Serenity Makadi Beach

stars

Име на сместување
Држава
Дестинација

Изграден во Марокански стил и опкружен со раскошни градини, хотелот Serenity Makadi Beach 5* се наоѓа директно на брегот на Црвеното море во заливот Макади во Хургада. Овој простран 5 ѕвезден ресорт кој е отворен во јануари 2007 година се протега на 220.000 метри квадратни, има своја приватна плажа, широка 320 м и нуди прекрасен поглед на тиркизната вода на Црвеното Море.

Хотелот има вкупно 551 соби и апартмани кои се пространи и опремени се со удобен мебел, голем балкон или тераса со различни погледи. Собите се опремени со сателитска телевизија, мини бар, сеф, електричен бокал за вода, фен за коса, бања со туш кабина и тоалет.

За спорт и рекреација хотелот има богата понуда како 1 голем базен Мarbella, 5 помали базени, лагуна со плитка вода, 2 базени со солена вода во левото и деcното крило на ресортот, фитнес сала (бесплатна), сауна, џакузи, парна бања и турска бања, салон за убавина (со доплата), 11 соби за масажа кои нудат најразлични видови на масажи (со доплата), 2 тениски терени (бесплатно еднаш дневно), опремата и рефлекторите се со доплата.

Во хотелот исто така имате на располагање бесплатна WI-FI конекција во лобито, шатл автобус што сообраќа 2 пати во денот до центарот на градот (со доплата, потребно минимум 3 патника) аптека, менувачница, банкомат, доктор достапен 24 часа (со доплата), сувенирници (злато, сребро, локални рачни изработки), ориентален базар, овозможено плаќање со American Express, Visa и Mastercard.

За вашата забава ќе се погрижи тимот аниматори кои секојдневно подготвуваат широк спектар на анимации, игри и  натпревари .

За најмалите на располагање има детски клуб (за деца од 5 до 12 години, бесплатно), детско игралиште, детско катче во ресторанот и мини диско секоја вечер. Детски столчиња и бебешки креветчиња на барање (бесплатно).

Ресортот располага со главен ресторан Мonalisa со 250 места внатре и 400 места надвор (појадок, ручек и вечера) , ресторан Rossini, италијански и мексикански a la carte ресторан (избор од 2 различни јадења на оброк) и ресторан Роyal Lounge (Ориентална, Азиска храна) , луксузен ресторан каде се служи вечера и бар каде се служат најразлични пијалоци.

Исто така, покрај базенот има бар кој е отворен преку ден и кој служи пијалоци , закуски и сладолед.

2 Релакс барови покрај базен лоцирани во левото и десното крило на ресортот каде има базени со солена вода,отворени преку ден до зајдисонце.

Бар на плажа, лоциран централно на плажа, каде се служат ужинки, топли и ладни пијалоци, отворен до зајдисонце.

Лоби бар каде се служат пијалоци, коктели и сл. отворен преку ден со доцна навечер.

Дискотека, отворена од 23:00 - 02:00 ч. Влезот е бесплатен, пијалоците се со доплата.

Bedouin бар, каде може да се послужите со наргиле(со доплата), топли и ладни пијалоци. Отворено доцна попладне до полноќ.

 

Check In : 14:00 , check out 12:00 h

Изгубен / не вратен клуч на рецепција се наплаќа 5 EUR

Мини клубот е отворен од 10:00- 12 :00  и од  15:00- 17:00 ч.

Детско диско отворено од 20:30 ч.

Секојдневна вечерна  анимација од 21:30 ч.

Бесплатна WI -FI конекција во лобито.

Фитнес центар отворен од 09:19 :00 ч. (бесплатно)

 

 Хотелските соби може да варираат во големина и дизајн, па сместувањето во собите од сликите не е загарантирано. Хотелите имаат право да ја променат својата политика на обезбедените услуги (за дополнителни трошоци / бесплатно). Искрено се извинуваме за какви било несогласувања.

 


Награди и признанија


1. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2017 год.
2. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2016 год.
3. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија, 2015 год.
4. Топ 100 ВИП локации во Источна Европа од Western Union, 2015 год.

5. Награда за 20 години постоење и значителен придонес во туризмот од Општина Струмица, 2015 год.
6. Благодарност и најдобро партнерство во Република Македонија доделен од страна на Turkish Airlines,2014 год.
7. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија,2012 год.
8. Изворедна поддршка и посебна соработка со Turkish Airlines, 2012 год.
9. Награда за најуспешна агенција за продажба доделена од страна на Qatar Airways,2018 год.



Let's socialize




© 2015
All Rights Reserved


Тури



Корисничка поддршка
+389 2 3 22 99 22
marketing@atlantis.com.mk