Mauritius I New Year 2019

Mauritius

Име на сместување
Држава
Дестинација

НОВА ГОДИНА НА ОСТРОВОТ МАУРИЦИУС

 Парче од рајот

10 ДЕНА / 7 НОЌЕВАЊА

 

Островот Маурициус - парче рај кое што ги маѓепсува сите што ќе ја допрат неговата магија. Самото име на островот сугерира тропски луксуз, спокојство и можност за комплетен одмор. Маурициус ќе ве воодушеви, ќе направи да се почувствувате дека сте дел од малкуте одбрани да уживаат во тоа неверојатно парче земја, каде што секој посетител ужива внимание и каде зад секоја насмевка се крие ветување за уникатен одмор.
Република Маурициус е островска држава во југозападниот дел на Индискиот Океан, на околу 900 километри источно од најголемиот африкански остров Мадагаскар. Покрај островот Маурициус, републиката ги вклучува и островите Св. Брендан, Родригез и Агалега. Островот бил откриен во 1507 година од страна на португалски морнари, а местото никогаш пред тоа не било населено со луѓе. Главниот град е Порт Луис, а официјалниот јазик е англискиот, кој исто така е главен комерцијален јазик. Исто така, распространет е и францускиот јазик. Месеците од мај до октомври се поладни, а повеќе поради ниската влажност отколку поради пад на температурите.

Маурициус...таму каде што се мешаат минатото и сегашноста ... таму каде што ви застанува здивот од природните глетки и архитектонски знаменитости...таму каде што плажите се бескрајни...таму каде што тиркизната вода нежно го мие брегот со фин бел песок

 ПРОГРАМА

26.12.2018 | Прв ден

Состанок на патниците на Мегународниот аеродром во Скопје 2 часа пред летот. Полетување кон Маурициус со едно преместување.  

27.12.2018 | Втор ден

Пристигнување на островот Маурициус во попладневните часови по локално време. Превоз од аеродромот до хотелот кој сте го одбрале. Сместување во хотелот по 15:00 часот. Ноќевање.

28.12.2018 | Трет ден

Појадок. Слободно време за комплетен одмор и дополнителни екскурзии. Освен прекрасните плажи, белиот песок и топлите води, островот Маурициус предлага и многу можности за дополнителни активности, како што се нуркање, летање змеј, сурфање, голф, посета на природни паркови, ботанички градини, скај дајвинг, пловење со јахта и многу други. Ноќевање.

29.12.2018 | Четврти ден

Појадок.Слободно време за одмор или дополнителни екскурзии, по желба.
Полудневна обиколка на главниот град Порт Луис - Прошетката низ главниот град на Маурициус - прекрасниот Порт Луис, ќе ве одведе низ разнобојната историја и културната разновидност на островот. Религиозната разновидност е исто така еден дел од културната традиција на островот. Светилиштата се отворени за сите љубопитни туристи - муслимански џамии, кинески пагоди, хиндуистички храмови и христијански цркви.
Порт Луис е најголемиот град во Маурициус, како и економски и административен центар на островот. Веднаш до главниот плоштад можете да зачекорите по најимпресивниот булевар - Place d'Armes, опкружен од страните со кралски палми. Ќе имате можност да ги посведочите и неверојатните француски колонијални градби, посебно интересни се зградата на владата и општинскиот театар. Потоа ќе имате слободно време да ја посетите крајбрежната улица, како и трговскиот центар Le Caudan Waterfront. Раздвижената крајбрежна улица нуди многу шопинг и забава, како и ресторани со поглед кон пристаништето на Порт Луис. Крајбрежјето на Порт Луис, всушност е центарот на културниот живот во Маурициус.
Цена по човек:  55 EUR

30.12.2018 | Петти ден

Појадок. Слободно време за одмор или дополнителна екскурзија по желба.
Целодневна тура со катамаран - По појадокот ќе започнеме ден исполнет со сонце, пијалоци, вкусна храна, многу забава и релаксација на крстарење со катамаран! За ваша удобност, предлагаме крстарење до повеќе дестинации, со неколку различни појдовни точки. На север, изборот е помеѓу островот Габриел и рамниот остров. Исто така можете да здогледате делфини за време крстарењето по западното крајбрежје. Другата можност е да одберете крстарење по источниот брег и посета на познатиот остров Ile aux Cerfs. Во текот на крстарењето ќе имате слободно време за нуркање, сончање и пливање. Исто така крстарењето ви дава можност да вкусите и одлична скара од свежа риба, пилешко и селекција на салати и гарлик лепчиња.
Цена по човек: 95 EUR

31.12.2018 | Шести ден

Појадок. Слободно време за комплетен одмор и дополнителни екскурзии. Освен прекрасните плажи, белиот песок и топлите води, островот Маурициус предлага и многу можности за дополнителни активности, како што се нуркање, летање змеј, сурфање, голф, посета на природни паркови, ботанички градини, скај дајвинг, пловење со јахта и многу други. Ноќевање.
Дочек на Новата 2019 година во одбраниот хотел со многу песни, танцување и веселба!

