Копенхаген | City Break


Име на сместување
Држава
Дестинација

КОПЕНХАГЕН

индивидуални патувања

 

Копенхаген е престолнината и најголемиот град во Данска со околу 590 илјади жители во рамките на општината, околу 1,28 милиони во урбаниот регион и над два милиони жители во метрополитанската зона на Копенхаген. Слично на Венеција, Копенхаген е град на острови и канали.
Поголемиот дел од градот е лоциран на источниот брег на островот Зеланд (Zealand), а помалиот на западниот брег на островот Амагер (Amager), кој на источната страна излегува на Оресенд (Øresund), теснецот што ја дели Данска од Шведска. Ако теснецот Оресенд ја дели Данска од Шведска, истоимениот мост (Оресенд мост) ги поврзува овие две земји, или поточно Копенхаген во Данска со Малме во Шведска.

Скоро осум километри долгиот мост е најдолгиот комбиниран моторен и железнички мост во Европа, официјално пуштен во употреба на 1 јули 2000 година, и овековечен во шведско-данската криминалистичка серија Мост (The Bridge) во три серии од по десет епизоди чиешто емитување отпочнало во 2011 година.

 Шетајќи низ неговите улици или пак пловејќи по неговите канали ќе се сретнете од најмодерни достигнувања на архитектурата до барокни зданија во кои ќе може да го испиете првото утринско кафе со прекрасен поглед на некоја од многуте палати со прекрасни градини од кои ќе ви застане здивот за миг.

 

Предлог програма :

1 ден. Скопје – Малме – Копенхаген
Пристигање на аеродром, два часа пред полетувањето за Малме. Пристигнување во Малме.
По пристигањето, индивидуален трансфер од аеродром до Копенхаген и до избраниот хотел. Сместување.
Ноќевање.

 

2 ден.-3 ден. Копенхаген
Појадок. Слободно време за разглед на градот и индивидуални активности.
Ноќевање.

 

4 ден. Копенхаген – Малме – Скопје
Појадок.
Напуштање на хотелот и индивидуален трансфер до аеродромот. Лет за Скопје. Пристигање на аеродромот
,, Александар Велики ''. Крај на услугата.

 

ЦЕНА – од 158 евра

Хотел / Категорија

Пан.услуга

Цена од

Copenhagen Star Hotel 3*

Наем

Од 158 евра

Richmond Hotel 3* (ex. BW Richmond)

Наем

Од 180 евра

First Hotel Twentyseven 4*

Наем

Од 192 евра

Hotel Grand 4*

Појадок

Од 205 евра

 

Важни напомени -
* Цените дадени во табелата се изработени врз основа на најповолната понуда од авио компанијата и хотелот,
расположливоста за сместување на лет и во хотел е на основа на моменталната состојба, како на авионот, така и во хотел.
* Наведените цени, НЕ важат во период на државен национален и верски празник.

Во цената е вклучено :
* Авионски билет Скопје – Малме – Скопје
* 3 ноќевања во избраниот хотел
* Соодветно избрана пансионска услуга

 

Во цената на аранжманот НЕ е вклучено :
* Аеродромски такси -
* Трансфер аеродром – хотел – аеродром
* Патничко осигурување

ПРЕДЛОГ МЕСТА ЗА ПОСЕТА -
- Паркот Тиволи
- Музејот на Ханс Кристијан Андерсен
- Старото Пристаниште
- Малата Сирена
- Дворецот Амалинборг
- Кралскиот Театар
- Кристијаниа
- Данскиот Парламент
- Дворецот Кристијанборг

 

Опис на хотелот :

 

GRAND 4*

https://www.grandhotelcopenhagen.com/
Гранд хотел е традиционален 4* хотел, кој нуди удобно сместување во срцето на Копенхаген. На гостите во рамките на хотелот им се нуди бесплатен бежичен интернет и италијански ресторант кој работи во рамките на хотелот. Местото Тиволи е забавно место(парк), сместен во југо-источниот дел на централното подрачје кој датира од 19 век, опкружен со културно-историски споменици, историскиот остров Slotsholmen, уметничката галерија Carlsberg Glyptotek, пешачката шопинг улица Strøget, улицата Istedgade – позната по ноќниот живот и ред други знаменитости и обалежја на Копенхаген. Во близина на хотелот е и централната железничка станица, која обезбедува брз и лесен пристап до сите други популарни дестинации во Копенхаген.

 

FIRST HOTEL TWENTYSEVEN 4*
http://www.firsthotels.com/Our-hotels/Hotels-in-Denmark/Copenhagen/First-Hotel-Twentyseven/
е модерен 4* хотел, стилски дизајниран и сместен во срцето на историскиот дел на Копенхаген. Сместен е во областа Тиволи, во југо-источниот дел од централното подрачје. опкружен со културно-историски споменици, историскиот остров Slotsholmen, уметничката галерија Carlsberg Glyptotek, пешачката шопинг улица Strøget, улицата Istedgade – позната по ноќниот живот и ред други знаменитости и обалежја на Копенхаген. Во близина на хотелот е и централната железничка станица, која обезбедува брз и лесен пристап до сите други популарни дестинации во Копенхаген.

