Братислава - Март 2019

Bratislava

Име на сместување
Држава
Дестинација

 БРАТИСЛАВА

01.03.2019-03.03.2019

(3 ДЕНА / 2 НОЌЕВАЊА)

Во минатото значајна одбранбена и трговска станица, денес главен политички, културен и економски центар - Братислава, главниот град на Словачка. Стариот европски град кој со сигурност ќе Ве освои со својата гастрономски богата понуда и занимливо интересна историја. Сместена е во југозападниот дел од државата, на само 1 час од Виена, но и блиску до соседната Унгарија и поранешна „братска република“ Чешка. Својот зенит овој град го достигнува кон средината на 18 - от век под владетелство на императорката Марија Тереза (последната и најистакната владетелка од Хабзбуршката династија) за која е кажано дека била еден од најголемите љубители на локалните вина во овој град. Низ историјата овој град е познат како главно „прибежиште“ за племството на Австро - Унгарија, и истиот долг временски период се нарекувал Pressburg. Но сепак на крајот од 90 - те, градските власти на Словачка решаваат да го обноват Стариот Град, па така поранешната европска визба (како што често била нарекувана од страна на Германците) набргу станува нова популарна европска дестинација.

ПРОГРАМА

1 Ден (01.03.2019 - Петок) | Скопје - Братислава

Полетување за Братислава во 13:05 часот. Пристигнување во Братислава во 14:40 часот. Организиран трансфер до хотелот (со јавен транспорт). Сместување во хотел. Во попладневните часови Ви предлагаме прошетка и посета на возобновениот Братиславски дворец кој е лоциран на блискиот рид над градот и од кој ќе имате можност да уживате во прекрасниот поглед на Дунав како и одлична панорамска глетка на градот, посета на Грашалкович палатата (Претседателската палата на Братислава), катедралата Св. Мартин, палатата Примата, Михаилската порта, плоштадот Хвиједослав на кој ќе имате прилика да го видите и Словачкиот национален театар, како и посета на Стариот Плоштад на кој во вечерните часови ќе имате можност да уживате во традиционалниот Божиќен маркет. Враќање во хотел. Ноќевање.

2 Ден (02.03.2019 - Сабота) | Братислава - Виена

Појадок. Целодневна факултативна посета на Виена, со организиран јавен транспорт и пратител од агенцијата. Градот на најубавата класична музика, градот со магичната божиќна атмосфера и најбогата европска историја. Панорамски разглед на градот: плоштадот Рингштрасе, Операта, Парламентот, општината Ратхаус, Музејот на модерна уметност, градската палата, Универзитетот, палатата Белведере, Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург. Можност за посета на некој трговски центар или пак најголемиот и напознат божиќен маркет. Враќање кон Братислава. Ноќевање.

3 Ден (03.03.2019 - Недела) | Братислава - Скопје

Појадок. Предлог посета на трговскиот центар Eurovea (Еуровеа) кој се наоѓа на брегот покрај реката Дунав. Трансфер до аеродром. Полетување за Скопје во 15:35 часот. Пристигнување во Скопје во 17:05 часот.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ОД 179 € (11.098 МКД)

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Директен лет на релација Скопје - Братислава - Скопје со авиокомпанијата Wizz Air;
  • Мала кабинска торба до 8 килограми со димензии 40x30x25 cm;
  • Сместување во двокреветни соби во хотел - 2 ноќевања со појадок;
  • Организирани прошетки според програмата со придружник од агенцијата;
  • Трансфер аеродром - хотел - аеродром (јавен транспорт);
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето;

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Аеродромски такси – 2.990 мкд.
  • Доплата за еднокреветна соба;
  • Доплата за куфер
  • Туристичка такса од евра по лице на ден;
  • Патничко осигурување;
  • Организиран превоз до Виена со автобус - 25 €;
  • Разглед на градот Виена со локален водич - 10 € (минимум 15 пријавени патници);

Општи напомени:

  • Организатор на аранжманот е Т.А. АтлантиС;
  • Резервација се прави со уплата на 30% од вкупниот износ на аранжманот;
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд;
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 25 патника;
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот, односно до 06.06.2019 година;
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата;
  • Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата;
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично. 

За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ и Т.А.АтлантиС

Сезони



Награди и признанија


1. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2017 год.
2. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2016 год.
3. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија, 2015 год.
4. Топ 100 ВИП локации во Источна Европа од Western Union, 2015 год.

5. Награда за 20 години постоење и значителен придонес во туризмот од Општина Струмица, 2015 год.
6. Благодарност и најдобро партнерство во Република Македонија доделен од страна на Turkish Airlines,2014 год.
7. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија,2012 год.
8. Изворедна поддршка и посебна соработка со Turkish Airlines, 2012 год.
9. Награда за најуспешна агенција за продажба доделена од страна на Qatar Airways,2018 год.



Let's socialize




© 2015
All Rights Reserved


Тури



Корисничка поддршка
+389 2 3 22 99 22
marketing@atlantis.com.mk