8 ми Март - Амстердам 2019

Амстердам

Име на сместување
Држава
Дестинација

8 - МИ МАРТВО АМСТЕРДАМ

08.03 -11.03 ИЛИ 15.03 - 18.03.2019

ПРОГРАМА

1 ден (Петок) | Скопје - Ајндховен - Амстердам

Состанок на групата во 10:10 часот на аеродромот во Скопје. Полетување во 12:10 и слетување во 15:00 на аеродромот во Ајндховен. Пречек од страна на локален водич и организиран превоз до Амстердам. Пристигнување во Амстердам околу 17:00 часот, следува сместување во хотел. Слободно време за индивидуални активности по препорака на локалниот водич (индивидуално).Ноќевање.

2 ден (Сабота) | Историска и Алтернативна тура - Вондел Парк

Појадок во хотел. Во договорено време заминување во центарот на градот со локален водич. Следува разгледување и историска тура низ центарот на Амстердам. Стартувајќи од главниот плоштад на Амстердам - Дам, прошетката ги вклучува Red Light District, Новата како и Старата црква на Амстердам изградена уште во 12 век, Кинескиот кварт и неговата важност при легализацијата на лесни дроги, Новиот маркет и “танцувачките” куќи. Прошетката продолжува низ каналите на Амстердам поминувајќи ја зградата на првата берза и мултинационална компанија во светот - East India Company, внатрешните дворци на Универзитот на Амстердам и Поранешната колонија на жените (The Begijnhof) како и краток премин преку Музејот на Амстердам назад кон Дам плоштадот. Пауза за ручек во ресторан по препорака на водичот (факултативно) или индивидуални прошетки низ центарот на градот. По паузата за ручек, во договорено време започнување на Алтернативна тура покривајќи ги важните настани од 20 и 21 век во Амстердам. Во текот на прошетката локалниот водич ќе ги објасни главните причини за толеранцијата која ја уживаат граѓаните на Холандија во однос лесни дроги, легализација и смартшопови, движењето Провос и нивниот придонес, студентските протести, уличната уметност, и зошто и како велосипедот денес е главно превозно средство. Прошетката го вклучува и цветниот пазар каде може да се купат лалиња како и да се пробаат уникатните Холандски кашкавали. Прошетката продолжува со посета на плоштадот на Рембрант, со фигури од неговите познати дела и премин преку реката Амстел до зградата Опера и Балет. Преку каналите продолжуваме се до Плоштадот на Музеите каде се наоѓаат музејот на Ван Гог, Националниот Музеј, Музејот на современа уметност и неколку помали, но значајни музеи како и AMSTERDAM знакот. Во близина на овој плоштад е и Вондел паркот кој е одличен за одмор по завршување на 3.5 часовната тура. По завршување на турата следува слободно време за индивидуални активности. Во вечерните часови можност за посета на пивница со организирано мени со различни видови на пиво и холандски закуски (факултативно). Ноќевање.

3 ден (Недела) | Амстердам - Хаг - Делфт - Ротердам

Појадок во хотел. Состанок на групата во хотелското лоби во 08:00 часот и тргнување кон Ротердам на Голема Холандска тура. Пристигнување во центарот на Хаг во 09:30 и кратка прошетка со водич низ главните улици, плоштади и Парламентот. Слободно време за појадок и шопинг до 12:00 часот. Транспорт до гратчето Делфт, де - факто главен град на Холандија во 15 и 16 век и родно место на големиот уметник Вермер. Покрај тоа Делфт е познат по своите шармантни канали, плоштади исполнети со мали кафе барови и ресторани. Во Делфт се наоѓа и фабриката - музеј каде се изработува DelftBlue порцеланот и Техничкиот Универзитет каде над 20.000 студенти, истражувачи и професори кои секојдневно работат на проекти кои ќе ни овозможат подобра иднина. Прошетка низ градот со водич и слободно време за ручек до 15:00 часот. Трансфер и пристигнување во Ротердам до 16:00 часот. Ротердам е вистински уникат во Холандија, препознатлив по својата футуристичка архитектура и интересни јавни простори. Кратка пешачка тура со локалниот водичот во центарот на градот, мулти функционалниот MarktHall - место каде може да се вкуси храна од целиот свет, се’ до старото пристаниште и Еразмус мостот. Трансфер до Амстердам. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

4 ден (Понеделник) | Амстердам - Аајндховен - Скопје

Појадок. Одјавување од хотел. Организиран трансфер до аеродромот во Ајндховен. Пристигнување на аеродромот, пријавување, пасошки и царински формалности. Полетување во 15:35 часот. Слетување во 18:15 часот на аеродромот во Скопје.  

ПРОМОТИВНА ЦЕНA ПО ЛИЦЕ: 339 ЕВРА (19.158 МКД)

ограничен број на места 

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

  • Директен лет на релација Скопје - Ајндховен - Скопје со авиокомпанија Wizz Air;
  • Организирани трансфери: аеродром - хотел - аеродром;
  • Мала кабинска торба со димензии 40 x 30 x 20 cm;
  • Сместување во хотел со 3* или 4* - 3 ноќевања со појадок -  во Амстердам или околината;
  • Локален претставник / водич на агенцијата во Амстердам, во текот на престојот на македонски јазик;
  • Организација на аранжманот.

Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:

  • Аеродромски такси - 3.720 мкд;
  • Доплата за 20 kg багаж (куфер);
  • Билети за јавен превоз;
  • Влезници во музеи и други јавни објекти;
  • Патничко осигурување.

ФАКУЛТАТИВИ

Цени на факултативи: 

  • Историска и алтернативна тур - Вондел Парк - пешачка тура со локален водич на македонски јазик - 25 Еура;
  • Амстердам - Хаг - Делфт - Ротердам - трансфер, локален водич - 55 Еура;
  • Крстарење по каналите во Амстердам - 15 Еура;
  • Организиран ручек во ресторан –
  • Организирана вечера во Пивница –

Општи напомени:

  • Организатор на аранжманот е Т.А. АтлантиС;
  • Резервација се прави со уплата на 30 % од вкупниот износ на аранжманот;
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд;
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 25 патника;
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот, односно до 11.06.2019 година;
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици;
  • Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата;
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.

За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ и Т.А. АтлантиС

Сезони



Награди и признанија


1. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2017 год.
2. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2016 год.
3. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија, 2015 год.
4. Топ 100 ВИП локации во Источна Европа од Western Union, 2015 год.

5. Награда за 20 години постоење и значителен придонес во туризмот од Општина Струмица, 2015 год.
6. Благодарност и најдобро партнерство во Република Македонија доделен од страна на Turkish Airlines,2014 год.
7. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија,2012 год.
8. Изворедна поддршка и посебна соработка со Turkish Airlines, 2012 год.
9. Награда за најуспешна агенција за продажба доделена од страна на Qatar Airways,2018 год.



Let's socialize




© 2015
All Rights Reserved


Тури



Корисничка поддршка
+389 2 3 22 99 22
marketing@atlantis.com.mk