Јапонија 06.11-17.11.2017

Japan

Име на сместување
Држава
Дестинација

06.11-17.11.2017(9 ноќевања) 

Јапонија е островска земја источно од азискиот континент на западниот раб од Тихиот Океан. Јапонскиот архипелаг содржи повеќе од 3.000 острови, вклучувајќи ги најголемите 4 острови кои сочинуваат 97% од вкупната територија на Јапонија, а тие се:Хокаидо, Хоншу, Шикоку и Кјушу. Името Јапонија е егзоним. Јапонските имиња за Јапонија се Нипон и Нихон кои значат „потекло на сонцето“ и често се преведуваат како Земја на Изгрејсонцето. Ова именување потекнува од позицијата на Јапонија источно од Кина. По државна регулација, Јапонија е уставна монархија со цар на нејзиниот врв. Јапонија е десетта земја во светот во однос на население, со 127.333.002 жители, од кои 99% се јапонци. Главен град е Токио, кој со соседните градови има околу 32 милиони жители и е најголемата метрополитенска област на светот.

 

Хотел

 

Услуга

По лице во двокреветна соба

(9 ноќевања)

Villa Fontaine Ueno Tokyo 3***

Ноќевање со појадок

809

Hotel Agora Place Asakusa 3***

Ноќевање со појадок

825

Hotel Sunroute Asakusa 3***

Ноќевање со појадок

915

Hotel Mystays Ueno East 2**

Ноќевање со појадок

939

Hotel Sardonyx Ueno 3***

Ноќевање со појадок

999

Shinjuku Granbell Hotel 4***

Ноќевање со појадок

1.059

Shinjuku Prince Hotel 4***

Ноќевање со појадок

1.359

 

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО

1 ден  (06.11.2017)

Полетување од Скопје во 11:40, слетување во Доха во 18:25 часот.

2 ден  (07.11.2017)

Полетување од Доха во 03:20, слетување во Токио во 19:00 часот. Трансфер од аеродром до хотел. Сместување.

3 – 9 ден (08.11 – 15.11.2017)

Престој во избраниот хотел според табелата, слободно време за индивидуални активности и факултативни излети.

10 ден  (16.11.2017)

Одјавување од хотелот. Трансфер од хотелот до аеродромот. Полетување од Токио за Доха во 22:20.

11 ден  (17.11.2017)

Слетување во Доха во 04:30 часот. Полетување од Доха во 07:00 часот и пристигнување во Скопје во 10:40.

 

 

Во цената на аранжманот е вклучено :

  • Авио билет на релација Скопје-Доха-Токио-Доха-Скопје (со Qatar Airways)
  • 9 ноќевања со вклучен појадок во хотел избран од табелата
  • Трансфер на релација аеродром-хотел-аеродром
  • Организација на патувањето

Цената на аранжманот не вклучува :

  • Аеродромски такси 290 еур по лице
  • Факултативни излети и влезници за културно историски споменици
  • Меѓународно патничко осигурување 369 денари по лице
  • Индивидуални трошоци

 

Попусти и доплати:

  • Доплата за еднокреветна соба според условите на одбраниот хотел (информации во агенцијата)

     

    НАПОМЕНИ:

  • За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ
  • Цените  се дадени за минимум 2 лица
  • Патниците мора да имаат валидност на пасошот повеќе од 6 месеци од терминот на враќање
  • Во случај на промена на цената на авиобилетот од страна на авио превозникот, како и расположливоста во хотелите, агенцијата има право да ја промени цената на аранжманот
  • Цената е загарантирана само доколку има уплата од мин.50% за време на резервацијата

 

Потребни документи:

  • Биометриски пасош валиден повеќе од 6 месеци од денот на враќање
  • Копија од авио билет
  • Ваучер за хотел
  • Ваучер за трансфер

 

 

КОРИСНИ ИНФОРМАЦИИ

ВИЗИ

За граѓаните на Република Македонија не е потребна виза.

ЗДРАВСТВЕНА СОСТОЈБА

За влез во земјата не е потребно вакцини. Здравствената состојба во Јапонија е на задоволително ниво. Водата од чешма е бактериолошки исправна и безбедна за пиење. Сепак, ние препорачуваме на нашите патници да пијат флаширана вода.

Временска зона

Јапонија се наоѓа во UTC +09 временска зона , или +7h во однос на Македонија.

КЛИМА

Јапонија има умерена клима и четири различни сезони, но поради големата оддалеченост од север кон југ, климата се разликува од регион до регион. Далеку на север е многу ладно во зима, додека јужниот крај има суптропска клима. Крајот на јуни и почетокот на јули се врнежлив период (освен во Хокаидо), кога над Јапонија има сезонски дожд. На крајот на летото и почетокот на есента, од тропските области со низок притисок над екваторот, се развиваат тајфуни кои одат од југозапад до североисток, често носејќи поројни дождови.

БЕЗБЕДНОСТ

Јапонија важи за земја со високо ниво на јавен ред и мир, без ризик од вооружен конфликт и ниска стапка на криминал во споредба со другите развиени земји. Јапонија, сепак е земја со висок ризик од природни непогоди.

ОБЛЕКА

Без разлика дали патувате во Јапонија во пролет или есен, препорачуваме слоевита  облека поради разликата во температурата наутро и напладне. Препорачуваме да сепонесе удобни чевли и потенка јакна за навечер.

ЛОКАЛНА ВАЛУТА

Официјална валута во Јапонија е јапонски Јен. Плаќање со странска валута не е дозволено.

Според најновиотдевизен курс,  125 јени = 1€, 103 јени = 1$.

ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА

Ве молиме да понесете адаптер за електрична енергија. Електрична енергија во Јапонија е 100 волти (САД 120V, 230V Европа). Адаптерот е со 2 рамни тенки конектори. 

Сезони



Награди и признанија

1. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2017 год.
2. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2016 год.
3. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија, 2015 год.
4. Топ 100 ВИП локации во Источна Европа од Western Union, 2015 год.
5. Награда за 20 години постоење и значителен придонес во туризмот од Општина Струмица, 2015 год.
6. Благодарност и најдобро партнерство во Република Македонија доделен од страна на Turkish Airlines,2014 год.
7. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија,2012 год.
8. Изворедна поддршка и посебна соработка со Turkish Airlines, 2012 год.



Let's socialize




© 2015
All Rights Reserved


Тури



Корисничка поддршка
+389 34 345 212
marketing@atlantis.com.mk