Бали - 8ми Март 2019


Име на сместување
Држава
Дестинација

БАЛИ - ИНДОНЕЗИЈА 

04.03.2019- 13.03.2019

7 ноќевања + авионски превоз со вклучени аеродромски такси + трансфер + 1 екскурзија + претставник од АтлантиС

Индонезија или официјално Република Индонезија е држава лоцирана во Азија, чиј главен град е Џакарта. Индонезија се состои од архипелаг од неколку илјади мали и големи острови, од кои најголемите се Јава, Суматра, Сулавеси (Celebes), Борнео (Калимантан) и Нова Гвинеја (западен дел). Со над 238 милиони жители, Индонезија е четвртата најнаселена држава во светот. 
Бали е индонезиски остров кој се наоѓа помеѓу островите Јава на запад и Ломбок на исток. На островот, мнозинството од жителите се Индонезиски Хиндуисти кои се малцинство во Индонезија. Островот  богат со ориз, кокосови палми, кафе, памук и тутун, денес претставува една од најпопуларните туристички дестинации. Живописните бои, пријателскoто и гостопримливо население, храната со необичен и остар вкус како и тиркизно-сините води на Индискиот Океан, е само дел од тоа што го нуди оваа егзотична дестинација. 

1 ден  - 04.03.2019 (понеделник): Скопје–Доха

Состанок на групата на Меѓународниот аеродром во Скопје во 09:55. Полетување од Скопје во 11:55 часот и пристинување во Доха во 18:50 часот.

2 ден – 05.03.2019 (вторник): Доха–Денпасар, Бали– Танжунг Беноа (TanjungBenoa – NusaDua)

Полетување кон Бали, Денпасар во 02:35 часот. Пристигнување на аеродромот во Денпасар во 17:30 часот. Пречек на аеродром од страна на претставник на партнерската компанија и трансфер во хотелот Ibis Styles Benoa 3* во Танжунг Беноа (TanjungBenoa – NusaDua). Пристигнување во хотелот и сместување. Ноќевање.

3ден –06.03.2019 (среда): Танжунг Беноа (TanjungBenoa)

Појадок во хотел.Можност за организирање на факултативен излет или слободен ден за капење и сончање на бело-златните песочни плажи, релаксација покрај базен читајќи ја вашата омилена книга, препуштајќи се на убавините на овој магичен тропски остров. Ноќевање.

4 ден – 07.03.2019 (четврток): Танжунг Беноа (TanjungBenoa)

Појадок во хотел. Можност за организирање на факултативен излет или слободен ден за индивидуални активности. Ноќевање.

5 ден – 08.03.2019 (петок): Танжунг Беноа (Tanjung Benoa)– Barong танците – Храмот Tirta Empul – Кинтамани (Kintamani) – Tegallalang - Танжунг Беноа (Tanjung Benoa)

Појадок во хотел. По појадокот  заминуваме на целодневна факултативна екскурзија  кон градчето со камени резби и скулптури наречено Batubulan, (локален водич на англиски јазик) каде ќе уживаме во традиционалните и  возбудливи Barong & Kris танци кои ја раскажуваат приказната за вечната борба меѓу доброто и злото, хиндуски еп од приказната Mahabrata.
По претставата, патуваме североисточно, долж целиот остров Бали, од бреговите обвиткани со палми до високите импозантни планини. Ќе го посетиме познатото село на дрворезбарите, ќе видиме како мајсторите ги резбаат сложените дизајни на најразлични видови дрво, а потоа се упатуваме кон селото познато по ковачите на сребро и злато.
Следи посета на Tampak Siring - Tirta Empul Temple, храмот познат по својата света вода, каде што балиски хинду верници одат повеќе од илјада години. Овде се наоѓа базен за капење од извор на природна минерална вода, со архетип дизајн на стариот балиски стил.
Следната станица не води до Кинатмани (Kintamani), за да уживате во спектакуларните погледи на планината Batur, со ленти од црна лава што се спуштаат од врвот во долината. За локалните жители, овој Кратер е свет, а на врвот е лоцирано светилиште посветено на Божицата на плодноста, додека езерото Batur лежи спокојно и сјајно во позадината на планините.
Пауза за ручек во локален ресторан. Патот назад нè води кон прекрасните оризови тераси во Tegallalang, а последната станица ќе биде Ubud, градот на уметниците, танчерите, галериите и музеите. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

6 ден – 09.03.2019 (сабота): Танжунг Беноа (TanjungBenoa)

Појадок во хотел. Можност за организирање на факултативен излет или или слободен ден за индивидуални активности. Ноќевање.

7 ден – 10.03.2019 (недела): Танжунг Беноа (TanjungBenoa)

Појадок во хотел. Можност за организирање на факултативен излет или или слободен ден за индивидуални активности. Ноќевање.

8 ден – 11.03.2013 (понеделник): Танжунг Беноа (Tanjung Benoa)

Појадок во хотел. Можност за организирање на факултативен излет или или слободен ден за индивидуални активности. Ноќевање.

9 ден – 12.03.2019 (вторник): Танжунг Беноа (TanjungBenoa)-Денпасар

Појадок во хотел.Слободно време за индивидуални активности до договореното време за заминување кон аеродромот. Одјавување од хотелот и трансфер до аеродромот во Денпасар. Полетување кон Доха во 19:00 часот.

