Куба & Мексико I Есен 2019


Име на сместување
Држава
Дестинација

ПАТУВАЊЕ ОД СОНИШТАТА

Куба и Мексико со лет одСКОПЈЕ

Скопје – Истанбул – Хавана – Винaлес –КанкунРивиера Маја - Истанбул - Скопје

Период на патување:

25.11.2019 – 06.12.2019

ПРЕТСТАВНИК ОД АТЛАНТИС ЗА ВРЕМЕ НА ЦЕЛОТО ПАТУВАЊЕ

ПРОГРАМА

1 ден 25.11.2019 (понеделник) СКОПЈЕ-ИСТАНБУЛ

Состанок со претставникот на Меѓународниот аеродром Скопје во 06:55 наутро. Полетување кон Истанбул во 08:55 часот. Слетување во Истанбул во 12:55 часот.

2 ден 26.11.2019 (вторник) ИСТАНБУЛ-ХАВАНА (ручек и вечера)

Полетување од Истанбул кон Хавана во 02:25 часот. Пристигнување на аеродромот Хозе Марти во Хавана во 08:10 часот локално време. Пречек од страна на нашиот партнер. Добре дојдовте во Хавана! Најпознатиот пристанишен град на Карибите кој остава впечаток како овде времето да застанало во 1960-та година, при што претставува едан од најинтригантнинте и најпосетувани градови во светот. Нашата приказна на ова патување започнува со разглед на стариот дел на Хавана, кој е под заштита на УНЕСКО како Светско културно наследство. Ќе прошетаме по катедралниот плоштад (Cathedral Square), ќе ја видиме зградата Ел Капитолио (El Capitolio), театарот, Ел Прадо и Централниот парк (Parque Central), плоштадот Сан Франциско де Асизи (San Francisco de Asis Square), Паласио дел Секундо Кабо (Palacio del Segundo Cabo), Градскиот музеј и же прошетаме по крајбрежната улица Малком (Malcolm street). Пауза за ручек во локален ресторан (вклучен во цената). Разгледот го завршуваме со посета на Музејот на Рум (Museum of Rum Havana), при што ќе имаме можност да го видиме производството на пијалокот Рум и за момент да отпатуваме назад во историјата на најпознатиот кубански напиток, вкусувајќи ја вистинската кубанска култура. Румот е суштински дел од културата овде – творба на кубанската клима, географија, историја и луѓе. На крајот од оваа прошетка во клубот Хавана, ќе имаме можност да вкусиме различни видови на рум. Следува трансфер до Hotel Florida 4* (или сличен) и сместување. Вечера во хотел. Ноќевање.

3 ден 27.11.2019 (среда) ХАВАНА – Нова Хавана со ретро автомобили (вклучено во цената) - Вечера

Појадок во хотел. Во 09:30 часо заминуваме на обиколка на новиот дел од градот Хаваба. Со ретро автомобили се упатуваме кон Мирамар (Miramar) - дипломатскиот кварт на Хавана. За разлика од центарот, овде повеќето колонијални палати се реновирани и во овој регион се наоѓаат едни од најскапите хотели, ресторани, речиси сите странски амбасади, а трилентовите булевари и државните институции укажуваат дека тука живеат луѓето од високата класа на Хавана. Поминувајќи низ не помалку прекрасниот и модерен кварт Ведад (Vedado), ќе стигнеме пред импресивниот 142-метарски споменик на Хозе Марти, издигнат на Плоштадот на револуцијата - историско место каде што Фидел Кастро ги правел многучасовните обраќања до нацијата. Попладнето имаме слободно време во стариод дел на Хавана или можност за факултативна екскурзија.
*Полудневна екскурзија "По стапките на Хемингвеј" (со доплата од 60 евра по лице). Историјата покажува дека Куба всушност е големата љубов без која Ернест Хемингвеј не можел да го замисли својот живот. Денес, во земјата можат да се видат многу споменици на писателот. Оваа екскурзија ќе нѐ однесе до Музејот на куќата на Хемингвеј "Ла Вичија", каде писателот живеел од 1939 до 1960 година. Потоа ќе се упатиме кон малото гратче Кохимар каде тој го поминувал поголемиот дел од своето време, оддаден на една од неговите најголеми страсти - риболовот. Ова всушност е и "родното место" на "Старецот и морето", делото за кое Хемингвеј добива "Пулицер" во 1953-тата година.

