Малта 1ви Мај


Име на сместување
Држава
Дестинација

МАЛКУ ПОРАЗЛИЧЕН МАЈ - МАЛТА

29.04. – 02.05.2018

Со авион од Скопје / 4 дена / 3 ноќевања

Малта и нејзините сестрински острови Гозо и Комино- сместени во центарот на Медитеранот, со многу поволна клима и голем број сончеви часови, кристално сини води, се вистински рај за оние кои сакаат да доживеат целосно ново искуство. Историско наследство на Малта сведочи за 7000 години долгата цивилизација, ја освојувале бројни народи и оставиле свои траги, а својата слава ја доживела за времето на познатите витези од редот на Свети Јован.Наследството на различните доминации кои владееле над островите во текот на вековите може да се видат, почувствуваат и восхитуваат.Оваа необична мешавина на култури и мноштво на историски споменици и туристички атракции, денес и дава на Малта посебен шарм.

 

ПРОГРАМА


1 ден (29.04.2018 – недела )  |  СКОПЈЕ – МАЛТА

Состанок со групата на аеродромот Александар Велики во Скопје во 15:50 часот. Полетување за Малта во 17:50 со директен лет на авиокомпанијата Wizz Air. Пристигнување на аеродромот во Малта во 19:35 часот. Трансфер до хотел.Сместување во хотел.Ноќевање

 

2 ден (30.04.2018понеделник ) | МАЛТА– ВАЛЕТА - МДИНА

Појадок. Предлог за денешниот ден -  факултативна  посета на Валета и Мдина.Се упатуваме на полудневен факултативен излет на централна Малта. Посета на стариот главен град на Малта , Мдина, уште познат и како тивкиот град. Додека се шетате низ тесните сликовити улички, ќе дознаете интересни историски податоци за островот Малта и ќе се искачите на градските ѕидини од каде што ќе имате прекрасен панорамски поглед на целиот остров. Продолжуваме кој Моста, град познат по кружната цркваRotunda of St Marija Assunta,изградена во 19 век по примерот на Римскиот Пантеон. Црквата е позната и по фактот дека за време на  II Светска војна, била погодена со граната тешка 200кг. која пропаднала низ кровот но не експлодирала.Реплика од гранатата сеуште се чува во црквата. Продолжуваме кон занаетчиското село Ta'Qali(поранешен воен аеродром)каде што се наоѓаат најразлични занатски услуги како изработка на стакло, филиграни, дрвенарија, чипка и различни сувенири од островот....Во договорено време, се тргнува кон Валета, каде што следи организиран разглед со локален водич.Разгледот ќе ви овозможи да ги откриете убавините наградот  изграден од Витезите на Св. Џон.Прошеткат води конГрадините Горна Барака (Upper Barrakka Gardens), од каде што се пружа неверојатен панорамски поглед на Големото пристаниште (Grand Harbour), посетата на  Ко-катедралата на Свети Јован (St. John’s Co-Cathedral), кој е дом на ремек-делото на Караваџо (Caravaggio) "Обезглавувањето на Свети Јован" ("The Beheading of Saint John"). Bраќање назад во хотел.. Ноќевање.

 

3 ден (01.05.2018вторник ) | МАЛТА - ГОЗО

Појадок. Можност за целодневен факултативен излет на островот Гозо (Calypso’s Island), вториот најголем остров во Малтешкиот архипелаг.  Поаѓање во утринските часови, заминување со климатизиран автобус конглавниот град и воедно најнаселено место на островот градотVictoriaпорано познат какоRabat.Главна атракција е цитаделата која се наоѓа на една височина од каде што се гледа панаорама од 360˚ на целиот град.Првите остатоци на градот датираат уште од неолитот но првата тврдина почнале да ја градат Феничани а покасно продолжиле Римјаните.Денешниот изглед го добил околу 17 век кога ја довршиле витезите од Малтешкиот ред. Тврдината повеке пати била рушена и многу малку има останато од оригиналната градба.На местото каде што некогаш се наоѓале 3 цркви, подигната е инпресивна катедрала покрај која се наоѓа археолошкиот музеј.Потоа ке го разгледаме предисторискиот комплекс GgantijaTemples, постара градба од египетските пирамиди или Стоунхенџ.Познатата област со огромни карпи Dwejra, познатото селце Xlendi ….Слободно време за индивидуални прошетки.Враќање во хотел. Слободно време. Ноќевање.

 

4 ден (02.05.2018среда) | МАЛТА – СЕЛОТО НА ПОПАЈ - СКОПЈЕ

Појадок. За последниот ден ви предлагаме да го посетите Popeye Village (Селото на Попај).Селото всушност  представува филмски сет, останат од 1980 година од музичката продукција "Popeye". Од тој ден до денес е интересна атракција каде што на момент ќе можете да се почувствувате како дел од филмски сет и да се подружите со ликовите од популарниот филм Попај Морнарот...Може да се позабавувате на Градското игралиште на Дедо Мраз, возење чамци, трамболини, палуби на вода, продавници, сувенирници, винарски визби каде што бесплатно може да се вкуси Малтешко вино ... и секако можност да се посети Музејот на Попај стрипови, зголемен со над 100 оригинални стрипови од 1936 година....Во договорено време враќање назад, слободно време, трансфер до аеродром. Полетување за Скопје во 20:05.Слетување во Скопје во 21:50 часот.

 

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ  – 309 Eur. (19.158 мкд.)

 

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Авионски превоз на релација: Скопје – Малта – Скопје;
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром на Малта;
  • Сместување во хотел  со 3* на Малта -  3 ноќевања со појадок;
  • Голема кабинска торба
  • Туристички придружник од страна на агенцијата за време на целото патување;
  • Професионална организација на аранжманот

 

 ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Аеродромски такси 3.720 мкд.
  • Доплата за куфер 23 кг.
  • Туристичка такса 0,5 евра на ден (се плаќа во хотелот на рецепција)
  • Факултативен излет на Валета и центарлна Малта (трансфер + локален водич).....65 Еур.
  • Целодневен факултативен излет на островот Гозо (трансфер + локален водич) ....60 Еур.
  • Факултативен излет – посета на Popeye Village (трансфер + придружник од агенцијата + влезница) ...35 Еур.
  • Во цената на факултативните излети не е вклучен ручек;
  • Индивидуални трошоци
  • Патничко – здравствено осигурување

 

ОПШТИ НАПОМЕНИ:

  • Организатор на аранжманот е ТА АтлантиС
  • Резервација се прави со уплата на 30% од вкупнот износ на аранжманот
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 20 патника
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот, односно до 03.08.2018 година.
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот  во случај на промена на цената на превозот или  хотелот
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот  5 дена пред  датумот на започнување на истиот
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите
  • За време на панорамски разглед на градот не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици
  • Организаторт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.

 

 Задолжително пријавување за факултативи до 20.04. и минимум пријавени 20 патника за реализација

За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ и Т.А.АтлантиС

 

Сезони



Награди и признанија

1. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2017 год.
2. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2016 год.
3. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија, 2015 год.
4. Топ 100 ВИП локации во Источна Европа од Western Union, 2015 год.
5. Награда за 20 години постоење и значителен придонес во туризмот од Општина Струмица, 2015 год.
6. Благодарност и најдобро партнерство во Република Македонија доделен од страна на Turkish Airlines,2014 год.
7. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија,2012 год.
8. Изворедна поддршка и посебна соработка со Turkish Airlines, 2012 год.



Let's socialize




© 2015
All Rights Reserved


Тури



Корисничка поддршка
+389 2 3 22 99 22
marketing@atlantis.com.mk