11ден – 13.03.2019 (среда): Доха-Скопје

Слетување во Доха во 00:01часот. Полетување од Доха кон Скопје во 07:15 часот. Слетување на аеродромот во Скопје во 10:55часот

Пакетна цена по лице:

Цени на аранжманот

Сместување во 3* хотел

Тип на услуга

Цена од лице

Редовна цена:

Double room

Со појадок

1151 

ПОПУСТ за резервации до 31.01.2019

1016 €

 

Во цената е вклучено:

  • Авионски билет на релација Скопје-Доха-Денпасар-Доха-Скопјесо Qatar Airways
  • Рачен багаж до 7кг.
  • Чекиран багаж до 30кг.
  • Аеродромски такси;
  • 7 ноќевања во хотел Ibis Styles Benoa 3*, во Танжунг Беноа, Нуса Дуа со услуга ноќевање со појадок (или сличен);
  • Трансфери аеродром – хотел - аеродром;
  • 1 целодневна факултативна екскурзија со локален водич на англиски јазик, со вклучен ручек;
  • Пречек на аеродромот во Бали од страна на претставник на партнерската компанија (англиски/бугарски јазик);
  • Сите влезници за локациите споменати во маршутата;
  • Технички пратител на групата над 16 патници .Доколку нема доволен број, групата ќе се реализира со локални водичи.

Цената не вклучува :

  • Храна, пијалоци и услуги што не се споменати во програмата, лични трошоци;
  • Факултативните екскурзии:
  • Бакшиши за возачи и локални водичи;
  • Задолжително патничко осигурување (информации во агенција).

Факултативни екскурзии:

  • Класична тура Бали (полудневна тура) - Поаѓање во попладневните часови  кон светата шума Sangeh, населена од неколку племиња на мајмуните кој го чуваат храмот од злите духови. Продолжуваме кон Кралскиот Храм на Mengwi, познатиот Taman Ayun, кој се наоѓа во прекрасната и бујна градина и пристигнуваме до крајбрежјето на познатиот храм “Tanah Lot” каде ќе уживаме во спектакуларниот поглед на зајдисонцето.
    Цена по лице изнесува: 32
  • Uluwatu” тура со вечера - Посета на јужниот дел на Бали, малиот храм ULUWATU кој е изграден во ивицата на една карпа. Уживање во прекрасна вечера во рибен ресторан на романтичната плажа “Jimbaran Bay“, препратена со локални танци. 
    Цена по лице изнесува: 47
  • Посета на селото Убуд (6 часа)
    Оваа турa започнува со утринска прошетка околу уметничкото село Убуд. Посета на различните уметнички галерии, традиционалниот пазар и посета на малиот храм светилиштето на мајмуните. Ќе застанеме во “Tegallalang”, во “SebatuWater Temple”  -храмот на светата вода. Продолжуваме со посета на слоновата пештера “Goa Gajah” и Сребрените и Златните галерии во Celuk.
    Цена од лице изнесува: 30
  • Античка тура на KarangasemKingdom” (околу 10 часа) Започнуваме со Klungkung, добро познат како центар на традиционалната уметност, музика, драма и ликовни уметности. Во минатото, кралот на Klungkung бил сметан за највозвишен меѓу балиската аристократија. Продолжиме кон Kertagosa или Кралскиот суд на правдата. Следи посета на Kusamba, познат по традиционалното производство на сол, а потоа посета на “Goa Lawah”или храмот на лилјаците. Се посетува и Водената палата Tirta Gangga во Amlapura. Поранешниот крал го изградил воденот комплекс за рекреативни цели кој нуди фантастични пејсажи. Завршуваме со посета на Muncan каде ќе уживате во панорама на прекрасните типични балиски оризови тераси.
    Цена од лице изнесува: 47
  • “Bedugul”  и Tanah Lot”тура (8 часа)
    Посета на маркетот Candi Kuning во Bedugul каде ќе имате можност да видите раслични видови на овошје,зеленчук и цвекиња. Следува посета на “Ulun Danu Temple”. Турата завршува со посета на TanahLot”.
    Цена од лице изнесува: 38

Напомена:

Цената за факултативните екскурзии е променлива во случај бројот на пријавени да е помал од 11 патници .

Услови :

  • Резервација се проследувас со уплата од 50% и доплата на целиот износ до 45 дена пред реализација на аранжманот
  • Понудата важи за минимум 16 пријавени патници;
  • За ова патување не се потребни медицински имунизации;
  • Рок за известување за недоволен број на пријавени патници – 30 дена пред реализација на аранжманот;
  • Туроператорот го задржува правото да го менува редоследот на реализација на програмата.

Неопходни документи :

  • За влез во Индонезија не е потребно претходно обезбедување на виза. Република Индонезија издава бесплатни визи по пристигнување на сите странски посетители, ако се обезбедени следните услови:
  • валиден пасош (минимум 6 месеци од денот на патувањето),
  • или потврда за извршена хотелска резервација.

Рокови за отказ на аранжманот и пенали:

  • над 60 дена пред датумот на поаѓање се задржува износот на депонираниот депозит;
  • помеѓу 60-тиот и 20-тиот ден пред датумот на поаѓање се задржува 70% од вредноста на аранжманот;
  • помалку од 20 дена пред датумот на поаѓање се задржува 100% од вредноста на аранжманот.

Цената е дадена во евра и пресметана во денари, по курс 1 евро = 62 денари.


Сезони



Награди и признанија


1. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2017 год.
2. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2016 год.
3. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија, 2015 год.
4. Топ 100 ВИП локации во Источна Европа од Western Union, 2015 год.

5. Награда за 20 години постоење и значителен придонес во туризмот од Општина Струмица, 2015 год.
6. Благодарност и најдобро партнерство во Република Македонија доделен од страна на Turkish Airlines,2014 год.
7. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија,2012 год.
8. Изворедна поддршка и посебна соработка со Turkish Airlines, 2012 год.
9. Награда за најуспешна агенција за продажба доделена од страна на Qatar Airways,2018 год.



Let's socialize




© 2015
All Rights Reserved


Тури



Корисничка поддршка
+389 2 3 22 99 22
marketing@atlantis.com.mk