Бали | Септември 2018


Име на сместување
Држава
Дестинација

БАЛИ - ОСТРОВОТ НА БОГОВИТЕ

Датум: 21.09.2018 - 01.10.2018

8 ноќевања / 9 дена + авионски превоз + трансфер + екскурзија + водич

Индонезија или официјално Република Индонезија е голема земја во Азија, чиј главен град е Џакарта. Индонезија се состои од архипелаг од неколку илјади мали и големи острови, од кои најголемите се Јава, Суматра, Сулавеси (Celebes), Борнео (Калимантан) и Нова Гвинеја (западен дел). Со над 238 милиони жители, Индонезија е четвртата најнаселена држава во светот. 
Бали е индонезиски остров кој се наоѓа помеѓу островите Јава на запад и Ломбок на исток. На островот, мнозинството од жителите се Индонезиски Хиндуисти кои се малцинство во Индонезија. Бали денес е популарна туристичка дестинација. Островот е богат со ориз, кокосови палми, кафе, памук и тутун, па тоа е робата која што најмногу се извезува. Живописните бои на Бали, неверојатно пријателскoто и гостопримливо население, храна која е силна и со необичен вкус и тиркизно - сините води на Индискиот Океан, и се што се наоѓа на ова мало парче од рајот на земјата, сигурно ќе го задоволи Вашиот вкус...

1 ден (21.09.2018) | Скопје - Доха

Состанок на групата на аеродромот Александар Велики, два часа пред лет. Полетување од Скопје во 12:45 часот и слетување во Доха во 18:45 часот.

2 ден (22.09.2018) | Доха - Денпасар, Бали - Танжунг Беноа (Tanjung Benoa - Nusa Dua)

Полетување за Доха во 02:30 часот. Пристигнување на аеродромот во Денпасар во 17:30 часот. Пречек на аеродром од страна на претставник на партнерската компанија и трансфер во хотелот Ibis Styles Benoa 3* воТанжунг Беноа (Tanjung Benoa - Nusa Dua). Пристигнување во хотелот и сместување. Ноќевање.

3 ден (23.09.2018) | Танжунг Беноа (Tanjung Benoa)

Појадок. Можност за организирање на факултативен излет или слободен ден за капење и сончање на бело - златните песочни плажи, релаксација покрај базен читајќи ја вашата омилена книга, препуштајќи се на убавините на овој магичен тропски остров. Ноќевање.

4 ден (24.09.2018) | Танжунг Беноа (Tanjung Benoa)

Појадок. Можност за организирање на факултативен излет или слободен ден за капење и сончање на бело - златните песочни плажи и релаксација. Ноќевање.

5 ден (25.09.2018) | Танжунг Беноа (Tanjung Benoa)

Појадок. Можност за организирање на факултативен излет или слободен ден за капење и сончање на бело - златните песочни плажи и релаксација. Ноќевање.

6 ден (26.09.2018) | Танжунг Беноа (Tanjung Benoa)

Појадок. Можност за организирање на факултативен излет или слободен ден за капење и сончање на бело - златните песочни плажи и релаксација. Ноќевање.

7 ден (27.09.2018) | Танжунг Беноа (Tanjung Benoa)

Појадок. Можност за организирање на факултативен излет или слободен ден за капење и сончање на бело-златните песочни плажи и релаксација. Ноќевање.

8 ден (28.09.2018) | Танжунг Беноа (Tanjung Benoa) - Barong танците - Храмот Tirta Empul - Кинтамани (Kintamani) - Tegallalang - Кута (Kuta) / Семињак  (Појадок+Ручек)

Појадок. После појадокот одјавување од хотелот, па заминуваме на целодневна факултативна екскурзија со локален водич на англиски јазик. Се упатуваме до гратчето со камени резби и скулптури наречено Batubulan, за да ги проследиме традиционалните и  возбудливи Barong & Kris танци, кои ја раскажуваат приказната за вечната борба меѓу доброто и злото, хиндуски еп од приказната Mahabrata. По претставата, патуваме североисточно, долж целиот остров Бали, од бреговите обвиткани со палми во низините, се до високите импозантни планини. Ќе го посетиме познатото село на дрворезбари, ќе видиме како мајсторите ги резбаат сложените дизајни на најразлични типови на дрво, а потоа следи посета на село познато по ковачите на сребро и злато. Следи посета на Tampak Siring - Tirta Empul Temple, храмот познат по својата света вода, каде што балиски хинду верници одат повеќе од илјада години. Овде се наоѓа базен за капење од извор на природна минерална вода, со архетип дизајн на стариот балиски стил. Следната станица не води до Кинатмани (Kintamani), за да уживате во спектакуларните погледи на планината Batur, со ленти од црна лава што се спуштаат од врвот во долината подолу. Кратерот е свет и на врвот има светилиште посветено на Божицата на плодноста. А езерото Batur лежи спокојно и сјајно во позадината на планините. Застанување за ручек во локален ресторан. Повратното патување нè носи да ги видиме прекрасните оризови тераси во Tegallalang, а последната станица ќе биде Ubud, градот на уметниците, танчерите, галериите и музеите. На крај на излетот, пристигнување во хотелот во Кута (Kuta). Сместување во хотелот 3*во Семињак / Кута. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

