Мароко "Империска Тура " 2017

Morocco

Име на сместување
Држава
Дестинација
   

 МАРОКО „ИМПЕРИСКA ТУРА”

ДатиПролет2017

08.04-15.04.2017| 15.04-22.04.2017|29.04-06.05.2017

06.05-13.05.2017

Дати Есен 2017

 30.09-07.10.2017| 07.10-14.10.2017

14.10-21.10.2017 |21.10-28.10.2017

СИГУРНА РЕАЛИЗАЦИЈА!

5 ноќевања во Мароко + 2 ноќевања во Коста дел Сол

 

1-ви ден         Софија – Малага (лет3 ч. и 45 мин.)

абота)           Поаѓање од Софија – Терминал 1. Пристигнување на аеродром Малага. Трансфер и сместување во хотел LasPalmeras4* или сличен во Коста дел Сол. Вечера. Ноќевање.

 

2-ри ден         Коста Дел Сол – Рабат – Казабланка (около 470 км)

(Недела)          Појадок. Трансфер за Тарифа, патување со фериброд до Танжер (околу 45 мин). Средба со локален водич и патување за Рабат. Слободно време за ручек, па следува панорамски разглед на градот, кој вклулува: Мавзолејот на Мохамед V, кулата на Хасан и кралскиот дворец – разглед однадвор. По разгледот патување за Казабланка, сместување. Вечера. Ноќевање.

 

3-ти ден         Казабланка – Маракеш (околу 240 км)

(Понеделник) Појадок, разглед на градот кој вклучува посета на плоштадот Мохамед V, плоштадот на обединетите нации. Слободно време за шопинг. Следува разглед на џамијата Хасан II (по желба посета и доплата за влез – 12 еур). Разглед на крајбрежниот булевар Корниш со пауза за ручек по која тргнуваме кон Маракеш.
Сместување. Вечера. Ноќевање.

 

4-ти ден         Маракеш

(Вторник)         Појадок. Панорамски разглед на градот кој вклучува посета на градините Менара, минарето Котубија, посета на прекрасниот дворец Баја и еврејскиот кварт како и Медината со најстарата и автентична аптека каде што се нуди мароканско арганово масло. Посета на плоштадот Џемал ел Фна. Слободно време или враќање во хотелот за ручек. Вечера. Ноќевање.

 

5-ти ден         Маракеш - Мекнес - Фес (околу 530 км)

(Среда)            Појадок. Патување за Фес. По патот пауза за ручек во близина до Рабат. Продолжуваме кон Мекнес: панорамски разглед на градот и на кралските дворци. Сместување во Фес. Вечера. Ноќевање.

 

6-ти ден         Фес

(Четврток)        Појадок. По појадокот разглед на градот – Кралскиот дворец однадвор. Еврејскиот кварт, разглед однадвор на еден од најстарите универзитети во светот “Qarawiyyin”, основен од Fatima Al Fihriya (во моментот функционира како џамија). Ќе видите и: обработката и бојадисување на кожи од животни стигајки до финалниот продукт – чанти, каиши, производство на шалови, пердиња и локални носии изработени од кактус, памук, волна и коприва. Ќе посетите и ателјеа каде што се изработуваат сувенири од бронза и сребро. Враќање во хотелот и слободно време. Вечера. Ноќевање.

                     

7-ми ден        Фес – Танжер – Коста дел Сол (околу 440 км)     

(Петок)           Појадок. По појадокот поаѓање кон Танжер. Качување на ферибродот за Тарифа (Коста дел Сол) Пристигнување во Тарифа. Сместување во хотел Las Palmeras 4* или сличен. Ноќевање.

 

8-ми ден        Малага – Софија (лет 3ч. и 15 мин.)

абота)         Појадок. Разглед на Малага. Трансфер до аеродром. Лет за Бугарија. Пристигнување на аеродром Софија.

 

 

 

ПАКЕТНИ ЦЕНИ

Сместување во 4* во Коста дел Сол + 4* хотели во Мароко

Пролет 2017

Дати

По лице во Double Room

Single Room

Дополнително легло

08.04 – 15.04.2017

710€

855€

700€

15.04 – 22.04.2017

720€

865€

710€

29.04 – 06.05.2017

720€

865 €

710€

06.05 – 13.05.2017

710€

855 €

700€

 

Есен 2017

Дати

По лице во Double Room

Single Room

Дополнително легло

30.09 – 07.10.2017

720 €

865 €

710 €

07.10 – 14.10.2017

710 €

855 €

700 €

14.10 – 21.10.2017

710 €

855 €

700 €

21.10 – 28.10.2017

710 €

855 €

700 €

 

Цената вклучува:

  • Авио билет - редовен лет на Бугарија Air: Софија – Малага – Софија со вклучени аеродромски такси
  • Трансфери со автобус по програмата
  • Фериброд Тарифа – Танжер - Тарифа
  • 2 ноќевања на база HB+ полупансион /појадок и вечера/ + вода и вино за вечера во хотел Las Palmeras 4*или сличен во Коста дел Сол
  • 1 ноќевање на база појадок и вечера во Казабланка во 4* хотел
  • 2 ноќевања на база појадок и вечера во Маракеш во 4* хотел
  • 2 ноќевања на база појадок и вечера во Фес во 4* хотел
  • Сите екскурзии во Мароко
  • Полудневен разглед на Малага со водич од Бугарија
  • Претставник – преведувач на бугарски јазик за време на престојот во Коста дел Сол и Мароко

 

                      

Цената не вклучува:

  •  
    *Доплата за виза 45 ЕУР по лице
    *Ручеци за време на патувањето – се плаќаат на лице место;
    *Дополниелни екскурзии – се плаќаат на место;
    *Бакшиши – 10 евра за целиот престој, кој се плаќаат на место;
    *Осигурување;

     

     

    Забелешка – При лоши временски услови програмата може да претрпи промени во времето на спроведување.


    Минимален број туристи: 30

    Рок за отказ поради недоволен број на клиенти: 30 лица

     

     

    Примерни Хотели воШпанија/Мароко

    4*

    Малага/Фуенхирола

    Hotel Las Palmeras /

    http://www.hotel-laspalmeras.com/en/

    Казабланка

    Hotel Prince de Paris / http://www.princedeparis.com/intro.html

    Маракеш

    Hotel MERYEM’S /

    www.hotelmeriem-marrakech.com

    Фес

    Hotel SOFIA /

    www.hotelsofia.ma

    Начин на плаќање: депозит 300 евра доплата до 20 работни дена пред патувањето!

    Неопходни документи:копија на меѓународен пасош со мин. Валидност 6 месеци пред датата на патување. За деца до 18 години кои патуваат со еден или без родител – нотарска заверка од едниот односно двата родители.

    Рокови за отказ и пенали:

    До 60 работни денови од датата на поаѓање – без пенали

    од 59 работни денови до 21 дена – 300 евра

    Од 20 работни денови до денот на патување – 100% пенали.

    Сезони



    Награди и признанија

    1. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија, 2015 год.
    2. Топ 100 ВИП локации во Источна Европа од Western Union, 2015 год.
    3. Награда за 20 години постоење и значителен придонес во туризмот од Општина Струмица, 2015 год.
    4. Благодарност и најдобро партнерство во Република Македонија доделен од страна на Turkish Airlines,2014 год.
    5. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија,2012 год.
    6. Изворедна поддршка и посебна соработка со Turkish Airlines, 2012 год.
    Let's socialize




    © 2015
    All Rights Reserved


    Newsletter


    Корисничка поддршка
    +389 34 345 212
    marketing@atlantis.com.mk