Costa Del Sol I New Year 2019


Име на сместување
Држава
Дестинација

НОВА ГОДИНА ВО КОСТА ДЕЛ СОЛ

Спој на природна убавина и луксуз 

29.12.2018 - 03.01.2019

 6 ДЕНА / 5 НОЌЕВАЊА

 

 

Иако позната по долгите брегови, ситен песок, многу сончеви и топли денови, сепак овде има и нешто повеќe. Јужниот брег на Шпанија на туристите им нуди магија, хедонизам и луксуз. Секоја година повеќе од 5 милиони туристи го посетуваат југот на Шпанија уживајќи во магиите на Медитеранот. Со сигурност, Коста Дел Сол ќе ги освои сите ваши сетила!
АтлантиС ЕКСКЛУЗИВНО Ве води на дочек на Новата 2019 година во Коста дел Сол!

ПРОГРАМА

1 ден (29.12.2018 - Сабота)

Состанок на групата во Скопје околу полноќ и организиран трансфер до аеродромот во Софија (доколу има минимум 6 пријавени патници од Македонија). Полетување од аеродром Софија, Терминал 2 во 06:35 часот со авиокомпанијата Бугарија Еир. Слетување на аеродромот во Малага во 09:20 часот. Состанок, превоз до одбраниот хотел и сместување. Вечера и ноќевање.

2  ден (30.12.2018 - Недела)

Појадок. Слободно време или дополнителна екскурзија.
Тангер, Мароко - целодневна екскурзија - Заминување од хотелот рано наутро и поаѓање за Тарифа, од каде што со фериброд се преминува Гибралтарскиот проток. Пристигнување во Тангер, Мароко и тура низ градот со автобус и локален туристички водич. Прошетка низ најинтересните места во стариот град - казбата, медина, Зоко и други. Ручек во традиционален локален ресторан со програма каде што ќе бидете понудени со јадења типични за локалната кујна: супа харира, кус - кус, торта, риба моруна, чај и колачи. Ќе бидете во можност да ја посетите традиционалната чаршија каде што ќе ви раскажат за технологијата на правење килими (традиционален марокански занает). Слободно време за купување на сувенири. Упатување кон пристаништето. Враќање во Алхесирас и Тарифа со фериброд и со автобус до одморалиштата во Коста дел Сол.
За оваа екскурзија е неопходен меѓународен пасош!
Цена: 75 евра / 147 лв. 
Цената вклучува: превоз со автобус + туристички водич на бугарски јазик, билети за брод, посета на градот со локален водич, ручек во локален ресторан.

3  ден (31.01.2018 - Понеделник)

Појадок. Слободно време или дополнителна екскурзија.
Гибралтар: Гибралтар е независна територија на Обединетото Кралство. Таа била земја од соништата на сите империи низ историјата поради својата стратешка позиција и способност да го контролира единствениот влез на Медитеранот. Таму живеат околу 29.000 жители кои работат главно во туристичкиот и финансискиот сектор, како и пристаништето. По пристигнувањето во Гибралтар, ќе бидете придружувани од туристички водич и ќе ја започнете посетата. Со мини - буси ќе ја започнете обиколката на Големата карпа, каде што се наоѓа најјужната точка на Европа. Од таму, потпомогнати од добрите временски услови ќе бидете во можност да и се восхитувате на прекрасната глетка кон Гибралтарскиот проток и Мароко. Имате вклучена влезница за пештерата Сан Мигел и можете да ги видите познатите берберски макаки мајмуни со потекло од Северна Африка. Кога ќе ја завршите турнејата, која трае околу 1 час и половина, ќе имате слободно време за пазарење и ручек (по желба). 
Цена: 50 евра / 98 лв.
Новогодишна Гала вечер во хотелот и дочек на Новата 2019 година !!!

4 ден (01.01.2019 - Вторник)

Појадок. Слободно време или дополнителна екскурзија.
Севиља - целодневна екскурзија - Наутро заминување од хотелот. Пристигнување во четвртиот по големина град во Шпанија и главниот град на Андалузија - Севиља, кој се наоѓа покрај реката Гвадалкивир. Панорамска прошетка со автобус - разгледување на куќичките на шпанско - американската изложба од 1929 година, преубавите мостови Аламио и Баркета, булеварот на палмите, шпанскиот плоштад, паркот Марија Луиза. Следува пешачка тура со посета на познатиот кварт Санта Круз, Катедралата со прочуената камбанарија Хиралда, потоа минување покрај дворецот Алказар и шпанскиот плоштад со прекрасна фонтана - каде што ќе посведочите сцена на голем број на улични музичари и актери. Слободно време за ручек во типичен шпански ресторан со традиционална кујна (по желба). Заминување од Севиља. Враќање во хотелот.
Цена: 65 евра / 127 лв.
Цената вклучува: автобуски превоз + туристички водич на бугарски јазик, локален туристички водич.

