Тајланд | Бангкок и Ко Самуи


Име на сместување
Држава
Дестинација

ТАЈЛАНД | БАНГКОК  СО МАГИЧНИОТ ОСТРОВ“ - КО САМУИ

1 НОЌИ - БАНГКОК, 8 НОЌИ - КО САМУИ, АВИОНСКИ ПРЕВОЗ, ТРАНСФЕР, ПРЕТСТАВНИК


Тајланд или официјално како Кралството Тајланд е држава во Југоисточна Азија. Се наоѓа на полуостровот Индокина на површина од 513155 кm2 со околу 63 милиони жители. Главен град е Банкок со околу 8.28 милиони жители. Најзастапена религија е будизмот со околу 93.2%, потоа исламот со 5.5%, христијанството со 0.9%, хиндуизмот со 0.1% и неопределени 0.3%. Тајланд е единствена азиска земја која никогаш не била колонија. Државата ја води воена хунта која е на власт од 2014 - та година, а Тајланд е монархија со кралска династија. До пред неколку месеци на власт беше повеќе од половина век Рама IX - ти, чиј наследник е неговиот ексцентричен син, принцот Маха Ваџиралонгкорн, за чие владеење Тајланѓаните не се многу оптимистички настроени, иако монархот нема никава политичка моќ, но населението во кралот гледа фактор на обединување на државата. Сфаќајќи дека некогашните големи светски сили Британија и Холандија сакаат да стигнат до тајландското богатство, Тајланѓаните изиграле многу паметно со спогодба за слободна трговија и така го избегнале губењето на суверенитетот. Нивната вештина за политика и одлично одбирање на сојузници, ја покажале и после Втората светска војна кога станале партнери со Соединетите Американски Држави, а благодарение на тоа пријателство, во Тајланд пристигнале инвестиции кои добро ги искористиле и станале една од најразвиените земји во Азија и рекордери во извоз на техничка роба, ориз и облека.

Ко Самуи е прекрасно парче рај кој  се наоѓа во Тајландскиот залив, на 560 километри од Бангкок, опкружен со повеќе од 60 помали островчиња… Го нарекуваат „тропскиот рај “ и е полн погодок за љубителите на чистите и песочни плажи, чистото море и бујната вегетација. Некогашното омилено место помеѓу боемите, писателите и другите уметници, за брзо време прерасна во луксузна и модерна дестинација, која денес ја посетуваат многу туристи, од сите краеви на светот. Климата на островот е тропска, со нешто поголем процент на влажност на воздухот. Покрај изобилството од сонце и преубави плажи, овој остров може да пружи и други вредности - бројни будистички храмови, водопади, живописни локални места како и луксузни ресторани со богат избор на специјалитети. Островот е познат и по добриот ноќен живот и шопинг…

  ЦЕНИ И АРАНЖМАН

Пакет Аранжман Бангкок И Ко Самуи

Хотели(Free & Easy):

Тип На Соба

Тип На Услуга

Период На Патување:

Цена Од Лице Во Двокреветна Соба

Цена За Дете Со 2 Возрасни

Ibis Bangkok Sathorn 3*

Al's Laemson Resort Samui 4*

Double / Deluxe Villa

Со појадок

07.01.2018 - 31.10.2018

679 

551 

Mercure Bangkok Siam 4*

Samui Plam Beach Resort 4*

Double room/

Со појадок

07.01.2018 - 31.10.2018

861 

/

Mercure Bangkok Siam 4*

Mai Samui Beach Resort & Spa 5*

Double room / Deluxe

Со појадок

07.01.2018 - 31.10.2018

1165 

387 

Mercure Bangkok Siam 4*

Silavadee Pool Spa Resort & Spa 5*

Double / Jacuzzi Deluxe

Со појадок

07.01.2018 - 31.03.2018

1385 

473 


 можност за плакање на 12 или 24 месечни рати со 0% камата

 Во цената на аранжманот е вклучено: 

  • Авио билет на релација Скопје - Доха - Бангкок - Ko Самуи - Бангкок - Доха - Скопје со Qatar Airways со вклучен багаж 30 kg / 20 kg;
  • 2 ноќевања со вклучен појадок во хотел во Бангкок избран од  табелата;
  • 8 ноќевања со вклучен појадок во хотел  во Ко Самуи избран од табелата;
  • Трансфер на  релација аеродром - хотел во Бангкок и обратно;
  • Трансфер на релација  хотел - аеродром во Ко Самуи и обратно;
  • Претставник од локалните партнери во Тајланд.

Цената на аранжманот не вклучува:

  • Аеродромски такси 298 евра;
  • Влезна виза за Тајланд 90 евра;
  • Бакшижи за водичи, возачи и ресторани;
  • Индивидуални трошоци.

Потребни документи за виза:

  • Формулар за виза;
  • Биометриски пасош (валидност повеќе од 6 месеци);
  • 1 слика пасошки формат;
  • Копија од авио билет.

Екскурзии од Бангкок:

  • Полудневна екскурзија  Royal Grand Palace and Bangkok Temples = 51 € (7.5 h);
  • Полудневна екскурзија  Royal Grand Palace and Bangkok Canal tour = 54 € (7.5 h);
  • Полудневна екскурзија  Floating Market (6.30h) = 43 €.

Екскурзии од  Ко Самуи:

  • Целодневна екскурзија до  Around The Island  со ручек = 47 € (7 h);
  • Целодневна екскурзија до  Coral Isand (Koh Tan) = 47 €(7 h).

Напомена :

  • Патниците мора да имат валидност на пасош повеке од 6 месеци од терминот на патување;
  • Во случај на промена на цената на авиобилетот од страна на авиопревозникот, агенцијата има право да ја промени цената на аранжманот;
  • 50%  депозит  за време на резервација кој не е рефундабилен во случај на откажување;
  • Цената е калкулирана на минимум 2 патници, доколку не се исполни бројката цената трпи промена.

Сезони



Награди и признанија

1. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2017 год.
2. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2016 год.
3. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија, 2015 год.
4. Топ 100 ВИП локации во Источна Европа од Western Union, 2015 год.
5. Награда за 20 години постоење и значителен придонес во туризмот од Општина Струмица, 2015 год.
6. Благодарност и најдобро партнерство во Република Македонија доделен од страна на Turkish Airlines,2014 год.
7. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија,2012 год.
8. Изворедна поддршка и посебна соработка со Turkish Airlines, 2012 год.



Let's socialize




© 2015
All Rights Reserved


Тури



Корисничка поддршка
+389 2 3 22 99 22
marketing@atlantis.com.mk