Повторно се враќаме во Хавана како би уживале во ресторанот Ла Дивина Пастора (вечера вклучена во цената) - познат кубански ресторан лоциран на брегот. Тука можете да ја пробате извонредната Кубанска храна, уживајќи во прекрасниот поглед на пристаништето. Трансфер до хотелот. Ноќевање. 

4 ден 28.11.2019 (четврток) ХАВАНА – ВИНАЛЕС – ХАВАНА (вклучено во цената)AllInclusive

Појадок во хотелот. Денешниот ден е предвиден за целодневна екскурзија до долината Виналес (вклучено во цената). Долината е лоцирана во планинскиот масив Сиера де лос Органос на околу 140 километри од Хавана. Долината уште ја нарекуваат и "градините на Куба", поради црвената почва од која се создава тутунот од кој се прават најдобрите кубански пури. Националниот парк Виналес, заедно со истоименото гратче се наоѓаат под заштита на УНЕСКО (од 1999-та година) благодарение на локалните традиции и архитектура и неповторливиот пејзаж во кој доминираат импресивни карпи кои изникнуваат како острови од дното на долината, кои локалците ги нарекуваат "моготи". Тие всушност се ридови со заоблени врвови покриени со густа и бујна вегетација, т.е. остатоци од платото, кое било разрушено од мрежа подводни реки, а постоело пред милиони години. Што се однесува до тутунот, мислењето е едногласно - најдобро е да е од Пинар дел Рио. Ќе ја посетиме локалната фабрика и ќе видиме како се прават светски познатите кубански пури, по што следи ручек во еден локален ресторан. По ручекот ќе можеме да допреме уште еден неверојатен свет - оној на пештерите. Пред околу 100 милиони години, мрежа на подводни реки издлабила бројни пештери во варовничките карпи, а ние ќе се прошетаме со чамец до една од нив. Враќање во Хавана. Истата вечер по желба и доплата од 98 евра, ќе можете да го посетите легендарниот бар Tropicana - кој бил отворен на новогодишната ноќ во 1939-та година, а денес е амблем на Куба. Тоа е место каде раскошот и обоеноста на фолклорната програма ќе ги наситат до бескрај Вашите сетила. За време на претставата која трае околу 1 час и 45 минути, ќе можете на многу сликовит и музикален начин да ја проследите историјата на Куба, од времето, познато за Европеецот. Уште од ерата на Капоне, во шоуто учество земаат најмалку 200 пејачи и танчери, а публиката под отворено небо брои 1750 луѓе секоја вечер. Местото оддалеку повеќе личи на ботаничка градина, бидејќи сцената и масите се опкружени со палми и тропски растенија кои создаваат прекрасен амбиент и неспоредлив природен декор. * Во цената е вклучен повратен трнасфер, ¼ шише кубански рум - Havana club Aсejo Especial, 1 безалкохолен пијалок, 1 оброк и маса на посебно место.
Кодекс на облекување:
* Полуформална облека: за мажи - кошула, долги панталони и затворени чевли; за жени - не се дозволени големи чанти, кратки панталони/шорцеви и папучи.
* Во Бар Тропикана не е дозволен влез за лица на возраст под 18 години.
Враќање во хотелот. Ноќевање.

5 ден 29.11.2019 (петок) ХАВАНА – КАНКУН – РЕВИЕРА МАЈАAllInclusive

Појадок во хотел. Во договорено време следува трансфер до аеродромот во Хавана за директен лет до Канкун, Мексико каде ќе пристигнеме околу пладне. По завршување на царински и пасошки формалности, со организиран трансфер се упатуваме во хотел - Blue Bay Esmeralda Beach Resort 5* (или сличен). Сместување во хотелот со услуга All inclusive. Слободно попладне за индивидуални активности. Вечера во хотел. Ноќевање. 

6 ден 30.11.2019 (сабота) РЕВИЕРА МАЈА – ЧИЧЕН ИЦА (вклучено во цената) AllInclusive

