Барселона 8ми Март 2018

Барселона

Име на сместување
Држава
Дестинација

8ми март во БАРСЕЛОНА

со ДИРЕКТЕН ЛЕТ ОД СКОПЈЕ и БЕСПЛАТНИ 10kg БАГАЖ

04.03 - 07.03.2018

Барселона или „каталонската кралица“ е четвртиот најпосетуван град во Светот. Величествен град со прекрасна убавина, кој живее 24 часа дневно. Уживајте во прошетката низ главната градска улица „Рамблас“, застанете покрај живописните човечки статуи или некој од многубројните улични сликари или пак прошетајте низ Готскиот кварт. Уживајте во уметноста на Антонио Гауди и неговата ексцентрична катедрала „Саграда Фамилија“ и паркот „Гуел“. А ако сте навивач на Барселона, тогаш стадионот „Ноу Камп“ е место, кое треба да го посетите.

 1 ден: (04.03.2018 – недела ) - СКОПЈЕ – БАРСЕЛОНА

Состанок на групата на скопскиот аеродром во 16:00 часот. Полетување за Барселонa во 18:00 ч. Пристигнување во Барселона во 20:45 часот. Трансфер до хотелот и сместување. Ноќевање.

2 ден: (05.03.2018 – понеделник ) - БАРСЕЛОНА (ПАНОРАМСКИ РАЗГЛЕД, РАМБЛАС, АКВАРИУМ, МАРЕМАГНУМ - ФЛАМЕНКО)

Појадок во хотел. Факултативен панорамски разглед на Барселона со метро: плоштадот Каталонија,  авенијата Рамблас, Споменикот на Колумбо, Каса Мило, катедралата Саграда Фамилија (40 минутен разглед), , Готскиот кварт (50 минутен разглед). Прошетка низ познатата улица „Рамблас“, една од најдинамичните улици во Светот. Потоа ќе имате можност за факултативна посета на Аквариумот http://www.aquariumbcn.com/en – еден од најголените и најубавите аквариуми во Европа. Следува слободно време за индивидуални активности и можност  во шопинг центарот „Маремагнум“  за кафе пауза, ручек или  шопинг. Навечер Ви препорачуваме Фламенко вечер во ресторан, каде ќе имате можност да уживате во прекрасното Фламенко шоуто, можност за вечера на принцип шведска маса (доплата), со голем избор на храна и пијалоци (оние кои што доаѓаат на Фламенко со вечера, почетокот е во 19.30, а оние кои се за Фламенко со пијалок, почетокот е во 20.10 часот). Враќање во хотел со метро. Ноќевање.

3 ден: (06.03.2018 – вторник ) -  БАРСЕЛОНА (ЗООЛОШКА ГРАДИНА и ПАРК ЦИТАДЕЛА)

Појадок во хотел. За денешниот ден, наш предлог е целодневна факултативна посета на парк Цитадела и Зоолошката градина . Сместена во централниот парк на Барселона, представува една од најголемите и најпосетени Зоолошки градини со преку 1 милион посетители годишно. Во огромното пространство сместени се над 2.500 видови на животни. Изградена е како отворен тип на ЗОО, односно постои можност голем број од животните да се погалат со рака. До пред неколку години, оваа зоолошка градина беше дом на единственото албино горила што постоеше во светот. Атрактивна е за сите возрасти и представува забава за цела фамилија...Индивидуално враќање во хотел и слободно време... Навечер Ви препорачуваме индивидуална посета на Шпанскиот плоштад и на Магичните фонтани. Враќање во хотел. Ноќевање.

4 ден: (07.03.2018 – среда ) - БАРСЕЛОНА (ПАРК ГУЕЛ–ШПАНСКО СЕЛО - НОУ КАМП ) – СКОПЈЕ

Појадок во Хотел. За денешниот ден, предлог факултатива е посета на стадионот Ноу Камп“ на кој игра фудбалскиот клуб „Барселона“. Ќе имате можност да го видете музејот на клубот со многубројните трофеи...Потоа следува факултативен излет – прекрасен полудневен излет (5 саати) низ парковите на Барселона. Првин одиме во посета на паркот Гуел, кој е едно од најголемите ремек дела на Антони Гауди и знаменитост на Барселона. Потоа се упатуваме кон Шпанското село и го посетуваме овој музеј на отворено. Настанато во 30-тите години на XX  век, како изложба, која требало да ги обедини и прикаже основните карактеристики и разноликоста на селата во Шпанија...Слободно време за индивидуални активности.Организиран трансфер до аеродром во 19:00 часот, полетување за Скопје во 21:20.Пристигнување во Скопје во 23:55 часот.

