Лапонија I Нова Година 2019


Име на сместување
Држава
Дестинација

ЛАПОНИЈА - НОВА ГОДИНА 2019

AтлантиС ексклузивно ве води во Лапонија!

Ладната и снежна Лапонија има се што е потребно за да донесе вистинска зимска идила, а за тоа најмногу придонесуваат огромните замрзнати арктички тундри, густите шуми и непристапниот брег. Таа е домот на еден од најпознатите ликови во светот, Дедо Мраз. Лапонија е земјата на зимските бајки, земја на авантура и несекојдневна забава.

ПРОГРАМА

29.12.2018 - Сабота

Состанок на групата во Скопје во однапред одредено време и организиран трансфер до аеродромот во Софија (доколу има минимум 6 пријавени патници од Македонија). Полетување од Софија за Рованиеми во 10:00 часот. Слетување во Рованиеми во 14:00 часот и превоз до хотел. Информативен состанок околу 15:00 часот. Сместување. Ноќевање.

30.12.2018 - Недела

08:00 - 09:00 | Појадок во хотелот
10:00 - 13:00 | Екскурзија во “Селото на Дедо Мраз“ (вклучено во цената). Посета на селото на Дедо Мраз односно неговата пошта, каде што можете да испратите вистинско писмо со желби до Дедо Мраз за вашиот Божиќ. За време на посетата на неговата канцеларија имате несекојдневна прилика да се запознаете со вистинскиот Дедо Мраз, а притоа да го овековечите моментот посетувајќи ги продавниците за сувенири во селото. Екскурзијата нуди и херојски премин на Северниот поларен круг, по кој сите херои добиваат сертификат за учеството во овој настан.
13:00 - 16:00 | Екскурзија до “Санта Парк“ (вклучено во цената со Опција 1). Посетете ја пештерата на волшебните елфи. Таму ве чека многу забава! Магичниот воз ќе ве однесе низ четири годишни времиња, подземни работилници и училиштето за џуџиња кое што очекува нови студенти, кои по дипломирањето добиваат официјална титула “Елф - вистински помошник на Дедо Мраз” и веднаш можат да почнат со подготвување на подароци. Програма со елфски танци и дискотека. Во паркот е интересно како за децата, така и за повозрасните, а во пештерата е топло и безопасно.

31.12.2018 - Понеделник

08:00 - 10:00 | Појадок во хотелот.
10:00 - 12:30 | Дополнителна екскурзија “На гости кај троловите“ (90 / возрасни, 60 / деца 4 - 12 години). Се впуштате во селото од бајките каде што троловите живеат со милениуми. Ќе видите цело семејство шумски тролови, ќе ги слушнете приказните за најстарите од нив и ќе земете учество во подготовките на нивните традиционални јадења. Тука ви се нуди единствена прилика да вкусите од пијалоците на троловите, уживајќи во балади од локалните музичари, како и зимски забави и многу друго. Ручек со троловите.
13:30 - 17:00 | Дополнителна екскурзија - “Екскурзија до Еленската фарма“ (90 / возрасни, 60 / деца 4 - 12 години). Автобуска екскурзија со која ќе ја посетите фармата на ирваси, лоцирана на Поларниот круг. Ќе се запознаете со животот на ирвасите, ќе научите како да управувате санка со ирваси и ќе добиете документ за право на нејзино управување. Ручек.
17:00 - 20:00 | Празнична Новогодишна програма во хотелот (за тие кои што имаат вклучено Новогодишна вечера во хотелот).
20:00 - 24:00 | Дочек на Нова Година 2019.

Опција 1 - Дочек на Нова Година во хотлеот;
Опција 2 - Дочек на Нова Година во Санта Парк;

01.01.2019 - Вторник

08:00 - 10:00 | Појадок.
11:00 - 16:10 | Дополнителна екскурзија “Посета на арктичката зоолошка градина Рануа” (95 / возрасни, 75 / деца 4 - 12 години). Рануа - најсеверната зоолошка градина на светот, оддалечена 80 километри од Рованиеми. Таму можете да видите животни и птици од поларната зона кои живеат во својата природна средина. Ручек во ресторанот Рануа (шведска маса, национална кујна).

