MOTOGP I DOHA 2019


Име на сместување
Држава
Дестинација

MotoGP во Доха со АтлантиС

06.03-11.03.2019

Авионски билет од Скопје + аеродромски такси + хотел + тридневен MotoGP билет + трансфери + 2 екскурзии + претставник

 

Суви пустини и долги персиски крајбрежни брегови, плажи и дини асоцираат на државата Катар, лоцирана во југозападна Азија. Оваа држава го опфаќа малиот полуостров на западниот брег на Персискиот залив и неколку соседни островчиња, така што на југ се граничи со Саудиска Арабија, а
на запад по море со Бахреин. На брегот е сместен модерниот град Доха, воедно и главен град на Катар, познат по своите футуристички облакодери и ултрамодерни архитектури инспирирани од древниот исламски дизајн, како што е Музејот на исламската уметност. Прекрасен град за одмор и шопинг, запознавање на нови култури и забава.

АтлатниС ексклузивно Ве води на MOTOGP во Доха

ПРОГРАМА

1 ден (Среда - 06.03.2019) | Скопје - Доха

Состанок со групата на меѓународниот аеродром во Скопје, во 09:55 часот. Полетување кон Доха со авиокомпанијата Qatar Airways во 11:55 часот. Пристигнување во Доха на интернационалниот аеродромот Хамад во 18:50 часот локално време. Следува организиран трансфер до хотел и сместување. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

2 ден (Четврток - 07.03.2019) | Доха - панорамски разглед на градот

Појадок во хотел. По појадокот се упатуваме кон разглед на градот Доха со локален водич на англиски јазик (превод од страна на претставникот од АтлантиС) каде ќе го посетиме музејот на исламската уметност (Museum of Islamice Art), вештачкиот остров The Pearl Qatar, Katara Cultural Village  и ќе прошетаме по променадата Corniche. Кратка пауза за освежување па продолжуваме кон пазарот Souq Waqif каде ќе имате можност да го почуствувате локалниот живот на мештаните преку производите кои се нудат овде (облека, зачини, рачни изработки, сувенири..), потоа Falcon Market каде ќе уживате во изложба познатите птици Falcon (сокол). Овие птици се од големо значење за жителите на ова поднебје кои во минатото ги користеле за лов, а истото го потврдува и фактот што за нив во Доха има специјална болница. На овој пазар можете да купите еден од нив учестувајќи на аукција, а цената за еден сокол почнува од 3000 американски долари. Разгледот завршува со посета на пазарот за накит од злато – Gold Souq. Враќање во хотел и слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

3 ден (Петок - 08.03.2019) | Доха - сафари тура - MotoGP

Појадок во хотел. По појадокот следува полудневна сафари тура на 45 минути оддалеченост од Доха. На оваа тура ќе можете да поминете незаборавни моменти проследени со прекрасни фотографии со камили и птицата сокол, возење низ пустината со џип и посета на Inland Sea. Враќање во хотел. Во попладневните часови следува организран трансфер до прекрасната патека лоцирана во периферијата на Доха, каде започнува турнирот во MotoGP. Најголемите ѕвезди на спортскиот мотоциклизам на едно место. По завршувањето на првиот ден од турнирот, следува организиран трансфер до хотел. Ноќевање.

4 ден (Сабота - 09.03.2019) | Доха - MotoGP

Појадок во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Во предвечерните часови организиран трансфер за вториот ден од турнирот во MotoGP. По завршување на програмата, организиран трансфер до хотел . Ноќевање.

5 ден (Недела - 10.03.2019) | Доха - MotoGP

Појадок во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Во предвечерните часови организиран трансфер за третиот ден, односно финалниот ден од турнирот во MotoGP. По завршување на програмата, организиран трансфер до хотел. Ноќевање.

6 ден (Понеделник - 11.03.2019) | Доха - Скопје

Рано изутрина одјавување од хотелот (околу 04:00 часот). Организиран трансфер до интернационалниот аеродром Хамад во Доха. Полетување кон Скопје во 07:15 часот со авиокомпанијата Qatar Airways. Слетување во Скопје во 10:55 часот локално време.

ПАКЕТНА ЦЕНА ПО ЛИЦЕ1169€

 100 € ПОПУСТ НА ОСНОВНАТА ЦЕНА ЗА РЕЗЕРВАЦИИ ДО 31.01

Наведената цена вклучува:

  • Авионски билет на релација Скопје-Доха-Скопје со авиокомпанијата Qatar Airways;
  • Аеродромски такси:
  • Рачен багаж по лице до 7кг;
  • Чекиран багаж по лице до 30кг;
  • 5 ноќевања со појадок во хотел со 4* во Доха со вклучен појадок;
  • Трансфер на релација аеродром-хотел-аеродром;
  • Вклучен разглед на градот Доха со локален водич на англиски јазик;
  • Вклучена полудневна сафари тура со локален водич на англиски јазик;
  • Вклучен билет за турнирот MotoGP (тридневен билет | 08.03-10.03.2019);
  • Претставник од страна на АтлантиС во текот на целото патување (доколку групата надминува 14 патници).

Наведената цена не вклучува:

  • Патничко осигурување – задолжително! (информации во агенција);
  • Индивидуални трошоци;
  • Бакшиши за водичи и шофери;
  • Туристичка такса која се плаќа директно во хотел (доколку има таква);
  • Храна, пијалоци и услуги кои не се наведени во програмата.

Потребни документи за резервација:

  • Биометриски пасош со валидност од минимум 6 месеци од датумот на враќање;
  • Уплата на 50% депозит (неповратен во случај на отказ од страна на корисникот на услугата);
  • Доплата на целиот аранжман до 06.02.2019.

Услови за отказ на аранжманот од страна на корисникот на услугата:

  • До 40 дена пред реализација на аранжманот се задржува депозитот од 50%;
  • Од 39 до денот на реализација на аранжманот се задржува 100% од цената на аранжманот.

Сезони



Награди и признанија


1. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2017 год.
2. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2016 год.
3. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија, 2015 год.
4. Топ 100 ВИП локации во Источна Европа од Western Union, 2015 год.

5. Награда за 20 години постоење и значителен придонес во туризмот од Општина Струмица, 2015 год.
6. Благодарност и најдобро партнерство во Република Македонија доделен од страна на Turkish Airlines,2014 год.
7. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија,2012 год.
8. Изворедна поддршка и посебна соработка со Turkish Airlines, 2012 год.
9. Награда за најуспешна агенција за продажба доделена од страна на Qatar Airways,2018 год.



Let's socialize




© 2015
All Rights Reserved


Тури



Корисничка поддршка
+389 2 3 22 99 22
marketing@atlantis.com.mk