Израел & Јордан – Нова Година 2018 од Скопје

Israel

Име на сместување
Држава
Дестинација

ИЗРАЕЛ И ЈОРДАН– НОВА ГОДИНА

28.12.2017 – 04.01.2018г.

7 дена / 6 нокевања / 6 појадоци / 4 вечери

 

1 ден / 28.12.2017 – Скопје – Истанбул – Тел Авив - Нетанија

Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 06:55ч. и полетување од аеродромот во Скопје во 08:55 ч.. Слетување на аердромот  Бен Гурион во Тел Авив во 19.20ч. Вечерен трансфер и пријавување во хотел во Нетанија. Ноќевање.

2 ден / 29.12.2017 – Галилејско Езеро – Назарет – Граничен премин Шеик Хусеин – Јордан

Појадок. По појадокот заминување со автобус до Назарет – местото каде што Исус го поминал своето детство, посета и разгледување на Црквата на Благовештението. Следи посета на Кана Галилејска, местото на првото чудо на Исус Христос, претворање на водата во вино. Продолжување на патувањето кон Капернаум, центар на дејноста на Исус Христос. Тука се наоѓаат остатоците од античката синагога и урнатините на куќата на Св. Апостол Петар. Заминување кон Табха, местото на "Чудото со умножувањето на рибите и лебот" и можност да го погледнете мозаикот од византиската базилика од 5 век. Возење до граничниот премин Шеик Хусеин – преминување на границата од Израел во Јордан, возење до Аман. Сместување во хотел во Аман. Вечера. Ноќевање.

3 ден / 30.12.2017 – Аман – Петра

Појадок. Заминување на екскурзија јужно од Аман, каде ќе се посетат Мадаба и планината Небо највисока во опсегот Моабит, кој бил за центар за аџилак од најраните христијански времиња. Мадаба, библискиот град познат по најдобрите византиски мозаици во светот, вклучувајќи го и познатиот мозаик Картата на Мадаба од 6-от век, мозаик од два милиони обоени камчиња на кој е прикажана мапа на Ерусалим и „Светата Земја“, кој се наоѓа во црквата Св. Ѓорѓија. Потоа следи возење по кралскиот автопат преку реката Вади Ал Муџиб (Wadi al-Mujib) која длабоко и величествено сече низ карпестите висорамнини пред да се влее во Мртвото Море. Продолжување на патување кон Керак и посета на Замокот на крстоносците Керак, кој се наоѓа на јужната страна на градот Керак, 124км јужно од Аман. Замокот Керак првично бил изграден во периодот на крстоносците, подоцна е проширен и зајакнат за време на владеењето на династијата Ајубиди (Ayyubid) и султанатот Мамлук (Mamluk). Потоа продолжување на патувањето кон Петра. Сместување во хотел. Вечера. Ноќевање.

4 ден / 31.12.2017 – Петра – Аман     ***Нова Година 2018

Појадок. Заминување на целодневна екскурзија до „Изгубениот град” Петра, престолнината на Набатејците – избрана како едно од новите седум светски чуда во 2007г. По пристигнувањето започнува незаборавно патување со јавање на коњ, па потоа пеш низ кањонот додека стигнеме до Трезорот.

Градот е сместен во вдлабнатата планинска долина Вади Муса (долината на Мојсеј). Розевоцрвеникавиот град Петра бил најпросперитетен важен премин на некогашните трговски патишта. Петра е обиколен од високи планини и до него се стигнува преку тесни патеки. Неговите впечатливи згради, кои се издлабени во карпи, се зачувани недопрени. Време е за разгледување на Каснех ал-Фарун (Ризницата), многубројните скалести гробници, амфитеатарот, Триумфалната капија, карденот со колонадите. После тоа враќање назад во хотелот во Аман  ноќевање и факултативна ***Незадолжителна  новогодишна прослава во локален ресторан во Аман – цена по лице: 80€.

