Истанбул Велигден 2018 | 2 ноќевања

Истанбул

Име на сместување
Држава
Дестинација

ВЕЛИГДЕН ВО ИСТАНБУЛ

СИГУРНА РЕАЛИЗАЦИЈА!!!

05.04 - 09.04.2017 / 5 дена / 2 ноќевања

 

 

1 ден (05.04.2018 – Четврток) – СКОПЈЕ – СТРУМИЦА – ГРЦИЈА   

Состанок со групата пред ВИП хотел во Скопје. Поаѓање за Истанбул. Ноќно патување преку Грција со попатни паузи за одмор и царински формалности.

 

2 ден (06.04.2018 – Петок) – ИСТАНБУЛ (ПАНОРАМСКИ РАЗГЛЕД, КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР РЕСТОРАН) 

Пристигнување во Истанбул во утринските часови. Факултативен панорамски разглед на европскиот и азискиот дел на Истанбул: Римскиот Аквадукт, Златниот Рог, Таксим, Галата Кула, Бешикташ, Ортакој, преминуваме преку мостот кој ги поврзува двата континенти и стигнуваме на азискиот дел во посета на ридот Чамлиџе, кој е висок 268 метри и е највисоката точка на Босфорот. Можност за одмор, појадок, кафе во еден од рестораните или кафетериите на ридот. Тоа е омилено излетничко место на локалните жители, па и на туристите. Неговата убавина инспирира многу писатели и поети при што е опеана во многу песни и поеми. Сместување во хотел. Крстарење по Босфор со панорамски разглед на мостовите, кои го поврзуваат Европскиот и азискиот дел на Истанбул, во времетраење од 1,5 до 2 часа. Посета на Египетскиот пазар и можност за шопинг. Слободно време на египетскиот пазар околу 1 час.  Во вечерните часови посета на национален ресторан со богата шоу програма и вечера. Ноќевање.

 

3 ден (07.04.2018 – Сабота) – Истанбул (СИНА ЏАМИЈА, АЈА СОФИЈА, ТОП КАПИ)   

Појадок во хотел. После појадокот факултативна посета на Сината џамија, посета на Аја Софија (факултативно), Посета на Топ Капи палатата (факултативно) – музеј со непроценлива колекција на споменици и уметнички дела – сегашниот изглед на палатата датира од времето на Сулејман Величествениот.  Слободно време во Капали чаршија. Враќање во хотелот. Во вечерните часови можност за посета на Цариградската патријаршија. Ноќевање.

 

4 ден (08.04.2018 – Недела) – ИСТАНБУЛ (ДОЛМАБАХЧЕ, САФИР СЕЈИР ТЕРАСИ)    

Појадок во хотел. Напуштање на хотелот. Факултативна посета на Долма Бахче Сарај - последната палата на Отоманските Султани, која содржи музејска збирка со непроценливо богатство. Можност за посета на највисоката зграда во Европа(236м)Враќање во хотел. Sapphire Seyir Terasi (панорамска тераса), можност преку четиридимензионалното небесно возење до хелихоптер над Истанбул да ги посетите најзначајните знаменитости: Галата Кула, Златниот Рог, Сината Џамија, Аја Софија, Топ Капи, Девојачката Кула. Посета на шопинг центарот Форум. Заминување за Македонија во доцните попладневни часови. Ноќно возење преку Грција.

 

5 ден (09.04.2018 – Понеделник) – СТРУМИЦА - СКОПЈЕ              

Пристигнување во Македонија во раните утрински часови (Струмица / Скопје).

 

 


ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ – 89 € (5.518ден.)

 

 

 

Во цената на аранжманот вклучено е:

  • Превоз со туристички автобус на наведената релација,
  • Сместување во двокреветни соби во Grand Gross Hotel 3* во Истанбул на база на 2 ноќевање со појадок,
  • Професионален туристички придружник од агенцијата,
  • Организација и реализација на програмата

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Панорамски разглед на Истанбул – Европски и Азиски дел со локален водич и автобус -  15 €
  • Крстарење по Босфор – 15€
  • Посета на Национален ресторан  - 30 €
  • Посета на Аја Софија (влезница + слушалки + локален водич) – 18 €
  • Посета на Топ Капи (влезница + локален водич) - 17€
  • Посета Долма Бахче Сарај – (превоз со автобус + влезница + локален водич) - 25€,
  • Посета на Saphire Seyir Terasi – (влезница за 4D + локален водич + превоз со автобус) - 15€
  • Патничко осигурување

 

ОПШТИ НАПОМЕНИ:

  • Организатор на аранжманот е ТА АтлантиС
  • Резервација се прави со уплата на 30% од вкупнот износ на аранжманот
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 45 патника
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот, односно до 17.07.2017 година.
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот  во случај на промена на цената на превозот или  хотелот
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот  7 дена пред  датумот на започнување на истиот
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
  • Организаторт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.

 

За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ и Т.А.АтлантиС

 

ОПИС НА ФАКУЛТАТИВИ

  ИСТАНБУЛ

 

 

Аја Софија – http://www.hagiasophia.com/

Аја Софија се преведува и како Црква на Светата мудрост и се смета за најубав пример на византиската уметност. Црквата е градена за време на Византискиот цар Јустинјан и нејзината купола е висока 56 метри и изгледа како да лебди , со што го претставува небото. Била најголема катедрала во светот скоро 1000 години се додека не е изградена катедралата во Севили. По освојувањето на градот од Мехмед Освојувачот, бил толку имресиониран од цркавата па ја претвара во џамија и останува така се додека не  е повторно претворена во Музеј. Аја Софија остана најголема верска зграда во Истанбул, иако секој моќен султан се обидел да ја претвори во џамија. Никој не успеал во тоа бидејќи ја нагласува величественоста на црквата каде што се нагласени прекрасните визанстиски мозаици. Музејот денес е една од најголемите атракции за туристите во Истанбул и препорачливо е посетата на истиот да почне рано изутрина бидејќи во текот на денот после 10 часот почнуваат долгите редици од туристи.

