Занзибар I Индивидуална Лето 2019

Zanzibar

Име на сместување
Држава
Дестинација

ЗАНЗИБАР ЛЕТО 2019

21.06-03.07.2019

10 ноќевања + Aвионски превоз + Tрансфер

ГАРАНТИРАНИ МЕСТА НА ПОАЃАЊЕ!

Занзибар е дестинација која од секогаш претставувала спој на мистерија и егзотика, привлекувајќи со својата недопрена природа и плодната почва која дарува најразлични видови овошја и зачини. Откако ќе се симнете од брод или од авион и зачекорите на Занзибар - ќе бидете пренесени низ столетијата - до древната Персија и приказните за Ширази трговците кои беа инспирација за Синбад морепловецот, до палатата на Свахили принцезата и Оманските султани, до Индија со сите нејзини мириси. За повеќе од 2000 години, монсунските ветрови го обликувале пејзажот и културата на овие острови. Со својата тропска атмосфера и уникатна култура, овој архипелаг нуди искуство за сите сетила. Волшебен, егзотичен, романтичен, но истовремено див и недопрен. Ова е еден од најегзотичните острови каде летуваат пред се туристи од Италија и Германија.

Архипелагот Занзибар, кој се наоѓа во Индискиот Океан, на 40 километри од брегот на Танзанија, е вистинска дестинација за да се избега од светот. Овде имате шанса да уживате во бистра, тиркизно сина вода, долги песочни плажи, и многу мали, речиси пусти острови со недопрена природа, се уште неоткриени од туристите. Ова што вреди да се истражи е Камениот град, прогласен за културно наследство на УНЕСКО, каде ќе ве опијат мирисите на чаршијата, тесните улички и неотриената магија на Танзанија.

Хотели Услуга Тип на соба Пакетна цена од лице
во 1/2 соба
Waridi Beach Resort & Spa 4*HBДвокреветна соба 981 €
ALLДвокреветна соба 1196 €
La Madrugada Beach Hotel & Resort  3*BBДвокреветна соба 847 €
Waikiki Zanzibar Resort
 3*
BBEthnic Room - DBL929 €
HBEthnic Room - DBL1100 €
My Blue 4*BBДвокреветна соба 1211€
Hilton Resort Zanzibar -   Nungwi 4*ALLДвокреветна соба 1671 €
Royal Zanzibar Beach Resort  5*ALLДвокреветна соба 1799€
Diamonds Mapenzi Beach 4*ALLДвокреветна соба 1475€
Tulia Zanzibar  5*ALLДвокреветна соба2859€
Dream of Zanzibar  5*HBДвокреветна соба 1466€
ALLДвокреветна соба 1611€
Melia Zanzibar  5*ALLДвокреветна соба 2063 €

*Цените се изразени во ЕUR за уплата во денарска противвредност (1 EUR=62 MKD)

***можност за плаќање на 12 или 24 месечни рати со 0% камата***


Во цената на аранжманот е вклучено: 

  • Авиобилет на релација Скопје - Доха - Занзибар - Доха - Скопје со Qatar Airways со вклучен багаж 30 кг;
  • 10 ноќевања во хотел избран од табелатa, со период на престој од 22.06-02.07.2019
  • Трансфер на релација аеродром - хотел во Занзибар и обратно;
  • Претставник од локалните партнери во Занзибар;

Цената на аранжманот не вклучува:

  • Аеродромски такси 289 евра;
  • Влезна виза за Занзибар (уплата на лице место - 50 американски долари);
    Патничко осигурување - ЗАДОЛЖИТЕЛНО (информации во агенција);
  • Бакшижи за водичи, возачи и ресторани;
  • Индивидуални трошоци;

Потребни документи за виза:

  • Формулар за виза;
  • Биометриски пасош (валидност повеќе од 6 месеци);
  • 2 слики пасошки формат;
  • Копија од авиобилет;
  • Копија од ваучер;
  • Потврда за вакцинација против Жолта треска.

Услови:

  • При резервација се плаќа депозит од 50%, а целосна уплата се прави 45 дена пред поаѓање;
  • Понудата важи за минимум 20 пријавени патници;
  • За ова патување не се потребни медицински имунизации;
  • Рок за известување за недоволен број на пријавени патници - 30 дена пред поаѓање.
  • Туроператорот го задржува правото да го менува редоследот на реализација на програмата;  
  • Осигурување.

Факултативни екскурзии:

  • Екскурзија до единствениот национален парк во Занзибар Jozani National Park Tour = 84 eur (5h);
  • Екскурзија Spice Tour = 85 eur (4h);
  • Екскурзија Mnemba Island Tour = 80 eur (8h).

Рокови за отказ на аранжманот и пенали:

  • Над 60 дена пред датумот на поаѓање се задржува износот на депонираниот депозит;
  • Помеѓу 60 - тиот и 20 - тиот ден пред датумот на поаѓање се задржува 70% од вредноста на аранжманот;
  • Помалку од 20 дена пред датумот на поаѓање се задржува 100% од вредноста на аранжманот.           

Сезони



Награди и признанија


1. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2017 год.
2. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2016 год.
3. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија, 2015 год.
4. Топ 100 ВИП локации во Источна Европа од Western Union, 2015 год.

5. Награда за 20 години постоење и значителен придонес во туризмот од Општина Струмица, 2015 год.
6. Благодарност и најдобро партнерство во Република Македонија доделен од страна на Turkish Airlines,2014 год.
7. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија,2012 год.
8. Изворедна поддршка и посебна соработка со Turkish Airlines, 2012 год.
9. Награда за најуспешна агенција за продажба доделена од страна на Qatar Airways,2018 год.



Let's socialize




© 2015
All Rights Reserved


Тури



Корисничка поддршка
+389 2 3 22 99 22
marketing@atlantis.com.mk