ЈУЖНА АФРИКА И ЗИМБАБВЕ СО ВОДОПАДОТ ВИКТОРИЈА


Име на сместување
Држава
Дестинација

ЈУЖНА АФРИКА И ЗИМБАБВЕ СО ВОДОПАДОТ ВИКТОРИЈА

17.03.2017 – 28.03.2017

 

Посетете ги некои од најпопуларните места на афричкиот континент и осетете ја Африка. Впуштете се во потрага по нови доживувања и истражете ги дивите и недопрени природни убавини во придружба со локални експерти. Доживејте го ,, Чадот кој Грми '', Сафари, африканскиот начин на живот.......

 

Датум на заминување

Цена по лице во двокреветна соба

Цена по лице во еднокреветна соба

Цена за дете со двајца родители

17.03.2017 - 28.03.2017

2925€

3685€

2425€

Програма

 

1-ви ден: Скопје - Истанбул - Кејп Таун
Полетување  од Скопје со лет на Turkish Airlines во 20:40 часот. Во Истанбул се слетува во 00:20 .

 

2 ден: Кејп Таун
Пристигнување во Кејп Таун во 14:00 часот  по локално време.
Следува трансфер до Victoria & Alfred Hotel Waterfront 3 +* кој се наоѓа во близина на областа на гоелмиот трговски и забавен центар Waterfront (старо пристаниште, место за одмор и забава, релаксација.....).
Слободно време за одмор и во 18:00 часот средбата во лобито на хотелот за вечера со музичка и  уметнички претстава, со вклучен пијалок за добредојде во Richard Stage Bistro. Враќање во хотелот и ноќевање.

 

3-ти ден: Кејп Таун – Р’тот на  Добра Надеж
Појадок.
Следува разглед на градот и целодневен разглед до Р’тот на  Добра Надеж. Турата се движи по должината на целиот полуостров од страна на Атлантски Океан по сите области продолжувајки кон областите кои се протегаат кон Индискиот Океан. Ручек во ресторан "Two Oceans" со богато подготвено од  морски плодови.
На патот до  Р’тот на  Добра Надеж ќе имате можност да го посетете островот со моржови, колонија на  пингвините, фарма на ноеви. Враќање во хотелот околу 18.00 часот и вечера во Маркос Ресторан со типична африканска кујна, музика и танци.
Ноќевање.

 

4-ти ден: Кејп Таун – Рамна Планина
Појадок.
По појадокот следува искачување на Рамна Планина (Table Mountain) - симбол на градот, искачување на 1,080 метри надморска височина од каде се открива исклучително убава глетка-ако дозволува времето.
Искачувањето се врши со специјално линија и ротирачка кабина на 360 степени. За љубителите на планинарење има пешачки патеки. Камените патеки се доста чисти и средени. Се продолжува кон Националниот парк Акила, подоцна сместување во  Aquila Private Game Reserve 4 *. По пристигнување и сместување во лоџ, следува ручек и одмор. По ручекот почнува Вашето прво сафари, каде ќе имате можност да видите различни животни за време на прошетката со откриени автомобили.
Вечера и ноќевање.

 

5-ти ден: Aqiula Private Game Reserve

Во раните утрински часови имаме  сафари. Враќање во лоџта. Појадок и време за одмор покрај базенот.
Ручек и по ручекот од 16:00 часот може да уживате во попладневното сафари.
Враќање во лоџа, вечера и ноќевање.


6-тиот ден: Акила - Парл - Франшхок - Стеленбош - Кејп Таун
Појадок.
Прошетка до познатите вински фарми околу Кејп Таун. Ќе се посетат трите соседни града - Парл(Paarl), каде ќе имаат можност да дегустираат различни сирења и вина. Франшхок (Franschhoek)  каде ќе имате слободно време за ручек и Стеленбош (Stellenbosch), каде што ќе се направи обиколка  на гратчето.
Враќање во хотелот во Кејп Таун.
Организирана вечера во ресторан околу хотелот во реонот на Waterfront.
Ноќевање

 

7-ми ден: Кејп Таун – Викторија водопади
Појадок.
После појадокот, напуштање на собите и краток авионски лет дo Замбабве преку Јоханесбург.
Пристигнување на Викторија Водопадите во 13.05 ч.
Трансфер и сместување во Хотел The Kingdom 3 * во близина на водопадите.
Слободно време (* по желба може да се вклучите во некоја од бројните дополнителни активности кои ги нудиме на водопадите на  Викторија  и околината, како нашапрепорака - "прошетката" со лав - искуство кое се памети цел живот).
Ноќевање.

