Загреб I Божиќен Саем 2018

Загреб

Име на сместување
Држава
Дестинација

БОЖИЌЕН САЕМ - ЗАГРЕБ

Во последните години Загреб е град во кој зимските денови се поживи и потопли, а забава има на многу плоштади и улици. Главиот град на Хрватска, без претерување, со организацијата за Божиќниот Саем, може да се спореди со сите средновековни метрополи кои позади себе имаат долгогодишна традиција за организација. Загреб од 2015 година успеа да се искачи на врвот и три години по ред да ја има титулата - Град со најдобро организиран Божиќен Саем во Европа.

ПРОГРАМА

1 ден (07.12.2018 - Петок) | Скопје - Загреб

Состанок со групата пред хотел ВИП и поаѓање за Загреб во вечерните часови. Ноќно патување преку Србија со попатни паузи за одмор и други царински формалности.

2 ден (08.12.2018 - Сабота) | Загреб - Божиќен Саем

Пристигнување во претпладневните часови во Загреб. Разглед на градот: Плоштад Бан Јелачич, Уметнички Павиљон, МИМАРА, Хрватски народен театар, Загребската катедрала, Владата, Камена порта, Хрватско народно собрание. Слободно време за индивидуална прошетка низ градот. Во попладневните часови сместување во хотел. Слободно време за одмор. Во договорено време организирано заминување во центарот на градот и посета на најатрактивниот Божиќен Базар. Индивидуално враќање во хотел. Ноќевање.

3 ден (09.12.2018 - Недела) | Загреб - Македонија

Појадок во хотел. Одјавување од хотел. Заминување во некој од познатите трговски центри, слободно време за индивидуални прошетки, кафе, шопинг. Во договорено време со претставникот на агенцијата се поаѓа за Македонија (попладневните часови). Патување назад со попатни паузи за одмор и пасошки и царински формалности. Пристигање во Македонија наредниот ден во утринските часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 90 (5.580 МКД)

Во цената е вклучено:

  • Превоз со туристички автобус на релацијата по програмата;
  • Сместување во двокреветни соби во хотел со 3* во Загреб, на база 1 ноќевање со појадок;
  • Разглед на Загреб;
  • Професионален туристички придружник од агенцијата;
  • Организација од туристичката агенција.

Во цената не е вклучено:

  • Патничко осигурување;
  • Можност за индивидуална посета на фантастичниот Curque du Soleil - TORUK - инспириран од познатиот АВАТАР.

Општи напомени:

  • Организатор на аранжманот е ТА АтлантиС;
  • Резервација се прави со уплата на 30% од вкупниот износ на аранжманот;
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд;
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 45 патника;
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот, односно до 11.03.2019 година;
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата;
  • Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата;
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично. 

За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ и Т.А.АтлантиС

Сезони



Награди и признанија

1. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2017 год.
2. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2016 год.
3. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија, 2015 год.
4. Топ 100 ВИП локации во Источна Европа од Western Union, 2015 год.
5. Награда за 20 години постоење и значителен придонес во туризмот од Општина Струмица, 2015 год.
6. Благодарност и најдобро партнерство во Република Македонија доделен од страна на Turkish Airlines,2014 год.
7. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија,2012 год.
8. Изворедна поддршка и посебна соработка со Turkish Airlines, 2012 год.



Let's socialize




© 2015
All Rights Reserved


Тури



Корисничка поддршка
+389 2 3 22 99 22
marketing@atlantis.com.mk