Барселона 08.03.2017

Барселона

Име на сместување
Држава
Дестинација

8 ми МАРТ во БАРСЕЛОНА

со ДИРЕКТЕН ЛЕТ ОД СКОПЈЕ

05.03-08.03.2017

Барселона или „каталонската кралица“ е четвртиот најпосетуван град во Светот. Величествен град со прекрасна убавина, кој живее 24 часа дневно. Уживајте во прошетката низ главната градска улица „Рамблас“, застанете покрај живите човечки статуи, погледнете ги делата на  некој од многубројните улични сликари или пак прошетајте низ Готскиот кварт. Уживајте во уметноста на Антонио Гауди и неговата ексцентрична катедрала „Саграда Фамилија“ и паркот „Гуел“. А ако сте навивач на Барселона, тогаш стадионот „Ноу Камп“ е место, кое треба да го посетите.

 1 ден: (05.03.2017 - недела) - СКОПЈЕ – БАРСЕЛОНА (ПАНОРАМСКИ РАЗГЛЕД, РАМБЛАС, АКВАРИУМ, МАРЕМАГНУМ)

Состанок на групата на скопскиот аеродром во 04:00 часот. Полетување за Барселонa во 06:05 ч. наутро.  Пристигнување во Барселона во 08:45 часот. Организиран факултативен панорамски разглед со локален водич на Барселона: плоштадите Каталонија и Шпанија, магичната фонтана, авенијата Рамблас, Споменикот на Коумбо, Каса Мило, катедралата Саграда Фамилија (40 минутен разглед), Олимпиското пристаниште, Готскиот кварт (50 минутен разглед). Прошетка низ познатата улица „Рамблас“, една од најдинамичните улици во Светот. Следува сместување во хотел и слободно време за индивидуални активности. Можност за факултативна посета на Аквариумот http://www.aquariumbcn.com/en – еден од најголените и најубавите аквариуми во Европа.Ќе имате можност  во шопинг центарот „Маремагнум“  за кафе пауза, ручек, за шопинг или разглед на знаменитостите на Барселона.Вечерта, Ви препорачуваме посета на Шпанскиот плоштад. Враќање во хотел. Ноќевање.

2 ден: (06.03.2017 - понеделник) –БАРСЕЛОНА -  (ПАРК ГУЕЛ–ТИБИДАБО–ШПАНСКО СЕЛО; НОУ КАМП)

Појадок во хотел. Ви нудиме факултативен излет (5 саати) за да поминете прекрасен ден низ парковите на Барселона. Првин одиме во посета на паркот Гуел, кој е едно од најголемите ремек дела на Антони Гауди и знаменитост на Барселона. Продолжуваме потоа кон Тибидабо, највисоката точка во Барселона на 512 метри надморска височина, од каде може да ја видите Барселона на дланка, а тука се наоѓа и црквата од неоготски стил „Саграт кор“.  Потоа се упатуваме кон Шпанското село и го посетуваме овој музеј на отворено. Село е настанато во 30-тите години на XX  век, како изложба, која требало да ги обедини и прикаже основните карактеристики и разноликоста на селата во Шпанија. Факултативен полудневен излет до еден од најпознатите стадиони во светот – „Ноу Камп“ на кој игра фудбалскиот клуб „Барселона“. Ќе имате можност да го видете музејот на клубот со многубројните трофеи. Враќање во хотел. Враќање во хотел. Слободно време за индивидуални прошетки.Ноќевање.

