Светското наследство на Виетнам, Камбоџа и Тајланд

Vietnam

Име на сместување
Држава
Дестинација

Светското наследство на Виетнам, Камбоџа и Тајланд

Ханој – Ха Лонг Беј – Да Нанг – Хју Е – Хој Ан – Хо Ши Мин – Сием Реп (Ангкор Вам и Ангкор Том) – Банкок
16 дена / 13 ноќевања / 13 појадока / 10 ручеци / 1 вечера
цена - 2599 евра

последни 4 места!

 



ДАТА НА ЗАМИНУВАЊЕ : 24.02.2017    

Програма :

1 ден (24.02.2017) – Софија – Доха
Полетување од аеродромот во Софија во 19:45 ч. (по локално време) за Ханој. Пристигање во Доха во 01:20 ч.
Престој на аеродромот.

2 ден (25.02.2017) – Доха – Ханој

Полетување во утринските часови. 02:20 ч. за Ханој. Пристигање во Ханој во 16:05 ч.(по локално време)
Трансфер од аеродромот до хотелот Hanoi Pearl 4*, сместен во централното гратско подрачје.
Слободно попладне за индивидуални прошетки и разглед на градот.
Ноќевање

3 ден (26.02.2017) – Ханој / Појадок и Ручек
Појадок.
Ден кога ве очекува исклучително интересна целодневна обиколка на знаменитостите во Ханој – главниот град на Виетнам, град кој се одликува со карактеристична француска колонијална архитектура.
Ќе се посети комплексот Хо Ши Мин, Претседателскиот Дворец, местото каде живеел најголемиот виетнамски политичар, Хо Ши Мин. После посетата на комплексот, групата се упатува во посета на Пагодата Tran Quoc, најстариот будистички храм во Ханој, изградена на самиот брег на Западното езеро. Прошетката продолжува кон Храмот на Литературата – храм кој претставува првиот Императорски Универзитет во Виетнам, посета на Пагодата со еден столб, изградена од дрво на камена основа во 1409 год.
Ручек во локален ресторант.
Се продолжува со прошетката и разглед на поранешниот француски затвор Hoa Lo – Ханој Хилтон - , каде се држени во заробеништво американските пилоти за време на Виетнамската Војна, посета на Етнолошкиот Музеј, враќање во хотел.
Ноќевање

 

4 ден (27.02.2017) – Ханој – Заливот Ха Лонг / Појадок, Ручек, Вечера

Појадок.
Упатување со автобуски превоз до заливот Ха Лонг. Заливот Ха Лонг е место со неверојатна природна убавина,  место кое е дел од светското природно наследство на УНЕСКО, покрај тоа Заливот на Ха Лонг е истотака на листата на 33-те најубави заливи на планетата. Овој рајски дел се наоѓа на северо-источниот дел на Виетнам, на пределите на провинцијата Куанг Нин. Од престолнината Ханој се наоѓа на некои 160 км. одалеченост.
Заради прекрасните пејсажи и прекрасните природни глетки, виетнамците се категорични дека овој предел претставува чудо на природата.
Во буквален превод на зборот, Ха Лонг означува место каде змејот слетува.
Името на заливот се поврзува со една легенда, според која пред многу многу години, прадедовците на денешните виетнамци се бранеле од надојдените војски од Кина, на помош и на страна на виетнамците застанале боговите, којто на помош им пратиле семејство на змејови, за да помогнат во одбрана на земјата.
Семејството змејови слетале на земјата  токму на тоа место, каде денеска е заливот Ха Лонг и започнале да ги засипуваат со скапоцени камења.
Сместување на крузер Image Halong. Ручек на бродот со морски деликатеси.
Попладневна можност за прошетка и откривање на прекрасните пештери, можност за факултативен вечерен риболов. Вечера.
Ноќевање.

5 ден (28.02.2017) – Ха Лонг Беј – Да Нанг / Појадок
Рано изутрината на палубата од крузерот имате можност за посета на час по Тај Чи (вид на гимнастика).
После разгледувањето на пештерите Sung Sot, следува ужина за време на патувањето кон пристаништето.
После укотвувањето на крузерот на пристаниште, се упатување назад кон Ханој. Попат разгледување на Пагодата Con Son. Се продолжува со возење кон главниот град, каде се има слободно време за одмор или шопинг, пред да се тргне кон аеродромот. Полетување до Да Нанг во 17:10 ч. по локално време, пристигање во 18:30 ч. прифаќање и трансфер на групата до хотелот Cicilia Hotel & Spa 4*.
Ноќевање.

