Тоскана I Велигден 2019


Име на сместување
Држава
Дестинација

ВЕЛИГДЕН  ВО БОИТЕ НА ТОСКАНА

Пиза - Монтекатини - Фиренца - Сиена - Сан Џимињано - Болоња

25.04 - 30.04.2019

(6 дена / 3 ноќевања)

Bella Italia...Опкружена со две мориња, прекрасни зелени предели, богата природа, фантастична и секогаш омилена италјанска храна, опуштени луѓе, преубави жени...Едноставно земја во која сите градови се Музеи.
Тоскана е една од 20-те регии на Италија и се наоѓа во централниот дел. Главен град е Фиренца, а останатите значајни градови се Пиза, Ливорно, Прато, Сиена, Лука, Монтекатини, Сан Џимињано... Тоскана има богато културно историско наследство. Во секој град бројни музеи, галерии, цркви, плоштади...Надалеку позната по винските региони, каде се произведуваат најпознатите италјански вина - Чианти Класико, Брунело ди Монталчино, Нобиле ди монтепулчиано, Вернакиа...Дали треба повеќе за Тоскана да биде една од најпосетени туристички региони во светот...

ПРОГРАМА

1 ден (25.04.02019 - четврток) | Македонија

Поаѓање од Македонија во утринските часови. Патувањето се одвива преку Србија, Хрватска, Словенија со попатни паузи за одмор и други царински формалности.

2 ден (26.04.2019 - петок) | Пиза - Монтекатини

Пристигнување во Пиза во пладневните часови. Разглед на Пиза, Пијаца деи Мираколи: Катедралата, Крстилницата, Кампо С - анто, Кривата Кула, Звоната на катедралата...Слободно време за индивидуални активности. Во договорено време поаѓање за Монтекатини. Сместување во Хотел. Слободно време за прошетка и уживање во Монтекатини, една од најубавите бањи во Италија. Ноќевање.

3 ден (27.04.2019 - сабота) | Монтекатини - Фиренца - Монтекатини

Појадок. После појадокот е предвиден факултативен излет во Фиренца, главниот град на регијата Тоскана и провинцијата Фиренца, сместен на брегот на реката Арно. За Италијаните и целиот западен свет, Фиренца има големо историско - културно, образовно и уметничко значање. Овој град го нарекуваат колевката на ренесансата. Тука живееле и работеле многу уметници од 15 и 16 ти век: Брунелески, Ботичели, Рафаел, Леонардо, Микеланџело...Разглед на градот со локален водич: Националната Библиотека, Црквата Санта Кроче, Пијаца Сантра Кроче, Пијаца Венеција, Галерија Уфичи, Мостот на златарите или познат како Понте Векио, Палатата Пити, катедралата Санта Марија Дел Фјоре, позната како Дуомо...Слободно време за индивидуални активности и шопинг. Во договорено време враќање во Монтекатини. Ноќевање.

4 ден (28.04.2019 - недела) | Монтекатини - Сиена - Сан Џимињано

Појадок. После појадокот е предвиден факултативен излет во Сиена и Сан Џимињано. Пристигнување во Сиена и разглед на градот: Црквата Сан Доменико, Пијаца Салимбени, Катедралата од 12 век, прошетка низ познатите сиенски контради. Во срцето на Сиена се наоѓа еден од најубавите плоштади, познат по Палио - фестивал на коњски трки. После разгледот, се оди на дегустација на тосканските вина. Слободно време се до поаѓање за Сан Џимињано - мал средновековен град, со добро зачуван градски амбиент од 13 и 14 век. По пристигнувањето во Сан Џимињано следи прошетка и разглед на градот. Слободно време. Враќање во Монтекатини. Ноќевање.

5 ден (29.04.2019 - понеделник) | Монтекатини - Болоња

Појадок. Напуштање на хотелот и заминување кон регијата Емилија Ромања и доаѓање во нејзиниот главен град - Болоња. Разглед на градот: црквата Сан Франческо, Нептуновата фонтана, Пијаца Маџиоре, Базиликата Св.Петронија, Палацо ди Арчигинасио - првобитното седиште на болоњскиот универзитет, Пија Св. Стефан...Слободно време се до заминување кон Македонија. Ноќно возење низ Словенија, Хрватска, Србија со кратки паузи за одмор и царински формалности

6 ден (30.04.2019 - вторник) | Македонија

Пристигнување во Македонија во попладневните часови.

ПРОМОТИВНА ЦЕНА ДО 20.03.2019 - 189 € (11.718 МКД)

ЦЕНА АРАНЖМАНОТ – 209 € (12.958 МКД)

*Можност за плаќање на рати без камата!!!

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со туристички автобус на дадената релација;
  • Сместување во хотел со 2* или 3* на база ноќевање со појадок;
  • Разглед на Пиза;
  • Разглед на Болоња со локален водич;
  • Туристички придружник за време на патувањето;
  • Организација и водство од страна на агенцијата.

Во цената не е вклучено:

  • Посета на Фиренца (трансфер + локален водич) - 35 € (минимум 30 патници);
  • Посета на Сиена и Сан Џамињано (трансфер + локален водич) - 40 € (минимум 30 патници);
  • Задолжителна туристичка такса во Монтекатини - 1,5 € по лице на ден (уплата во агенција);
  • Индивидуални трошоци;
  • Патничко осигурување.

Цени на факултативи за уплата на лице место:

  • Посета на Фиренца (трансфер + локален водич) - 40 € (минимум 30 патници);
  • Посета на Сиена и Сан Џамињано (трансфер + локален водич) - 45 € (минимум 30 патници);

 

 Општи напомени:

  • Организатор на аранжманот е Т.А. АтлантиС
  • Резервација се прави со уплата на 30% од вкупнот износ на аранжманот
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 45 патника
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата
  • Организаторт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.

За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ и Т.А. АтлантиС


Сезони



Награди и признанија


1. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2017 год.
2. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2016 год.
3. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија, 2015 год.
4. Топ 100 ВИП локации во Источна Европа од Western Union, 2015 год.

5. Награда за 20 години постоење и значителен придонес во туризмот од Општина Струмица, 2015 год.
6. Благодарност и најдобро партнерство во Република Македонија доделен од страна на Turkish Airlines,2014 год.
7. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија,2012 год.
8. Изворедна поддршка и посебна соработка со Turkish Airlines, 2012 год.
9. Награда за најуспешна агенција за продажба доделена од страна на Qatar Airways,2018 год.



Let's socialize




© 2015
All Rights Reserved


Тури



Корисничка поддршка
+389 2 3 22 99 22
marketing@atlantis.com.mk