 

\Топ Капи, http://www.topkapisarayi.gov.tr/

При главниот влез на Топ Капи Палатата, од десната страна се наоѓа црквата Света Ирина, единствена христијанска црква во Истанбул која никогаш не е претворена во џамија. Ова палата е прва  на многуте листи на знаменитости во Истанбул, тоа е палата во која турските султани  кои со векови живееле, вистински град во град. Комплексот е огромен, гужвите се големи за влез во ризницата каде што се наоѓаат светите мошти на Исламот ( Мухамедовиот заб)и Христијанството ( раката на Св. Јован Крстител), тука се изложени колекцијата на часовници на султанот, приборите за јадење и доста подароци  меѓу кои се наоѓа и најголемиот дијамант на светот. Во палатата се чувствува автентичниот дух на Османлиската Имерија.  Редицата за билети е прилично долга, но има многу билетарници, и кога е групно организирано, редицата оди многу бргу. Работно време: 9:00-17:00

 

Долма Бахче Сарај  http://www.dolmabahcepalace.com/

Долма Бахче Палатата е отворена секој ден освен понеделник и четврток од 09:00 - 17:00. Палатата е градена во европски стил и ја заменува старата Топкапи Палата во средина на 19 век. Се во палатата зрачи со лукскуз поради исклучително вредни и скапи збирки на непроценливо богатство. Палатата е поделена на две дела, Селамлик – дел за мажите и Харем – делот за жените. Во харемот се просториите во кои живеел и умрел таткото на турската нација Кемал Ататурк. Долма Бахче Палатата е изградена во 19 век и е една од најгламурозните палати во светот. Таа била административен центар  на крајот од Отоманската Империја со последниот Султан кој живеел таму. Палатата располага со непроценливо богатство

 

Крстарење по Босфорhttp://www.bosphorustour.com/Bosphorus-cruise.html

Престојот во Истанбул не е комплетен без традиционалното и незаборавно крстарење по Босфорот, теснецот кој ги дели Азија и Европа. Бреговите од двете страни претставуваат мешавина од минатото и сегашноста, од модерни раскошни хотели, палати до приватни куќи. За време на патувањето се поминува покрај прекрасната Долма Бахче Палата, зелените паркови и царските паваљони на Јилдиз Палатата, Белербеј Палатата која се наоѓа покрај самиот мост од Азиската страна, под двата моста кои го дели Истанбул на Азиски и Европски дел......прекрасна панорамска прошетка низ Истанбул.

 

Сафир Сеир Тераси http://www.istanbulsapphire.com

Сафир Сеир Тераси е највисоката зграда во Европа од 236 метри. Првите два спрата нагоре и околу 4 спрата надоле е шопинг центар каде што можете да најдете повеќе познати бреднови ( H&M, Cotton, LC Waikiki…) На врвот од зградата се наоѓа тераса со панорамски поглед на Истанбул, каде што во мала кино сала се овозможува 4Д проекција, симулација на надлетување на Истанбул со хелихоптер и можност и шанси да го почуствуваат сјајот на Борфорот, шармот на Момината кула, или позната како Мејден Кула, магичната Аја Софија, тајната на Топ капи Палатата, Брилијатниата Султанахмет џамија ( Сината џамија), застрашувачката природа на базиликата, цистерната, страшниот вртлог, дервишите, убавините на модерниот дел од истанбул, ппоштадот таксим, Истаклал Улицата... сето ова можете да го доживеете во четвртата димезија во Сафир Сеир Тераси.

 

Сината џамија http://www.bluemosque.co/

Силтанахмет џамијата е историска џамија во Истанбул, која истотака е наречена и Сината џамија поради сините плочки околу зидовите и внатрешниот дизајн на џамијата. Покрај се, уште е активна како џамија, така што за туристите е затворена по 5 пати дневно половина час за време на молитвите и е доста популарна туристичка атракција.

 

Капали Чаршија , http://www.kapalicarsi.org.tr/index.php

 Капали Чаршија во Истанбул е еден од најголемите и најстарите затворени пазари во светот со 61 покриени улици и над 3000 продавници коишто привлекуваат од 25000 до 400000 туристи дневно. Цените во Капали Чаршија се високи и препорачливо е да се влезе и да се види како значаен локалитет во Истанбул.

Сезони



Награди и признанија

1. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2017 год.
2. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2016 год.
3. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија, 2015 год.
4. Топ 100 ВИП локации во Источна Европа од Western Union, 2015 год.
5. Награда за 20 години постоење и значителен придонес во туризмот од Општина Струмица, 2015 год.
6. Благодарност и најдобро партнерство во Република Македонија доделен од страна на Turkish Airlines,2014 год.
7. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија,2012 год.
8. Изворедна поддршка и посебна соработка со Turkish Airlines, 2012 год.



Let's socialize




© 2015
All Rights Reserved


Тури



Корисничка поддршка
+389 2 3 22 99 22
marketing@atlantis.com.mk