6 ден (01.03.2017) – Да Нанг – Хјуе / Појадок и ручек
Појадок во хотелот.
Рано изутрината се поаѓа кон Хјуе – стар имераторски град, престолнина од 1802 г. до 1945 г.  за време кога со Виетнам управувала династијата Нгуен, династија која во наследство прекрасни и величествени дворци и императорски гробници. Разгледување на седум катната Пагода Тиен Му – најстарата зграда во градот, висока 21 метар, изградена на почетокот на 17-ти век. Пагода која се гради во текот на 1601 год. од страна на локалниот феудалец Нгуен Хоанг, кој имал претскажување дека местото каде е изградено светилиштето поседува натприродна сила и е место токму предодредено каде ќе биде изградено светилиштето. И ден денес, виетнамците веруваат дека пагодата носи благодет и среќа на секој оној кој ќе стапне во неа. Посета на гробницата на императорот Minh Mang. Ручек во локален ресторант.
После ручекот, се продолжува со разглед на Императорскиот град и Забранетито град – изградени во кинески архитектонски стил. Истиот бил идеално зачуван се до 1968 год. кога беспоштедно е бомбардиран од страна на американската авијација. Забранетито Пурпурен Град се наоѓа позади зидините на дворецот, достапен само за жените и евнусите на императорите. Денес локалитетот е заштитен од страна на УНЕСКО со специјална програма за негова реставрација. Упатување кон разглед на колоритниот локален пазар Dong Ba.
Сместување во Hotel Mondial 4*.
Ноќевање.

 

7 ден (02.03.2017) – Хјуе – Да Нанг – Хој Ан / Појадок и Ручек

Појадок во хотелот. На пат кон Хој Ан, ќе се посети Мраморната Планина, како и статуата Lady Buddha во пагодата Linh Ung. Ручек во локален ресторант.
Градот е дел од светското културно наследство при УНЕСКО.
Сместување во хотел Hoi An Coco River Resort 4*.
Слободно попладне за резглед и запознавање на Хој Ан.
Ноќевање

8 ден (03.03.2017) – Хој  Ан – Да Нанг – Хо Ши Мин / Појадок и Ручек
Појадок во хотел. Посета на пазарот во Древниот град. Ручек во локален ресторант.
Попладне, упатување кон аеродромот во Да Нанг. Полетување кон Хо Ши Мин во 17:25 ч.
Пристигање во 18:50 ч. Трансфер до хотелот и сместување во хотел Paragon Saigon 4*.
Слободно попладне.
Ноќевање

9 ден (04.03.2017) – Хо Ши Мин / Појадок и Ручек
Појадок во хотел. После појадокот, полудневен разглед на градот, со посета на – Плоштад Хо Ши Мин, Катедралата Нотр Дам, градена во текот од 1863-1880 год. , разглед на центарлната пошта во Сајгон (старото име на градот Хо Ши Мин) градба проектирана од Густаф Ајфел во готски стил, посета на Музејот на останките од војната. Ручек во локален ресторант. Попладне посета на тунелите Ки Чи (неверојатна поздемна мрежа во должина од околу 200 км., изградена од виетнамските војници, во текот на долгогодишната борба за независност). Во тунелите ќе се разгледуваат болниците, засолништата, училиштето, објекти кои се изградени во тунелите и кои за време на виетнамската војна се користеле како воена база. Враќање во хотел.
Ноќевање

10 ден (05.03.2017) – Хо Ши Мин – Сиам Реап / Појадок и Ручек
Појадок во хотел. После појадокот се разгледува пагодата Jade Emperor Pagoda, изградба од кинеските владетели во текот на 1909 г., посетна на првиот музеј за традиционална медицина во државата (музеј со над 3000 предмети, поврзани со развојот и историјата на Виетнам (билки, прибори, стари книги и документи).
Слободно време за шопинг гратскиот пазар Бен Тан, изграден од француските колонисти. Ручек во локален ресторант. Трансфер до аеродромот до Сием Реап во 16 ч. Пристигање во 17:05 ч. Трансфер од аеродромот до хотелот и сместување во Sourkear Boutique 4*.
Ноќевање

11 ден (06.03.2017) – Сием Реап / Појадок и Ручек
 Појадок во хотел. После појадокот, упатување и посета на Храмот Та Прохм. Градба која датира од средината на 12 век и почетокот на 13 век. Храмот се наоѓа во џунглата, каде дрвја и лијани се изпреплетени низ неговите остатоци. Ручек во локален ресторант. Посета на храмот бантеј Среј (цитаделата на жените) изграден во 10 век, посветен на Шива, чија архитектура и прекрасни склуптури се изградени од розев песок. Враќање во хотелот.
Ноќевање.

