Kenya and safari


Име на сместување
Држава
Дестинација

ХАКУНА МАТАТА во Кенија и сафари

одмор во лулката на човештвото и домот на сафарито



,, Хакуна Матата '' или ,, немој да се грижите '', ,, Биди спокоен '', ,, Се е во ред '', е популарен израз од истоимената песна од цртаниот филм ,, Кралот Лав ''. Фразата е на суахили – јазик, проникнен на крајбрежјето на Кенија, некаде помеѓу Момбаса и Малинди.
На територијата на Кенија се откриени едни од најстарите остатоци од човечкиот род, одтука и доаѓа самиот назив – Лулка на Човештвото.
Зборот ,, Сафари '' , повторно доаѓа од јазикот – суахили кој означува патешествие. Имено во Кенија, овој збор е доста популарен туристички жаргон и се овозможува во чистата му класична, т.е изворна смисла со средба со диви животни.


Туристичка програма :

9 дена – 6 ноќевања во Момбаса + 1 ноќевање во савана


1 ден (понеделник)
Полетување од Софија до Малпенса.


2 ден (вторник)
Директен лет Малпенса – Момбаса.
Средба со претставник од партнер агенцијата на аеродромот и трансфер до хотелот,
Dorado Cottage 4*, во Малинди - http://www.doradocottage.com/en/
Сместување. Слободно време.
Ноќевање.
Малинди (Кенија) е мало гратче во Кенија, кое на своите посетители ги воодушевува со прекрасните тропски плажи, огромени хотелски комплекси и прекрасно место за одмор. Малку појужно од Малинди, се наоѓа живописното село Ватаму, со прекрасен поглед кон широките и бели плажи. Ова место е рај за хотелско сместување, приватни вили, со богата флора по должината на брегот. Во Ватаму се наоѓа и Националниот морски парк, идеално место за пливање, нуркање....
Северо-западно од Малинди се наоѓа импресивниот кањон Марафа, наречен од локалните Нуари, познат уште како – Кујната на пеколот. Кањонот стана дел од локалниот фолклор со своите песочни клисури, стрмнини, кои формираат уникатен пејсаж.

 

3 ден (среда)
Појадок.
Слободно време за плажа и одмор или дополнителна екскурзија ...
Полудневна посета на Малинди со обиколка на стариот и новиот дел од градот. (25 евра по лице).
Малинди е прекрасен град, распространет на брегот од океанот, северно од Момбаса. Градот е поделен на НОВ град, модерен туристички град полн со продавници, казина и ноќни клубови и Стар средновековен град, кој изобилува со бројни национални и интернационални ресторанти. Привлечно за туристите е огромниот бел камен крст, кој со својата цилиндрична форма, потсеќа на светилник. Во 15 век, Васко де Гама зачекорува на Малинди, за време на пронаоѓањето на морскиот пат од Португалија до Индија. При враќањето го гради крстот  на самиот брег, како спомен за морнарите кои загинале при ова патување. Туристичка атракција е и џамијата Џума, како и останките од стариот град Геди. Враќање во хотелот, околу 18 часот. Вечера.
Ноќевање.


4 ден (четврток)
Појадок.
Слободно време за плажа и одмор или дополнителна екскурзија...
Полудневна посета на Марафа. (55 евра по лице).
Излегување од хотел во 14:30 часот. Пристигање на кањонот после 45 мин.превоз. Кањонот Марафа е наречен – Кујна на пеколот. Низ милениумите, најталентираниот архитект – природата, ова место е трасформирано во еден спектакл од величествени објекти и глетки. За месното населени, овој предел е – место кое се руши самото, додека туристите ова место го нарекуваат место со недефинирани форми, објектите менуваат боја во зависност од сончевата светлина која паѓа врз нив. Боите и формите се највеличествени при зајдисонце.
Враќање во хотелот. Вечера.
Ноќевање.

5 ден (петок)
Појадок.
Слободно време за плажа и одмор или дополнителна екскурзија...
Целодневна екскурзија – Сино Сафари – во морскиот национален парк – Ватаму – 75 евра по лице
Упатување во 9 часот кон областа Ватаму. На територијата на Ватаму, се наоѓа истоимениот Морскиот национален парк Ватаму. Плажите овде излегуваат од т.н. Маргови шуми (збир на растенија и грмушки, кои се сместени во крајбрежните области и места заштитени од големи шуми). Марговата шума во Ватаму заштитува и голем број на различни животински видови. Авантурата започнува со стапнување на брод со прозирно дно (највозбудливото превозно средство низ марговите паркови). Патеките личат на распослан тепих од птичји пердуви, пердуви од повеќето птици кои се гнездат овде. Средбата со Фламинго птицата е загарантирана, а доколку имате малку повеќе среќа же да се види и бела чапја. Патувањето завршува со чамец до јужниот остров на ручек со јастози, ракчиња, риба на скара и кокосов ориз.
Програмата продолжува со нуркање во морската градина. Морските корални гребени се на 300 м.од брегот и се едни од најубавите во светот. Се формираат од интензивната сончева светлина во текот на стотниците години и се на длабочина не поголема од 40 метри. Коралните колонии овде се формирани со повеќе од 150 видови корали, има над 500 видови на риби, а истотака овде може да се сретнат и видови на октоподи, баракуда, ајкули, китови .... Враќање во хотелот околу 15:30 часот.
Вечера и ноќевање.