9 ден (29.09.2018) | Кута / Семињак  (појадок)

Појадок. Можност за организирање на факултативен излет или слободен ден за капење, сончање на бело-златните песочни плажи и релаксација. Кута е најпопуларната плажа на Бали која е полна со сурфери од целиот свет. Тука можете да ги научете основите на сурфањато по поволни цени. Во попладневните часови ќе можете да  уживате во залезот на сонцето и коктелите. Кута и Легијан се центри на ноќниот живот на Бали, но и со голем број на познати светски ресторани или да изберете некој од понудените факултативни излети. Одјавување од хотелот и трансфер до аеродромот во Денпасар.

10 ден (30.09.2018) | Денпасар - Скопје

Полетување за Доха од аеродромот во Денпасар со лет на Qatar Airways во 00:35 часот. Слетување во Доха во 05:10 часот. Полетување од Доха за Скопје во 06:55 часот. Слетување на аеродромот во Скопје во 11:15 часот.

ЦЕНИ И АРАНЖМАН

Цени на пакет аранжман по лице:

 

Пакетна цена од лице со сите трошоци :

Редовна цена:

1227 €

Промотивна цена до 20.08.2018:

934 €


Во цената е вклучено:

  • Авионски билет на релација Скопје - Доха - Денпасар - Доха - Скопје со Qatar Airways, сo вклучен багаж до 30 kg со вклучени аердромски такси;
  • 6 ноќевања во хотел  3*, во Танжунг Беноа, Нуса Дуа на база ноќевање со појадок;
  • 2 ноќевања во хотел 3*, во Кута / Семињак на база ноќевање со појадок;
  • Трансфери аеродром - хотел Танжунг Беноа, Нуса Дуа /хотел Кута / Семињак - аеродром;
  • Трансфер од Танжунг Беноа, Нуса Дуа до Кута / Семињак;
  • 1 целодневна факултативна екскурзија со локален водич на англиски јазик, со вклучен ручек;
  • Пречек на аеродромот во Бали од страна на претставник на партнерската компанија (англиски / бугарски  јазик);
  • Сите влезници за локациите споменати во маршутата;
  • Технички пратител на групата над 16 патници. Доколку нема доволен број групата ќе се реализира со локални водичи.

Цената не вклучува:

  • Храна, пијалоци и услуги што не се споменати во програмата, лични трошоци;
  • Факултативните екскурзии;
  • Излезна такса од Бали (околу 10 USD, се плаќа при излез од Бали исклучиво во локална валута);
  • Бакшиши за возачот и локалниот водич;
  • Задолжително патничко осигурување;

Факултативни екскурзии:

