Венеција 24ти Мај

Venice

Име на сместување
Држава
Дестинација

24ти МАЈ 2018

ВЕНЕЦИЈА– ФИРЕНЦА – СИРМИОНЕ - ВЕРОНА - ПАЛМАНОВА

23.05 -27.05.2018 (5 ДЕНА / 2 НОЌЕВАЊА)

ПРОГРАМА

23.05.2018 (среда) СКОПЈЕ – ВЕНЕЦИЈА

Состанок на групата во договорено време и место од Скопје. Тргнување за Венеција и патувањето преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и цариснки формалности. Ноќно возење.

24.05.2018 (четврток) ВЕНЕЦИЈА

Пристигнување во Трст во претпладневните часови. Поаѓање за Лидо ди Јесоло во попладневните часови.Заминување за Венеција. Превоз со брод од пристаништето Пунта Сабиони до Венеција. Прошетка низ Заспаната убавица од средниот век. плоштадот и црквата Сан Марко, мостот Риалто, мостот на воздишките, Дуждевата палата, каналот Гранде... Слободно време за индивидуални прошетки. Убаво е да се искачите на кулата звоник од каде има прекрасен поглед на цела Венеција и секако возете се со гондола низ каналите на Венеција, посетете ја Дуждевата палата и црквата Св.Марко.   Сместување во хотел. Ноќевање.

25.05.2018 (петок) ВЕНЕЦИЈА - ФИРЕНЦА

Појадок. Слободен ден или можност за факултативна посета со локален водич на главниот град на Тоскана и престолнината на ренесансата – Фиренца: Црквата Санта Кроче, Катедралата Дуомо, звоникот и крстилницата, Палатата Векио и репликата на Микеланџеловиот Давид, Галеријата Уфичи, Мостот Понте Векио, Палатата Пити... Враќање во хотел во вечерните часови. Ноќевање.

26.05.2018 (сабота) ВЕНЕЦИЈА –  СИРМИОНЕ - ВЕРОНА – ПАЛМАНОВА - СКОПЈЕ

ПојадокНапуштање на собите. Ве водиме до Сирмионе-езеро Гарда, познат по своите термални извори и прекрасна средновековна архитектура а потоа посета на Верона. Прошетка низ плоштадите Бра, Ербе и Данте, Арената, куќата на Јулија.Слободно време за прошетка по пешачката улица Мазини, и можност за шопинг. Не пропуштајте добра Италијанска пица на плоштадот Бра. Во договор со водичот поаѓање кон Скопје.  Ноќно возење со попатни паузиза одмор и царински формалности.

27.05.2018 (недела)МАКЕДОНИЈА

Пристигнување во Скопје во претпладневните часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТдо 05.05.2018 129 €  (7.998 ден.)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ – 139 €  (8.618 ден.)

 


ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:                                                   

  • Превоз со туристички автобус на наведената релација
  • Сместување во хотел 3* во Лидо ди Јесоло на база 2 ноќевања со појадок
  • Посета на Трст
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:          

  •  Посета на Сирмионе и Верона - 10€ (превоз и разглед со претставник од агенцијата)-задолжителна факултатива
  • Разглед на Венеција со локален водич + превоз со брод на релација Пунта Сабионе – Венеција – Пунта Сабиони (20 €),
  • Посета на Фиренца – 45 € (превоз + локален водич)-минимум 30 патника
  • Туристичка такса која се плаќа во хотел ( 1   по лице по ноќ, се плаќа во агенција)
  • Влезници за музеите и културно-историските споменици

ОПШТИ НАПОМЕНИ:

  • Организатор на аранжманот е ТА АтлантиС
  • Резервација се прави со уплата на 30% од вкупнот износ на аранжманот
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 45 патника
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот, односно до 28.08.2018 година.
  • Организаторот го задржува правото за промена на цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот илихотелот
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот5 дена преддатумот на започнување на истиот
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
  • Организаторт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.

Задолжително пријавување за факултативите до 05.05.2018 и минимум пријавени патници за  реализација: 30                                                        

За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ и Т.А.АтлантиС


Сезони



Награди и признанија

1. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2017 год.
2. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2016 год.
3. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија, 2015 год.
4. Топ 100 ВИП локации во Источна Европа од Western Union, 2015 год.
5. Награда за 20 години постоење и значителен придонес во туризмот од Општина Струмица, 2015 год.
6. Благодарност и најдобро партнерство во Република Македонија доделен од страна на Turkish Airlines,2014 год.
7. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија,2012 год.
8. Изворедна поддршка и посебна соработка со Turkish Airlines, 2012 год.



Let's socialize




© 2015
All Rights Reserved


Тури



Корисничка поддршка
+389 2 3 22 99 22
marketing@atlantis.com.mk