ПАТ ОКОЛУ СВЕТОТ ЗА 1 ДЕН
(Клагенфурт со Минимундис, езерото Wörthersee, Блед, Љубљана
23.05.2018 – 27.05.2018(5 дена / 2 ноќевања)
ПРОГРАМА
1 ден (23.05.2018 - среда ) - СКОПЈЕ - КЛАГЕНФУРТ
Состанок со групата, на паргингот пред ВИП хотел во договорено време.Тргнување од Скопјe. Ноќно возење преку Србија,Хрватска, Словенија со попатни паузи за одмор и царински формалности.
2 ден (24.05.2018– четврток) – КЛАГЕНФУРТ
Пристигнување во Клагенфурт во пладневните часови. Следува разглед на централниот дел од градот и неговите знаменитости: катедралата Св. Тројство, Alter Platz, старото и новото собрание, Landhaus, Neuer Platz и фонтаната со змеј - најпрепотназливиот симбол на градот.Во самиот град може да се погледнат преубави ренесансно уредени дворови во кои што се сместени модерни бутици, локали , кафичи, гостилници..Слободно време за прошетки или шопинг во познатиот шопинг центар City Arkaden.Следува сместување во хотел. Ноќевање.
3 ден (25.05.2018 – петок) - КЛАГЕНФУРТ – МИНИМУНДИС - ЕЗЕРОТО WORTHERSEE
Појадок. По појадокот во договорено време тргнуваме кон светски познатиот забавен парк на минијатурни градби МИНИМУНДИС.Под отворено небо, на голема површина сместени се над 160 модели на најпознатите светски градби... можност да се прошетате низ Рим, Париз, Истанбул,Египет,Индија, САД ...во делот со интерактивни поставки да погледнете лансирање на ракета или праисториските диносауруси и уште многу интересни нешта ...После лудата забава и патувањето околу светот може да се одморите и да се напиете кафе во ресторанот кој располага со над 400 места за седење. Во договорено време се тргнува кон најпознатиот центар за релаксација и рекреација, езерото Wörthersee.Прошетка покрај езерото и поглед на луксузните вили на австрискиот џет-сет, преубави слаткари и кафани.Слободно време за индивидуални активности...Во договорено време враќање назад во Клагенфурт. Ноќевање.
4 ден (26.05.2018 – сабота ) КЛАГЕНФУРТ – БЛЕД - ЉУБЉАНА
Појадок. После појадокот, напуштање на хотелот и упатување во посета на Блед – бисерот на Словенските Алпи.Прошетка покрај езерските води опкружена од планинските врвови. Можност за посета на Бледската тврдина од каде се простира раскошен поглед на целото езеро или пловидба со традиционален чамец до централниот остров каде што се наоѓа црквата Св.Марија со добро сочувани фрески и можност за посетителите да зазвонат за среќа и исполнување на желба.Слободно време за индивидуални активности, уживање со шоља кафе и познатите бледски кремпити.Патувањето го продолжуваме кон Љубљана.Пристигнување во Љубљана и разглед на градот и неговите знаменитости: Змејскиот Мост, Пречерновиот споменик, Фрањевачка Црква, Фонтаната на трите реки...Во попладневните часови тргнување кон Македонија.
5 ден (27.05.2018 – недела ) СКОПЈЕ
Пристигнување во Скопје во претпладневните часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ до 05.05.2018 - 149 € (9.238 ден.)
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ - 159 € (9.858 ден.)
Во цената на аранжманот e вклучено :
Во цената на аранжманот не е вклучено :
ОПШТИ НАПОМЕНИ:
Задолжително пријавување за факултативите до 05.05.2018 и минимум пријавени патници за реализација: 30