Салзбург - Минхен - Дворците на Баварија I Велигден 2019

Минхен

Име на сместување
Држава
Дестинација

ДВОРЦИТЕ НА БАВАРИЈА(Салзбург и Минхен)

Велигден 2019

25.04-30.04.2019

6 дена / 3 ноќевања

 1 ден, (25.04.2019четврток),  МАКЕДОНИЈА-САЛЗБУРГ

Состанок на групата во Скопје во договорено време. Поаѓање кон Салзбур, патуваме преку Табановце и дневно и ноќно возење низ Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 ден, (26.04.2019- петок),  САЛЗБУРГ

Пристигање во Салзбург (1.240 км) во утринските часови. Разглед на градот со претставник од АтлантиС, при што ќе имаме можност да ги видиме: Дворецот Мирабел и градината, куќата на Моцарт, Гетреидегас, стариот плоштад, плоштадот на Моцарт, катедрала, Глокеншпил, надбискупска резиденција, најстарите гробишта и најстарата кафана во Европа од 8 век. Сместување во хотел. Слободно време за одмор. Ноќевање.

3 ден, (27.04.2019 – сабота),  САЛЗБУРГ – ХЕРЕНКИМЗЕ - МИНХЕН

Појадок во хотел. Напуштање на хотел и заминување за Минхен (145 км). Попатна посета на на најголемото баварско езеро, Ким. Возење со брод до т.н. “машкиот остров” – Херенкимзе, последнатата изградена палата од страна на Лудвиг II и во која живеал само 10 дена. Палатата и истоимениот дворец на овој остров, се градени по модел на францускиот дворец, Версај. Палатата има сала на огледала во должина од 98 метри, сали посветени на војната и мирот... После посетата на палатата и музејот на Лудвиг II, се продолжува патувањето кон Минхен. Пристигнување во Минхен во попладневните часови, при што следува разглед на градот со претставник од АтлантиС: Дворецот Нимфенбург, летната резиденција на Вителсбахови, резиденција Максимилианеум, националната опера и театар, галерија на нови и стари Пинакотеки, центарот на градот со Мариенплац, плоштадот Виктуалиенмаркт. Сместување во хотел. Вечерта предлагаме факултатива за организација вечера со музика во минхенска пивница, уредена во баварски национален стил. Ноќевање.

4 ден, (28.04.2019 – недела),  МИНХЕН – ЛИНДЕРХОФ – ОБЕРАМЕРГАУ – НОЕШВАНШТАЈН – МИНХЕН

Појадок во хотел.  После појадокот, посета на живописното гратче – Оберамергау (95 км), кој има само 5.000 жители и светски е познат по традиционалната манифестација „Христовото страдање на пат на Голготата“,  прв пат изведена во 1634 година, на која се посветени околу 2.000 луѓе од ова место за време на долготрајните подготовки и одржување на свеченоста. Потоа посета на најрепрезентативниот дворец – палатата на Лудвиг II, „Линдерхоф“ (изграден во време на Максимилијан II, а во времето на Лудвиг II преуредено во рококо стил, искажувајќи ја максимално својата екстравагантност, а своите соби ги позлатил не штедејќи воопшто средства). Потоа се посетува бајковитиот дворец „Ноешванштајн“, подигнат на карпа во стилот на старогермански витешки замок, кој Волт Дизни го има земено како мотив за препознатливите шпици за своите бројни цртани филмови. Враќање вечерта во хотелот во Минхен. Ноќевање.

5 ден, (29.04.2019 – понеделник),  МИНХЕН – СКОПЈЕ

Појадок во хотел. После појадокот, одјавување од хотелот и слободно време за индивидуални прошетки низ Минхен. Во пладневните часови заминување за Скопје (1.370 км).

6 ден, (30.04.2019 – вторник),  МАКЕДОНИЈА

Пристигнување во Maкедонија во претпладневните часови. 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ до 20.03.2019 – 215 € (13.330 ден.)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ – 225 € (13.950 ден.)

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превозот со модерен туристички автобус;
  • Сместување во хотел во Салзбург на база 1ноќевање со појадок;
  • Сместување во хотел во Минхен на база 2 ноќевања со појадок;
  • Разглед на Салзбург и Минхен со претставник од АтлантиС;
  • Организиран разглед со водич на дворците: Нимфенбург, Линдерхоф и Ноешваштајн и градот Оберамергау;
  • Професионален туристички водич од агенцијата за време на патувањето;
  • Организација и реализација на програмата.

Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:

  • Влезница за дворците (карти и трошоци за резервација за 3-те дворци на Лудвиг II) и брод на релација Приен- Херенкизме - Приен– 50€ (задолжителна доплата);
  • Патничко осигурување.

ОПШТИ НАПОМЕНИ:

  • Организатор на аранжманот е ТА АтлантиС
  • Резервација се прави со уплата на 30% од вкупнот износ на аранжманот
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 45 патника
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот, односно до 12.07.2018 година.
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманотво случај на промена на цената на превозот илихотелот
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот5 дена преддатумот на започнување на истиот
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
  • Организаторт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.

За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ и Т.А.АтлантиС

Сезони



Награди и признанија


1. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2017 год.
2. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2016 год.
3. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија, 2015 год.
4. Топ 100 ВИП локации во Источна Европа од Western Union, 2015 год.

5. Награда за 20 години постоење и значителен придонес во туризмот од Општина Струмица, 2015 год.
6. Благодарност и најдобро партнерство во Република Македонија доделен од страна на Turkish Airlines,2014 год.
7. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија,2012 год.
8. Изворедна поддршка и посебна соработка со Turkish Airlines, 2012 год.
9. Награда за најуспешна агенција за продажба доделена од страна на Qatar Airways,2018 год.



Let's socialize




© 2015
All Rights Reserved


Тури



Корисничка поддршка
+389 2 3 22 99 22
marketing@atlantis.com.mk