Берлин | City Break

Берлин

Име на сместување
Држава
Дестинација

Берлин

индивидуални патувања

 

Берлин, главен град на Германија и една од нејзините шеснаесет покраини. Со население од 3,45 милиони жители, Берлин е најголемиот град во Германија. Тој е втор најнаселен град и осма најнаселена урбана област во Европската Унија. Се наоѓа во североисточна Германија и е центар на метрополитенската област Берлин-Бранденбург. Во Берлин живеат 5 милиони луѓе од над 190 земји. Околу една третина од територијата на градот ја сочинуваат шуми, паркови, градини, реки и езера.
Метрополата е дом на светски реномирани универзитети, истражувачки институти, спортски настани, оркестри, музеи, а во неа живеат и многу познати личности. Со своето урбаното и историско наследство, градот ги привлекува и меѓународните филмски продукции. Берлин е познат по своите фестивали, разновидната архитектура, ноќниот живот, современата уметност, јавната сообраќајна мрежа како и по високиот квалитет на живеење. Либералниот начин на живеење и модерниот дух на времето ги привлекува младите луѓе и уметниците од целиот свет

 

Предлог програма :


1 ден. Скопје – Берлин
Пристигање на аеродром, два часа пред полетувањето за Берлин. Пристигнување во Берлин.
По пристигањето, индивидуален трансфер од аеродром  до избраниот хотел во Берлин. Сместување.
Ноќевање.

 

2 ден.-3 ден. Берлин
Појадок. Слободно време за разглед на градот и индивидуални активности.
Ноќевање.

 

4 ден. Берлин - Скопје
Појадок.
Напуштање на хотелот и индивидуален трансфер до аеродромот. Лет за Скопје. Пристигање на аеродромот
,, Александар Велики ''. Крај на услугата

Хотел / Категорија

Пан.услуга

Цена

ECONTEL HOTEL BERLIN CHARLOTTENBURG 3*

Наем

Од 106 евра

TRYP BY WYNDHAM BERLIN CITY EAST 3*

Наем

Од 97 евра

BERLIN MARK HOTEL 3*

Појадок

Од 116 евра

CITY EAST 4*

Наем

Од 103 евра

 

 

Цена – од 97 евра

 

Важни напомени -
* Цените дадени во табелата се изработени врз основа на најповолната понуда од авио компанијата и хотелот,
расположливоста за сместување на лет и во хотел е на основа на моменталната состојба, како на авионот, така и во хотел.
* Наведените цени, НЕ важат во период на државен национален и верски празник.

Во цената е вклучено :
* Авионски билет Скопје – Берлин – Скопје
* 3 ноќевања во избраниот хотел
* Соодветно избрана пансионска услуга
* Аеродромски такси

 

Во цената на аранжманот НЕ е вклучено :
* Трансфер аеродром – хотел – аеродром
* Патничко осигурување

 

ПРЕДЛОГ МЕСТА ЗА ПОСЕТА -

  • Палата Монбижу
  • Бранденбуршката порта
  • Потсдамскиот плоштад 
  • Филхармониската сала
  • Дворецот Шарлотенбург
  • Рајхстагот, парламентот во Германија
  • Музејски Остров
  • Пергамскиот музеј

 

Опис на хотелот :

TRYP BY WYNDHAM BERLIN CITY EAST 3*

Овој хотел е сместен близу до централната гратска четврт, во тивката област на берлинското предградје на Лихтенберг. Хотелот е на некои 15 мин. од центарот на градот, со јавен превоз, автобуската постројка е на 150м од хотелот, додека железничката станица е на околу 1км одалеченост. Аеродромот Шоенефелд е на околу 20 км растојание......

ECONTEL HOTEL BERLIN CHARLOTTENBURG 3*
Овој 3* хотел на своите гости и нуди удобно сместување во една пријателска атмосфера, речиси во срцето на Берлин. Шарлотенбург е центар на поранешен Западен Берлин, каде има најголема концентрација на маркети, шопинг центри, ресторанти .... Околу хотелот, на некоја пристојна одалеченост се наоѓа Charlottenburg Palace, Charlottenburg Town Hall, Олимпискиот Стадион, Berlin Zoological Garden, меморијалната црква Kaiser Wilhelm....
Во близина на хотелот се наоѓа метростаницата Mierendorffplatz, со што се обезбедува брз и лесен пристап до сите популарни дестинации во Берлин.

