Болоња & Емилиа Ромања I Велигден 2019


Име на сместување
Држава
Дестинација

ВЕЛИГДЕН ВО БОЛОЊА И ЕМИЛИЈА РОМАЊА

25.04.2019 - 30.04.2019

(6 дена / 3 ноќевања)

Болоња - Сан Марино - Равена - Модена - Парма - Ферара - Комакио

Болоњае седми по големина град во Италија и главен град на покраината Емилија-Ромања. Најпознат е по најстариот универзитет во Европа, прочуениот болоњски универзитет, а воедно го нарекуваат и град на гастрономијата. Стариот дел на Болоња е препознатлив по бројните средновековни кули и плочници во форма на аркади по должината на поголемите улици, а со посебна убавина плени најубавата градска фонтана, Фонтаната на Нептун.
Емилија-Ромања-најбогат меѓу 20-те италијански региони и еден од најразвиените региони во Европа - спој од две провинции, Емилија и Ромања, во долината на реката По. Искористете ја можноста да ги посетите овие региони - Болоња, Модена, Парма, Ферара, Комакио.

ПРОГРАМA НА ПАТУВАЊЕ

1 ден (25.04.2019 - четврток) | Скопје - Србија - Хрватска - Словенија - Италија

Состанок на групата во Скопје и поаѓање во утринските часови. Возење со кратки попатни одмори и спроведување на царински формалности, преку Србија, Хрватска и Словенија до Болоња, Италија.

2 ден (26.04.2019 - петок) | Болоња

Пристигнување во Болоња во претпладневните часови. Универзитетска Болоња е величествен средновековен град со ренесансни палати и аркади (колонади). Центарот на градот се состои од два идентични плоштади Маџоре (Piazza Maggiore) и Нептуно (Neptune). Црвеникавите градби и левичарската репутација на Болоња му го донеле прекарот ''La Rossa'' (Црвена). Поради својата богата кујна се здобил со прекарот "La Grassa'' (Дебела). По пристигнувањето се оди на панорамски и пешачки разглед на градот со локален водич: споменикот на Нептун, базиликата San Petronio, Универзитетот, Due Tori, Палатата Банки (Palazzo dei Banchi), Палатата Нотаи (Palazzo dei Notai), Палататa Акурсио (Palazzo d'Accursio), Плоштадот Маџоре (Piazza Maggiore). По разгледот следи сместување во хотел. Слободно време. Ноќевање.

3 ден (27.04.2019 - сабота) | Болоња - Сан Марино - Равена - Болоња

Појадок. По појадокот можност за организирање на факултативна посета на Сан Марино и Равена. По пристигнувањето следува разглед на градот: познатата тврдина Сан Марино, базиликата Сан Марино, Народната палата (Palazzo Pubblico)...По разгледот слободно време за прошетка и индивидуални активности. Поаѓање за Равена. По пристигнувањето, разглед на градот: базиликата Сан Франческо, Мавзолејот на Гала Плацидија (Galla Placidia) (не е предвиден групен влез), гробот на Данте, базиликата Сан Витале (San Vitale) (не е предвиден групен влез)...По разгледот слободно време за прошетка и индивидуални активности. Во доцните попладневни часови враќање во Болоња. Слободно време. Ноќевање.

4 ден (28.04.2019 - недела) | Болоња - Модена - Парма - Болоња

Појадок. По појадокот можност за организирање на факултативна посета на Модена и Парма. Модена е трет по големина град во провинцијата Емилија-Ромања. Особено е позната како како родното место на големиот тенор Лучијано Павароти, и исто така е позната како "престолнина на автомобилите", бидејќи тука се наоѓаат фабриките на најпознатите италијански производители на автомобили, како што се Ферари, Пагани, Масерати и Де Томасо. По пристигнувањето, разглед на центарот на градот - Дуомо, една од најубавите романски катедрали во Италија, Torre della Ghirlandina - кула која е симбол на ривалството меѓу Модена и Болоња. По разгледот слободно време за прошетка и индивидуални активности. Препорачуваме посета на музејот на Ферари или музејот "Aceto balsamico". Во договореното време, се продолжува патувањето кон Парма. Парма е втор по големина град во провинцијата Емилија-Ромања, кој е најпознат по производство на познатото сирење пармезан и Парма шунката. По пристигнувањето разглед на градот - плоштадот Гарибалди, романската катедрала и крстилница од 11 век, Епископската палата...Слободно време. Во доцните попладневни часови враќање во Болоња. Слободно време. Ноќевање.