Појадок во хотел. По појадокот во договорено време се упатуваме кон целодневна екскурзија до Чичен ИцаChichen Itza (вклучено во цената). Античкиот град Чичен Ица бил импресивен политички, културен и религиозен центар во времето на Маите. Во превод, името на градот значи "Бунарот на племето Ица". Во него се наоѓа пирамида посветена на богот Кукулан, која содржи повеќе од 1500 години историја. Висината на пирамидата е 30 метри, а должината на нејзините страни е 55 м. На влезот има 365 скали кои се движат нагоре, симболизирајќи ги деновите од годината. Оваа пирамида е прецизен тридимензионален календар кој ги брои деновите, неделите, месеците и годините. Останатите атракции на градот се дворот за играње со топки, Храмот на черепите, Храмот на Јагуарот, Опсерваторијата, Плоштадот со илјадници колони и Светиот бунар. Откако ќе завршиме со турата низ археолошките остатоци на Чичен Ица, тргнуваме кон еден од таканаречените сеноти (природни извори на вода) во Северен Јакутан. Суво место во кое сите реки се подземни(во многу ретки случаи се над земјата). Сенотите овде се длабоки и широки бунари кои обезбедуваат доволно вода во текот на целата година. Еден од овие бунари е познат по името Светиот Сенот. Следува ручек во локален ресторан (вклучен во цената). Во попладневните часови ќе го разгледаме градот Ваљадолид, еден од првите градови на колонијалното Мексико.
Екскурзијата вклучува:

  • Превоз со автобус;
  • Придружба од страна на лиценциран водич;
  • Тура на градот Ваљадолид;
  • Билет за Сенотите;
  • Ручек во подземен пештерски ресторан;
  • Влезен билет за комплексот Чичен Ица;

Важни напомени:

  • Искачување по пирамидите во Чичен Ица е апсолутно забрането;
  • Употребата на уреди за снимање за професионални и непрофесионални цели дополнително се наплаќа во мексикански пезоси и не е вклучено во цената;
  • Препорачливо е да се носат удобни чевли, шапка за сонце, како и бањарки и крпа за оние кои сакаат да се искапат во сенотите; Враќање во хотелот. Вечера во хотел. Ноќевање.

7 ден 01.12.2019 (недела) РЕВИЕРА МАЈА 

Појадок во хотел. Слободен ден за плажа и забава во хотелот на услуга All Inclusive или можност за дополнителна факутлатива (со доплата) - Целодневна екскурзија до Isla Mujeres со катамаран (120 евра по лице). Денес ќе имате можност да уживате во подводната убавина на Карипското Море. Ќе отпловиме до блискиот остров Мухерес, познат по своите прекрасни бели плажи и корални гребени, ќе имате можност да пливате во кристалните води на гребенот Ел Фарито, да се прошетате низ центарот на островот, уживате во вкусниот ручек и да поминете време на прекрасните плажи под сончевите зраци.

Во цената се вклучени:

  • Превоз со катамаран;
  • Бесплатни пијалоци од барот на катамаранот и барот на плажата;
  • Тура со нуркање до гребенот El Farito;
  • Опрема за нуркање – нова маска за нуркање, елек и пераи;
  • Посета на центарот на Isla Mujeres;
  • Параглајдерство;
  • Користење на интернет;
  • Билети.

Во цената на турата не се вклучени:

  • Коктели;
  • Сувенири;
  • Фотографии; Враќање во хотелот околу 18 часот. Вечера во хотел. Ноќевање.

8 ден 02.12.2019 (понеделник) РЕВИЕРА МАЈАAllInclusive

Појадок во хотел. Ден предвиден за индивидуални активнисти и ужување на плажа, притоа користејќи го All Inclusive концептот на хотелот. Ноќевање.

9 ден 03.12.2019 (вторник) РЕВИЕРА МАЈАAllInclusive

Појадок во хотел. Слободен ден за плажа и забава во хотелот на услуга All Inclusive или дополнитена факултатива по желба (со доплата): Целодневна екскурзија до Тулум и џунглите на Кинтана Ро (85 евра по лице). Лоциран на околу 100 километри од Ривиера Маја, Тулум е археолошко наоѓалиште во Југоисточниот дел на Мексико и ги содржи остатоците од античкиот крајбрежен град на Маите. Тој исто така е еден од подоцна формираните градови. Се верува дека се користел за пристанишна трговија на Централна Америка и Централно Мексико. Денес, може да се видат остатоци од тврдини, домови, храмови, скулптури и релјефи. До ден денес е сочуван и замокот, изграден на 12-метарска карпа над водата. Во втората половина од оваа авантура ќе Ве запознаеме со срцето на тропските шуми на Маите. Ќе можете да "летате" низ џунглите на Ривиера Маја потпомогнати од жичарата. Најхрабрите ќе имаат можност да слезат до длабочините на една од пештерите и да се освежат во чистите води на подземната река. Следува ручек под сенките на палмите.