 

ЦЕНА ПО ЛИЦЕ : 349€ / 21.638  ден.

Доплата за еднокреветна соба 125 €/7.750 ден.

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧЕНИ СЕ СЛЕДНИТЕ УСЛУГИ:

  • Директен лет на релација Скопје – Барселона – Скопје со авикомпанија Wizz Air
  • Голема кабинска торба 10 kg БАГАЖ вклучени во цената
  • Организирани трансфери: аеродром – хотел – аеродром
  • Сместување во двокреветни соби во хотел EURO GRAN VIA FIRA 4**** ,
  • Организирани прошетки според програмата со придружник од агенцијата
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ СЕ ВКЛУЧЕНИ СЛЕДНИТЕ УСЛУГИ:

  • Аеродромски такси по лице се 3.100 денари,
  • Туристичка такса се плаќа во хотел – 1 € по лице на ден,
  • Билети за јавен превоз со метро
  • Патничко осигурување

    ФАКУЛТАТИВИ :

  • Организиран панорамски разглед на Барселона со водич – 26 €
  • Посета на Ноу Камп (претставник од агенција, билет, трансфер со метро и не е вклучено во цената) – 34 € / само билет 24 €,
  • Посета на Парковите на Барселона (Парк Гуел, Шпанско село) со водич и билет – 55 €,
  • Посета на Зоолошка Градина – 28 €,
  • Фламинко шоу со пијалок - 40 €, со вечера 55 €
  • Аквариум  (влезница и претставник од агенција) - 21 €,

ВАЖНА НАПОМЕНА : ПОРАДИ ПОТРЕБА ЗА НАВРЕМЕНО РЕЗЕРВИРАЊЕ И УПЛАТА НА ВЛЕЗНИЦИ, ПАНОРАМСКИОТ РАЗГЛЕД, ПАРКОВИТЕ И ЗОО СЕ УПЛАЌААТ ВО АГЕНЦИЈА ,НАЈМАЛКУ 20 ДЕНА ПРЕД ПАТУВАЊЕТО. НЕ ГАРАНТИРАМЕ ВЛЕЗ ДОКОЛКУ КЛИЕНТОТ СЕ ОДЛУЧИ ЗА ПОСЕТА НА ФАКУЛТАТИВА НА ЛИЦЕ МЕСТО.

 

 

ОПШТИ НАПОМЕНИ:

  • Организатор на аранжманот е ТА АтлантиС
  • Резервација се прави со уплата на 30% од вкупнот износ на аранжманот
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 25 патника
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот, односно до 08.06.2018 година.
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот  во случај на промена на цената на превозот или  хотелот
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот  5 дена пред  датумот на започнување на истиот
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици
  • Организаторт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.

 

Задолжително пријавување за факултативите во агенција до 26.02.2018 и минимум пријавени патници за  реализација: 20.

За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ и Т.А. АтлантиС


Сезони


- Double room

Типмин. лицамин. ноќевања04.03 - 07.03
за членDouble room
Ноќевање со појадок 11 484
21 359
Аеродромски такси 11 50

Награди и признанија

1. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2017 год.
2. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2016 год.
3. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија, 2015 год.
4. Топ 100 ВИП локации во Источна Европа од Western Union, 2015 год.
5. Награда за 20 години постоење и значителен придонес во туризмот од Општина Струмица, 2015 год.
6. Благодарност и најдобро партнерство во Република Македонија доделен од страна на Turkish Airlines,2014 год.
7. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија,2012 год.
8. Изворедна поддршка и посебна соработка со Turkish Airlines, 2012 год.



Let's socialize




© 2015
All Rights Reserved


Тури



Корисничка поддршка
+389 2 3 22 99 22
marketing@atlantis.com.mk