Israel & Jordan 31.03.2017 & 19.05.2017

Israel

Име на сместување
Држава
Дестинација

ИЗРАЕЛ И ЈОРДАН

Датум на поаѓање: 31.03.2017 и 19.05.2017

8 дена / 7 ноќевања / 7 полупансиони

 

ПРОГРАМА

1 ден: Софија – аеродром Бен Гурион – Лод – Тел Авив – Јафо – Нетанија

Средба на аеродромот во 08:00ч и полетување во 10:50ч со авиокомпанијата Ел АЛ. Пристигање на аеродромот Бен Гурион во 13:30ч. Посета на гробот на св.Георги во Лод ( древниот град Лида Палестинска). Панорамски разглед на Тел Авив. Туристичка програма во Јафо, еден од најстарите градови на Блискиот Исток од каде има прекрасна глетка кон брегот и плажите на Тел Авив; посета на старото пристаниште со прекрасни ресторани, каде се нуди морска храна, малечки кафулиња и пекари скриени низ тесните улички. Тргнување кон Нетанија. Вечера и ноќевање.

 

2 ден: Кесарија – Хаифа – Акра – Назарет – Кана - Тиберија

Појадок. Тргнување кон Кесарија, престолнина на Јудеја во времето на римјаните: разглед на акведуктот. Посета на третиот по големина град во Израел – Хаифа: уникатниот храм на бахаи и цветните градини. Туристичка програма во Акра: тврдината на малтешкиот ред, тунелите на темпларите, античкиот град и пристаништето. Посета на градот Назарет – разглед на црквата „Св. Благовештение“, која се наоѓа на местото каде Архангел Гавраил се појавил пред Дева Марија за да и соопшти дека ќе го роди Исус. Продолжување кон Кана Галилејска – местото каде што се случило првото чудо на Исус, каде ја претвара водата во вино. Вечера и ноќевање во Тиберија.

 

3 ден : Капернаум – Табха – Аман

Појадок. Тргнување за Капернаум – се спомнува во Новиот Завет како центар на активностите на Исус во Галилеја: посета на остатоците од древната синагога и урнатините на куќата на Св.Петар. Упатување кон Табха, местото на „Чудото со умножувањето на рибите и лебот“, посета на црквата со мозаик на подот од четврти век. Тргнување кон планината на Блаженствата, местото каде Исус ја кажал позната проповед. Упатување кон Јордан низ граничниот премин „Шеик Хусеин“. Сместување во хотел во Аман. Вечера и ноќевање.

 

4 ден: Џераш – Небо – Мадаба – Петра

Појадок. Упатување кон најдобро зачуваниот град на Блискиот Исток и архитектонско ремек дело Џераш – основен од војниците на Александар Македонски во ІV век п.н.е, каде покасно станува дел од растечките и космополитски градови на грчко-римскиот Декаполис; триумфалната капија на императорот Адриан, форумот со овална форма, хипподромот, Карден, Агора, храмот на Артемида и други антички храмови, јужниот театар и многу цркви од раниот среден век. Посета на планината Небо – прекрасна глетка кон Израел и долината на реката Јордан. Во јасен ден можат да се видат контурите на Ерусалим и Ерихон. Според библијата ова е местото каде Мојсеј се искачува за прв пат со свои очи да ја види Ветената земја. А според светото писмо, Мојсеј умира таму и таму е погребан. На врвот има остатоци од црква и манастир. Црквата е од средината на ІV век и е изградена на местото каде умира Мојсеј. Во неа се зачувани прекрасни мозаици. Потоа се продолжува кон Мадаба – градот со многу христијански цркви. Главно обележје е сепак грчката православна црква „Свети Георги“, изведена со уникатен мозаик кој претставува цветна карта на Светите земки од византиската епоха. Денеска во Мадаба има и институт за мозаична уметност и десетици работилници кои се занимаваат со овој занает. Тргнување кон Петра. Вечера и ноќевање.

 

5 ден: Петра – Шобак - Аман

Појадок. Организиран разглед на Петра, престолнината на Набатејците. Во 2007год е избран како едно од седумте нови чуда во светот. Сместен е во долината Вади Рум ( Долината на Мојсеј). Според Библијата првите населеници биле едомците, подомците на Исав, а според Светото Писмо ова место наречено Села (карпеста месност на еврејски) сигурно се однесува на Петра (камен на грчки). Овој град е опколен со високи планини и е достапен минувајќи низ тесна клисура, каде на самите карпи се направени градби кои се задржани непроменети: Каснех Ал-Фарун (Скриеното богатство), бројните карпести гробници, триумфалната капија, амфитеатар. Заминување кон Аман. Вечера и ноќевање.

 

6 ден: Аман – река Јордан – Кумран – Мртво море – Јерихон - Витлеем

Појадок. Панорамски разглед на Аман и посета на Цитаделата и Археолошкиот музеј. Заминување за Израел преку граничниот премин „Аленби“.  Посета на Каср ал Јахуд – местото на крштевање на Исус во реката Јордан. Упатување кон Мртво море – најниското место на светот, околу 420 метри под морското ниво. Слободно време за капење во најсоленото море. Посета на Кумран – познат по откритието на стари древни ракописи на Стариот Завет. Тргнување кон Јерихон – најниско лоциран град под морското ниво и еден од најстарите селца во светот: поглед кон Манастирот на искушенијата – се наоѓа во карпите, каде Исус го поминал својот пост четириесет дена и четириесет ноќи. Панорамски разглед на новиот град во Ерусалим: парламентот на Израел, министерствата на Израел, Музејот на Израел ( однадвор). Вечера и ноќевање во Витлеем..

