Шпанија I Лето 2019


Име на сместување
Држава
Дестинација

ШПАНИЈА - ЛЕТО 2019

Милано -Коста Брава - Азурен Брег

1 ден, (31.07.2019 – среда), МАКЕДОНИЈА – МИЛАНО

Состанок на групата во 13.00ч. на паркингот пред хотел Вип.  Поаѓање во 13.30 ч. кон Милано. Се патува преку граничен премин Табановце, со попатни паузи. Ноќно возење.

2 ден, (01.08.2019 – четврток) МИЛАНО

Пристигнување во Милано во пладневните часови. Сместување во хотел. Слободно попладне за одмор и индивидуални прошетки. Ноќевање.

3 ден, (02.08.2019 – петок), МИЛАНО – ЛОРЕТ ДЕ МАР

Појадок во хотел. Слободно предпладне предвидено за факултативна посета на Милано, центарот на светската мода. Разглед на Милано: Замокот Сфорцеско, пешачката улица Данте, Плоштадот Дуомо и Катедралата Дуомо, Galleria Vittorio Emanuele што ги поврзува Катедралата Дуомо и една од најпознатите оперски куќи во светот, Миланската Скала, градската куќа на Милано. Во договорено време патувањето го продолжува кон Шпанија (Лорет де Мар) , со попатни паузи. Ноќно возење.

4 ден, (03.08.2019 – сабота) ЛОРЕТ ДЕ МАР

Пристигнување во Лорет де Мар во пладневните часови. Сместување во хотел после 14:00 ч. Слободно попладне за одмор и индивидуални прошетки. Ноќевање.

4 ден - 11 ден ( 03 – 10.08.2019), ЛОРЕТ ДЕ МАР

7 дневен престој во избраниот хотел и услуга. За време на престојот постои можност за организирање и реализирање за дополнителни факултативни излети: парк Гуел, Аквариум, Фламенко, забавниот парк Порт Авентура ...

11 ден, (10.08.2019 – сабота ) ЛОРЕТ ДЕ МАР - БАРСЕЛОНА

Појадок и одјавување од хотел. Се упатуваме на целодневна факултативна посета на Барселона. Слободни активности за разглед на градот, шопинг ...Во вечерните часови се упатуваме кон Ница. Ноќно возење.

        •      Патниците кои не сакаат да користат факултатива, во договорено време и место ќе тргнат од Лорет Де Мар.

12 ден, (11.08.2019 – недела ) КАН / НИЦА

Пристигнување во Кан во утринските часови.Можност за факултативен разглед на градот кроасетата со хотелите Карлтон, Мартинез, Мажестик, Филмската палата, Марината. Посета на стариот дел на градот, тврдината и црквата Notre Dame De Esperance...Во договорено време се упатуваме кон Ница. Сместување во хотел. Навечер можност за индивидуални прошетки низ градот. Ноќевање.

13 ден, (12.08.2019 – понеделник ) НИЦА – МОНАКО И МОНТЕ КАРЛО

Појадок во хотел и напуштање на собите. Можност за целодневена факултативна посета на монденското Монако и Монте Карло. Разглед на Монако: океанографскиот институт, кралската палата, катедралата Св. Никола, егзотичните градини… продолжуваме по патеката на F1, посета на Монте Карло со познатите коцкарници...Во договорено време тргнуваме назад , кон Скопје.Ноќно возење.

  • Патниците кои не сакаат да користат факултатива, во договорено време и место ќе тргнат од Ница.

14 ден, (13.08.2019 – вторник ) МАКЕДОНИЈА

Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

 

Хотел Фортуна 2* (или сличен на наведениот) Услуга ПОЛУПАНСИОН
Цена по лице525 €
Доплата за 3то лице225 €
Доплата за еднокреветна соба185 €
Доплата за FB (за цел престој)25 €
Хотел Фортуна 3* (или сличен на наведениот)Услуга ПОЛУПАНСИОН
Цена по лице555 €
Доплата за 3то лице255 €
Доплата за еднокреветна соба220 €
Доплата за FB (за цел престој)25 €

Во цената на аранжманот вклучено е:

  • Превоз со високотуристички автобус
  • Сместување во хотел во Милано (околина)на база на 1 НП (нокевање/појадок), - доплата за еднокреветна соба 25 €
  • 7 ноќевања во хотел во Лорет Де Мар (хотел и услуга по избор)
  • Сместување во хотел во Ница/Кан(околина) на база на 1 НП (нокевање/појадок), - доплата за еднокреветна соба25 €
  • Посета на Кан
  • Професионален туристички придружникза време на целата екскурзија
  • Организација и реализација на програмата.

Во цената на аранжманот не е вклучено: 

  • Разглед на Милано со локален водич 10 €
  • Факултативна посета на Ез, Монако и Монтекарло (превоз + претставник од агенцијата) – 25€
  • Факултативна посета на Барселона (разглед, парк Гуел, локален водич) - 30€
  • Факултативна посета на Барселона (последен ден од престој) - 15€
  • Туристичка такса во Милано и Ница – 7 € (се плаќа во агенцијата)
  • Влезници за културно историски споменици и музеи
  • Билети за јавен превоз
  • Патничко осигурување.
  • За реализација на факултативите потребно е минимум 30 лица
  • Факултатива Барселона со разглед и парк Гуел – пријавување во агенција.

ОПШТИ НАПОМЕНИ:

  • Организатор на аранжманот е ТА АтлантиС
  • Резервација се прави со уплата на 30% од вкупнот износ на аранжманот
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 45 патника
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманотво случај на промена на цената на превозот илихотелот
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена преддатумот на започнување на истиот
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
  • Организаторт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.

За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ и Т.А.АтлантиС

Сезони



Награди и признанија


1. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2017 год.
2. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2016 год.
3. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија, 2015 год.
4. Топ 100 ВИП локации во Источна Европа од Western Union, 2015 год.

5. Награда за 20 години постоење и значителен придонес во туризмот од Општина Струмица, 2015 год.
6. Благодарност и најдобро партнерство во Република Македонија доделен од страна на Turkish Airlines,2014 год.
7. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија,2012 год.
8. Изворедна поддршка и посебна соработка со Turkish Airlines, 2012 год.
9. Награда за најуспешна агенција за продажба доделена од страна на Qatar Airways,2018 год.



Let's socialize




© 2015
All Rights Reserved


Тури



Корисничка поддршка
+389 2 3 22 99 22
marketing@atlantis.com.mk