01.01.2019 | Седми ден

Појадок. Слободно време за одмор или дополнителни екскурзии.
Седумте каскади на водопадите Тамаринд - Имате можност да навлезете длабоко во локалните шуми на јужен Маурициус - Les Sept Cascades. Буквално преведено, името значи "седум водопади" и е место препорачано од локалните жители за пешачење низ бујното зеленило. Тука ќе поминете низ многу предизвикувачки места кои на крајот од вашата прошетка ќе ве одведат до освежувачките извори и водопади. Ќе имате можност да уживате во неверојатни панорамски погледи. Ќе поминете низ мала патека, од каде што за прв пат ќе ви се појават седумте водопади, а потоа ќе застанете на уште неколку места и ќе можете од различни агли и перспективи да ги посведочите прекрасните водопади.
Цена по човек: 140 EUR 

02.01.2019 | Осми ден

Појадок. Слободно време за одмор и дополнителни екскурзии.
Несекојдневна средба со делфини - полудневна екскурзија - Уживајте во неверојатна средба со делфини. Ќе се возите со глисер и ќе го посетите островот Benitiers, каде што ќе имате вкусен ручек. Уникатниот дел од ова искуство е пливањето со делфините во нивната природна животна средина.
Цена по човек: 95 EUR 

03.01.2019 | Деветти ден

Појадок. Одјавуавње од хотелот во 12:00 часот и можност за користење на јавните простории на хотелот. Постои можност и за покасно напуштање на собите, но со одредена доплата. Превоз до аеродромот Маурициус за летот до Скопје со едно преместување.

04.01.2019 | Десетти ден

Слетување во Скопје во претпладневните часови.

ПАКЕТНИ ЦЕНИ

ХОТЕЛ

Пансион

Возрасен во двокреветна соба

Еднокретна соба

Hotel Ambre 4* Adult Only

/ Superior Garden Room /

All inclusive

2500 €

3474 €

Hotel Ambre 4* Adult Only

/Superior Seafacing Room/

All inclusive

2568 €

3611 €



ХОТЕЛ

Пансион

Возрасен во двокреветна соба

Еднокретна соба

Трет возрасен

Дете до 13 години со 2-ца возрасни

Hotel Crystal Beach 4*

/ Superior Room /

All inclusive

2721 €

3515 €

2395 €

1380 €



ХОТЕЛ

Пансион

Возрасен во двокреветна соба

Еднокретна соба

Дете до 11 години со 2-ца возрасни

Hotel La Pirogue 4*

/Garden Bungalow Room/

Појадок и вечера

2897 €

4231 €

1400 €



ХОТЕЛ

Пансион

Возрасен во двокреветна соба

Еднокретна соба

SeaSide Boutique Hotel 5* - Adult only Charm Room

Појадок и вечера

2883 €

4360 €

Цената на аранжманот вклучува:

  • Авионски билет за летовите Скопје - Маурициус - Скопје со вклучени аеродромски такси;
  • 7 ноќевања на соодветното место во одбраниот хотел;
  • Новогодишна Гала Вечер во хотелот;
  • Превоз аеродром - хотел - аеродром и пакет „Добре дојдовте“, кој вклучува:
    • Пречек на аеродромот во Маурициус од нашата партнер фирма со минерална вода и цветен накит;
    • Помош на аеродромот;
    • Пакет кој вклучува карта на островот Маурициус, информации за екскурзиите кои што ви се предложуваат;
    • Придружба до хотелот од претставник од фирмата партнер;
    • Информационен состанок во хотелот;
    • Лично планирање на екскурзиите;
    • 24 часовна помош за време на престојот;

Цената на аранжманот не вклучува:

  • Late check out - покасно напуштање на собите;
  • Услуги кои не се споменати како вклучени во услугите кои ги нуди хотелот;
  • Расходи од личен карактер;
  • Осигурување "откажување на патувањето", помеѓу 1.50% и 3.30% од пакетот, во зависност од должината на периодот до почетокот на патувањето;
  • Патничко осигурување.