 

RICHMOND (EX BEST WESTERN RICHMOND HOTEL) 3*

http://richmond.copenhagen-hotel.net/en/
Овој 3* хотел ви нуди комфорт и удобност без разлика дали во Копенхаген сте пристигнати по бизнис или  одмор. Хотелот нуди висок стандард на услуги и удобности кои одговараат на индивидуалните потреби на сите клиенти. Хотелот располага со 24 часовна рецепција, бежичен интернет, паркинг, рент а кар, додека собите се стилски декорирани со сопствен тоалет, греење, собна услуга, плазма ТВ....
Место од каде вистински можете да го доловите, Копенхаген.

 

COPENHAGEN STAR HOTEL 3*

http://copenhagenstar.dk/
3* Хотел со прекрасна локазија како за бизнис посетителите, така и за клиентите кои сакаат релаксиран престој и можност за прошетка по Копенхаген. Хотелот на своите гости им овозможува можност за користење на бежичен интернет, оддел за багаж, паркинг, 24 часовна рецепција... Собите се стилски дизајнирани со греење, тоалет, соба за непушачи.... Без разлика кои се вашите причини за посета на Копенхаген, Копенхаген Стар Хотел 3* ќе ви овозможи да се чувствувате како дома.....

 

Начин на плаќање :
* Готовинско или плаќање со кредитна картичка
* При резервацијата на аранжманот се уплаќа 50% од износот на аранжманот,
остатокот се уплаќа најдооцна 15 дена пред почетокот на аранжманот
* Доколку плаќањето се врши преку девизна сметка – банкарските трошоци ги покрива барателот на услугата

Важни Напомени :
* Категоризацијата и класификација на хотелите е во согласност со законодавството и нормите на земјата-домакин
* Потврда од хотелот се чека околу 48 часа од уплата на аконтацијата (несметајки ги сабота и недела)
* По правило влезот во хотелот е после 14 часот, излезот најкасно до 10 часот според локално време
* Задолжителен dress code за време на оброците во хотелот
* ТА АтлантиС не е одговорна за реализација на избраните локални факултативи  и излети
* Патниците сами сносат одговорност за личната патна документација и нејзината валидност
* Малолетните лица кои патуваат без придружба од двајцата родители, задолжително треба да имаат заверена согласност од родителите при премин на границата

ТА АтлантиС го задржува правото да пропише и други услови за плаќање, при поедини промотивни периоди
Цената е гарантирана само при уплата на комплетниот износ. Во спротивно, гарантиран е само износот на аконтацијата.
Во случај на промена на монетарниот пазар или промена на цените на авио услугите и хотелското сместување, агенцијата го задржува правото на корекција на цената, измена на програмата на патување или отказ на патувањето.

КРАЕН РОК ЗА ИЗВЕСТУВАЊЕ НА ПАТНИЦИТЕ, ВО СЛУЧАЈ НА ОТКАЗ НА АРАНЖМАНОТ ОД СТРАНА НА ТА АТЛАНТИС Е 5 ДЕНА ПРЕД ПОЧЕТОКОТ НА ПАТУВАЊЕТО.
Организаторот има право да 5 дена пред поаѓање го откаже патувањето, поради пребукираност во хотелот или да понуди алтернативен смештај во друг хотел од иста категорија и слична цена.

СЕ МОЛАТ ПАТНИЦИТЕ ЗА ДОПОЛНИТЕЛНА ПРОВЕРКА НА ТОЧНОТО ВРЕМЕ НА ПОЛЕТУВАЊЕ, НАЈКАСНО ДВА ДЕНА ПРЕД ПОЛЕТУВАЊЕ.

ЗА ОВОЈ ПРОГРАМ ВАЖАТ ОПШТИТЕ УСЛОВИ НАВЕДЕНИ ВО ПРОГРАМАТА И ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ ПРИ ТА АТЛАНТИС ВО СОГЛАСНОСТ СО СКТМ.

Сезони



Награди и признанија

1. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија, 2015 год.
2. Топ 100 ВИП локации во Источна Европа од Western Union, 2015 год.
3. Награда за 20 години постоење и значителен придонес во туризмот од Општина Струмица, 2015 год.
4. Благодарност и најдобро партнерство во Република Македонија доделен од страна на Turkish Airlines,2014 год.
5. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија,2012 год.
6. Изворедна поддршка и посебна соработка со Turkish Airlines, 2012 год.
Let's socialize




© 2015
All Rights Reserved


Тури



Корисничка поддршка
+389 34 345 212
marketing@atlantis.com.mk