02.01.2019 - Среда

08:00 - 10:00 | Појадок.
10:00 - 13:30 | Дополнителна екскурзија по желба “Посета на фармата за кучиња“. (125 / возрасни, 95 / деца 4 - 12 години). Мини екскурзија до фармата Сафари во дивата лапландска шума со кучешка санка (30 минути, 5 km). Семејните санки можат да соберат до 4 луѓе. По возбудливото сафари ве очекуваат топли напитоци.
17:00 - 20:00 | Дополнителна екскурзија “Во потрага по Снежната кралица“ со вечера во ледениот ресторан. (155 / возрасни, 105 / деца 4 - 12 години). По патеките на Герда ќе стигнете до ледениот дворец на Снежната кралица. На патот ќе се сретнете со разбојници и возрасна лапела, кои ќе ви помогнат во вашето пребарување. Снежната кралица ќе ве чека во својот замок, но за да влезете треба прво да ги решите ледените сложувалки. По желба, можете да останете во замокот за вечера. Мени: лосос на скара со пире од компири и сос од диви боровинки, тегла топла јагода, чај или кафе.

03.01.2019 - Четврток

Појадок. Напуштање на хотелот. Превоз до аеродромот во Рованиеми и заминување за Софија во 14:00 часот. Слетување на аеродромот во Софија во 17:00 часот. Организиран трансфер до Скопје (доколку има минимум 6 пријавени патници од Македонија).

Забелешки:

  • Часовите и деновите во кои се закажани екскурзиите можат да бидат променети;
  • Дополнителните екскурзии можат да се договорат и прифатат единствено однапред;
  • Регистрација на лице место за дополнителни екскурзии не е возможна;
  • Екскурзиите се оддржуваат на руски и англиски јазик.

ЦЕНОВНИК

ТИП НА СОБА SANTA SPORT HOTEL 3*
ГАРАНТИРАНИ МЕСТА!
Опција 1
SANTA SPORT HOTEL 3*
ГАРАНТИРАНИ МЕСТА!
Опција 2
Возрасен во фамилијарна соба (за 4 лица)1391 €1553 €
Дете во фамилијарна соба (за 4 лица)1351 €1503 €
Возрасен во двокреветна стандардна соба1516 €1678 €
Дете во двокреветна стандардна соба1164 €1315 €
Трет возрасен во двокреветна соба (дополнително легло)1203 €1365 €
Доплата за вечера (пакет 4 вечери) за возрасен105 €105 €
Доплата за вечера (пакет 4 вечери) за дете75 €75 €
**Цената за фамилијарна соба е валидна за минимум 4 лица


ЦЕНИ СПОРЕД ПРОГРАМАТА

ТИП НА СОБАХОТЕЛ AAKENUS 3*
ГАРАНТИРАНИ МЕСТА!

ХОТЕЛ SCANDIC 4*
ГАРАНТИРАНИ МЕСТА!

Опција 1Опција 2Опција 1Опција 2
Возрасен во двокреветна соба 1449 €1681 €1703 €1913 €
Возрасен во еднокреветна соба 1816 €2026 €2270 €2480 €
Возрасен на дополнително легло 1157 €1367 €1185 €1395 €
Дете на дополнително легло 1135 €1310 €1030 €1205 €
Возрасен во двокреветна супериор соба--1788 €1988 €
Возрасен на дополнително легло во двокреветна супериор соба --1185 €1395 €
Дете на дополнително легло во двокреветна супериор соба--1030 €1205 €
Возрасен во двокреветна супериор соба со сауна --1828 €2038 €
*AAKENUS HOTEL 3* - Сместување на 2-ца возрасни + 1 дете или 3-ца возрасни
**SCANDIC HOTEL 4* - Сместување на 2-ца возрасни + 1 дете или 3-ца возрасни во двокреветна соба


