаво уредена и гостите на хотелот може без доплата да користат крпи, лежалки и чадори. Еден помал дел од плажата е со корален гребен, а поголемиот дел од пливачката зона е плитка вода и препорачуваме употреба на обувки за пливање.
Сместување
Сите соби имаат уникатен дизајн на пространа, модерна пештера.
Сите соби имаат климатизација, балкон или тераса, сеф, греач за вода, телевизор со сателитски канали, фен. Standard caves имаат површина од околу 40 m²,  deluxe caves се со површина од околу 50 m², royal caves имаат површина од околу 60 m².

Се доплаќа: мини бар, услуга во соба и интернет (освен во royal caves).
Храна и пијалок
Услугата во хотелот е all inclusive - појадок, ужина, ручек, ужина, сладолед, вечера и доцна вечера (самопослужување - голем избор на јадења, според правила на хотелот), сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци.

Се доплаќа: увозни пијалаци, свежо исцедено сокови, арапско кафе, наргиле и сè што не е споменато.

Хотелот има право да ги промени деталите на услугата, во зависност од сезоната (времето, содржината ...).

Други содржини
Од другите содржини и активности хотелот нуди 3 отворени базени, од кои еден е загреан, одбојка на плажа, аеробик, пинг-понг, билијард, анимациони програми, тенис, сквош, водени спортови на плажа.
Се доплаќа: Спа центар , брз интернет, наргиле, тениски игралишта, спортови на вода, нуркачки центар, аква центар, сквош игралишта, лекарски услуги , перење и пеглање.

 

 

 

Хотелските соби може да варираат во големина и дизајн, па сместувањето во собите од сликите не е загарантирано.
Хотелите имаат право да ја променат својата политика на обезбедените услуги (за дополнителни трошоци / бесплатно).
Искрено се извинуваме за какви било несогласувања.


Награди и признанија


1. Благодарница од Qatar Airways за континуирана поддршка за 2018/2019 година
2.Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија 2018 год.
3. Награда за најуспешна агенција за продажба доделена од страна на Qatar Airways,2018 год.
4. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2017 год.
5. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2016 год.
6. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија, 2015 год.

7. Топ 100 ВИП локации во Источна Европа од Western Union, 2015 год.
8. Награда за 20 години постоење и значителен придонес во туризмот од Општина Струмица, 2015 год.
9. Благодарност и најдобро партнерство во Република Македонија доделен од страна на Turkish Airlines,2014 год.
10. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија,2012 год.
11. Изворедна поддршка и посебна соработка со Turkish Airlines, 2012 год.



Let's socialize




© 2015
All Rights Reserved


Хотели и Апартмани - Лето 2019

Тури



Корисничка поддршка
+389 2 3 22 99 22
marketing@atlantis.com.mk