Будимпешта I Szechenyi Thermal Bath Февруари 2019

Будимпешта

Име на сместување
Држава
Дестинација

БУДИМПЕШТА - (SZECHENYI THERMAL BATH)

09.02.2019 - 12.02.2019

(4 ДЕНА / 3 НОЌЕВАЊА)

 ПРОГРАМА

1 ден (09.02.2019 - Сабота) | Скопје - Будимпешта             

Состанок со групата на меѓународниот аеродром во Скопјe во 06:05 часот. Полетување за Будимпешта во 08:05 часот. Слетување во Будимпешта во 09:25 часот. Орагнизиран трасфер до хотелот (оставање на багаж). Следува разглед на центарот на градот со представник од агенцијата. Враќање назад и сместување во хотел, слободно попладне и можност за индивидуални активности. Ноќевање.

2 ден (10.02.2019 - Недела) | Будимпешта - Szechenyi thermal bath

Појадок. Веднаш по појадокот можност за факултативна посета на една од трите најпознати термални бањи во Будимпешта, Szechenyi thermal bath. Лоцирана е во близина на најпосетениот плоштад, плоштадот на Хероите, и веднаш до најголемиот Градски Парк. Градена во временскиот период помеѓу 1909 и 1913 година, во Нео - Барокен и Нео - Ренесансен стил, дизајн целосно креиран од страна на Győző Czigler. Оваа термална бања денес е една од најголемите туристички атракции во Будимпешта. Во неа може да доживеете и поминете едно реласкирачко утро, забавно попладне или пак симпатична и романтична ноќ. Величественоста на Szechenyi thermal bath зборува доволно за истата. Во нејзе ќе може да уживате во извонредните медицински природни термални води со температури од 74 °C и 77 °C распоредени во 18 базени, од кој секако централно најголема атракција се трите надворешни базени, со три различни температури (базен во кој би можеле да пливате со температура од 27 °C, ‘’авантуристички’’ плиток базен со масажни млазници и температура од 33 °C и базен кој содржи минерални води со температура од 38 °C), како и 10 сауни, парни бањи, понуда на различни видови масажи, третмани на лице, но и многу повеќе. Враќање во хотел. Ноќевање.

3 ден (11.02.2019 - Понеделник) | Будимпешта (Парламент,ЗОО, Чардаш)

Појадок. После појадокот, факултативна посета на Парламентот, еден од трите најголеми парламенти во Европа или факултативна посета на ЗОО. Вечерта во 21:00 часот можност за факултативна посета на традиционален ресторан - чардаш (богато мени, со цигански фолклорни игри, каде се вклучуваат и самите гости и многу забава, што вреди да се доживее и ќе Ви го доближи унгарскиот живот). Ноќевање.

4 ден (12.02.2019 - Вторник) | Будимпешта - Скопје

Рано одјавување од хотел. Трансфер до аеродром. Полетување за Скопје во 06:10 часот. Пристигнување и слетување во Скопје во 07:35 часот.

 ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ од 189€ (11.718 мкд)

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Директен лет на релација Скопје - Будимпешта - Скопје со авиокомпанијата Wizz Air;
  • Аеродромски такси;
  • Мала кабинска торба до 8 килограми со димензии 40x30x25 cm;
  • Сместување во двокреветни соби во хотел - 3 ноќевања со појадок;
  • Организирани прошетки според програмата со придружник од агенцијата;
  • Трансфер аеродром - хотел - аеродром (јавен транспорт);
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето;

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Разглед на Будимпешта со локален водич - 10 €;
  • Вечера во ресторан - чарда - 35 €;
  • Посета на Szechenyi thermal bath (влезнца и трансфер) - 27 €;
  • Влезници за ЗОО - 15 € возрасен, 10 € дете
  • Влезници за музеите и културно - историските споменици;
  • Задолжително патничко - здравствено осигурување;
  • Доплата за еднокреветна соба;

НАПОМЕНА:

  • Пријавување на факултативи во агенција
  • Факултативите се реализираат со јавен трансфер, кој што не е вклучен во цената
  • Минимум пријавени патници за реализација - 15.

Општи напомени:

  • Организатор на аранжманот е Т.А. АтлантиС;
  • Резервација се прави со уплата на 30% од вкупнот износ на аранжманот;
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд;
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 45 патника;
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот;
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата;
  • Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата;
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично. 

За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ и Т.А. АтлантиС

Сезони



Награди и признанија


1. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2017 год.
2. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2016 год.
3. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија, 2015 год.
4. Топ 100 ВИП локации во Источна Европа од Western Union, 2015 год.

5. Награда за 20 години постоење и значителен придонес во туризмот од Општина Струмица, 2015 год.
6. Благодарност и најдобро партнерство во Република Македонија доделен од страна на Turkish Airlines,2014 год.
7. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија,2012 год.
8. Изворедна поддршка и посебна соработка со Turkish Airlines, 2012 год.
9. Награда за најуспешна агенција за продажба доделена од страна на Qatar Airways,2018 год.



Let's socialize




© 2015
All Rights Reserved


Тури



Корисничка поддршка
+389 2 3 22 99 22
marketing@atlantis.com.mk