Во цената на турата се вклучени:

 

  • Превоз со автобус;
  • Придружба од страна на лиценциран туристички водич;
  • Влезни билети;
  • Ручек на блок маса;
  • Опрема за планинарење и нуркање;

Важни напомени:

  • Жичарата е дозволена за лица до 135 килограми;
  • За спуштање до пештерата се потребни основни вештини по пливање;
  • Турата не е препорачлива за лица со здраствени проблеми, срцеви заболувања и бремени жени;
  • Употребата на уреди за снимање за професионални и непрофесионални цели дополнително се наплаќа во мексикански пезоси и не е вклучено во цената;
  • Цената на турата не вклучува сувенири, фотографии и бакшиши. Враќање во хотелот. Вечера во хотел. Ноќевање.

10 ден 04.12.2019 (среда) РЕВИЕРА МАЈА – All Inclusive

Појадок во хотел. Ден предвиден за индивидуални активнисти и ужување на плажа, притоа користејќи го All Inclusive концептот на хотелот. Ноќевање.

11 ден 05.12.2019 (четврток) КАНКУН – ИСТАНБУЛ

Појадок во хотел. Одјавување од хотелот при што следува организиран трансфер до аеродромот во Канкун. Полетување кон Истанбул во 10:10 часот.

12 ден 06.12.2019 (петок) ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ

Пристигнување во Истанбул во 06:15 часот локално време. Полетување од Истанбул кон Скопје во 08:30 часот. Слетување на аеродромо во Скопје во 08:00 часот локално време.

КРАЈ НА ПРОГРАМАТА

ПАКЕТНИ ЦЕНИ ПО ЛИЦЕ

Период на патувањеЦена по лице во двокреветна собаЦена за трет возрасен на дополнително леглоЦена за еднокреветна соба
25.11-06.12.20192576 €2513 €2894 €


Пакетната цена вклучува:

  • Авионски билети Скопје - Истанбул - Хавана - Канкун - Истанбул - Скопје со Turkish Airlines, со вклучен багаж до 30 кг;
  • Авионски билет Хавана – Канкун со вклучен багаж до 20 кг.
  • Аеродромски такси;
  • 3 ноќевања со појадок во Хавана во хотел Florida 4* ( или сличен);
  • 2 ручеци и 2 вечери во Хавана;
  • 6 ноќевања во Ривиера Маја во хотел– Blue Bay Esmeralda Beach Resort  5* на услуга All Inclusive;
  • Сите трансфери наведени во програмата;
  • Прошетка низ стариот дел на Хавана;
  • Полудневна тура со ретро автомобили низ Модерна Хавана;
  • Целодневна екскурзија до долината Виналес;
  • Целодневна екскурзија до Чичен Ица;
  • Претставник од АтлантиС за време на целото патување;

Пакетната цена НЕ вклучува:

  • Виза за Мексико – 36 USD (се плаќа во амбасадата во Белград);
  • Полудневна екскурзија „По стапките на Хемингвеј“ – 60 €
  • Посета на бар Тропикана со вклучен трансфер – 98 €
  • Целодневна екскурзија до островот Мухарес со катамаран120 €
  • Целодневна екскурзија до Тулум и џунглите на Кинтана Ро – 85 €
  • Бакшиши за шоферите и локалните водичи – 40 € (на лице место);
  • Индивидуални трошоци;
  • Патничко осигурување – задолжително (информации во агенција).

Неопходни документи за издавање на Мексиканса виза:

  • Закажан термин во амбасадата во Белград (посредува АтлантиС);
  • Лично присуство во амбасадата поради биометриски податоци (фотографија и отпечаток од прст);
  • Формулар за виза;
  • Патна исправа со важност од минимум 6 месеци од датумот на враќање во матичната држава;
  • 1 фотографија во пасошки формат (во боја, со откриено лице, без наочари, анфас) чии димензии не се помали од 32 mm x 26 mm и поголеми од 39 mm x 31 mm;
  • Останати документи (дополнитени информации во агенција).

Услови за резервација:

  • Уплата на депозит од минимум 50% од вкупниот износ на аранжманот при резервација и доплата на целиот аранжман најдоцна 45 дена пред реализација на истиот;
  • Копија од валидна патна исправа, со важност од минимум 6 месеци од датумот на враќање во матичната држава;
  • За патување во Куба и Мексико, не се потребни медицински барања.

Забелешки:

  • Тур операторот има право на промена на програмата и редоследот на извршување на настаните, доколку дојде до неповолни временски услови или други околности кои зависат од виша сила.
  • Времето на летот е предмет на потврда од страна на авиокомпаниите!
  • Минимум пријавени патници за реализација: 16
  • Минимум пријавени патници за факултативни излети: 10

Општи информации за Мексико 

Мексико (службено Соединети Мексикански Држави) е држава лоцирана во Северна Америка чија површина е околу 2 милиони километри квадратни. На север се граничини со САД, а на југоисток со Гватемала и Белизе, додека со својот крајбрежен дел на запад излегува на Тихиот океан, а Карипското море на исток.

