Истанбул I Нова Година 2019 (2 ноќевања)

Истанбул

Име на сместување
Држава
Дестинација

НОВА ГОДИНА ВО ИСТАНБУЛ

29.12.2018 - 02.01.2019

5 ДЕНА / 2 НОЌЕВАЊА

ПРОГРАМА

1 ден (29.12.2018 - Сабота) | Скопје - Струмица - Грција         

Состанок со групата во Скопје. Поаѓање за Истанбул. Ноќно патување преку Грција со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 ден (30.12.2018 - Недела) | Истанбул (Панорамски разглед, Крстарење по Босфор, Египетски пазар

Пристигнување во Истанбул во утринските часови. Факултативен панорамски разглед на европскиот и азискиот дел на Истанбул: Римскиот Аквадукт, Златниот Рог, Таксим, Галата Кула, Бешикташ, Ортакој. Пауза на азискиот дел на местото Чамлиџа каде ќе уживате во панорамскиот поглед на европскиот и азискиот дел на Истанбул, во комбинација со турско кафе или чај или пак традиционалното благо Ашуре (познато како благото на Дедо Ное). Сместување во хотел. Крстарење по Босфор со панорамски разглед на мостовите, кои го поврзуваат европскиот и азискиот дел на Истанбул, во времетраење од 1.5 до 2 часа. Посета на Египетскиот пазар и можност за шопинг. Слободно време на египетскиот пазар околу 1 час. Враќање во хотел со организиран превоз. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

3 ден (31.12.2018 - Понеделник) | Истанбул (Сина Џамија, Аја Софија, Топ Капи, Вечера на брод)***ДОЧЕК НА НОВА ГОДИНА 2019***

Појадок во хотел. По појадокот е предвиден разглед со локален водич и посета на Сината џамија, Аја Софија (факултативно), Посета на Топ Капи палатата (факултативно) - музеј со непроценлива колекција на споменици и уметнички дела - сегашниот изглед на палатата датира од времето на Сулејман Величествениот. Слободно време во Капали чаршија. Враќање во хотел. Во вечерните часови организиран дочек на новата година во локален ресторан или на брод (со доплата). Ноќевање.

4 ден (01.01.2019 - Вторник) | Истанбул (Долмабахче, Сафир Сеир Тераси, Трговски центар Форум

Појадок во хотел. По појадокот одјавување од хотел. Факултативна посета на Долма Бахче Сарај - последната палата на Отоманските Султани, која содржи музејска збирка со непроценливо богатство. Заминување кон највисоката зграда во Европа (236 m) Sapphire Seyir Terasi (панорамска тераса) и можност преку четиридимензионалното небесно возење со хелихоптер над Истанбул да ги посетите најзначајните знаменитости: Галата Кула, Златниот Рог, Сината Џамија, Аја Софија, Топ Капи, Девојачката Кула. Посета на шопинг центарот Форум. Во договорено време (доцни попладневни часови) тргнување кон Македонија. Ноќно возење преку Грција.

5 ден (02.01.2019 - Среда) | Струмица - Скопје

Пристигнување во Македонија во раните утрински часови (Струмица / Скопје). 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ДО 15.11.2018 - 95 € (5.890 МКД)

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ - 105 € (6.510 МКД)

Во цената на аранжманот вклучено е:

  • Превоз со туристички автобус на наведената релација;
  • Сместување во двокреветни соби во хотел Dinar 3* и Hotel Hamidiye  во Истанбул - 2 ноќевања со појадок;
  • Пешачки разглед со локален водич;
  • *Посета на трговскиот центар Форум;
  • Професионален туристички придружник од агенцијата;
  • Организација и реализација на програмата;

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Панорамски разглед на Истанбул - Европски и Азиски дел со локален водич и автобус - 18 €;
  • Крстарење по Босфор - 20 €;
  • Дочек на Нова Година на брод - ноќно крстарење по Босфор (предјадење, главно јадење, неограничени пијалоци, шоу)  - 85 €;
  • Дочек на Нова Година во локален ресторан (предјадење, главно јадење, неограничени пијалоци, шоу)  - 65 €;
  • Посета на Аја Софија (влезница + слушалки + локален водич) - 18 €;
  • Посета на Топ Капи (влезница + локален водич) - 15 €;
  • Посета Долма Бахче Сарај - (превоз со автобус + влезница + локален водич) - 25 €;
  • Посета на Saphire Seyir Terasi - (влезница за 4D + локален водич + превоз со автобус) - 20 €;
  • Организиран дочек на Нова Година во ресторан;
  • Патничко осигурување;

ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВИ ЗА УПЛАТА ВО АГЕНЦИЈА - 105 €
(во цената не се вклучени Новогодишните вечери)

Уплата факултативи на лице место:

  • Панорамски разглед на Истанбул - Европски и Азиски дел со локален водич и автобус - 20 €;
  • Крстарење по Босфор - 25 €;
  • Дочек на Нова Година на брод - ноќно крстарење по Босфор (предјадење, главно јадење, неограничени пијалоци, шоу)  - 90 €;
  • Дочек на Нова Година во локален ресторан (предјадење, главно јадење, неограничени пијалоци, шоу)  - 70 €;
  • Посета на Аја Софија (влезница + слушалки + локален водич) - 21 €;
  • Посета на Топ Капи (влезница + локален водич) - 18 €;
  • Посета Долма Бахче Сарај - (превоз со автобус + влезница + локален водич) - 30 €;
  • Посета на Saphire Seyir Terasi - (влезница за 4D + локален водич + превоз со автобус) - 25 €;

ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВИ ЗА УПЛАТА НА ЛИЦЕ МЕСТО - 120 €
(во цената не се вклучени Новогодишните вечери)

Мени за дочек на Нова Година на брод или во локален ресторан:

  • Стартер: кашкавал, маслинки, шери домати, апетисани, чипс во сос;
  • Ладно предјадење: 10 вида на мезе;
  • Топло предјадење: Пилешки крокети, крокети од копмпири, пастрами со фета сирење;
  • Главно јадење: Мисиркино месо со ориз и гарнир;
  • Десерт: сезонско овошје и баклава;
  • Пијалоци: неограничени количини на безалкохолни и алкохолни пијалоци (од локално производство – вино, пиво, џин, вотка, Јени ракија). Увезени пијалоци се достапни на бродот, со доплата:
  • Шампањ.

Шоу програм:

  • Turkish Gypsy Dance;
  • Caucasian Dance;
  • Belly Dancer Group Show;
  • Turkish Folk Dance;
  • Rhythm Show;
  • Belly Dancer;
  • Professional DJ Performance;

Општи напомени:

  • Организатор на аранжманот е ТА АтлантиС;
  • Резервација се прави со уплата на 30% од вкупнот износ на аранжманот;
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд;
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 45 патника;
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот, односно до 03.04.2019 година;
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата;
  • Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата;
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично. 