5 ден / 01.01.2018 – Аман – Мостот Аленби – Витлеем

Појадок. По појадокот, преминување од Јордан во Израел преку граничниот премин Аленби и заминување кон Каср ал Јахуд (Qasr al-Yahud) – местото на крштевање на бреговите на реката Јордан, местото каде што според традицијата, Исус бил крстен од Јован Крстител. Следува Јерихон - град кој се наоѓа на најниска надморска височина и еден од најстарите градови во светот. Застанување да се види смоквиното дрво на Св. Апостол Закхеј, па следува разглед на  на Манастирот на искушенијата, лоциран во карпите, каде Исус Христос постел и се молел четириесет дена и четириесет ноќи. Возење покрај бреговите на Мртвото Море, место со најниската надморска височина во светот. Продолжување на патувањето до Мртвото Море; уживајте во уникатната можност да пливате во Мртвото Море и да ја пробате калта богата со минерали за која многумина веруваат дека има терапевтски ефекти. Заминување кон Витлеем. Сместување во хотел. Вечера. Ноќевање.

6 ден / 02.01.2018 – Ерусалим – Стариот град

Појадок. Заминување кон Малсиновата планина (маслинова Гора) од каде се пружа панорамски поглед на градот.  Продолжуваме кон брдото Сион (градот на Давид), каде се наоѓаат гробот на кралот Давид и собата на Тајната Вечера и Црквата Успение на Пресвета Богородица. Пешачки разглед на Стариот град на Ерусалим: ќе поминете низ ерменските и еврејските населби до неодамна ископаниот и обновен Кардо, Римскиот пат, посета на Ѕидот на Плачот, единствената структура која е останата од Ерусалимскиот Храм на Соломон, и продолжуваме кон Христијанската населба. Продолжуваме кон Виа Долороса (лат. Патот на Болката), улицата по која во древниот Ерусалим Исус Христос минувал со крстот до местото на распнувањето – Голгота, па посета на Базиликата на Светиот Гроб, наречена и Црква на Воскресението - најсветото место за Христијанскиот свет, каде Исус е распнат, погребан и од каде воскреснал. Враќање во хотел во Витлеем. Вечера. Ноќевање.

7 ден / 03.01.2018 – Ерусалим, Новиот град – Вителеем – Бен Гурион

Појадок. Посета на местото на раѓање на Исус Христос во Витлеем и посета на базиликата ,,Рождеството Христово’’, која е изградена во чест на тој настан и е најголема знаменитост на градот. Продолжуваме со  посета на Јафа и Тел Авив. Следи возење низ главните улици на Тел Авив, центар на бизнисот и забавата во Израел, исто така познат како "Белиот град" и прогласен од УНЕСКО како светско културно наследство. Застануваме на плоштадот Рабин, местото на атентатот на премиерот Јицак Рабин. Продолжуваме до Јафа, еден од најстарите градови на Блискиот Исток, кој се наоѓа на височинка, од каде се пружа прекрасeн поглед кон брегот на Тел Aвив и неговите плажи, град стар 8000 години. Посета на античките урнатини и прошетка по реставрираната уметничка населба. Ќе поминеме покрај Неве Цедек, првата населба во Тел Авив, изградена во 1887 година.

Во 17:00 часот продолжуваме со трансфер кон аеродромот Бен Гурион. Лет за Скопје преку Истанбул после полноќ во 01:00 часот. Слетување на аеродромот во Скопје во 08:00 часот.