 

8-ми ден: Викторија водопади
Појадок.
После појадокот го започнуваме денот со кратка прошетка низ џунглата до  водопадите на  Викторија  и 2-часовна прошетка по најголемите и најубави водопади на Африка. Водопадот Викторија –е едно од седумте природни чуда на светот, наречен ,, бучен чад " (поради големиот пад на водата и брзиот тек на реката, капките на водата оставаат впечаток на бел чад) настанува од најголемите и најмоќни води на реката Замбези, река која ги дели Замбија и Зимбабве.Водите паѓаат од висина од 130 метри, дирекно во огромната бездна вода, создава чувства на восхитеност.Човек со часови може да стои маѓепсан од татнежите на нескротливата водена маса. Враќање во хотелот.
Во попладневните часови, пловење со брод по течението на реката Замбези - четвртата по големина на африканскиот континент. Пред водопадот се тргнува по горното течение на реката , каде се поминува покрај бројните големи и мали острови,со густи дождовни шуми. Покрај бреговите можат да се набљудуваат бројната флора и фауна, местото изобилува со штрковите, семејства слонови, жирафи или стада нилски коњи. Тука дури и љубопитните носорози не се исклучок. Во непосредна близина, храбро пливаат крокодили.
На крајот на денот, уморни, станувате жртва на магнетените-црвени речни бранови и прочуеното африканско зајдисонце. Ноќевање на Викторијанските водопади.


9-ти ден: Викторија водопади  - Боцвана
Појадок.
Денешниот ден по појадокот се упатуваме кон соседната држава, Боцвана, каде може да уживате во Game Drive сафари со откриени џипови до полноводните реки, еден од главните извори на живот каде се собираат безбројни стада животни. Во Боцвана има обезбедено ручек и  вечера, а по желба - во 19:00 часот имаме атрактивна програма и "Бома-вечера" ("Boma" ресторан) со локални специјалитети, музика и танц. Ноќевање.


10-ти ден: Викторија Фолс - Јоханесбург
Појадок.
Одјавување од хотелот и трансфер во 14:00 до аеродром за полетување на релација 
Викториини водопади – Јоханесбург.
Полетување од Јоханесбург во 22:20 и слетувате во Истанбул наредниот ден во 08.15 наутро.

 

11-ти Ден: Истанбул - Скопје
Престој на аердромот Ататурк и полетување во 19:30  од Истанбул.Слетување во Скопје во 20:00 часот.


Во цената е вклучено :
- Авионски билет – Скопје – Истанбул – Кејп Таун – Истанбул – Скопје
- Авионски билет Кејп Таун – Зимбабве
- Авионски билет Зимбабве – Јоханесбург
- Авионски такси
- Трансфери наведени во програмата
- Придружник од партнер агенцијата, на бугарски јазик во текот на целото патување
- 3 ноќевања во Victoria & Alfred Hotel Waterfront 3+* или друг соодветен во Кејп Таун со појадок
- Крстарење до островот на фоките до Кејп Таун
- Превоз до сите објекти и места наведени во програмата со соодветни такси
- 2 ноќевања во Aquila Private Game Reserve 4*, со вклучено две сафари
- 1 дегустација на вино и сирење во Перл
- 3 ноќевања со појадок во The Kingdom 3*
- Крстарење по р. Замбези до Викториините водопади
 

  • 8 појадока, 5 вечери и 3 ручеци
  • Медицинско осигурување за периодот на патувањето со покритие до 10000 евра.

 

Во цената НЕ е вклучено :
- Виза за ЈАР -
- Виза за Зимбабве -
(после електронското одобрување и пополнетиот формулар, на аеродром се плаќа 30$)
- такса за обработка и предавање на документите за визи за ЈАР и Зимбабве -
- влезна такса за Викторија Водопадите – 30$  (се плаќа на лице место)
- Шоу програма и ,, Бома – Вечера '' со локални и национални специјалитети – 75 евра
- Бакшиш за локалните водичи и шофери – 30$



Неопходни документи за виза за ЈАР :
- Оригинален пасош, вашечки 6 месеци од датата на пристигање
- 2 слики, пасошки формат (3см./4см.)
- Авионски билет или резервација за таква услуга
- Резервација за хотелско сместување
- Банкарски извод со потпис и печат од банка и преведено на англиски јазик
- Службена потврда од работодавач со потпис и печат од фирма и преведена на англиски јазик


Опис на хотели,

 

Emperors Palace Hotel 4*
Јоханесбург, ЈАР
Хотелот во Јоханесбург се наоѓа во Кемптон Парк, опкружен со прекрасни градини, фонтани, споменици и статуи.... сместувањето е во современи стандардни соби опремени со телевизор со рамен екран, индивидуална клима, САТ ТВ, сопствен тоалет... Додека за гостите, хотелот на располагање им остава користење на отворен базен, спа центар, казино, коктел бар....
Пријателски расположениот персонал на 24 часовната рецепција, на гостите им стои на располагање... може да помогне околу услугата рент а кар или организирање на индивидуални факултативи со локален водич.
На располагање на гостите им стои бесплатен трансфер од хотелот до аеродромот и обратно, кој се наоѓа на 13 км. од хотелот.



