Venice Carnival | City Break

Venice

Име на сместување
Држава
Дестинација

Карневал во Венеција 2017

18.02-28.02
индивидуални патувања

 

Градот на вода препознатлив по гондолите и карневалот… бисерот на Јадранското море. Ова е дестинација која би требало секој љубител на убавината да ја посети најмалку барем еднаш во животот. Еден од популарните настани е Карневалот во Венеција, кој ви дозволува да одберете маска под која ќе го сокриете вашето лице и за миг ќе бидете во светот на бајките. Маските се традиционално поврзани со овој фестивал и се изработуваат со голема љубов и креативност. За време на одржувањето на карневалот плоштадот Св. Марко е облеан со разнобојни огномети, и среќни лица заслепени од убавината.. ..Луѓето шетаат низ уличките и безбројните канали во прекрасни костими, уживајќи во магијата на карневалот.


Историјата на венецијанскиот карневал започнува во далечната 1162 година. Венецијанската република го победила Улрико, патријархот на Аквелија и тогаш за да се одбележи победата, започнала традицијата со колење бик и 12 свињи на плоштадот Свети Марко во Венеција. Оваа прослава станувала сè повеличествена и веќе во 1268 година за првпат се забележува употреба на маски. Во 18 век, венецијанскиот карневал го доживеал својот „златен период“. Богати млади благородници доаѓале во Венеција, како дел од нивната Голема Европска турнеја, за да уживаат во карневалот. Сликите на Франческо Гварди и неговите современици и дневниците на Џакомо Казанова биле најпознатите симболи на тоа време. Во текот на 1930-тите години, карневалот постепено почнал да исчезнува заради забраната што ја издал Мусолини. Во 1979 година, група Венецијанци и љубители на Венеција одлучиле повторно да ја оживеат традицијата на карневалот. За неколку години, маскираните Венецијанци станале симбол на Венеција во зимскиот период.

Маските изработени за венецијанскиот карневал се уникатни. Најпознати маски се оние кои ги претставуваат ликовите од италијанската „Commedia dell’Arte“, како и познатите бели маски со долг клун што всушност го претставуваат докторот кој се бори против чумата.
Денес изработката на маски во Венеција е посебна индустриска гранка.

 

Предлог програма :


1 ден. Скопје – Венеција (Тревизо)
Пристигање на аеродром, два часа пред полетувањето за Венеција. Пристигнување во Венеција.
По пристигањето, индивидуален трансфер до избраниот хотел . Сместување.
Ноќевање.

 


2 ден.-3 ден. Венеција
Појадок. Слободно време за разглед на градот и индивидуални активности.
Ноќевање.

 


4 ден. Венеција - Скопје
Појадок.
Напуштање на хотелот и индивидуален трансфер до аеродромот. Лет за Скопје. Пристигање на аеродромот
,, Александар Велики ''. Крај на услугата

 

 

Хотел / Категорија

Пан.услуга

Цена

Hotel Centrale 3*

кон.појадок

Од 106 евра

Hotel Alexander 4*

кон.појадок

Од 118 евра

Hotel Mondial 3*

Наем

Од 127 евра

Hotel Russott 4*

појадок

Од 117 евра

 

 

Цена –  од 106 евра

 

Важни напомени -
* Цените дадени во табелата се изработени врз основа на најповолната понуда од авио компанијата и хотелот,
расположливоста за сместување на лет и во хотел е на основа на моменталната состојба, како на авионот, така и во хотел.
* Наведените цени, НЕ важат во период на државен национален и верски празник.


Во цената е вклучено :
* Авионски билет Скопје – Венеција – Скопје
* 3 ноќевања во избраниот хотел
* Соодветно избрана пансионска услуга

 

Во цената на аранжманот НЕ е вклучено :
* Аеродромски такси -
* Трансфер аеродром – хотел – аеродром
* Патничко осигурување

 

ПРЕДЛОГ МЕСТА ЗА ПОСЕТА -
 - Канал Гранде
-  Крстарење со гондола
-  Мостот Ријалто
-  Камбанаријата на плоштад Св.Марко
-  Венецијанската Палата
- Плоштадот Св.Марко и Дуждовата Палата


 

Опис на хотелот :

CENTRALE 3* -
Хотелот Централе е 3* хотел кој се наоѓа во Местре. Хотелот е со одлична локација, опкружен со ресторанти, барови .... Железничката станица се наоѓа во близина на хотелот, со кој се обезбедува брз и лесен пристап до центарот на Венеција. Собите се стандардни и топло декорирани, со ТВ, телефон, сопствен тоалет на располагање. Хотелот на располагање на гостите има 24 часовна рецепцја, паркинг, бежичен интернет ....