Неопходни документи:

  • Меѓународен пасош со валидност минимум 6 месеци од датумот на поаѓање;
  • За деца под 18 години кои патуваат без родители - нотарски заверено родителско решение за напуштање на земјата од страна на родителот (оригинал и 1 копија);
  • За деца чии родители имаат различни семејства, потребна е копија од изводот на детето, во која се наоѓаат имињата на двајцата родители;

Услови за резервација:

  • Аванс во вредност од 50% од цената на пакетот;
  • Доплаќање 45 дена пред поаѓање;

Рокови за откажување и пенали

  • До 90 дена пред поаѓање - без пенали;
  • Од 90 до 45 дена пред патувањето - пенали во износ на оставениот аванс;
  • Од 45 дена до патувањето - се плаќаат пенали во износ од 100% од вредноста на пакетот; 

Дополнителни информации:

Не е потребна дополнителна виза и не се потребни медицински потврди за патување на островот Маурициус.

Кој дел од островот би го посетиле за време на Вашиот престој на Маурициус?

Северниот дел на островот:

  • Grand Bay - Рај за шопинг и забава, тоа е местото каде што локалните жители излегуваат ноќе (ресторани, барови и дискотеки). Неодамна реновираната плажа La Cuvette исто така вреди да се посети;
  • Перейбере - една од популарните јавни плажи, позната по своите трговски објекти, ресторани и пабови;
  • Balaclava Ruins - Неколку метри од Baie aux Tortues, именувано по големиот број желки кои се наоѓаат во регионот од страна на морнарите во седумнаесеттиот век, тука може да се најдат остатоци од старата интересна тврдина Балаклава;
  • The Triolet Shivala - најдолгата населба на островот, градот Тритол нуди можност за посета на најголемиот хиндуистички храм, на Maheswarnath, изграден во 1819 година во чест на боговите Шива, Кришна, Вишну, Муруган, Брахма и Ганеша;
  • Овоштарниците Labourdonnais - откријте широк спектар на тропски овошни дрвја, како и шарени и ароматични егзотични цвеќиња;

Источниот дел на островот:

  • Flacq Market - Flacq е една од најважните населби во Маурициус. Тоа е местото каде што се собираат луѓето од истокот и Flacq може да се пофали со најголемиот отворен пазар во земјата. Екстремно шарен и разновиден пазар кој привлекува голем број туристи секоја година;
  • Аквапарк Leisure Village - уживајте во незаборавните моменти во аквапаркот - релаксација и задоволство се загарантирани; 

Југоисточниот дел на островот:

  • Холандските урнатини - Во Vieux Grand Port, можете да ги видите остатоците од првите холандски тврдини. Ископувањата се во тек, а истражувачите се во можност да откријат важен дел од историјата на Маурициус;
  • Махебург - ова е едно од главните рибарски села на островот. Кулите Martello се едни од најинтересните знаменитости кои ова место ги нуди. Изградени во 1804 година на величествениот залив Гранд Порт Беј, кулите ја симболизираат пресметката меѓу старите колонијални сили и иновативноста на човештвото. Тие се пресвртница во историјата на островот, симболизирајќи го крајот на ропството и почетокот на индиската имиграција;
  • Souillac - мало морско одморалиште во близина на карпестото крајбрежје на областа Саване. Најпопуларното место се наоѓа на најјужната точка на селото, токму на врвот на карпата: Грис Грис, каде што ви се откриваат неверојатни панорамски погледи; 

Во внатрешноста на островот:

  • Ganga Talao - Grand Bassin - Покрај La Marie и Mare - AUX - Vacoas лежи едно од двете природни езера на Маурициус, кое се наоѓа во кратер на изумрен вулкан. Ганга Талао е важно место за поклонување и многу локални жители одат на прошетка таму за време на фестивалот Маха Шиваратри;
  • BlackRiver Gorges - овој национален парк од 6574 хектари е создаден во 1994 година со цел заштита на зачуваните локални шуми на Маурициус. Посетителите можат да уживаат во величествените предели, ендемските растенија и да гледаат ретки видови птици.

Дополнителни екскурзии:

Сите дополнителни екскурзии се достапни за пријавување како во Македонија, така и на лице место. По желба на клиентот, туроператорот може да предложи дополнителни опции за турите.

Забелешка:

Можно зголемување на цените на факултативите на лице место.

Сезони



Награди и признанија

1. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2017 год.
2. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2016 год.
3. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија, 2015 год.
4. Топ 100 ВИП локации во Источна Европа од Western Union, 2015 год.
5. Награда за 20 години постоење и значителен придонес во туризмот од Општина Струмица, 2015 год.
6. Благодарност и најдобро партнерство во Република Македонија доделен од страна на Turkish Airlines,2014 год.
7. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија,2012 год.
8. Изворедна поддршка и посебна соработка со Turkish Airlines, 2012 год.



Let's socialize




© 2015
All Rights Reserved


Тури



Корисничка поддршка
+389 2 3 22 99 22
marketing@atlantis.com.mk