 

7 ден: Ерусалим

Појадок. Туристичка програма во Ерусалим – согласно уставот на Израел, нејзина единствена и недделива престолнина. Панорамска глетка од Маслиновиот рид кон престолнината Ерусалим. Пешачки разглед на Стариот град: Гетсиманската градина – традиционално почитувана како место каде Исус се моли ноќта на неговото апсење. На оваа место има една стара базилика, посветена на страдањата на Исус и осум маслинови дрва, чија што старост е над 2000 год; Виа Долороса – улицата по која се движел Исус до местото на распнувањето – Голгота; храмот Божји Гроб – најсветото место во христијанството, каде што е распнат, погребан и воскреснат Исус; Ѕидот на плачот – единствената структура останата од Ерусалимскиот храм. Брдото Сион – гробот на цар Давид и собата на Тајната Вечера. Посета на родното место на Исус Христос- Витлеем. Овде е роден и Давид, вториот цар на Израел, каде во библијата често е нарекуван и градот на Давид. Вечера и ноќевање во Витлеем..

 

8 ден: Витлеем- Бен Гурион - Софија

Појадок. Трансфер до аеродромот Бен Гурион. Полетување за Софија во 07:00ч. Пристигање во Софија во 09:45ч.

 

Датум:

По лице во DBL room

Single room

Трет возрасен

Дете до 11год до двајца возрасни

31.03.2017

1015еур

1210еур

1015еур

965еур

19.05.2017

1015еур

1210еур

1015еур

965еур

 

Цената вклучува:

  • Авионски билет Софија – Тел Авив – Софија со редовен лет на авиокомпанијата Ел Ал
  • Аеродромски такси ( 155еур до 30.09.16)
  • Влезни такси ( 45 доларидо  30.09.16 )
  • Сите трансфери по програмата
  • 7 ноќевања со појадок и вечера во хотели со 3*

    - 1 воНетанија(Margoa 3 * - http://www.hotelmargoa.co.il/или подобен)

    - 1 во регионот на Тиберија(Hotel Arcadia 3* https://www.arcadiahotelsil.com или подобен)

    - 2 воАман (хотел Al Waleed 3*http://www.rumhotels.com/ или подобен)

    - 1 во регионот  на Петра(Hotel Edom 3* http://www.edomhotelpetra.com/или подобен)

    - 2 воВитлеем-(хотел Shepherd Bethlehem 3* http://www.shepherdbethlehem.com/или сличен)

  • Туристички водич на бугарски (или руски) во текот на целата маршута во Јордан и Израел
  • Екскурзија до Петра
  • Водич на групата од Бугарија
  • Влезни такси на посетуваните објекти
  • Групна виза за Јордан
  • Медицинско осигурување - Мондиал Асистанс – 10 000 евра
  • саунд систем со слушалки за време на екскурзиите

 

Цената не вклучува:

  • Бакшиш- 40 долара по турист за шофер и за локалните водичи ( се плаќат на задолжително на лице место)

 

Забелешка:

  • Ценат е валидна за  група до минимум 25 патника
  • Рок за известување за недоволен минимум за реализација – 30 дена, пред тргнување
  • Посочените  хотели се земени за пример, сместувањето е на база на слободен капацитет во моментот на потврдување на програмата
  • Туроператорот го задржува правото за промена на редоследот на програмата

 

Услови за резервација

  • Копија од меѓународен пасош со валидност од 6 месеца од датумот на враќање
  • Депозит од 400 еур по лице
  • Доплата на целата програма – 1 месец пред тргнување

 

Потребна документација:

  • Копија од меѓународен пасош во валидност од 6 месеца од датумот на враќање
  • За деца до 18 години, кое патува со еден или без родител, е потребно заверка од нотар од едниот или двајцата родители.

 

Рокови за отказ и пенали:

  • За отказ при повеќе од 60 дена пред датумот на патување – без пенали
  • од 59-30 дена пред датумот на патување – во износот на депозитот
  • од 29-20 дена пред датумот на заминување се задржува 50% од цената на програмата
  • од 19-10 дена пред датумот на заминување се задржува 80% од цената на програмата
  • за помалку од 10 дена се задржува 100% од цената на програмата

 

 

Сезони



Награди и признанија

1. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија, 2015 год.
2. Топ 100 ВИП локации во Источна Европа од Western Union, 2015 год.
3. Награда за 20 години постоење и значителен придонес во туризмот од Општина Струмица, 2015 год.
4. Благодарност и најдобро партнерство во Република Македонија доделен од страна на Turkish Airlines,2014 год.
5. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија,2012 год.
6. Изворедна поддршка и посебна соработка со Turkish Airlines, 2012 год.
Let's socialize




© 2015
All Rights Reserved


Тури



Корисничка поддршка
+389 34 345 212
marketing@atlantis.com.mk