3 ден: (07.03.2017 - вторник) – БАРСЕЛОНА - ГИРОНА – ФИГУЕРАС – БАРСЕЛОНА (ФЛАМЕНКО)

Појадок во хотел.Целодневен  факултативен излет за Гирона и Фигуерас. Првин поаѓаме за Гирона, кој се наоѓа во близина на Франција. Посебен шарм на градот му даваат зидините од римскиот период, а од кулите, кои се претворени во видиковец имате прекрасен поглед на градот и околината. Потоа, имаме разглед на градот и на најстариот еврејски кварт во Европа и готската катедрала. Слободно време. Патувањето го продолжуваме кон Фигуерас и посета на музејот на Салвадор Дали, кој е е сместен во неговата семејна плата, а изложбата е компилација од уметничките дела на дали од разни периоди на неговото творештво. Враќање кон Барселона. Организирана факултативна Фламенко вечер во ресторан (трансфер со метро), каде ќе може да уживате во прекрасното Фламенко шоуто, а ќе имате и вечера на принцип шведска маса, со голем избор на храна и пијалоци (оние кои што доаѓаат на Фламенко со вечера, почетокот е во 20.30, а додека оние кои се со Фламенко со пијалок, почетокот е во 22.00 часот). Враќање во хотел со метро. Ноќевање.

4 ден: (08.03.2017 - среда) - БАРСЕЛОНА - СКОПЈЕ

Појадок во хотел. Трансфер до аеродормот во Барселона е во 06: 45 часот. Чекирање и пасошки и царински формалности. Летот за Скопје е во 09:20 часот. Пристигнување на Скопскиот аеродром во  12:20 часот.

 Прва група затворена!

Втора група цена од: 349 € / 21.138 ден. 

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧЕНИ СЕ СЛЕДНИТЕ УСЛУГИ:

  • Директен лет на релација Скопје – Барселона – Скопје со авикомпанија Wizz Air
  • Трансфери: аеродром – хотел – аеродром
  • Организиран панорамски разглед на Барселона со локален водич
  • Сместување во во двокреветни соби во Euro Hotel Gran Via Fira 4* (www.eurohotelgranviafira.com на база 3 ноќевања со појадок,
  • Организирани прошетки според програмата со придружник од агенцијата
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ СЕ ВКЛУЧЕНИ СЛЕДНИТЕ УСЛУГИ:

  • Аеродромски такси по лице се 3.720 денари,
  • Голема кабинска торба (димензии 56х45х25см) 2.100 денари, багаж за чекирање (1 куфер до 23 kg) 3.700 денари
  • Посета на Ноу Камп (претставник од агенција, билет и трансфер со метро и не е вклучено во цената) – влезен  билет 26 €,
  • Посета на Парковите на Барселона (Парк Гуел, Тибидабо , Шпанско село) со водич и билет – 50 €,
  • Посета на Гирона и Фигерас (водич, билет и трансфер) – 60 €,
  • Фламинко шоу со пијалок - 40 €,
  • Аквариум  (влезница и претставник од агенција) - 19 €,
  • Туристичка такса се плаќа во хотел – 0,99 € по ден на лице,
  • Билети за јавен превоз со метро
  • Патничко осигурување

ОПШТИ НАПОМЕНИ:

  • Организатор на аранжманот е ТА АтлантиС
  • Резервација се прави со уплата на 30% од вкупнот износ на аранжманот
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 25 патника
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот, односно до 05.06.2017 година.
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот  во случај на промена на цената на превозот или  хотелот
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот  5 дена пред  датумот на започнување на истиот
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици
  • Организаторт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.

 

Задолжително пријавување за факултативите во агенција до 20.02. 2017 и минимум пријавени патници за  реализација: 25.

За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ и Т.А. АтлантиС

Сезони


- Room

Типмин. лицамин. ноќевања05.03 - 08.03
за членRoom
Ноќевање со појадок 21 349
Багаж 56х45х25см 11 33.870967741935
Багаж 23кг 11 59.677419354839
Аеродромски такси 11 60

Награди и признанија

1. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија, 2015 год.
2. Топ 100 ВИП локации во Источна Европа од Western Union, 2015 год.
3. Награда за 20 години постоење и значителен придонес во туризмот од Општина Струмица, 2015 год.
4. Благодарност и најдобро партнерство во Република Македонија доделен од страна на Turkish Airlines,2014 год.
5. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија,2012 год.
6. Изворедна поддршка и посебна соработка со Turkish Airlines, 2012 год.
Let's socialize




© 2015
All Rights Reserved


Тури



Корисничка поддршка
+389 34 345 212
marketing@atlantis.com.mk