 

 

6 ден (сабота)
Ран појадок.
Посета на Националниот парк ,, Каво – Исток '', патување околу 4 часа.
Сместување во Eco Lodge Tented Camp “Kuwinda” http://www.kuwindacamp.com/en/
(легендарниот кампус е сместен на само 10 км. од влезот на паркот).
Националниот парк Каво е најголем во Кенија и еден од најголемите национални паркови во светот. Се простира на повеќе од 21000 км.кв.површина. Поради овие димензии, паркот е поделен на Источен и Западен, при што како граница на административна поделба се води, магистралниот пат Наироби-МОмбаса.
Големи тревни површини со ретки дрвја и грмушки – карактеристична за саваните. Теренот е рамен, почвата глинеста со темно-црвеникава боја. При прошетките имате загарантирана средба со т.н. Голема Петорка – Слон, Носорог, Бивол, Лав, Леопард. Зебри? Зебрите се во стада, во националниот парк може да се сретнат гепарди, шарени хиени, антилопи, жирафи, мајмуни..... во паркот има околу 60 вида на цицачи и 500 видови на птици. Авантурата започнува веднаш по сместувањето, па следно сафари по течението на реката Гала, предводени од
Реката Гала е една од двете пловни реки во Кенија. По ручекот, сафарито продолжува со колите кон внатрешноста на националниот парк и завршува на зајди сонце. Враќањево кампот. Вечера.
Ноќевање

 

7 ден (недела)
Ран појадок.
Утринско сафари во парк – Каво-Исток. Катрка пауза со втор појадок. Враќање во кампот Kuwinda.
Ручек. Слободно време.
Попладне враќање во хотелот Dorado Cottage 4*, Малинди. Вечера.
Ноќевање


8 ден (понеделник)
Појадок.
Слободно време за плажа и одмор. Вечера.
Ноќевање


9 ден (вторник)
Појадок. Напуштање на хотел. Трансфер до Момбаса.
Полетување Момбаса – Малпенса


10 ден (среда)
Полетување  Малпенса – Софија

 

 

Прва опција – Дати и пакет цени со вклучени 6 ноки во Малинди – 1 ноќевање во савана

Период на претстој

Цена по лице во двокреветна соба

Цена за еднокреветна соба

Трет возрасен

Прво дете од
2-11,99

05.12.16 - 13.12.16

1505€

1701€

1423€

1215€

12.12.16 – 20.12.16

1505€

1701€

1423€

1215€

19.12.16 – 27.12.16

1565€

1761€

1483€

1275€

26.12.16 – 03.01.17

1595€

1959€

1486€

1200€

02.01.17 – 10.01.17

1625€

1986€

1515€

1215€

09.01.17 – 17.01.17

1565€

1845€

1465€

1185€

16.01.17 – 24.01.17

1565€

1845€

1465€

1185€

23.01.17 – 31.01.17

1565€

1845€

1465€

1185€

30.01.17 – 07.02.17

1565€

1845€

1465€

1185€

06.02.17 – 14.02.17

1565€

1845€

1465€

1185€

13.02.17 – 21.02.17

1565€

1845€

1465€

1185€

27.02.17 – 07.03.17

1565€

1845€

1465€

1185€

13.03.17 – 21.03.17

1565€

1845€

1465€

1185€

20.03.17 – 28.03.17

1565€

1845€

1465€

1185€

27.03.17 – 04.04.17

1565€

1845€

1465€

1185€

 

 

Втора варијанта – Дати и пакет цени со вклучени 7 нокевања во Малинди


Период на претстој

Цена по лице
во двокреветна соба

Цена за еднокреветна соба

Трет возрасен

Прво дете од
2-11,99г.

Второ дете од
2-11,99г.

05.12.16 - 13.12.16

1250€

1362€

1156€

1095€

1025€

12.12.16 – 20.12.16

1250€

1362€

1156€

1095€

1025€

19.12.16 – 27.12.16

1310€

1422€

1216€

1155€

1085€

26.12.16 – 03.01.17

1355€

1663€

1230€

1078€

1174€

02.01.17 – 10.01.17

1380€

1671€

1497€

1092€

1092€

09.01.17 – 17.01.17

1320€

1530€

1205€

1060€

1060€

16.01.17 – 24.01.17

1320€

1530€

1205€

1060€

1060€

23.01.17 – 31.01.17

1320€

1530€

1205€

1060€

1060€

30.01.17 – 07.02.17

1320€

1530€

1205€

1060€

1060€

06.02.17 – 14.02.17

1320€

1530€

1205€

1060€

1060€

13.02.17 – 21.02.17

1320€

1530€

1205€

1060€

1060€

27.02.17 – 07.03.17

1320€

1530€

1205€

1060€

1060€

13.03.17 – 21.03.17

1320€

1530€

1205€

1060€

1060€

20.03.17 – 28.03.17

1320€

1530€

1205€

1060€

1060€

27.03.17 – 04.04.17

1320€

1530€

1205€

1060€

1060€



 