 

12 ден (07.03.2017) – Сием Реап / Појадок и Ручек

Појадок во хотелот. После појадокот се упатува кон Величествениот Храм, комплексот Ангкор Том (последниот административен и религиозен центар на Империјата на Кмерите. Утврденито град Ангкор Том е со површина од 10 кв.км. Заграден со зидини и широки ровови, град кој ги вклучува речиси најзначајните знаменитости во Ангкор. После се посетува Храмот Бапхуон и Фимеанакас, храм од 11 век, изграден од Сурјаварман I. Посета на мистичниот храм на Џајаварман VII – Бајон, еден од напопуларните храмови во Ангкор. Ручек во локален ресторант. Попладне се разгледува Ангкор Ват – најголемиот религиозен споменик во светот.
На почетокот изграден како индуиски храм во 12 век, покасно, кон крајот на 12 век преобратен во будистички храм. Ангкор Ват е изграден од страна на Кмерската Империја, т.е Сурјаварман II на почетокот на 12 век во тогашната престолнина Јасоџарапура (денешен Ангкор) како државен храм и светилиште и иден монархиски мавзолеј. Ангкор Ват е нај добро зачуваниот храм во Ангкор и единствениот кој останал важен религиозен центар од неговото основање до ден денес. Објектот е изграден во висок класичен стил на кмерската архитектура. Објектот е симбол на Камбоџа и симбол кој се наоѓа на националното знаме, место кое  е најпосетувана туристичка атракција во државата. Враќање во хотелот.
Ноќевање

13 ден (08.03.2017) – Сием Реап – Банкок / Појадок и Ручек
Појадок во хотелот. После појадокот се разгледуваат храмовите од групата Рилус. Харихаралаја била престолнината на Кмерите цели 70 год. тука се изградени првите Кмерски Храмови – Лолеј, Банкок, При Ко.
Се разгледува и занаетчискиот центар Artisan D' Angkor, кој е основен во текот на 1992 год. со цел за развивање и поттикнување на занаетите во Камбоџа, се со цел да се овозможи младите поколенија да ги развијат своите способности и знаења. Ручек во локален ресторант.
Трансфер до аеродромот за полетување кон Банкок во 16:30 ч. Пристигање во 17:25 ч. Прием на аеродромот и трансфер до хотелот, Centara Watergate Pavilion 4*. Слободно време.
Ноќевање

14 ден (09.03.2017) - Банкок / Појадок
Појадок. Полудневен разглед со посета на кралскиот дворец и нај значајните храмови во Банкок. Разгледување на Гранд Палас – резиденцијата на кралевите на Тајланд, нај прекрасниот дворец во државата, изграден од династијата Сиам, дворец изграден на 61 хектар со мноштво сали. Храмот Ват Пра Кео е најсветата градба во Тајланд. Посета на храмот на лежечкиот Буда Ват ПО – огромен и древен храм со најубаво претставување на лежечкиот Буда во Тајланд ( долг 46м. висок 15м.). Слободно време за индивидуална попладневна прошетка.
Ноќевање

15 ден (10.03.2017) - Банкок / Појадок
Појадок. Слободен ден. Можност за целодневна екскурзија до Ајутаја со вклучен ручек (цена -65 евра). Древната престолнина на Сиам (1350-1767г.) стратегиско место, кое се наоѓа на устието на трите реки. Посета на трите најважни храма во историскиот парк : Ват Махатад, Ват Фрасри Санет и Ват Фрамонгхон Бонит. Се продолжува со разглед кон Банг-па-ин, каде се наоѓа летниот кралски дворец на Рама IV, изграден за времето на се поголемото влијание на европската култура во Тајланд. Крстарење до Банкок со бафет-ручек, кафе и прекрасна глетка кон кралските галерии, Гранд Палас, Храмот на зората.... Враќање во Банкок и вечерта трансфер до аеродромот.

 

16 ден. (11.03.2017) – Банкок – Доха – Софија

Рано изутрината полетување за Доха во 01:35 ч. Пристигање во 04:45 ч. Престој на аеродромот. Заминување за Софија во 06:45ч. Пристигање во Софија во 10:55 часот.