 

Дати на патување и цени:

Датуми на патување

Возрасен во двокреветна соба

Трет возрасен во двокреветна соба

Дете 2-10.99 год. со двајца возрасни во двокреветна соба

Еднокреветна соба

28.12.17 - 04.01.18

758

734

718

898

 

Хотели во програмата:

Датум

Локација

Хотел

Број на ноќевања

28.12 – 29.12.2017

Нетанија

Margoa Hotel 3* http://www.hotelmargoa.co.il/ или сличен

1

29.12 – 30.12.2017

Аман

Rum Hotel Amman 3* http://www.rumhotels.com/ или сличен

1

30.12 – 31.12.2017

Петра

Edom hotel Petra 3* http://www.edomhotelpetra.com/ или сличен

1

31.12 – 01.01.2018

Аман

Rum Hotel Amman 3* http://www.rumhotels.com/ или сличен

1

01.01 – 03.01.2018

Витлеем

Paradise Hotel 3* http://www.paradisebethlehem.com/ или сличен

2


 

Цената на аранжманот вклучува :
- авионски билет Скопје - Тел Авив - Скопје со вклучен багаж;

- 1 ноќевање со појадок во Нетанија, хотел 3 *;

- 1 ноќевања со појадок и вечера во Аман, хотел 3 *;

- 1 ноќевање со појадок и вечера во Петра, хотел 3 *;

- 1 ноќевања со појадок  во Аман, хотел 3 *;

- 2 ноќевања со појадок и вечера во Витлеем, хотел 3 *;

- претставник од агенција

- луксузен автобус со бесплатен WI-FI во Израел;

- сите трансфери на програмата;

- гранични такси

- сите екскурзии во програмата;

- влезни билети за објекти во програмата;

- Сертфикат за аџилак;

- водич  кој ја придружува групата за време на целиот престој;

 

Цената на арнажманот НЕ вклучува:

- аеродромски такси од 162€;
- Новогодишна Гала вечера – цена по лице: 80€.

- бакшиши - 5 $ на турист на ден (се плаќа на место, односно Израел и Јордан);

- сите оброци кои не се споменати во програмата;

- лични трошоци.


Распоред за полетување:

ТК 1004

28.12.2017

Скопје

08:55

Истанбул

12:30

ТК788

28.12.2017

Истанбул

18:20

Тел Авив

19:20

TK791

04.01.2018

Тел Авив

01:00

Истанбул

04:10

ТК 791

04.01.2018

Истанбул

08:30

Скопје

08:00

 


Услови за резервација:

Начин на плаќање: – депозит 50 % (неповратен во случај на откажување). Копија од пасош со важност од 6 месеци од датумот на враќање. Доплата на аранжманот  30 дена пред датумот на поаѓање.

Минимален број на туристи за остварување на екскурзијата: 20 патници.
Рок за известување при недостигнување на миналниот број туристи: 7 дена пред датумот.

Потребни документи: пасош; нема виза, санитарни и медицински барања.

Рокови за откази и казни:

- меѓу 59-тиот и 30-тиот ден пред датумот на поаѓање се задржува големината на уплатениот депозит;

- меѓу 29-тиот и 20-тиот ден пред датумот на поаѓање се уплаќа 50% од вредноста на екскурзијата;

- меѓу 19-тиот и 10-тиот ден пред датумот на поаѓање се уплаќа 80% од вредноста на екскурзијата;

- кај помалку од 10 дена се уплаќа 100% од вредноста на екскурзијата.

 

Пакетната цена е пресметена по курс 1 USD = 52,3 ден. При промена на  девизниот курс со повеќе од 5% во периодот до почетокот на туристичкото патување, агенцијата го задржува правото за прекалкулирање на цената на аранжманот, согласно промената на девизниот курс.

 

 

 

 

 

 

Сезони



Награди и признанија

1. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2017 год.
2. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2016 год.
3. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија, 2015 год.
4. Топ 100 ВИП локации во Источна Европа од Western Union, 2015 год.
5. Награда за 20 години постоење и значителен придонес во туризмот од Општина Струмица, 2015 год.
6. Благодарност и најдобро партнерство во Република Македонија доделен од страна на Turkish Airlines,2014 год.
7. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија,2012 год.
8. Изворедна поддршка и посебна соработка со Turkish Airlines, 2012 год.



Let's socialize




© 2015
All Rights Reserved


Тури



Корисничка поддршка
+389 34 345 212
marketing@atlantis.com.mk