5 ден (29.04.2019 -понеделник) | Болоња - Ферара - Комакио - Скопје

Појадок. Напуштање на хотелот и заминување кон градот Ферара. Ферара во 16-от век била еден од најголемите центри на уметноста во Италија, пред се во сликарството и музиката. Разглед на градското јадро, кое е под заштита на УНЕСКО. Во градот доминираат ренесансни градби, меѓу кои се посебно се истакнува замокот на аристократско семејство d'Este. По разледот слободно време за индивидуални активности или можност за организирање на факултативна посета на местото Комакио (Comacchio). Комакио е живописно рибарско гратче во делтата на најголемата италијанска река По. Изграден е на околу десет мали острови кои меѓусебе се поврзани со мостови со многу необичен изглед, па тоа е причината зошто многу луѓе го нарекуваат "мала Венеција." По разледот слободно време за индивидуални активности. Во попладневните часови враќање во Ферара и продолжување на патувањето кон Македонија. Попладневно и ноќно возење со кратки попатни паузи за одмор низ Словенија, Хрватска и Србија кон Скопје, Македонија, со пасошки и царински формалности.

6 ден (30.04.2019 -вторник) | Скопје

Пристигнување во Скопје во раните утрински часови.

ПРОМОТИВНА ЦЕНА 20.03.2019- 195 € (12.090 МКД)

ЦЕНА НА АРАЖМАНОТ - 210 € (13.020 МКД)

*Можност за плаќање на рати без камата!!!

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со туристички автобус на наведените дестинации;
  • Сместување во 1/2 и 1/2+1 соби во хотел 3* во Болоња (околина) - 3 ноќевања со појадок;
  • Придружник од агенцијата за време на патувањето;
  • Разгледи според програмата;
  • Организација и реализација на патувањето.

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Задолжителна градска комунална такса за Болоња (се плаќа на рецепција на хотелот) - за престој во хотели со 2 и 3* = 1,50 € по лице / по ноќевање;
  • Факултативните излети по програма, (минимум 30 патника за реализација);
  • Разглед на Болоња со локален водич - 10 €;
  • Излет Сан Марино и Равена - 30 €;
  • Излет Модена и Парма - 27 €;
  • Патничко осигурување.

Цени на факултативи за уплата на лице место:

  • Разглед на Болоња со локален водич - 15 €;
  • Излет Сан Марино и Равена - 35 €;
  • Излет Модена и Парма - 30 €;

 

Општи напомени:

  • Организатор на аранжманот е Т.А. АтлантиС
  • Резервација се прави со уплата на 30% од вкупнот износ на аранжманот
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 45 патника
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот,
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманотво случај на промена на цената на превозот или хотелот
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата
  • Организаторт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.

За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ и Т.А. АтлантиС

Сезони



Награди и признанија


1. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2017 год.
2. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2016 год.
3. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија, 2015 год.
4. Топ 100 ВИП локации во Источна Европа од Western Union, 2015 год.

5. Награда за 20 години постоење и значителен придонес во туризмот од Општина Струмица, 2015 год.
6. Благодарност и најдобро партнерство во Република Македонија доделен од страна на Turkish Airlines,2014 год.
7. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија,2012 год.
8. Изворедна поддршка и посебна соработка со Turkish Airlines, 2012 год.
9. Награда за најуспешна агенција за продажба доделена од страна на Qatar Airways,2018 год.



Let's socialize




© 2015
All Rights Reserved


Тури



Корисничка поддршка
+389 2 3 22 99 22
marketing@atlantis.com.mk