  • Класична тура Бали (полудневна тура) - Поаѓање во попладневните часови и се упатуваме кон светата шума Sangeh, населена од неколку племиња на мајмуните кој го чуваат храмот од злите духови. Продолжуваме потоа кон Кралскиот Храм на Mengwi, познатиот Taman Ayun, кој се наоѓа во прекрасната и бујна градина. Конечно, стигнуваме до крајбрежјето на познатиот храм “Tanah Lot” каде се восхитуваме на светот со спектакуларниот поглед на зајдисонцето.
    Цена по лице изнесува: 32 €;
  • Uluwatu” тура и вечера - Посета на јужниот дел на Бали, малиот храм ULUWATU кој е изграден на ивица на една карпа и гледање на Кечак танц.Се оди кон романтичната плажа “Jimbaran Bay“ за да уживате во прекрасна вечера во рибен ресторан.
    Цена по лице изнесува: 47 €;
  • Уметничките контури на Бали (околу 8 часа) - Турата започнува со посета на селото Batubulan, за да ги проследиме традиционалните и возбудливи Barong & Kris танци, кои ја симболизираат вечната борба меѓу доброто и злото. По овој прекрасен спектакл, се продолжува кон местото Celuk, познато по златните и сребрените изработки, па следи посета на гратчето Мас каде можете да го видете процесот на изработка на типичната балиска дрвена резба, а потоа следи посета на храмот во “Goa Gajah”. Посета на на селото Penelokan од каде се пружаат прекрасни глетки на планината и истоименото езеро Batur. После ручекот се враќаме назад.
    Цена од лице изнесува: 40 
  • Лов на сувенири и Убуд тура (6 часа) - Оваа турa започнува со утринска прошетка околу уметничкото село Убуд. Посета на различните уметнички галерии, традиционалниот пазар и можеби и посета на малиот храм и мајмунското светилиште. Ќе застанеме во “Tegallalang”, во “SebatuWater Temple” - храмот на светата вода. Потоа продолжуваме со посета на слоновата пештера “Goa Gajah”. Потоа, ги посетуваме Сребрените и Златните галерии во Celuk.
    Цена од лице изнесува: 30 €;
  • Античка тура на “Karangasem Kingdom” (околу 10 часа) Вашата прва посета ќе биде во Klungkung, добро познат како центар на традиционалната уметност, музика, драма и ликовни уметности. Во минатото, кралот на Klungkung бил сметан за највозвишен меѓу балиската аристократија. Продолжиме за да го посетиме Kertagosa или Кралскиот суд на правдата. Следи посета на Kusamba, познат по традиционалното производство на сол, а потоа посета на “Goa Lawah” или храмот на лилјаците. Се посетува и Водената палата Tirta Gangga во Amlapura. Поранешниот крал го изградил воденот комплекс за рекреативни цели и нуди фантастични пејсажи. Завршуваме со посета на Muncan каде ќе уживате во панорама на прекрасните типични балиски оризови тераси.
    Цена од лице изнесува: 47 €;
  • “Bedugul”  и Tanah Lot” тура (8 часа) - Посета на маркетот Candi Kuning во Bedugul, каде ќе имате можност да видете различни сорти на овошје, зеленчук и цвекиња. Следува посета на “Ulun Danu Temple”. И на крајот од турата слетува поседа на “Tanah Lot”.
    Цена од лице изнесува: 38 €;

Напомена:

Факултативните екскурзии е битно да се резервираат најкасно до 20 Август 2018, цената е променлива во случај бројот на пријавени да е помал од 11 патници.

Услови:

  • При резервација се плаќа депозит од 30%, а целосна уплата се прави 45 дена пред поаѓање;
  • Понудата важи за минимум 16 пријавени патници;
  • За ова патување не се потребни медицински имунизации;
  • Рок за известување за недоволен број на пријавени патници - 30 дена пред поаѓање;
  • Туроператорот го задржува правото да го менува редоследот на реализација на програмата;
  • Осигурување;

Неопходни документи:

За влез во Индонезија не е потребно претходно обезбедување на виза. Република Индонезија издава бесплатни визи по пристигнување на сите странски посетители, ако се обезбедени следните услови:

  • Валиден пасош или
  • Потврда за извршена хотелска резервација.

Рокови за отказ на аранжманот и пенали:

  • Над 60 дена пред датумот на поаѓање се задржува износот на депонираниот депозит;
  • Помеѓу 60 - тиот и 20 - тиот ден пред датумот на поаѓање се задржува 70% од вредноста на аранжманот;
  • Помалку од 20 дена пред датумот на поаѓање се задржува 100% од вредноста на аранжманот.

               
Цената е дадена во евра и пресметана во денари, по курс 1 евро = 62 денари.

Сезони



Награди и признанија

1. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2017 год.
2. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2016 год.
3. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија, 2015 год.
4. Топ 100 ВИП локации во Источна Европа од Western Union, 2015 год.
5. Награда за 20 години постоење и значителен придонес во туризмот од Општина Струмица, 2015 год.
6. Благодарност и најдобро партнерство во Република Македонија доделен од страна на Turkish Airlines,2014 год.
7. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија,2012 год.
8. Изворедна поддршка и посебна соработка со Turkish Airlines, 2012 год.



Let's socialize




© 2015
All Rights Reserved


Тури



Корисничка поддршка
+389 2 3 22 99 22
marketing@atlantis.com.mk