Рајските острови на Карибите I Есен 2018


Име на сместување
Држава
Дестинација

РАЈСКИТЕ ОСТРОВИ НА КАРИБИТЕ

КУБА, ЈАМАЈКА, МЕКСИКО И КАЈМАНСКИТЕ ОСТРОВИ

ЛИМИТИРАНА ПОНУДА! ПРИЈАВУВАЊЕ ДО 30.08.2018

23.11 - 04.12.2018

Одлична комбинација ... најдоброто од Карибските острови

7 ноќи со услуга се вклучено на брод MSC ARMONIA | 3 ноќи со услуга се вклучено во хотел во Варадеро 

Авиобилет | Трансфери | Такси | Претставник од АТЛАНТИС

БЕЗ СКРИЕНИ ТРОШОЦИ!


Куба е една од најомилените дестинации на оние туристи кои преферираат долги песочни плажи. Исто така, Куба е земја со најголем број олдтајмери, која ги примамува најбогатите колекционери на стари автомобили од целиот свет. Но Куба е позната и по Че Гевара (Che Guevara),песочни плажи и водените површини со неверојатна сина боја, Кубанските цигари, кубанската музика.
Јамајка важи за една од најпопуларните туристички дестинации. Изобилува со национални паркови, брзи реки, водопади, пешачки патеки и, се разбира, прекрасни плажи, меѓу кои најпознати се Севен Мајл, Бостон Беј, Докторс Кејв, Очо Риос, Негрил, итн. Шарениот подводен свет околу островот е магнет за нуркачите, а пешачките патеки во спектакуларните џунгли ги привлекуваат авантуристите од целиот свет.
Кајманските острови се познати како засолниште за богатите кои тука ги складираат своите тешко заработени милиони, како би го избегнале плаќањето на даноците. Но, од друга страна пак, кристалното море, коралните гребени и пријателски расположениот морски свет, чинат Кајманските острови да бидат вистинска семејна дестинација.
Козумел е популарен остров во Kарипското море, на источниот брег на Мексико.Kозумел е најголемиот остров во Атланскиот океан, кој се наоѓа 20 километри од копното и 60 километри од прочуеното монденско летувалиште Канкун.Денес, овој остров е една од најважните туристички атракции во Мексико. Годишно го посетуваат најмалку 2 милионa туристи од сите делови на светот. Овој податок не е изненадувачки, со оглед на егзотичните плажи со најубава песок, тропското море богато со корали и разни видови риби.

 

ЦЕНОВНИК

Хотел

Услуга

По лице во двокреветна соба

За лице во еднокреветна соба

Трет возрасен во двокреветна соба

1 дете до 11.99 години

MSC Armonia + Memories Varadero 4*- Varadero

Се вклучено

1758

2142

1733

На барање

Промотивна цена до 15.Август.2018

 

1593 €

1976 €

1567 €

На барање

можност за плаќање на 12 или 24 месечни рати со 0% камата

 

ПРОГРАМА 

1 Ден (23.11.2018) | Скопје - Истанбул

Состанок на патниците нa Меѓународен аеродром Скопје во 18:00 часот. Полетување од Скопје во 20:40 часот.

2 Ден (24.11.2018) | Истанбул - Хавана - Пристаниште Хавана

Слетување во 00:20 часот во Истанбул. Полетување од Истанбул во 02:10 часот и пристигнување во Хавана во 09:00 часот. По завршување на пасосшка и царинска контрола, следува трансфер до пристаништето во Хавана. Чекирање на бродот MSC Armonia и сместување. Слободно време за одмор и уживање.

3 Ден(25.11.2018) | Хавана

Ден за индивидуални активности. Бродот останува на пристаништето во Хавана, а опции за екскурзии и организирани прошетки кои се наведени подолу, можете да ги резервирате на истиот.

4 Ден (26.11.2018) | Хавана - пловидба

Можност за дополнителни екскурзии. Испловување на бродот од Хавана во 18:00 часот и пловидба кон Јамајка, Монтенего Беј.

