Милано I Пролет 2019

Милано

Име на сместување
Држава
Дестинација

24-ти Мај во МИЛАНО

24.05-27.05.209

СО ДИРЕКТЕН ЛЕТ ОД СКОПЈЕ

Распостранет во рамнините на областa Ломбардија, Милано е втор по големина град во Италија, познат по уметноста, модата, шопинг и храна. Основан од Kелтите, Милано бил главен град на Западната Римска Империја, а потоа бил управуван од Шпанци и Австријци. Многу прочуени артисти се привлечени токму во Милано од фамилијата Сфорца, а еден од најпознатите е Леонардо да Винчи. Во 19 век Милано станува оперски центар познат со автори како Росини, Белини, Верди и Панучи. Има многу знаменитости, но ќе издвоиме дел од нив – операта Ла Скала и ремек делото „Тајната вечера”, миланската Катедрала, трговскиот центар Виктор Емануел, замокот Сфорца. Денес Милано претставува светски центар на модата, која освен за шопинг-терапија, градот го претвора во избор број 1 за оние кои ја ценат модата, богатите и луксузните барови и ресторани. Во Милано италијанските дизајнери ја демонстрираат својата креативност не само на подиумот, но и во отворањето ултрамодерни ресторани и барови како „Just Cavalli”, „Armani Nobu Bar”, „Trusardi”, „Gucci café”, „Bvlgari Hotels&Resorts”, „Dolce&Gabbana Restaurant”. Спојката помеѓу овие неверојатни знаменитости и гламурот кој се протега низ градот го прават Милано дестинација која МОРА ДА СЕ ПОСЕТИ !!!!

ПРОГРАМА

24.05.2019 (петок) Скопје – Милано

Состанок на групата во 10:40 часот на Меѓународниот аеродром во Скопје. Полетување кон Милано во 12:40 часот. Слетување во Милано во 14:45 часот. Трансфер од аеродромот во Малпенса до хотел (55км). Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални активности и консултација со претставникот од агенцијата. Ноќевање.

25.05.2019 (сабота) Милано

Појадок во хотел. По појадокот следува факултативен пешачки разглед на градот со локален водич: Миланската катедрала и плоштадот Дуомо, операта Скала, галеријата Виторио Емануеле II и замокот Сфорческо. Слободно попладне за шопинг или прошетка низ улиците Виторио Емануеле, Монтенаполеоне, Торино, Спига. Слободно време и индивидуално враќање во хотел со метро. Ноќевање.

26.05.2019 (недела) Милано – Комо - Лугано

Појадок во хотел. По појадокот следува факултативен излет со локален водич до монденското гратче Комо (52км). Одејки по малите улици низ Комо го разгледуваме стариот дел на градот и плоштадот Волта, катедралата во Комо – Дуомо. Овде се наоѓаат вилите на дел од познатите личности во светот, како Џорџ Клуни, Ероз Рамазоти и многу други. Слободно време за индивидуални прошетки и можност за факултативно крстарење по езерото. Потоа се упатуваме кон Лугано, гратче во Швајцарија кое лежи на брегот на езерото Лугано, под швајцарските Алпи. Го нарекуваат “Швајцарско Монте Карло”. Ќе имате можност за прошетка низ стариот дел на градот кој е претворен во пешачка зона со своите плоштади Piazza Ciochara, Piazza della Reforma, Катедралата San Lorenzo, големиот градски парк, еден од најубавите во Швајцарија - Parco Civico и монденската шопинг улица – Наса. Во вечерните часови враќање назад во хотел. Ноќевање.

27.05.2019 (понеделник)  Милано – Скопје

Појадок во хотел. Одјавување од хотелот. Слободно време за индивидуални активнисти до времето предвидено за трансфер до аеродромот Малпенса. Полетување од Милано во 15:50 часот. Слетување во Скопје во 17:50 часот. 

ПРОМОТИВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ -249€ (15.438 МКД)

Ограничен број на места! 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ СЕ ВКЛУЧЕНИ СЛЕДНИТЕ УСЛУГИ:

  • Директен лет на релација Скопје – Милано Малпенса – Скопје со авикомпанија Wizz Air;
  • Мала кабинска торба до 7кг (40x30x20cm);
  • Организирани трансфери аеродром – хотел – аеродром;
  • Сместување вохотел со 3* на услуга 3 ноќевања со појадок;
  • Организирани прошетки според програмата со придружник од агенцијата;
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето.

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ СЕ ВКЛУЧЕНИ СЛЕДНИТЕ УСЛУГИ:

  • Аеродромски такси – 3.720 ден;
  • Туристичка такса 2 € на ноќ - се плаќа во агенција;
  • Пешачки разглед на градот со локален водич – 15 € (билети за јавен превоз не се вклучени во цената)
  • Посета на Комо и Лугано (трансфер+локален водич) – 55 €;
  • Патничко осигурување;
  • Билети јавен превоз.

ОПШТИ НАПОМЕНИ:

  • Организатор на аранжманот е ТА АтлантиС;
  • Резервација се прави со уплата на 30% од вкупнот износ на аранжманот;
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд;
  • За реализација на аранжманот потребни се минимум пријавени 20 патници;
  • За ова патување мора да поседувате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот;
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот  во случај на промена на цената на превозот или  хотелот;
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот  5 дена пред  датумот на започнување на истиот;
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
  • За време на панорамски разглед на градот не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици;
  • Организаторт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата;
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.

Задолжително пријавување на факултативите до 30 дена пред реализација и минимум 16 пријавени патници.

За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ и Т.А. АтлантиС

Сезони



Награди и признанија


1. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2017 год.
2. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2016 год.
3. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија, 2015 год.
4. Топ 100 ВИП локации во Источна Европа од Western Union, 2015 год.

5. Награда за 20 години постоење и значителен придонес во туризмот од Општина Струмица, 2015 год.
6. Благодарност и најдобро партнерство во Република Македонија доделен од страна на Turkish Airlines,2014 год.
7. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија,2012 год.
8. Изворедна поддршка и посебна соработка со Turkish Airlines, 2012 год.
9. Награда за најуспешна агенција за продажба доделена од страна на Qatar Airways,2018 год.



Let's socialize




© 2015
All Rights Reserved


Тури



Корисничка поддршка
+389 2 3 22 99 22
marketing@atlantis.com.mk