ЦЕНИ СПОРЕД ПРОГРАМАТА

ТИП НА СОБАCUMULUS CITY AND RESORT 4*
ГАРАНТИРАНИ МЕСТА!
Опција 1Опција 2
Возрасен во двокреветна соба стандард 1593 €1803 €
Возрасен во еднокреветна соба стандард 1890 €2100 €
Возрасен на дополнително легло во двокреветна стандард соба1474 €1684 €
Дете на дополнително легло во двокреветна соба стандард1289 €1464 €
Возрасен во двокреветна соба стандард со поглед кон река 1768 €1978 €
Возрасен во еднокреветна соба стандард со поглед кон река2020 €2230 €
Возрасен на дополнително легло во двокреветна соба стандард со поглед кон река 1824 €2034 €
Дете на дополнително легло во двокреветна соба стандард со поглед кон река1639 €1814 €
Доплата за вечера (пакет 4 вечери) за возрасен120 €120 €
Доплата за вечера (пакет 4 вечери) за дете 60 €60 €
* CUMULUS CITY AND RESORT HOTEL 4* - Сместување на 2-ца возрасни + 1 дете или 3-ца возрасни
За деца се сметаат од 2 до 11.99 години


ЦЕНИ СПОРЕД ПРОГРАМАТА

ТИП НА СОБАSOKOS 4*
Опција 1
ГАРАНТИРАНИ МЕСТА!
SOKOS 4*
Опција 2
ГАРАНТИРАНИ МЕСТА!
SANTA CLAUS 4*
Опција 1
ГАРАНТИРАНИ МЕСТА!
SANTA CLAUS 4*
Опција 2
ГАРАНТИРАНИ МЕСТА!
Возрасен во двокреветна соба стандард 1834 €2044 €1891 €2101 €
Возрасен на дополнително легло во двокреветна соба стандард 1519 €1729 €1699 €1909 €
Дете на редовно легло во двокреветна соба стандард 1772 €1947 €1813 €1988 €
Дете на дополнително легло во двокреветна соба стандард 1457 €1632 €1406 €1581 €
Возрасен до двокреветна супериор соба 1922€2132 €--
Возрасен на дополнтелно легло во двокреветна супериор соба1519 €1729 €--
Дете на редовно легло во двокреветна супериор соба 1860 €2035 €--
Дете на дополнително легло во двокреветна супериор соба 1457 €1632 €--
Возрасен во тематска соба (Christmas/Arctic Circle)1972€2182 €--
Возрасен на дополнително легло во тематска соба 1519 €1729 €--
Дете на редовно легло во тематска соба1910 € 2085 €--
Дете на дополнително легло во тематска соба1457 €1632 €--
Возрасен во двокреветна соба делукс со сауна--2101 €2311 €
Возрасен на дополнително легло во двокреветна делукс соба со сана --1699 €1909 €
Дете на редовно легло во двокреветна соба делукс со сауна--2023 €2198 €
Дете на дополнително легло во двокреветна соба делукс со сауна --1406 €1581 €
Еднокреветна соба2334 €2545 €2755 €
Доплата за вечера (пакет 4 вечери) за возрасен185 €185 €145 €145€
Доплата за вечера (пакет 4 вечери) за дете до 12 години129 €129 €88 €88 €
Во хотелот Sokos можат да се сместат до 2-ца + 2 деца на кревет (широчина 130 см.) во двокреветна стандардна или двокреветна супериорна соба
*Во хотелот Santa Claus можат да се сместат до 2-ца + 2 деца на два дополнителни кревети со луксузна двокреветна соба со сауна


ЦЕНИ ПО ПРОГРАМАТА

ТИП НА СОБА  ARCTIC LIGHT 4*
Опција 1
Статус на барање
ARCTIC LIGHT 4*
Опција 2
Статус на барање
Возрасен во двокреветна соба Magic 2291 €2501 €
Трет возрасен во двокреветна соба Magic1771 €1981 €
Дете до 12 години во двокреветна соба Magic1538 €1713 €
Возрасен во двокреветна соба Arctic2456 €2666 €
Трет возрасен во двокреветна соба Arctic1771 €1981 €
Дете до 12 години во двокреветна соба Arctic1538 €1713 €
Возрасен во двокреветна соба Polar2721 €2931 €
Трет возрасен во двокреветна соба Polar1771 €1981 €
Дете до 12 години во двокреветна соба Polar1538 €1713 €

Забелешки:

  • ЦЕНИТЕ СЕ ИЗРАЗЕНИ ВО ЕВРА ПО ЛИЦЕ ЗА ПАКЕТ ОД 5 НОЌЕВАЊА;
  • Уплатата се извршува во денари по курс 1€ = 62 денари;