 

Цена по лице во двокреветна соба – 2599 евра

за рани уплати до 30.11.2016 – 100 евра намалување

 


Цената вклучува :
- Авионски билет – Софија – Доха – Ханој: Банкок – Доха – Софија со Катар Ервејс со вклучени авионски такси и багаж
- Авионски билет – Ханој – Да Нанг со вклучени аеродромски такси и багаж до 20 кг.
- Авионски билет – Да Нанг – Хо Ши Мин со вклучени аеродромски такси и багаж до 20 кг.
- Авионски билет – Хо Ши Мин – Сием Реап со вклучени авионски такси и багаж до 20 кг.
- Авионски билет – Сием Реап – Банкок со вклучени аеродромски такси и багаж до 20 кг.
- Вклучени сите трансфери аеродром – хотел – аеродром
- Хотелско сместување, во центарлните гратски подрачја :
* 2 ноќевања со појадок во Ханој, Hanoj Pearl 4*,
* 1 ноќевање со појадок, ручек и вечера на крузер Image Halong,
* 1 ноќевање со појадок во Да Нанг, Cicilia Hotel & Spa 4*,
* 1 ноќевање со појадок во Хју, Hotel Mondial 4*,
* 1 ноќевање со појадок во Хој Ан, Hoi An Coco River Resort 4*,
* 2 ноќевања со појадок во Хо Ши Мин, Paragon Hotel 4*,
* 3 ноќевања со појадок во Сием Реап, Suorkear Boutique 4*,
* 2 ноќевања со појадок во Банкок, Hotel Centara Watergate Pavilion 4*,
- 13 појадоци, 10 ручеци и 1 вечера согласно програмата
- Вклучително екскурзиите наведени во програмата
- Влезни такси на посетуваните објекти
- Шише минерална вода во автобусот за време на екскурзиите
- Панорамски разглед на Банкок со посета на Гранд Палас, смарагдениот и лежечкиот Буда
- Придружник, кој ќе патува со групата за време на целата екскурзија и ќе преведува на бугарски јазик
- Климатизиран превоз за време на целата маршута
- Медицинско осигурување за целиот престој, со покритие до 15000 евра.

Цената не вклучува :
- Виза за еднократен влез во Виетнам – се плаќа во агенција и издава во Софија – 80 евра
- Виза за Камбоџа – се плаќа и издава на лице место – 30 долари (задолжително слика со димензии 4 х 6 см.)
- Виза за Тајланд – се плаќа во агенција и издава во Софија – 30 евра (задолжително слика со димензии 4х6 см)
- Целодневна екскурзија во Ајутаја со вклучен ручек – 65 евра
- Лични трошоци
- Дополнителни екскурзии
- Медицинско осигурување за лица над 70 год. се доплаќа 15 евра
- Бакшиш за шоферот на екскурзиите, се собираат претходно во Софија – 50 долари по лице
- За еднокреветна соба се доплаќа – 460 евра

 

 

 

Време на полетување -
24.02.2017 – Софија – Доха – 19:45 – 01:20
25.02.2017 – Доха – Ханој – 02:20 – 16:05
11.03.2017 – Банкок – Доха – 01:35 – 05:45
11.03.2017 – Доха – Софија – 06:40 – 10:55

Услови и забелешки :
- За направена резервација се уплаќа 50% од цената на аранжманот, а комплетна уплата се прави 45 дена пред поаѓање
- Понудата важи за минимум 20 патници
- цената на аранжманот е дадена во евра, аранжманот се плаќа во денарска противвредност, по курс
1 евро = 62 ден.
- За патувањето не е потребно некои посебни медицински побарувања и имунизација
- Рок за известување на патниците за потребниот минимум – 30 дена пред поаѓање
- организаторот го задржува правото на промена на хотелите, пред сместување
- организаторот го задржува правото за промена на редоследот на посети наведени во програмата

Неопходни документи :
- Меѓународен важечки пасош, со валидност 6 месеци, после датата на враќање
- за деца до 18 год. кои патуваат само со еден родител, потребно е согласност од другиот родител,
заверена од овластен нотар

Услови за отказ и санкции :
- при отказ на аранжманот повеќе од 60 дена пред поаѓање – санкции не се пресметуваат
- при отказ на аранжманот помеѓу 60 и 45 ден пред датата на поаѓање – се задржува дадениот депозит
- при отказ на аранжманот помеѓу 45 и 20 ден пред датата на поаѓање – се санкционира 70% од износот на аранжманот
- при отказ на аранжманот помалку од 20 дена пред поаѓање – се санкционира 100% од износот на аранжманот

Сезони



Награди и признанија

1. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија, 2015 год.
2. Топ 100 ВИП локации во Источна Европа од Western Union, 2015 год.
3. Награда за 20 години постоење и значителен придонес во туризмот од Општина Струмица, 2015 год.
4. Благодарност и најдобро партнерство во Република Македонија доделен од страна на Turkish Airlines,2014 год.
5. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија,2012 год.
6. Изворедна поддршка и посебна соработка со Turkish Airlines, 2012 год.
Let's socialize




© 2015
All Rights Reserved


Newsletter


Корисничка поддршка
+389 34 345 212
marketing@atlantis.com.mk