За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ и Т.А.АтлантиС

ОПИС НА ФАКУЛТАТИВИ

ИСТАНБУЛ

  • Аја Софија
    Аја Софија се преведува и како Црква на Светата мудрост и се смета за најубав пример на византиската уметност. Црквата е градена за време на Византискиот цар Јустинијан и нејзината купола е висока 56 метри и изгледа како да лебди, со што го претставува небото. Била најголема катедрала во светот скоро 1000 години се додека не е изградена катедралата во Севили. По освојувањето на градот од Мехмед Освојувачот, бил толку имресиониран од цркавата па ја претвара во џамија и останува така се додека не е повторно претворена во Музеј. Аја Софија остана најголема верска зграда во Истанбул, иако секој моќен султан се обидел да ја претвори во џамија. Никој не успеал во тоа бидејќи ја нагласува величественоста на црквата каде што се нагласени прекрасните византиски мозаици. Музејот денес е една од најголемите атракции за туристите во Истанбул и препорачливо е посетата на истиот да почне рано изутрина бидејќи во текот на денот после 10 часот почнуваат долгите редици од туристи;
  • Топ Капи
    При главниот влез на Топ Капи Палатата, од десната страна се наоѓа црквата Света Ирина, единствена христијанска црква во Истанбул која никогаш не е претворена во џамија. Ова палата е прва на многуте листи на знаменитости во Истанбул, тоа е палата во која турските султани со векови живееле, вистински град во град. Комплексот е огромен, гужвите за влез во ризницата каде што се наоѓаат светите мошти на Исламот (Мухамедовиот заб) и Христијанството ( раката на Св. Јован Крстител) се големи, тука се изложени колекцијата на часовници на султанот, приборите за јадење и доста подароци  меѓу кои се наоѓа и најголемиот дијамант на светот. Во палатата се чувствува автентичниот дух на Османлиската Имерија. Редицата за билети е прилично долга, но има многу билетарници, и кога е групно организирано, редицата оди многу бргу. Работно време: 9:00 - 17:00;
  • Долма Бахче Сарај
    Долма Бахче Палатата е отворена секој ден освен Понеделник и Четврток од 09:00 - 17:00. Палатата е градена во европски стил и ја заменува старата Топкапи Палата во средината на 19 век. Се во палатата зрачи со луксуз поради исклучително вредните и скапи збирки на непроценливо богатство. Палатата е поделена на два дела, Селамлик - дел за мажите и Харем - делот за жените. Во харемот се просториите во кои живеел и умрел таткото на турската нација Кемал Ататурк. Долма Бахче Палатата е изградена во 19 век и е една од најгламурозните палати во светот. Таа била административен центар на крајот од Отоманската Империја со последниот Султан кој живеел таму. Палатата располага со непроценливо богатство;
  • Крстарење по Босфор
    Престојот во Истанбул не е комплетен без традиционалното и незаборавно крстарење по Босфорот, теснецот кој ги дели Азија и Европа. Бреговите од двете страни претставуваат мешавина од минатото и сегашноста, од модерни раскошни хотели, палати до приватни куќи. За време на патувањето се поминува покрај прекрасната Долма Бахче Палата, зелените паркови и царските паваљони на Јилдиз Палатата, Белербеј Палатата која се наоѓа покрај самиот мост од Азиската страна, под двата моста кои го делат Истанбул на Азиски и Европски дел. Прекрасна панорамска прошетка низ Истанбул;
  • Сафир Сеир Тераси
    Сафир Сеир Тераси е највисоката зграда во Европа од 236 метри. Првите два спрата нагоре и околу 4 спрата надоле е шопинг центар каде што можете да најдете повеќе познати брендови (H&M, Cotton, LC Waikikи итн.) На врвот од зградата се наоѓа тераса со панорамски поглед на Истанбул, каде што во мала кино сала се овозможува 4Д проекција, симулација на надлетување на Истанбул со хелихоптер и можност и шанси да го почувствуваат сјајот на Босфорот, шармот на Момината кула, или позната како Мејден Кула, магичната Аја Софија, тајната на Топ Капи Палатата, Брилијантната Султанахмет џамија (Сината џамија), застрашувачката природа на базиликата, цистерната, страшниот вртлог, дервишите, убавините на модерниот дел од Истанбул, ппоштадот Таксим, Истаклал Улицата. Сето ова можете да го доживеете во четвртата димезија во Сафир Сеир Тераси;
  • Сината џамија
    Султанахмет џамијата е историска џамија во Истанбул, која исто така е наречена и Сината џамија поради сините плочки околу ѕидовите и внатрешниот дизајн на џамијата. Покрај се, уште е активна како џамија, така што за туристите е затворена по 5 пати дневно половина час за време на молитвите и е доста популарна туристичка атракција;
  • Капали Чаршија
    Капали Чаршија во Истанбул е еден од најголемите и најстарите затворени пазари во светот со 61 покриени улици и над 3000 продавници коишто привлекуваат од 25000 до 400000 туристи дневно. Цените во Капали Чаршија се високи и препорачливо е да се влезе и да се види како значаен локалитет во Истанбул.

Сезони



Награди и признанија

1. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2017 год.
2. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2016 год.
3. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија, 2015 год.
4. Топ 100 ВИП локации во Источна Европа од Western Union, 2015 год.
5. Награда за 20 години постоење и значителен придонес во туризмот од Општина Струмица, 2015 год.
6. Благодарност и најдобро партнерство во Република Македонија доделен од страна на Turkish Airlines,2014 год.
7. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија,2012 год.
8. Изворедна поддршка и посебна соработка со Turkish Airlines, 2012 год.



Let's socialize




© 2015
All Rights Reserved


Тури



Корисничка поддршка
+389 2 3 22 99 22
marketing@atlantis.com.mk