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Детали за летот:

  • 29.12.18 SOF 10:00 - RVN 14:00;
  • 03.01.19 RVN 13:00 - SOF 17:00;
  • Време на летовите: 4 часа (со вклучен стандарден кетеринг);
  • Дозволен багаж: до 13 kg по патник;
  • Дозволен рачен багаж: до 6 kg по патник;
  • Авиокомпанија: ALK;
  • Информации за операторот:
    • Авиокомпанија: “ALK Airlines”;
    • Тип на авион: McDonnell Douglas MD - 82;
    • Лиценца №: 14 - 5896;

Минимален број туристи за организирање на екскурзијата: 100;

Начин на плаќање:

700 EUR по лице по потврда на резервација. 100% доплата до 20/10/2018

Рокови за откажување:

  • При откажување до 20.10.2018 г. - не се плаќаат пенали кон туроператорот;
  • При откажување од 20.10.2018 до 20.11.2018 - се плаќаат пенали во вредност од 50% од цената на пакетот;
  • При откажување од 20.11.2018 до 30.12.2018 - се плаќат пенали во вредност од 100% од цената на пакетот.

Опис на хотелите:

  • Хотел Aaakenus 3* е семеен хотел кој се наоѓа во многу убаво подрачје на околу 400 метри од центарот на Рованиеми и на 5 минути со кола од забавниот парк на Дедо Мраз.
    Хотелот располага со 45 соби, ресторан, лоби бар, конференциски сали, бесплатен Wi - Fi, бесплатен паркинг, сауна. Сите соби имаат телевизор со рамен екран, бања, тоалет, телефон и работна маса.
  • Хотелски комплекс Santasport Resort 4* се наоѓа среде живописна северна природа, во близина на ски - одморалиштето Ounasvaara и на само 2 километри од центарот на Рованиеми.
    Хотелот нуди модерни соби, базен, CMS фитнес центар, спортска сала, куглана и Арктички авантуристички парк Huima, 3 ресторани, бесплатен паркинг и бесплатен пристап до базенот, теретаната и заедничка сауна. Секоја соба има телевизор со кабловска телевизија, фрижидер и приватна бања со туш и бесплатен Wi - Fi.
  • Хотел Sokos Vaakuna 4* се наоѓа во центарот на Рованиеми, на 10 минути возење од селото на Дедо Мраз.
    Хотелот располага со 2 ресторани, ноќен клуб, сауна, бесплатен Wi - Fi, приватен паркинг (се наплаќа). Собите се модерни и удобни. Секоја соба има бања, тоалет, бесплатен прибор за лична хигиена, телевизор со кабловска телевизија, машина за чај / кафе, минибар, пегла.
  • Хотел Pohjanhovi 4* се наоѓа во центарот на Рованиеми, покрај реката и е на само 8.5 километри од селото на Дедо Мраз. На територијата на хотелот има ресторан, затворен базен, сауна, дневна рецепција, бесплатен Wi - Fi, бесплатен паркинг. Собите располагаат со сопствена бања, дрвен под, бесплатен прибор за лична хигиена, ТВ со рамен екран, машина за чај / кафе и работно биро.
  • Cumulus Pohjanhovi 4* - Хотелскиот комплекс Rantasipi Pohjanhovi се наоѓа покрај реката Кемијоки во центарот на Рованиеми, на 4 километри од голф игралиштето и ски патеките на зимското одморалиште Ounasvaara. Селото на Дедо Мраз е на оддалеченост од 8.3 километри. Собите во хотелскиот комплекс Cumulus Pohjanhovi се со дрвен под и опремени со телевизор и биро. Имаат сопствена бања со туш и када. Појадокот се сервира во ресторанот Pohjanhovi, кој нуди и “а ла карт” мени.
  • Scandic Rovaniemi 4* - Овој хотел се наоѓа на само 2 минути возење од железничката станица на Рованиеми. Нуди бесплатен пристап до традиционалната финска сауна, фитнес сали и Wi - Fi. Собите во Scandic Rovaniemi имаат модерен дизајн, дрвен под и удобни фотелји. Секоја соба има ТВ и бања со туш. Во ресторанот на хотелот се сервираат скандинавски јадења, а пијалоците се служат во барот.
  • Arctic Light Hotel 4 * е бутик хотел кој се наоѓа на 8 километри од селото на Дедо Мраз и аеродромот. Тој располага со светли ултра модерни соби кои имаат посебен тематски декор. Секоја соба во Arctic Light Hotel располага со телевизор кој има рамен екран, минибар и машина за чај / кафе. Предвидени се и бањарки и папучи, а некои соби имаат и кујна. Секоја соба има сопствена бања со фен и када или туш. Дополнителните услуги кои хотелот ги нуди вклучуваат сауна, тераса и лоби бар. Персоналот на 24 - часовната рецепција со задоволство ќе ви препорача некои од локалните ресторани, атракции и активности. Хотелот е на само 200 метри од шопинг центарот Sampokeskus и на 800 метри од Научниот центар со музејот Arktikum.

