Сингапур I Нова Година 2020

Сингапур

Име на сместување
Држава
Дестинација

НОВА ГОДИНА ВО СИНГАПУР – ГРАДОТ НА ИДНИНАТА

7 ноќи во Сингапур + авионски превоз со вклуечни такси + трансфери + 3 екскурзии во Сингапур + претставник од АтлантиС

БЕЗ ДОПОЛНИТЕЛНИ ТРОШОЦИ!!

Дата на патување: 25.12.2019- 03.01.2020

1 ден  - 25.12.2019 (среда): СКОПЈЕ-ДОХА

Состанок на групата  на аеродромот во Скопје во 09:55 часот. Полетување од Скопје во 11:55 часот со авиокомпанијата Qatar Airways и слетување во Доха во 18:50 часот локално време. Полетување од Доха кон Сингапур во 20:15 часот.

2 ден – 26.12.2019 (четврток): ДОХА-СИНГАПУР (панорамски разглед на градот вклучено во цената)

Слетување во Сингапур во 09:15 локално време. Пречек на аеродром од страна на претставник на партнер  компанијата, при што следува разглед на градот на Орхидејата – Сингапур, во времетраење од 4 часа. На истиот ќе имаме можност да поминеме низ Clarke Quay, Orchard Road - главниот булевар  кој води кон: Marina Bay, Garden by the Bay, Central Buisiness Dinstrict, Merlion Park, Little India. Пристигнуваме во хотелот Peninsula Excelsior 4* (или сличен) при што се сместуваме. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.  

3. ден – 27.12.2019 (петок): СИНГАПУР (Сентоса – вклучено во цената)

Појадок во хотел. Денот го започнуваме со целодневна посета на забавниот остров Сентоса (Sentosa Island), при што дотаму ќе стигнеме со жичарица од планината Фабер (Mount Faber). Кабините со 8 седишта ќе Ви овозможат од птичја перспектива да уживате во прекрасниот пејзаж на Сингапур. Влезете во светот на бои во паркот на пеперутките и кралството на инсектите “Butterfly Park & Insect Kingdom” и дозволете 1.500 живи пеперутки (над 50 видови) да летаат околу вас. Придружете се на Шон и на ѕвездите од “Патувањето до центарот на Земјата” (“Journey to the Centre of the Earth”), како започнуваат единствена 4D авантура во: Патување 2 - Мистериозниот остров (Journey 2 - The Mysterious Island)!Влезете со стил во иконската статуа – легендарниот Merlion, половина лав, половина риба -  чуварот на просперитетот кој е олицетворение на историјата на Сингапур како пристанишен град. Легендата вели дека Merlion секоја година го посетува островот Сентоса за да ја заштити благосостојбата на Сингапур. Откријте го инспиративниот стравствен свет на животот во океанот во S.E.A. AquariumTM, најголемиот аквариум во светот. Истражете повеќе од 800 видови морски животни, како што се величествените манта раи и над 200 ајкули преку најголемиот светски прозорец во океанот. Во вечерните часови следува трансфер од Сентоса до хотелот.Нокевање.

4. ден  - 28.12.2019 (сабота): СИНГАПУР (Градините покрај заливот – вклучено во цената)

Појадок во хотел. По појадокот се упатуваме кон авантура до Градините покрај заливотГрадините покрај Заливот со OCBC Skywalk (Gardens by the Bay with OCBC Skywalk) се меѓу топ 10-те најубави затворени градини во светот, со повеќе од 1 милион растенија од над 5.000 видови. Градините ја доловуваат суштината на Сингапур како врвен тропски “Град на градините” ("Garden City") со совршена животна средина. Врвна дестинација исполнета со чуда од целиот свет. Започнуваме со прошетка вдолж мостот OCBC Skyway на 22 метри над земјата и бидете опкружени од панорамските погледи кон градините, заливот Марина Беј (Marina Bay), при што ќе ужуваме во прекрасниот поглед на градот. Продолжуваме со посета на двете затворени ботанички градини - ладни конзерваториуми наречени „Облачна шума“ и „Цветна купола“ (Flower Dome и Cloud Forest). Ќе влеземе во  биомот “Облачна шума” (Cloud Forest), мистериозен свет, прекриен со магла, кој ги реплицира ладните влажни услови кои ги има во тропските планински региони. Планината со висина од 35 метри, покриена со бујна вегетација која го прекрива највисокиот затворен водопад во светот и го прикажува растителниот свет од тропските висорамнини до 2.000 метри надморска височина. Потоа влегуваме во “Цветната купола” (Flower Dome) каде ќе се восхитуваме на раскошната природа, како и на спектакуларните и иновативни дизајни кои ја реплицираат ладно-сувата  клима на медитеранските региони. По разгледот на градините, следува трансфер до хотелот. Слободно време за индивидуални активости. Ноќевање.

5.ден  - 29.12.2019 (недела): СИНГАПУР

Појадок во хотел. Ден предвиден за индивидуални активнсоти или можност за целодневна факултативн посета на Legoland Malaysia со организиран трансфер и влезница (возрасен 95€/деца 85€). По завршување на посетата, следува трансфер назад до хотелот. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

6.ден  - 30.12.2019 (понеделник): СИНГАПУР

Појадок во хотел. Ден предвиден за индивидуални активности. Предлог посета на Clarke Quay во вечерните часови доколку сакате да го почуствувате ноќниот живот на Сингапур. Место преполно со различни видови на ресторани, барови и клубови, збогатени со новогодишни декорации. Ноќевање.    

