Предновогодишен шопинг во ИСТАНБУЛ

Истанбул

Име на сместување
Држава
Дестинација

ПРЕДНОВОГОДИШЕН ШОПИНГ ВО ИСТАНБУЛ

Почнувајќи од 16.11.2018 (секој викенд)

ПРОГРАМА

1 ден (Четврток) | Скопје - Струмица - Грција          

Состанок со групата во Скопје, во 18:00 часот, пред ВИП хотел. Поаѓање за Истанбул. Ноќно патување преку Грција со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 ден (Петок) | Истанбул

Пристигнување во Истанбул во пладневните часови. Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

3 ден (Сабота) | Истанбул

Појадок во хотел. По појадокот е предвидено организирано заминување на групата во познатиот, Mall of Istanbul, време за слободни активности. Во договорено време, враќање назад во хотел. Време за одмор и индивидуални прошетки. Ноќевање.

4 ден (Недела) | Истанбул

Појадок во хотел. По појадокот одјавување од хотел. Посета на шопинг центарот Форум, од каде во договорено време, во попладневните часови, тргнување кон Македонија. Ноќно возење преку Грција. Пристигнување во Македонија во утринските часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ - 75 € (4.650 МКД)

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со туристички автобус на наведената релација;
  • Сместување во двокреветни соби во хотел во Истанбул на база на 2 ноќевања со појадок;
  • Професионален туристички придружник од агенцијата;
  • Организација и реализација на програмата.

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Патничко осигурување.

Општи напомени:

  • Организатор на аранжманот е ТА АтлантиС;
  • Резервација се прави со уплата на 30% од вкупниот износ на аранжманот;
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд;
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 45 патника;
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот, односно до 17.02.2019 година;
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата;
  • Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата;
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично. 

За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ и Т.А.АтлантиС

Сезони



Награди и признанија

1. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2017 год.
2. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2016 год.
3. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија, 2015 год.
4. Топ 100 ВИП локации во Источна Европа од Western Union, 2015 год.
5. Награда за 20 години постоење и значителен придонес во туризмот од Општина Струмица, 2015 год.
6. Благодарност и најдобро партнерство во Република Македонија доделен од страна на Turkish Airlines,2014 год.
7. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија,2012 год.
8. Изворедна поддршка и посебна соработка со Turkish Airlines, 2012 год.



Let's socialize




© 2015
All Rights Reserved


Тури



Корисничка поддршка
+389 2 3 22 99 22
marketing@atlantis.com.mk