Mercure Hurghada


Име на сместување
Држава
Дестинација

Нурнете во задоволствата на 4 ѕвездениот Mercure Hurghada Hotel ! Истражете ги некои од најспектакуларните корални гребени во светот во овој all inclusive ресорт на работ на кристално чистото Црвено Море. Ако сте љубители на сонцето и спортот, ова е совршена дестинација: има за секој по нешто -  од бродови со стаклен под, нуркање, до дневни активности со хотелскиот тим. Исто така, може да уживате во базенот, да играте тенис или сквош пред вечерата или да пиете коктели во еден од седумте ресторани и барови.

Хургада е место каде што Арапската пустина се протега се до проѕирните води на Црвеното Море, кое е богато со разновидни риби и неверојатни корални гребени. Mercure Hurghada Hotel е совршен ресорт за љубителите на одмор, релаксација и авантура, нудејќи широк спектар на водени и копнени спортови, како и излети во рајот за нуркачи - Sharm el-Naga, подводните градини на островот Гифтун, и римските руини на Mons Claudianus. Аеродромот е на само 10 минути од ресортот.

Сите соби во Mercure Hurghada имаат балкон со поглед на Црвеното Море или со поглед на градина и секоја од нив има сеф и мини бар. На располагање на гостите на хотелот има бесплатен паркинг.

Бесплатна Wi-Fi конекција на јавни места.

На самото пристигнување, гостите добиваат нараквица која им овозможува бенефиции од нивниот all inclsuive систем.

Mercure HurghadaHotel има 3 ресторани, вклучувајќи и ресторан со морска храна.


All - Inclsuive - концепт: 

Oброци: 

Појадок : At Dar El Andalus Restorant                                  07:00 - 10:00 ч.
Доцен појадок : At azur bar                                                 10:00 - 12:00 ч.
Ручек : At Dar El Andalus Restorant                                     12:00 - 15:00 ч.
Закуски : Snacks & Ice cream  се служат околу базенот       13:00 - 17:00 ч.               
Вечера : At Dar El Andalus Restorant                                   19:00 - 22:00 ч. 



Пијалоци: 

Ладни пијалоци ( во чаша ) :  Кока Кола, фанта, тоник, вода, џус ( свежо цеден - со доплата )
Топли пијалоци:  чај, кафе лате, црно кафе, еспресо
Локални алкохолни пијалоци ( во чаша ):   Точено пиво, виски, џин, вотка, рум, узо, бренди и коктели
Локално вино :  Розе, Црвено и Бело  - се служи само за време на ручек и вечера во  Dar El Andalus Restorant 
Мини бар :   Само едно мало шише вода по лице дневно во соба. 


А La Carte restaurant " Mediterranean " 
- Бесплатно еднаш неделно ( минимум 7 ноќи престој) со резервација во Dar El Andalus Restorant  

A La Carte Fish Restaurant "Samaka" ( со доплата ) 
- Со претходна резервација во Dar El Andalus Restorant  

A La Carte "Asian" Restaurant ( со доплата ) 
- Отворен секој ден. Со претходна резервација во Dar El Andalus Restorant  

Бесплатни активности во  слободно време( со претходна резервацја ) 
Фитнес центар, сауна и џакузи ( максимум 30 минути), тенис (преку ден), мини голф и пинг- понг. 

Активности во слободно време (со доплата ) : 
парна бања, масажа и третмани, билјард, едрење, центар за јавање на коњи. 


Бесплатна Wi Fi конекција е обезбедена на рецепција и на тераса.


Правила во ресторани и барови : 
- Сите пијалоци се служат од 10:00 - 00:00 ч., освен вино ( се служи само за ручек и вечера во Dar El Andalus Restorant )
- Безалкохолни пијалоци се служат на деца по 18 години. 
- Сите пијалоци се служат во чаша во баровите 
- Не е дозволено да се носи храна надвор од рестораните.
- Во главниот ресторан и во Azur Bar не е дозволено да се влегува со костуми за пливање 
- Во Beach Bar не се служи пиво. 




Хотелските соби може да варираат во големина и дизајн, па сместувањето во собите од сликите не е загарантирано.
Хотелите имаат право да ја променат својата политика на обезбедените услуги (за дополнителни трошоци / бесплатно).
Искрено се извинуваме за какви било несогласувања.


Награди и признанија


1. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2017 год.
2. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2016 год.
3. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија, 2015 год.
4. Топ 100 ВИП локации во Источна Европа од Western Union, 2015 год.

5. Награда за 20 години постоење и значителен придонес во туризмот од Општина Струмица, 2015 год.
6. Благодарност и најдобро партнерство во Република Македонија доделен од страна на Turkish Airlines,2014 год.
7. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија,2012 год.
8. Изворедна поддршка и посебна соработка со Turkish Airlines, 2012 год.
9. Награда за најуспешна агенција за продажба доделена од страна на Qatar Airways,2018 год.



Let's socialize




© 2015
All Rights Reserved


Тури



Корисничка поддршка
+389 2 3 22 99 22
marketing@atlantis.com.mk