7.ден  - 31.12.2019 (вторник): СИНГАПУР (дочек на Нова Година)

Појадок во хотел. Ден за слободни активности и предновогодишна еуфориј. Дочек на новата година во близина на спектакуларниот хотел  Marina Bay Send. *Можност за дочек на новата година во локален ресторан (понуда дополнително). СРЕЌНА НОВА ГОДИНА!!! Ноќевање.

8.ден  - 01.01.2020 (среда): СИНГАПУР

Појадок во хотел. Ден предвиден за индивидуални активности. Ноќевање.

9.ден  - 02.01.2020 (четврток): СИНГАПУР-ДОХА

Појадок во хотел. Последнот ден е предвиден за индивидуални активности се’ до моментот на времето предвидено за организиран трансфер до според многумина најпрекрасниот аеродромот во светот. Полетување од Сингапур кон Доха во 20:45 часот.

10.ден  - 03.01.2020 (петок): ДОХА-СКОПЈЕ

Слетување во Доха во 00:20 часот локално време. Полетување од Доха кон Скопје во 07:15 часот. Слетување на Меѓународниот аеродром Скопје во 10:55 часот локално време.

ПАКЕТНА ЦЕНА ПО ЛИЦЕ

ПОПУСТ ОД -100 ЕВРА ЗА ПРВИТЕ 4 МЕСТА!!

Хотел Услуга  Пакетна цена од лице во 1/2 соба
Peninsula Excelsior 4*(или сличен)Појадок1.729 €

***можност за плакање на 12 или 24  месечни рати со 0% камата ***

Во цената е вклучено :

  • Авионски билет на релација Скопје-Доха-Сингапур-Доха-Скопје, со авиокомпанијата Qatar Airways;
  • Рачен багаж до 7кг.
  • Чекиран багаж до 30кг.
  • Аеродромски такси;
  • 7 ноќевања во хотел со појадок во PeninsulaExcelsior 4* во Сингапур (или сличен);
  • 3 ексурзии во Сингапур со локален водич на англиски јазик;
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром во Сингапур;
  • Пречек во Сингапуродлокалниот претставник (англиски јазик);
  • Претставник од АТЛАНТИС во текот на целото патување.

Цената не вклучува :

  • Храна, пијалоци и услуги кои не се наведени во програмата;
  • Факултативни екскурзии;
  • Патничко осигурување – задолжително (информации во агенција);
  • Бакшиши за возач/водич.

Факултативни екскурзии:

  • Посета на забавниот парк Legoland Malaysia – (трансфер+влезница) - возрасен 95€/деца 85€

Детали од летовите:

QR 306  25DEC  SKPDOH   1155 1850  
QR 942  25DEC  DOHSIN    2015 0915+1
QR 947  02JAN  SINDOH    2045 0020+1
QR 305  03JAN  DOHSKP    0715 1055

Услови:

  • Резервација се проследува со депозит од 50% од вкупниот износ на аранжманот и доплата на истиот до 45 дена пред датумот на реализација;
  • Понудата е валидна за минимум број од 16 пријавени патници;
  • За ова патување не се потребни медицински имунизации;
  • Рок за известување за недоволен број на пријавени патници– 7 дена пред датумот предвиден за реализација;
  • Туроператорот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.

Неопходни документи:

  • За влез во Сингапур не е потребно претходно обезбедување на виза;
  • Патна исправа со миниум валидност од 90 дена по завршување на патувањето.

Рокови за отказ на аранжманот од страна на корисникот на услугата и наплата на пенали:

  • над 60 дена пред датумот на реализација се задржува износот на депонираниот депозит;
  • помеѓу 60-тиот и 20-тиот ден пред датумот на реализција се задржува 70% од вредноста на аранжманот;
  • помалку од 20 дена пред датумот на реализација се задржува 100% од вредноста на аранжманот.   

*Цената на аранжманот е изразена по лице, во евра, при упалта во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари.

*Општи и корисни информации за Сингапур - link

***Минимум број на пријавени патници за реализација на овој аранжман е 16 патници. Доколку не се исполни предвиденииот број, цената на аранжманот нема да биде променета, но екскурзиите нема да бидат вклучени ***

Сезони



Награди и признанија


1. Благодарница од Qatar Airways за континуирана поддршка за 2018/2019 година
2.Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија 2018 год.
3. Награда за најуспешна агенција за продажба доделена од страна на Qatar Airways,2018 год.
4. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2017 год.
5. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2016 год.
6. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија, 2015 год.

7. Топ 100 ВИП локации во Источна Европа од Western Union, 2015 год.
8. Награда за 20 години постоење и значителен придонес во туризмот од Општина Струмица, 2015 год.
9. Благодарност и најдобро партнерство во Република Македонија доделен од страна на Turkish Airlines,2014 год.
10. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија,2012 год.
11. Изворедна поддршка и посебна соработка со Turkish Airlines, 2012 год.



Let's socialize




© 2015
All Rights Reserved


Хотели и Апартмани - Лето 2019

Тури



Корисничка поддршка
+389 2 3 22 99 22
marketing@atlantis.com.mk