Од вкупниот број на жители, кои брои околу 120 милиони, речиси 20 милиони се населени во главниот град Мексико Сити. Во периодот пред Колумбо, овој регион бил населен од повеќе индијански култури и цивилизации како што се Олмеки, Толтеки, Запотеки, Маи и Астеки. Под окупација на Шпанија од 1521 година, па се до независноста во 1821, Мексико е држава која има долги години историја. Денес, претставува демократска, федерална република која се состои од 32 држави или поточно од 31 држава и 1 федерален округ. Службен јазик во Мексико е шпанскиот јазик, но во упетрабе се уште 62 различни индијански јазици. Христијанстовото е најзастапена религија, односно најголемиот дел од населението се католици.

  • Виза
    За престој во Мексико потребна е виза за државјани на Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора (за државјани на Хрватска виза не е потребна). Добиената виза е валидна 6 месеци од датумот на нејзиното издавање. *За лица кои имаат амерички пасош/виза, не е потребно издавање на мексиканска виза
  • Здраствена ситуација
    За патување во Мексико не е потребна претходна вакцинација. Се препорачува конзумирање на флаширана вода, како и со Вас да понесете пробиотици, фервекс или лекови против болки и температура (за секој случај).
  • Временска зона
    Мексико се наоѓа на -6 UTC временска зона, или -7 во однос на Македонија.
  • Клима
    Мексико е климатски разновнидна земја, при што се дели на 3 висински појаси. Најнискиот – Tierra Caliente (врела земја) ги опфаќа тропските рамнини во источниот брег со високи температури и големи количества на дожд. Над овој појас е Tierra Templada (умерена земја) која зрачи со умерена клима која е погодна за живот. Над 2000 метри висина се наоѓа Tierra fria (ладна земја) каде што годишните времиња (особено лето и зема) се прилично изразени.
  • Храна
    Храната во Мексико е премногу вкусна но и егзотична, при што во потполност се разликува од мексиканската храна на која сме навикнати во нашите ресторани. Мексиканската храна важи за исклучиво пикантна, што е резултат на сосевите кои се додаваат дополнително. Секако советуваме да пробате некои од локалните специјалтети како што се тако, бурито и кесадиља со различни видови на месо. Во Мексико секако постојат и интернационални ресторани за оние кои не се љубители на локалната храна. Од пијалоците најпопуларни се текила, пиво и различни свежи сокови.
  • Безбедност
    Мексико е земја со среден ризик кога е во прашање безбедноста. Во Мексико Сити исклучиво е важно да не се движите во зони на градот, вон планот и програмата на патуњето. Карипската област е безбедна и сигурна зона.
  • Облека
    Препорачуваме летна гардероба, како и барем еден пар спорстки обувки при користење на некои од екскрузиите. Секако, понесете и облека со долги ракави/ногавици исклучиво поради времето поминато во авион.
  • Валута
    Мексикански пезос е официјална валута во Мексико при што курсот е 1 евро = 18 пезоси или 1 долар = 17 пезоси. На некои места има опција за плаќање со картица или да користите банкомати, но секако препорачуваме да имате готовина со Вас.
  • Струја
    Струјата во Мексико е 110V, при што се користи адаптер со 2 тенки излези (како на америчка територија – слика во прилог)
  • Сувенири
    Препорачуваме од Мексико да се вратите со сувенири од типот на текила, различни видови на облека, чевли и накит со мексикански мотиви, течна ванила, sombrero.

Сезони



Награди и признанија


1.Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија 2018 год.
2. Награда за најуспешна агенција за продажба доделена од страна на Qatar Airways,2018 год.
3. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2017 год.
4. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2016 год.
5. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија, 2015 год.

6. Топ 100 ВИП локации во Источна Европа од Western Union, 2015 год.
7. Награда за 20 години постоење и значителен придонес во туризмот од Општина Струмица, 2015 год.
8. Благодарност и најдобро партнерство во Република Македонија доделен од страна на Turkish Airlines,2014 год.
9. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија,2012 год.
10. Изворедна поддршка и посебна соработка со Turkish Airlines, 2012 год.



Let's socialize




© 2015
All Rights Reserved


Хотели и Апартмани - Лето 2019

Тури



Корисничка поддршка
+389 2 3 22 99 22
marketing@atlantis.com.mk