5 ден (02.01.2019 - Среда)

Појадок. Слободно време или дополнителна екскурзија.
Гранада: За неа велат дека е еден од најубавите градови во светот. Голем број на поети, музичари и уметниците биле инспирирани од Гранада. Најголемо внимание привлекуваат Албисинскиот кварт, палатата Алхамбра - најсветлиот производ на арапската уметност во Шпанија, импресивна комбинација на палати и тврдини. Наутро, напуштање на хотелот и упатување кон Гранада. Панорамска прошетка низ градот. Ќе поминете низ населбата Албасин и посета на местото на Свети Кристофер. Слободно време за самостојна прошетка. По договореното време за прошетката, со автобусот се упатувате кон импресивниот дворец Алхамбра. Посета на "Салата на двете сестри" и познатиот "двор на лавовите" кои ќе ве вратат назад во 14 - тиот век. Палатата на Карл V и градините на Хенералифе - летната резиденција на древните шпански кралеви со многу фонтани. Од овде можете да уживате во прекрасниот поглед на градот Сиера Невада. Можност за ручек во регион со многу ресторани со локална кујна (по желба). Поаѓање од Гранада. Враќање во хотелот.
Цена: 69 евра/ 135 лв.
Цената вклучува: превоз со автобус + туристички водич на бугарски јазик, локален туристички водич за посета на Алхамбра, посета на градот во придружба на водич, билет за Алхамбра и Градините на Хенералифе.
Вечерта: Фламенко шоу 22:00 - 00:00 часот | Цена: 40 евра / 78 лв. | Цената вклучува: превоз со автобус + еден пијалок по избор.

6 ден (03.01.2019 - Четврток)

Појадок. Слободно време. Ослободување на хотелот во 12:00 часот. Панорамска обиколка на Малага (вклучено во цената). Разгледување на тврдината Гибралфаро (однадвор), Катедралата (однадвор) и Куќата на Пикасо (однадвор). Превоз до аеродромот во Малага и полетување за Софија со "Бугарија Еир" во 18:35 часот. Следување во Софија - терминал 2 во 23:00 часот. Организиран трансфер до Скопје (доколку има минимум 6 пријавени патници од Македонија). 

ПАКЕТНИ ЦЕНИ 

ХотелПо лице во двокреветна соба

 

Еднокреветна соба

 

Трет возрасен во двокреветна соба

 

Дете до 12 години со 2-ца возрасни

 

Второ дете до 12 години со 2-ца возрасни

 

Hotel Best Siroco 4*

 

Појадок и вечера со вода и вино ¼

753 €

 

848 €

 

708 €

 

524 €

612 €
Hotel Best Triton 4*

 

Појадок и вечера со вода и вино ¼

772 €875 €726 €524 €
623 €

Пакет цените во програмата вклучуваат:

  • Авиобилет Софија – Малага – Софија со вклучени аеродромски такси.
  • 5 ноќевања со појадок и вечера во претходно избраниот хотел.
  • Новогодишна вечера во хотелот.
  • Превоз аеродром – хотел – аеродром
  • Панорамски разглед на Малага со водич
  • Водич на бугарски јазик за време на целото патување и престој

Цените НЕ вклучуваат:

  • Дополнителни екскурзии
  • Расходи од личен карактер
  • Патничко осигурување (задолжително)

Забелешки:

  • Распоредот на дополнителнит екскурзии по денови во програмата може да се промени.
  • Финалните датуми на дополнителните екскурзии ќе бидат објавени една недела пред патувањето.
  • Пријавувањето и плаќањето за дополнителни екскурзии се одвива во агенција!
  • Можна е промена на часот на некој од летовите од страна на авиокомпанијата.

Неопходни документи:

Лична карта или меѓународен пасош со валидност минимум 6 месеци од датумот на патувањето. За деца до 18 години кои патуваат со еден или без родител, потребно е потврда заверена на нотар од еден или од двата родители! Патувањето е безвизно и без медицинска потреба од имунизација!

Неопходен минимален број на учесници за реализација на програмата:

30 патници!

Рок за известување на собран минимум:

30 дена пред почеток на програмата.

Дополнителните екскурзии се по желба и се реализираат со минимум 20 патници.

Начин на плаќање:

  • 30 % аванс при резервација и склучување на договор, доплаќање до 01.12.2018;
  • Плаќањето се одвива во канцелариите на агенцијата или во банка!

Рокови за откажување и пенали:

Патниците имаат право на еднострано раскинување на договорот во кое било време пред почетокот на пакетот, откако ќе ги уплатат следниве суми:

  • До 60 дена пред датата на патување: без пенали;
  • Од 59 до 31 дена - во износ на депозитот;
  • Од 30 дена до денот на патување: се плаќа 100% од вредноста на пакетот.

Во случај КОРИСНИКОТ доброволно да го прекине своето патување за време на неговиот престој, сите дополнителни трошоци, вклучувајќи го и транспортот, ќе бидат на негов трошок. КОРИСНИКОТ има право да го пренесе своето право за патување на друго лице во согласност со специфичноста на дестинацијата, а издавање на нови авиобилети се врши најкасно до 20.12.2018г, со обврска да му се доплати на ТУРОПЕРАТОРОТ само дополнителната сума од евентуалното преиздавање на билетите.

Информација за здравствени барања:

Нема ЗАДОЛЖИТЕЛНИ медицински и санитарни барања при патување во Шпанија.

Патување на лица со намалена подвижност:

Патувањето НЕ Е погодно за лица со намалена подвижност.

Превозни средства во програмата:

  • Авион;
  • Автобус (Превоз и дополнителни екскурзии);
  • Фериброд (При дополнителната екскурзија до Тангер, Мароко).

Сезони



Награди и признанија

1. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2017 год.
2. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2016 год.
3. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија, 2015 год.
4. Топ 100 ВИП локации во Источна Европа од Western Union, 2015 год.
5. Награда за 20 години постоење и значителен придонес во туризмот од Општина Струмица, 2015 год.
6. Благодарност и најдобро партнерство во Република Македонија доделен од страна на Turkish Airlines,2014 год.
7. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија,2012 год.
8. Изворедна поддршка и посебна соработка со Turkish Airlines, 2012 год.



Let's socialize




© 2015
All Rights Reserved


Тури



Корисничка поддршка
+389 2 3 22 99 22
marketing@atlantis.com.mk