ALEXANDER 4* -

MONDIAL HOTEL VENICE 3* -

Хотелот е сместен во срцето на Местре во близина на Porto Marghera и паркот San Giuliano, веднаш до театарот Toniolo  и плоштадот Ferretto. Чувствувајте се како дома, во една од 60 климатизирани соби кои нудат, удобност, комфорт, плазма ТВ, сопствена бања, телефон, сеф .... На своите клиенти хотелот на располагање им нуди шатл услуга, бежичен интернет, бар, ресторант, 24 часовна рецепција, соба за багаж....

RUSSOTT HOTEL 4* -

Овој 4* хотел, нуди мирен и спокоен престој во Местре, континенталниот дел на Венеција. На своите посетители, хотелот има на располагање бежичен интернет, ресторант, бар, паркинг, 24 часовна рецепција ....
Додека, гостите се сместуваат во стандардни соби декорирани, со топли бои, климатизирани, со САТ ТВ, минибар, телефон, бања ....Хотелот е лоциран во станбениот дел на Местре, опкружен со продавници, маркети, ресторанти, барови... Самиот хотел е сместен во близина на железничката станица, кој го прави лесно и брзо достапен до центарот на Венеција.

 

Начин на плаќање :
* Готовинско или плаќање со кредитна картичка
* При резервацијата на аранжманот се уплаќа 50% од износот на аранжманот,
остатокот се уплаќа најдооцна 15 дена пред почетокот на аранжманот
* Доколку плаќањето се врши преку девизна сметка – банкарските трошоци ги покрива барателот на услугата

 


Важни Напомени :

* Категоризацијата и класификација на хотелите е во согласност со законодавството и нормите на земјата-домакин
* Потврда од хотелот се чека околу 48 часа од уплата на аконтацијата (несметајки ги сабота и недела)
* По правило влезот во хотелот е после 14 часот, излезот најкасно до 10 часот според локално време
* Задолжителен dress code за време на оброците во хотелот
* ТА АтлантиС не е одговорна за реализација на избраните локални факултативи  и излети
* Патниците сами сносат одговорност за личната патна документација и нејзината валидност
* Малолетните лица кои патуваат без придружба од двајцата родители, задолжително треба да имаат заверена согласност од родителите при премин на границата

 

ТА АтлантиС го задржува правото да пропише и други услови за плаќање, при поедини промотивни периоди
Цената е гарантирана само при уплата на комплетниот износ. Во спротивно, гарантиран е само износот на аконтацијата.
Во случај на промена на монетарниот пазар или промена на цените на авио услугите и хотелското сместување, агенцијата го задржува правото на корекција на цената, измена на програмата на патување или отказ на патувањето.
КРАЕН РОК ЗА ИЗВЕСТУВАЊЕ НА ПАТНИЦИТЕ, ВО СЛУЧАЈ НА ОТКАЗ НА АРАНЖМАНОТ ОД СТРАНА НА ТА АТЛАНТИС Е 5 ДЕНА ПРЕД ПОЧЕТОКОТ НА ПАТУВАЊЕТО.
Организаторот има право да 5 дена пред поаѓање го откаже патувањето, поради пребукираност во хотелот или да понуди алтернативен смештај во друг хотел од иста категорија и слична цена.

СЕ МОЛАТ ПАТНИЦИТЕ ЗА ДОПОЛНИТЕЛНА ПРОВЕРКА НА ТОЧНОТО ВРЕМЕ НА ПОЛЕТУВАЊЕ, НАЈКАСНО ДВА ДЕНА ПРЕД ПОЛЕТУВАЊЕ.

ЗА ОВОЈ ПРОГРАМ ВАЖАТ ОПШТИТЕ УСЛОВИ НАВЕДЕНИ ВО ПРОГРАМАТА И ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ ПРИ ТА АТЛАНТИС ВО СОГЛАСНОСТ СО СКТМ.


Сезони


Let's socialize




© 2015
All Rights Reserved


Newsletter


Корисничка поддршка
+389 34 345 212
marketing@atlantis.com.mk