Steigenberger Aqua Magic

stars

Име на сместување
Држава
Дестинација

Steigenberger Aqua Magic важи за најенергичниот, фамилијарен ресорт на Црвеното Море. Категоризиран како еден од најдобрите аква парк хотели во Хургада, Steigenberger Aqua Magic нуди прекрасни содржини и безброј активности на вода и на плажа. Ресортот исто така има своја приватна плажа, пространи базени и ресторани. Во централниот дел на хотелот се наоѓаат аква паркот и Aqua PlayTM.
Сите соби во хотелот се опремени со клима уред, мини-бар и дневна соба. Сите имаат постелнина од мек египетски памук и француски балкон или голем прозор со поглед на луксузните градини или базените.Хотелот нуди бројни барови и ресторани со примамлива кулинарска понуда, кои се наоѓаат во затворен и отворен простор. Понудата се движи од сезонски оброци на база шведска маса во ресторанот Magic Flavors, преку јадења на база на мала шведска маса за деца во ресторанот Magic Kids и јадења на италијанската кујна во ресторанот Magic Palappa, до вечера под ведро небо во ресторанот Magic Blue на плажата.
Љубителите на голф ќе уживаат во голф клубот Steigenberger ALDAU 9-hole golf center, додека нуркачите ќе уживаат во истражување на фасцинантниот подводен свет  во Хургада. Хотелот се наоѓа на енергичното ALDAU Shopping & Leisure шеталиште кое се протега преку величенствениот Steigenberger ALDAU Resort и ги повикува гостите да прошетаат, купуваат и да уживаат во прекрасно зготвената храна. На шеталиштето исто така се наоѓа Elements, обележјето на ноќниот живот во Хургада, која нуди прекрасна забава . 


• 24 часа  Magic All Inclusive.
• 725 раскошни соби, вклучувајќи удобни семејни апартмани со загарантирана приватност за родителите и децата, секој со своја соба и ТВ.
• Воден парк / Aqua Mania со различни мега слајдови и атракции дизајниран според највисоките меѓународни стандарди за квалитет и безбедност. 
• Детски клуб, загреан базен, Aqua PlayTM аква парк со околу 30 содржини и детско игралиште.
• Приватна песочна плажа

• Пазар на отворено кој нуди тезги за храна, уметнички занаети, продавници и забава.

•Бесплатен шатл до Хургада (потребна резервација ден претходно)
•Достапен е бесплатен WiFi
•Aqua Relax базени и бар за возрасни.

•Бесплатен мини бар кој еднаш дневно се надополнува со безалкохолни пијалоци

•Виста Спа која нуди неверојатни пејсажи, простории за третман, сауна и парна бања.

• Steigenberger ALDAU голф курс со 9 дупки со водени предизвици 
• Steigenberger ALDAU Dive Club & Aqua Centre со приватна марина и два приватни чамци за нуркање.
• Модерни соби за состаноци.
• Интернационалнана анимација, дневна и вечерна забава.
• Врвен избор на ресторани, барови и модерни ноќни забави.

All inclusive концепт:

-6 Magic ресторани

Појадок:07:00-10:30

Ручек:13:00 -15:00

Вечера:18:00 -22:30

Пијалоци се служат 24 часа.(локални алкохолни и безалкохолни пијачки, кафе, чај, минерална вода)


Хотелските соби може да варираат во големина и дизајн, па сместувањето во собите од сликите не е загарантирано. Хотелите имаат право да ја променат својата политика на обезбедените услуги (за дополнителни трошоци / бесплатно). Искрено се извинуваме за какви било несогласувања.

Погледнете го All Inclusive концептот на хотелот


Награди и признанија


1. Благодарница од Qatar Airways за континуирана поддршка за 2018/2019 година
2.Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија 2018 год.
3. Награда за најуспешна агенција за продажба доделена од страна на Qatar Airways,2018 год.
4. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2017 год.
5. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2016 год.
6. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија, 2015 год.

7. Топ 100 ВИП локации во Источна Европа од Western Union, 2015 год.
8. Награда за 20 години постоење и значителен придонес во туризмот од Општина Струмица, 2015 год.
9. Благодарност и најдобро партнерство во Република Македонија доделен од страна на Turkish Airlines,2014 год.
10. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија,2012 год.
11. Изворедна поддршка и посебна соработка со Turkish Airlines, 2012 год.



Let's socialize




© 2015
All Rights Reserved


Хотели и Апартмани - Лето 2019

Тури



Корисничка поддршка
+389 2 3 22 99 22
marketing@atlantis.com.mk