Soft All Inclusive, вклучува :
Пијалок за добредојде, појадок, ручек и вечера на шведска маса, доцен појадок во барот од 10:30 до 12:00 ч.
Американско кафе, топол чај и кафе преку ден во барот, безалкохолни пијалоци и вода се сервираат за време на пансионската услуга и во останатото време ( од 10:00 до 22:00 часот) во барот, топол чај и кафе со колачи се служи до 17 часот, свежо овошје се служат на утро и попладне, после појадокот, аперитив и грицки се служи од 19:00 до 20:00 часот, традиционална кенијска вечера.
* Не е вклучено – алкохол и алкохолни пијалоци, пијалоци во лименка и шише, кафе еспресо.


Хотел Dorado Cottage 4*
Хотелот се наоѓа во град Малинди, близу до SilverSandBeach, во самата близина на Националниот парк, на гостите им овозможува пријатен и мирен одмор во перфектна хармонија со природата.
Хотелот е изграден во традиционален африкански стил, со карактеристични покриви makuti и со тропска градина. Хотелот се состои од 20 мали вили од по 70 м.кв. секоја вила со сопствена веранда со софа и масичка за кафе.
Секоја вила се состои од просторна спална, декорирана во суахили стил со балдахин легло (кревет со крошна), дневн катче, тоалет со када, сеф, вентилатор, клима, ТВ, мини бар. Во собата има можност за сместување на 2 возрасни лица и 2 деца до 11,99 год. Од рецепција (на барање) може да се земат фен и електронски адаптери.
Новиот ресторант, се наоѓа на прв кат и е со поглед кон базентот, во него се служи најразновидни јадења и тропски плодови за појадок, на шведска маса. Преку неделата се организираат карактеристично локална кенијска вечера, каде можете да пробате одлични локални специјалитети.
Хотелот располага со два базенти, еден за возрасни и еден за деца, заградени со зеленило од тропската градина. Од хотелот може да се организира нуркање до најблискиот гребен.
Хотелот има богата анимациска програма, плажата е снабдена со африкански лежалки, но не располага со чадори, бидејки плажата е дел од малинди морскиот парк и не е дозволено, затоа пак на плажата има доста бујни растенија, коии нудат приородна сенка на посетителите. На гостите им се на услуга крпи за на плажа, како и освежителни пијалоци за на плажа. Гостите на хотелот можат да користат масажа и традиционални плетенки на косата, во велнес центарот (со претходно закажување и доплата).

Kuwinda Camp
се наоѓа на реката Галана, која е на само 10 км од влезот на Националниот Парк каво-Исток и е на 80 км од Малинди, се наоѓа на идеално растојание за започнување на екскурзии и сафари.
На гостите на располагање им се 12 соби, секоја со посебна веранда.
Ресторантот се наоѓа на прв спрат во основната зграда и овозможува прекрасна глетка кон реката Галана.
На гостите на хотелот, во ресторантот можат да вкусат одлични локални специјалитети, италијанска паста, месо на скара, пилешко, свежи плодови, како и најразлични домашни и странски вина. Покрај ресторантот, на услуга на гостите им стои и мал бар, каде може слободно да си нарачаат кафе, чај, безалкохолни пијалоци, пиво, вино...
Од првиот спрат се открива прекрасна глетка кон морето и околната природа.
После вечерата можете слободното време да го поминете околу оган во близина на реката, заедно со племето Масаи, каде ќе ве анимираат и запознаат со историјата на нивните традиции, вплетени во нивниот начин на живот.

Туроператорот може да ви овозможи авионски билет Софија – Мелпаса – Софија или Скопје – Малпенса – Скопје,  по желба на клиентот.

Неопходни документи за виза -
- важечки биометриски пасош, со валидност повеќе од 6 месеци од датата на враќање
- Најмалку 3 слободни страници во пасошот
- Форма 22 се пополнува на аеродромот во Кенија

Неопходни документи и медицинско осигурување при резервацијата :
- Важечки биометриски пасош, со валидност повеќе од 6 месеци од датата на враќање
- Депозит при резервацијата од 50% од износот на резервацијата
- Доплата, најкасно 30 дена пред заминување
- Нема некои задолжителни вакцинации и имунизација, препорачливо вакцинирање од маларија и жолта треска

Нема минимален број на туристи за реализацијата на патувањето ! Програмата е гарантирана !


Поради постојано променливи цени на горивата на авиокомпаниите, можно е промена на цената за горивна такса. Во таков случај туроператорот го задржува правото на промена на цената на патувањето .

Услови за отказ на пат

Сезони


Let's socialize




© 2015
All Rights Reserved


Newsletter


Корисничка поддршка
+389 34 345 212
marketing@atlantis.com.mk