Hotel Rainbow 3*
Јужна Матабелеланд, Зимбабве
Хотелот се наоѓа само на неколку метри од централното гратско подрачје, кое  е на неколку метри пешачење.
Во близина на хотелот се наоѓаат бројни атракции, на кои може да си го тестирате вашето ниво на адреналин.
Мажете да уживате во специјалитетите и погледот на прекрасниот ресторант Панорама, сместен на уникатна платформа.......

Monate Game Lodge 4*
Јоханесбург, ЈАР
Хотелот е елегантен и спокоен, каде гостите може да уживаат во својот престој и да бидат услужени како кралеви...Хотелот се опкружен со над 1839 вида на прекрасни цвекиња и растенија, се наоѓа во приватен резерват во провинцијата Лимпопо во близина на областа, Гаутенг.....


City Lodge Hotel Victoria and Alfred 3*
Кејп Таун, ЈАР
Сместен во центарот на градот, хотелот на своите гости им нуди базен на терасата со прекрасен поглед, бар, фитнес центар. Рамна Планина, Викториините водопади се на околу 5км. растојание од хотелот.
Секоја соба располага со 32“  САТ ТВ, бежичен интернет...
Ентериерот е инспириран од стариот Кејп Таун со снимки од карпите и склуптури......

 

Начин на плаќање :
* Готовинско или плаќање со кредитна картичка
* При резервацијата на аранжманот се уплаќа 50% од износот на аранжманот,
остатокот се уплаќа најдооцна 15 дена пред почетокот на аранжманот
* Доколку плаќањето се врши преку девизна сметка – банкарските трошоци ги покрива барателот на услугата

Важни Напомени :
* Категоризацијата и класификација на хотелите е во согласност со законодавството и нормите на земјата-домакин
* ТА АтлантиС не е одговорна за реализација на избраните локални факултативи  и излети
* Патниците сами сносат одговорност за личната патна документација и нејзината валидност
* Малолетните лица кои патуваат без придружба од двајцата родители, задолжително треба да имаат заверена согласност од родителите при премин на границата

 

ТА АтлантиС го задржува правото да пропише и други услови за плаќање, при поедини промотивни периоди
Цената е гарантирана само при уплата на комплетниот износ. Во спротивно, гарантиран е само износот на аконтацијата.
Во случај на промена на монетарниот пазар или промена на цените на авио услугите и хотелското сместување, агенцијата го задржува правото на корекција на цената, измена на програмата на патување или отказ на патувањето.

КРАЕН РОК ЗА ИЗВЕСТУВАЊЕ НА ПАТНИЦИТЕ, ВО СЛУЧАЈ НА ОТКАЗ НА АРАНЖМАНОТ ОД СТРАНА НА ТА АТЛАНТИС Е 5 ДЕНА ПРЕД ПОЧЕТОКОТ НА ПАТУВАЊЕТО.
Организаторот има право да 5 дена пред поаѓање го откаже патувањето, поради пребукираност во хотелот или да понуди алтернативен смештај во друг хотел од иста категорија и слична цена.

СЕ МОЛАТ ПАТНИЦИТЕ ЗА ДОПОЛНИТЕЛНА ПРОВЕРКА НА ТОЧНОТО ВРЕМЕ НА ПОЛЕТУВАЊЕ, НАЈКАСНО ДВА ДЕНА ПРЕД ПОЛЕТУВАЊЕ.

ЗА ОВОЈ ПРОГРАМ ВАЖАТ ОПШТИТЕ УСЛОВИ НАВЕДЕНИ ВО ПРОГРАМАТА И ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ ПРИ ТА АТЛАНТИС ВО СОГЛАСНОСТ СО СКТМ.

Сезони



Награди и признанија

1. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија, 2015 год.
2. Топ 100 ВИП локации во Источна Европа од Western Uniont, 2015 год.
3. Награда за 20 години постоење и значителен придонес во туризмот од Општина Струмица, 2015 год.
4. Благодарност и најдобро партнерство во Република Македонија доделен од страна на Turkish Airlines,2014 год.
5. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија,2012 год.
6. Изворедна поддршка и посебна соработка со Turkish Airlines, 2012 год.
Let's socialize




© 2015
All Rights Reserved


Newsletter


Корисничка поддршка
+389 34 345 212
marketing@atlantis.com.mk