Будимпешта & Братислава I Велигден 2019

Будимпешта

Име на сместување
Држава
Дестинација

ВЕЛИГДЕНво БУДИМПЕШТА И БРАТИСЛАВА

26.04 - 30.04.2019

5 дена / 2 ноќевања

1 ден (26.04.2019 - петок) | СКОПЈЕ - БУДИМПЕШТА            

Состанок со групата во Скопјe. Ноќно возење преку Србија со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 ден (27.04.2019 - сабота) | БУДИМПЕШТА

Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Следува разглед на градот со локален водич: плоштадот на хероите, Парламентот, Кралската палата, Рибарската тврдина, Цитаделата, црквите Св. Стефан и Св. Матеј, улиците: Андраши, Ракоци и Ваци, мостовите на Дунав. Сместување во хотел. Слободно време. Вечерта крстарење со брод по Дунав (факултативно). Враќање во хотел. Ноќевање.

3 ден (28.04.2019 - недела) | БУДИМПЕШТА - БРАТИСЛАВА- ЧАРДАШ

Појадок. По појадокот одиме на факултативна посета на Братислава. Разглед на градот: средновековниот главен плоштад со Роландовата фонтана, Михалската порта, Градското собрание, Катедралата Св. Мартин, Словачкиот национален театар, барокната Палата Palffy во која Моцарт ги изведувал своите дела, Палатата Pauli каде Франц Лист го отсвирал својот прв концерт. Слободно време за индивидуални активности, ручек, прошетки.Посета на познатиот трговски центар EUROVEA. Во договорено време враќање во Будимпешта. Вечерта, предлагаме посета на традиционален ресторан - чардаш (богато мени, со фолклорни игри, каде се вклучуваат и самите гости. Многу забава, што вреди да се доживее и ќе Ви го доближи унгарскиот живот). Ноќевање.

4 ден (29.04.2019 - понеделник) | БУДИМПЕШТА - СКОПЈЕ

Појадок. После појадокот, напуштање на хотелот и се упатуваме на прошетка до живописното гратче Сент Андреа (факултативно), во близината на Будимпешта, во кое се негуваат старата архитектура и народни ракотворби и кое е богато со голем  број винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви. Враќање назад во Будимпешта. За љубителите на животинскиот свет можност за посета на Тропикариум (http://www.tropicarium.hu). Слободно време за индивидуални активности. По договор со представникот, поаѓање за Скопје. Ноќно патување преку Србија, со попатни паузи за одмор и царински формалности.

5 ден (30.04.2019 - вторник) | СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во утринските часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ - 135 € (8.370 ден.)

*Можност за плаќање на рати без камата!!!

Во цената на аранжманотe вклучено:

  • Превоз со туристички автобус на дадените дестинации;
  • Сместување во хотел Жугло 3*(или сличен на наведениот) во Будимпешта на база 2 ноќевања со појадок;
  • Професионален туристички придружник од агенцијата;
  • Организација и реализација на аранжманот.
  • Организиран трансфер од Битола, Прилеп, Кавадарци (Дреново), Струмица, Штип, Велес
    * Трансферот може да биде во раните утрински часови, а враќањето во доцните вечерни часови.

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Разглед на Будимпешта со локален водич - 10 евра;
  • Вечера во ресторан - Чарда - 30 евра;
  • Крстарење со брод по Дунав - 15 евра;
  • Посета на Братислава и трговски Еуровеа - 30 евра (минимум 30 патници);
  • Посета на Сент Андреа - 10 евра:
  • Посета на Тропикариум - 10 евра;
  • Влезници за музеите и културно - историските споменици;
  • Задолжително патничко - здравствено осигурување;
  • Доплата за еднокреветна соба.

ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВИ (без национален ресторан): 65 €

Цена за факултативи на лице место:

  • Разглед на Будимпешта со локален водич - 15 евра;
  • Вечера во ресторан - Чарда - 33 евра;
  • Крстарење со брод по Дунав - 18 евра;
  • Посета на Братислава и трговски Еуровеа - 35 евра (минимум 30 патници);
  • Посета на Сент Андреа - 13 евра:
  • Посета на Тропикариум - 13 евра;

ОПШТИ НАПОМЕНИ:

  • Организатор на аранжманот е Т.А. АтлантиС
  • Резервација се прави со уплата на 30% од вкупнот износ на аранжманот
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 45 патника
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата
  • Организаторт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл. 

За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ и Т.А. Атлантис

Сезони



Награди и признанија


1. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2017 год.
2. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2016 год.
3. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија, 2015 год.
4. Топ 100 ВИП локации во Источна Европа од Western Union, 2015 год.

5. Награда за 20 години постоење и значителен придонес во туризмот од Општина Струмица, 2015 год.
6. Благодарност и најдобро партнерство во Република Македонија доделен од страна на Turkish Airlines,2014 год.
7. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија,2012 год.
8. Изворедна поддршка и посебна соработка со Turkish Airlines, 2012 год.
9. Награда за најуспешна агенција за продажба доделена од страна на Qatar Airways,2018 год.



Let's socialize




© 2015
All Rights Reserved


Тури



Корисничка поддршка
+389 2 3 22 99 22
marketing@atlantis.com.mk