Јога на море - Лето 2017 (Хотел Coral Blue Beach)

Геракини

Име на сместување
Држава
Дестинација

Јога на море -  Грција 2017

Јога центар СОНЦЕ – Surya  Струмица   Р.Македонија

 

Термини 04, 11, 18 јуни

7 полупансиони + 3 часа дневно јога вежби

Јога - одмор – море

Јогиски вежби, обновување на енергијата и прекрасно дружење на плажата во Ситонија. Топлината на морето, звукот на морските бранови, залезите и изгревите на сонцето и јога медитација ќе дадат посебен шарм и уникатност на Вашиот одмор. Песочната плажа, чистото плаво море, медитераската вегетација ќе направат Вашиот одмор со јога практикувањата да биде незаборавен. Магијата на морскиот амбиент со техниките на јога ќе допринесат за длабока медитација и контемплација.

Подарете си активен, несекојдневен одмор на кој што освен сончање, пливање, прошетки по долгите плажи и други содржини, ќе имате и три часа дневно јога вежби со јога инструкторот Илија Даов.

Со своето тело можеме да направиме прекрасни нешта, на пример да го поттикнеме оздравувањето од внатре или да го забавиме процесот на стареење. Животот е поле на безброј можности, тоа што ќе изберете тоа е вашиот живот .

ЈОГАТА Е ЕДНА ОД НАЈСТАРИТЕ ИСТОЧНИ МУЛТИДИСЦИПЛИНИ, КОЈА НУДИ ЦЕЛ СИСТЕМ НА ТЕХНИКИ ЗА ФИЗИЧКА,МЕНТАЛНА И ДУХОВНА БЛАГОСОСТОЈБА.

 Јогата –

  • Ја тонира целата мускулатура
  • го смирува умот
  • Ја зголемува концентрацијата
  • Делува превентивно и терапевтски
  • Ја зголемува еластичноста на телото
  • Го забрзува метаболизмот
  • Научуваме правилно да дишеме


Цена по лице 315 еур (со вклучени часови по јога)

Во цената на аранжманот е вклучено

  • сместување во двокреветни соби во хотел Coral Blue Beach во Gerakini, Sithonia (хотел со сопствена плажа)
  • 7 ноќевања со појадок и вечера
  • три часа дневно јога вежби со јога со инструкторот  Илија Даов
  • БЕСПЛАТНО користење на лежалки и чадори на плажа
  • Wi-Fi БЕСПЛАТНО во лоби на хотелот и на бар на плажа

 

Утринскиот час јога е од 6,3о до 8,оо  часот  на кој ќе бидат застапени јога вежби од Хата Јога Прадипика, Винјаса Јога, Аштанга Јога и  Чи Гонг .

Вечерниот час е од 18,3о до 20,оо часот  и опфаќа вежби од Хата Јога Прадипика, пранајама – вежби за дишење и медитативно опуштање на телото и умот

 

Попусти и доплати:

  • за лицата кои нема да користат јога часови условите и цената е по редовен ценовник, согласно типот на сместување
  • можност за организиран превоз со автобус – доплата 35 еур по лице за возрасни и 25 еур за деца 2 – 12 години

 

 

 

Сезони



Награди и признанија

1. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2017 год.
2. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2016 год.
3. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија, 2015 год.
4. Топ 100 ВИП локации во Источна Европа од Western Union, 2015 год.
5. Награда за 20 години постоење и значителен придонес во туризмот од Општина Струмица, 2015 год.
6. Благодарност и најдобро партнерство во Република Македонија доделен од страна на Turkish Airlines,2014 год.
7. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија,2012 год.
8. Изворедна поддршка и посебна соработка со Turkish Airlines, 2012 год.



Let's socialize




© 2015
All Rights Reserved


Тури



Корисничка поддршка
+389 34 345 212
marketing@atlantis.com.mk