ден (27.11.2018) | Пловидба на море

Ден за слободни активности и релаксација на бродот различни видови на активности со прекрасен поглед од бродската палуба.

ден (28.11.2018) | Јамајка - Кајманскиот остров, Џорџ Таун

Пристигнување на пристаништето во Јамајка, Монтенего Беј во 08:00 часот наутро. Можност за резервација на екскурзии и прошетки кои се резервираат на бродот со водичи на англиски јазик или слободно време за индивидуални активнисти. Испловување од пристаништето во Јамајка, Монтенего Беј во 19:00 часот. Пловидба кон Кајманскиот остров, Џорџ Таун.

ден (29.11.2018) | Кајманскиот остров, Џорџ Таун

Пристигнување на Кајманскиот остров, Џорџ Таун во 08:00 часот наутро. Ден за слободни активности или организирани екскурзии од бродската компанија. Исплловување од Кајманските острови во 15:00 часот и пловидба кон Мексико, Козумел. 

ден (30.11.2018) | Мексико

Пристигнување на пристаништето во Козумел, Мексико во 10:00 часот. Слободно време за индивидуални активности или можност за резервација на организирани ексурзии и прошетки. Испловување на бродот во 18:00 часот. Пловидбата продолжува кон Куба.

10 ден (01.12.2018) | Хавана - Варадеро

Пристигнување на бродот во Хавана, Куба во 13:00 часот. Одјавување од бродот, трансфер до Варадеро со локален претставник. Сместување во Memories Varadero 4, Варадеро на услуга ALL INCLUSIVE. Сместување во соби според правилата на хотелот. Слободно време за одмор, релаксација и уживање на плажа.

1ден (02.12.2018) | Варадеро

Појадок. Можност за дополнителни ексурзии.

Факултативни излети во Варадеро:

Crucero Del Sol Excursion.Исклучителна програма за поморски активности во Варадеро, каде можете да уживате во еден ден на плажа со чудата на подводниот свет, пловејќи по северните заливи, со прекрасна локална флора и фауна. Кубанските пијалоци се вклучени за време на едрењето и на плажа, нуркање на прекрасно морско дно, време за интерактивен контакт со делфините во морето, слободно време за уживање на плажа во Cayo Blanco, ручек базиран на морска храна или пријвавување на останатите екскурзии кои се понудени.

1ден (03.12.2018) | Варадеро

Појадок. Слободно време за индивидуални активности во Варадеро или организирани екскурзии (подолу во програмата).

13 ден (04.12.2018) | Варадеро - Хавана - Истанбул

Трансфер до аеродромот во Хавана и полетување во 10:10 часот.

14 ден (05.12.2018)

Слетување во Истанбул во 10:15 часот.Полетување од Истанбул во 20:10 часот и слетување во Скопје во 19:40 часот.

АРАНЖМАН И ФАКУЛТАТИВИ:

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Авиобилет на релација Скопје - Хавана - Скопје (Со вклучен багаж);
  • Aердромски такси - 316 €;
  • Tрансфер на релација аерoдром - Порт Хавана - хотел Варадеро - аерoдром;
  • 7 ноќевања СЕ ВКЛУЧЕНО во брод MSC ARMONIA;
  • 3 ноќевања со услуга СЕ ВКЛУЧЕНО во Memories Varadero  4*, Варадеро;
  • Придружник од АТЛАНТИС за време на целото патување (доколку има минимум 16 патници пријавено);
  • Локален водич на англиски јазик;

Цената на аранжманот не вклучува:

  • Инидивидуални трошоци;
  • Факултативни излети;
  • Излезна такса од Куба (15 - 25 песози, се плаќаат на аеродромот при напуштање на државата);

Факултативни излети во Хавана:

Факултативни излети во Јамајка:

