Seychelles


Име на сместување
Држава
Дестинација

Seychelles

08.10.2017-18.10.2017

 

Се наоѓа во Индискиот океан, на 1500км од источниот брег на Африка. Република Сејшели претставува заедница од околу 155 острови, богати со недопрена природа . Сејшелите се најмала суверена афричка држава, со само 92.000 жители. Се одликува со живописни плажи, густа тропска шума и тиркизна боја на водата, кои сите заедно го прават архипелагот исклучително убав и привлечен. Покрај островот Mahe, најпознати острови се Praslin и La Digue. Во овие рајски острови можете да уживате кога сакате, бидејќи има топла тропска клима во текот на целата година дневните температури се малку под 30 степени. Ви ги посакуваме Сејшелите ...

Хотел

Услуга

По лице во двокреветна соба

Berjaya Beau Vallon Bay Resort & Casino***

Со појадок

1445€

Berjaya Beau Vallon Bay Resort & Casino***

Полу пансион

1647€

Berjaya Praslin Beach 3***

Со појадок

1287€

Berjaya Praslin Beach 3***

Полу пансион

1625€

Kempinski Seychelles Resort 5 *****

Со појадок

1805€

Kempinski Seychelles Resort 5 *****

Полу пансион

2219€

 

 

1. Ден:  Скопје - Истанбул
Полетување од Скопје во 20:55 и слетување во Истанбул во 23:30.

2-10 Ден: Истанбул-Махе
Престој во избраниот хотел според табелата, слободно време за индивидуални активности и факултативни излети.

 

11. Ден:  Одјавување од хотел. Трансфер . Полетување од Махе во 21:45

 12. Ден:  Слетување во Истанбул во 04:10 , полетување во 08:00 и слетување во Скопје во 08: 30.

 

 

Во цената на аранжманот е вклучено :

• Авиобилет на релација Скопје-Сејшели-Скопје (Со вклучен багаж од 20кг)

• трансфер на релација аердром-хотел-аердром 

• 9 ноќевања со вклучен појадок во хотел избран од  табелата

   Придружник од агенција

 

Цената на аранжманот не вклучува :

• аердромски такси  335€

• индивидуални трошоци

• факултативни излети

 

Факултативни излети (цените се информативни и променливи до датумот на патување) :

• разглед Викторија  :

Започнуваме со прошетка на најмалата престолнина. Самиот град не е голем, но е совршен за историската прошетка меѓу тесните улици и напуштените колонијални поседи кои се опкружени со зелени булевари и градини. Се сретнуваме со креолски обичаите и секојдневниот живот, правиме прекрасни фотографии со креолските куќи и уживаме во вкусот на креолошките специјалитети.

• Национален парк Моrne  :

Штом ќе влезете во Morne ќе видите дека убавината на овој рајски архипелаг не се само плажи. Ќе ја истражиме дивата страна на островот и ќе откриеме зошто Сејшелите се уникатени. Опкружени со различна, егзотична флора и фауна се движиме по стапките на истражувачите. Апсорбира енергијата на природата и одиме до видиковецот кој нуди неверојатен поглед на Mahe.

• Посета на островот Praslin и  La Digue :

Придружете ни се на незаборавна авантура, посета на шармантите острови на Praslin и La Digue со цел правилно да се доживее уникатната природа. Посета на Valle de Mai, природно чудо, ќе бидеме опкружени со праисториската шума замрзната во времето. Не постои друго место во светот, како Valle de Mai. Ќе се дружиме со џиновски желки и ќе се релаксираме на плажаta Anse Source d'Argent, која нуди поглед кон едниствениот гранитен пејзаж.

Напомена :

-Патниците мора да имат валидност на пасош повеке од 6месеци од терминот на патување

Во случај на промена на цената на авиобилетот од страна на авиопревозникот , агенцијата има право да ја промени цената на аранжманот .

Пријавувањето е валидно најкасно до 31мај

-Цената е загарантирана само доколку има уплата од 50%  депозит  за време на резервација .

 

Berjaya Beau Vallon Bay Resort & Casino 4* : се наоѓа на 6 мин од плажата  Beau Vallon. Хотелот поседува базен , 3 ресторана , 3 бара , фитнес центар  и тениски терен. Собите се двокреветни со сопствено купатило и со елегантен намештај . Секоја соба има клима , ТВ , мини бар и сеф.

Сезони



Награди и признанија

1. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2017 год.
2. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2016 год.
3. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија, 2015 год.
4. Топ 100 ВИП локации во Источна Европа од Western Union, 2015 год.
5. Награда за 20 години постоење и значителен придонес во туризмот од Општина Струмица, 2015 год.
6. Благодарност и најдобро партнерство во Република Македонија доделен од страна на Turkish Airlines,2014 год.
7. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија,2012 год.
8. Изворедна поддршка и посебна соработка со Turkish Airlines, 2012 год.



Let's socialize




© 2015
All Rights Reserved


Тури



Корисничка поддршка
+389 34 345 212
marketing@atlantis.com.mk