 

BERLIN MARK HOTEL 3*

BERLIN MARK HOTEL ви нуди комфортност и удобност, без разлика дали сте дојдени во Берлин по бизнис или

Прошетка. Хотелот нуди висок стандард на услуги и удобност, со кој може да се задоволат вкусовите и на најприбирливите посетители. Хотелот на своите гости на располагање има 24 часовна рецепција, бежичен интернет, достапност за хендикепирани лица, ..... Секоја соба за престој е елегантно дизајнирана и опремена со најразлични додатоци за практична употреба. Топлото гостопримство, прекрасниот амбиент ќе го направат вашиот престој во Берлин, незаборавен.

 

CITY EAST 4*

Овој 4* хотел се наоѓа на 15 мин. Возење со трамвај до Alexanderplatz Square. Хотелот е изграден во 1980 год.
Последно реновиран во 2009 год. Хотелот располага со двокреветни, еднокреветни соби и апартмани, секоја соба е опремена со сопствен тоалет, индивидуално греење, телефон, радио, ТВ... Додека на располагање на гостите хотелот им нуди 24 часовна рецепција, паркинг, можност за изнајмување на велосипеди, бар, ресторант, бежичен интернет.... Се со цел вашиот престој во Берлин да биде поудобен, релаксирачки, интересен....

 

Начин на плаќање :
* Готовинско или плаќање со кредитна картичка
* При резервацијата на аранжманот се уплаќа 50% од износот на аранжманот,
остатокот се уплаќа најдооцна 15 дена пред почетокот на аранжманот
* Доколку плаќањето се врши преку девизна сметка – банкарските трошоци ги покрива барателот на услугата

Важни Напомени :
* Категоризацијата и класификација на хотелите е во согласност со законодавството и нормите на земјата-домакин
* Потврда од хотелот се чека околу 48 часа од уплата на аконтацијата (несметајки ги сабота и недела)
* По правило влезот во хотелот е после 14 часот, излезот најкасно до 10 часот според локално време
* Задолжителен dress code за време на оброците во хотелот
* ТА АтлантиС не е одговорна за реализација на избраните локални факултативи  и излети
* Патниците сами сносат одговорност за личната патна документација и нејзината валидност
* Малолетните лица кои патуваат без придружба од двајцата родители, задолжително треба да имаат заверена согласност од родителите при премин на границата

 

ТА АтлантиС го задржува правото да пропише и други услови за плаќање, при поедини промотивни периоди
Цената е гарантирана само при уплата на комплетниот износ. Во спротивно, гарантиран е само износот на аконтацијата.
Во случај на промена на монетарниот пазар или промена на цените на авио услугите и хотелското сместување, агенцијата го задржува правото на корекција на цената, измена на програмата на патување или отказ на патувањето.

КРАЕН РОК ЗА ИЗВЕСТУВАЊЕ НА ПАТНИЦИТЕ, ВО СЛУЧАЈ НА ОТКАЗ НА АРАНЖМАНОТ ОД СТРАНА НА ТА АТЛАНТИС Е 5 ДЕНА ПРЕД ПОЧЕТОКОТ НА ПАТУВАЊЕТО.
Организаторот има право да 5 дена пред поаѓање го откаже патувањето, поради пребукираност во хотелот или да понуди алтернативен смештај во друг хотел од иста категорија и слична цена.

СЕ МОЛАТ ПАТНИЦИТЕ ЗА ДОПОЛНИТЕЛНА ПРОВЕРКА НА ТОЧНОТО ВРЕМЕ НА ПОЛЕТУВАЊЕ, НАЈКАСНО ДВА ДЕНА ПРЕД ПОЛЕТУВАЊЕ.

ЗА ОВОЈ ПРОГРАМ ВАЖАТ ОПШТИТЕ УСЛОВИ НАВЕДЕНИ ВО ПРОГРАМАТА И ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ ПРИ ТА АТЛАНТИС ВО СОГЛАСНОСТ СО СКТМ.


Сезони



Награди и признанија

1. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија, 2015 год.
2. Топ 100 ВИП локации во Источна Европа од Western Union, 2015 год.
3. Награда за 20 години постоење и значителен придонес во туризмот од Општина Струмица, 2015 год.
4. Благодарност и најдобро партнерство во Република Македонија доделен од страна на Turkish Airlines,2014 год.
5. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија,2012 год.
6. Изворедна поддршка и посебна соработка со Turkish Airlines, 2012 год.
Let's socialize




© 2015
All Rights Reserved


Newsletter


Корисничка поддршка
+389 34 345 212
marketing@atlantis.com.mk