  • MTB01 - Rafting on the Martha Brae - Цена по лице: 72 € (се препорачува);
  • MTB05 - Jungle River Tubing - Цена по лице: 65 €;
  • MTB07 - Canopy Adventure - Цена по лице: 75 € (се препорачува);
  • MTB36 - Go Native Jamaica - Цена по лице: 69 € (се препорачува)                                                                                                                                                       

Факултативни излети во Кајманските острови:

Факултативни излети во Мексико:

  • COZ10 - The Best of Cozumel - Цена по лице: 55 € (се препорачува);
  • COZ16 - Xcaret Eco Park - Цена по лице: 102 €;
  • COZ51 - Living History - Mayan Traditions and Island tour - Цена по лице: 55 €; 

Факултативни излети во Варадеро (уплата во продажните места на АТЛАНТИС):

  • Crucero Del Sol Excursion: Исклучителна програма за поморски активности во Варадеро, каде можете да уживате во еден ден на плажа со чудата на подводниот свет, пловејќи по северните заливи, со прекрасна локална флора и фауна. Кубанските пијалоци се вклучени за време на едрењето и на плажа, нуркање со прекрасно морско дно, време за интерактивен контакт со делфините во морето, слободно време за уживање на плажа во Cayo Blanco, ручек базиран на морска храна. Цена по лице: 106 € (се препорачува);
  • COLONIAL REMEDIOS Excursion- Цена по лице: 42 €;
  • Заливот Матанзас со долината Јумури (Matanzas - Yumuri  Excursion): Оваа екскурзија вклучува 30 минути крстарење со брод по реката Canímar, заштитена област каде ќе имате можност да  ја видете прекрасната Кубанска вегетација. Турата до заливот Matanzas, Градот на мостовите, Ви овозможува да ги посетете најатрактивните знаменитости: Фармацевтски музеј, француската аптека од 1882 година, Парк де ла Либертад (плоштад Либерти), посета на Монсеррат Хајтс, како и една од црквите во градот. Турнеја низ долината и одмор во Rancho Gaviota, каде имате вклучено: Добредојде коктел, Посета на селска куќа и фарма, Типичен кубански ручек. Слободно време за јавање и наутички спортски активности во езерото. Посета на Cuevas де Bellamar (пештерата Беламар), неверојатен систем на галерија од подземни камени од вар. Цена по лице: 66 €;

Напомена:

  • Патниците мора да имат валидност на пасош повеке од 6 месеци од терминот на патување;
  • Понудата е валидна за резервации до 30 Август 2018 со уплата од 50% депозит кој е неповратен во случај на отказ;
  • Доколку нема доволен број на пријавени патници турата се откажува.

Рокови  за отказ на аранжманот и пенали:

  • Над 60 дена пред датумот на поаѓање се задржува износот на депонираниот депозит;
  • Помеѓу 60 - тиот и 20 - тиот ден пред датумот на поаѓање се задржува 70% од вредноста на аранжманот;
  • Помалку од 20 дена пред датумот на поаѓање се задржува 100% од вредноста на аранжманот.

Напомена:

  • Минимален број на патници на база на кој е калкулирана цената на аранжманот изнесува 16;
  • Во случај на помал број од 16 пријавени патници, аранжманот нема да биде откажан, но реализацијата ќе биде без претставник од АТЛАНТИС;

Сезони



Награди и признанија

1. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2017 год.
2. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2016 год.
3. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија, 2015 год.
4. Топ 100 ВИП локации во Источна Европа од Western Union, 2015 год.
5. Награда за 20 години постоење и значителен придонес во туризмот од Општина Струмица, 2015 год.
6. Благодарност и најдобро партнерство во Република Македонија доделен од страна на Turkish Airlines,2014 год.
7. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија,2012 год.
8. Изворедна поддршка и посебна соработка со Turkish Airlines, 2012 год.



Let's socialize




© 2015
All Rights Reserved


Тури



Корисничка поддршка
+389 2 3 22 99 22
marketing@atlantis.com.mk