Новогодишна вечера во Санта Парк:

  • Предјадења:
    • Зелена салата;
    • Салата со “Моцарела”;
    • Салата со еленско месо;
    • Пушено лосос филе;
    • Пушено филе од бела риба;
    • Солен лосос;
    • Солени харинга;
    • Кисела харинга со црна рибизла;
    • Кавијар асортиман;
    • Маринирани печурки;
    • Салата со печурки;
    • Шпагети со спанаќ и слатки компири;
    • Пушени мисиркини гради;
    • Варени компири;
    • Леб;
  • Главни јадења:
    • Телешки бифтек во вински сос;
    • Пржени компири;
  • Десерт:
    • Пити и торти;
    • Сладолед од ванила со овошје.
  • Пијалоци:
    • Чај, вода, кафе, 1 чаша шампањ или безалкохолен пијалок по човек;
  • Времетраење на програмата: 20:00 – 01:30 ч.
  • Забавна програма со музика и танци.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ЕКСКУРЗИИ

ЕкскурзииЦена на возрасенЦена за дете 
од 4 до 11.99 г.
“На гости кај троловите”90 EUR60 EUR
Екскурзија до Еленската фарма90 EUR60 EUR
Посета на зоо парк "Рануа"95 EUR75 EUR
Посета на фармата за кучиња125 EUR95 EUR
Посета на Снежната кралица155 EUR105 EUR
ПАКЕТ ОД 5 ЕКСКУРЗИИ
510 EUR
360 EUR
Oпција 1

Цената вклучува:

  • Авио билети Sofia - Rovaniemi - Sofia;
  • Аеродромски трошоци за сите летови;
  • Превоз аеродром - хотел - аеродром;
  • 5 ноќевања во одбраниот хотел во Рованиеми, со појадок;
  • Екскурзија до Селото на Дедо Мраз;
  • Водич на руски / англиски;
  • Новогодишна вечера во хотелот на 31.12.2018;
  • Екскурзија до Санта Парк во текот на денот на 30.12.2018;
  • Лидер од компанијата за време на патувањето

Опција 2

Цената вклучува:

  • Авио билети Sofia - Rovaniemi - Sofia;
  • Аеродромски трошоци за сите летови;
  • Превоз аеродром - хотел - аеродром;
  • 5 ноќевања во одбраниот хотел во Рованиеми, со појадок;
  • Екскурзија до Селото на Дедо Мраз;
  • Водич на руски / англиски;
  • Дочек на Новата година во Санта Парк со вечера (забавата започнува во 20:00 часот и завршува во 01:30 по полноќ);
  • Лидер од компанијата за време на патувањето;

Цената не вклучува:

  • Трошоци од личен карактер;
  • Дополнителни екскурзии.

Сезони



Награди и признанија

1. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2017 год.
2. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2016 год.
3. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија, 2015 год.
4. Топ 100 ВИП локации во Источна Европа од Western Union, 2015 год.
5. Награда за 20 години постоење и значителен придонес во туризмот од Општина Струмица, 2015 год.
6. Благодарност и најдобро партнерство во Република Македонија доделен од страна на Turkish Airlines,2014 год.
7. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија,2012 год.
8. Изворедна поддршка и посебна соработка со Turkish Airlines, 2012 год.



Let's socialize




© 2015
All Rights Reserved


Тури



Корисничка поддршка
+389 2 3 22 99 22
marketing@atlantis.com.mk