Нујорк Велигден 2017


Име на сместување
Држава
Дестинација

NEW YORK

"Њујорк, Њујорк", инспирација, еден фасцинантен шарм, големисветла, бетонскаџунгла, каде што се остваруваат соништата, кокетен, бескрајно привлечен, од своето основање до денес. Овде е се она што пред посетата на Њу Јорк сме можеле да го видиме на телевизија и филмови со кои сите сме пораснати, облакодерите во Менхетен, заводливите излози на Tyffany & Co., жолтите такси возила, Централ Парк во која многу уметници нашле инспирација. Држава, град, остров, Големото јаболко, посебен од сите, изолиран, самоуверен, достоинствено стои на своето место и со раширени раце не поканува сите нас да напишеме нова книга, композиција, песна, да видиме нови бои, да почувствуваме нови мириси, да видиме нови лица во милионски број, да ја осетиме релаксираноста во атмосферата која не носи со секој чекор по мекиот бетон или едноставно да го потполниме нашиот фото албум со светски знаменитости, скапоцени моменти.

Термин на патувањето :

По лице во двокреветна соба

14.04.2017-21.04.2017

1255€

 

1. Ден(14.04.2017): Скопје - Њу Јорк
Состанок на групата на аердромот Александар Велики во Скопје. Лет со преседнување до Њу Јорк .По завршувањето на царинските и гранични формалности следува трансфер до хотел на Менхетен и сместување во хотел. Слободно време за прошетка по Times Square, најживиот дел на Менхетн каде и до доцните вечерни часови слободно можете да се шетате, да купувате, да јадете. Ноќевање.

 

2. Ден(15.04.2017): Њу Јорк
Денот го започнуваме со четири часовен разглед на градот со организиран превоз и водич. Во разгледот на градот ќе се посетат Midtown и Lower Manhattan, Lincoln Center, Fifth Avenue, Rockefeller Center, Times Square, Empire State Building, Greenwich Village, SoHo, Chinatown, Little Italy, Financial District. Слободно време за ручек и индивидуални активности.

 

3. Ден(16.04.2017): Њу Јорк
Ден за индивидуално откривање на градот . Можноста за факултативна екскурзија Manhattan Cruise: крстарење околу Менхетен во времетраење од 2,5-3h на кое во релаксирана атмосфера ќе имате можност за незоборавно откривање на Њујорк. По завршување на крстарењето иќе имате можност за факултативна посета на Кипот на слободата “Statue of Liberty. Доживејте ја незаборавната панорамска глетка на која ќе имате единствена можност да се запознаете со крајбрежниот дел на целиот Менхетен, три реки, седум големи мостови, и повеќе од 25 светски познати места. Ноќевање

 

4. Ден(17.04.2017): Њу Јорк  
Ден за слободна прошетка , шопинг и одмор. За вечерните часови Ви предлагаме факултативнапосета на една од *Бродвејските претстави:Mamma Mia, Lion King, Chicago, Phantom of the Opera . Ноќевање


5. Ден
(18.04.2017): Њу Јорк
Препорачуваме посета на некој од познатите музеи како што се Музејот Метрополитен , Музејот Гугенхајм ,National History museum или MOMO. (во еден ден можат да се посетат најмногу2 музеи-факултативна екскурзија со доплата на лице место )


6. Ден
(19.04.2017):
Предлог за прошетка по Петтата авениа , Цетралниот парк и шопинг во Macy’s, Sax, Bloomingdales… или имаме предлог за целодневна прошетка до познатиот shopping Mall Woodbury Commons –трговски центар со над 220 продавници каде можете да купите продукти од најпознатите креатори по многу ниски цени (Burberry, Calvin Klein, Donna Karan, Giorgio Armani, Gucci, Max Mara, Ralph Lauren, Tommy Hilfiger, Timberland и мн други ).Вракање во хотелот .Ноеквање

7. Ден(20.04.2017): Њу Јорк
Предвидено е овој ден да се искористи за слободна прошетка , шопинг и одмор . Нокевање

 

8. Ден(21.04.2017): Слободно време .Трансфер во зажано време до аеродром .Полетување од Њу Јорк .

9. Ден(22.04.2017): Слетување во Скопје .

 

Во цената на аранжманот е вклучено :

  • Авионски превоз (економска класа со едно преседнување)
  • Сместување 7 ноки без појадок во хотел со 2* во околината на Менхетен
  • Полудневен разглед на градот со водич
  • Организација на патувањето
  • Придружник за време на цело патување ( на Српски Јазик/Македонски јазик )

 

Цената на аранжманот не вклучува :

  • аердромски такси289€
  • америчка виза 160усд
  • факултативи кој се наведени во програмта
  • дополнителни услуги , оброци и излети
  • бакшиш за локалните водичи и шофери
  • патничко осигурување

осигурување од отказ

 

Факултативни излети (цените се информативни и променливи до датумот на патување) :

  • Крстарење Менхетен - 50 евра
  • посета на Empire State Building 86спрат (билети)- 50евра
  • влезница Музејот Метрополитен - 29еур
  • влезница Музејот Гугенхајм - 29еур
  • влезница МОМА -29 евра
  • влезница National History museum-35 еур
  • Шопинг тура до трговскиот Mall Woodbury Commons-public transport +tour guide =60евра

Листа на настани во Њу Јорк може да ги погледнете овде

 

Напомена :

Патниците мора да имат валидност на пасош повеке од 6месеци од терминот на патување

Виза :Сите информации во врска со потребната документација за визирање можете да ги добиете во канцелариите на ТА АтлантиС или на web страната на Амбасадата. Агенцијата посредува за закажување на термин и пополнување на online формуларите. Документацијата и барањето за виза се поднесуваат ЛИЧНО. Ги замолуваме патниците внимателно да ги прочитаат програмата за патување, информациите и општите услови за патување.

  • Во случај ако нема пријавено доволно патници , органзиторот на патувањето има право да го откаже патувањето и да ги извести патниците за откажувањето најкасно 5 дена пред патувањето и во зависност од расположливост со места да им биде понудено алтернативна патување
  • Организаторот на патување има права да направи измена на програмата на патување како и времето на поаѓање на летот , но со претходно известување на патниците .
  • Надоместоците за аеродромските такси се предмет на промена и конечниот износ на надоместокот е потврдено на денот на издавање на авионски билети прашање
  • За резервација е потребно пасош на патникот и 30% аконтација;резервации по објавената цена е дозволено најкасно до 30.01.2017
  • Конечното известување за патување ќе бидат доставени до патниците 3-5 дена пред патувањето

 

Сезони



Награди и признанија

1. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија, 2015 год.
2. Топ 100 ВИП локации во Источна Европа од Western Union, 2015 год.
3. Награда за 20 години постоење и значителен придонес во туризмот од Општина Струмица, 2015 год.
4. Благодарност и најдобро партнерство во Република Македонија доделен од страна на Turkish Airlines,2014 год.
5. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија,2012 год.
6. Изворедна поддршка и посебна соработка со Turkish Airlines, 2012 год.
Let's socialize




© 2015
All Rights Reserved


Тури



Корисничка поддршка
+389 34 345 212
marketing@atlantis.com.mk