Дортмунд | City Break


Име на сместување
Држава
Дестинација

Дортмунд
индивидуални патувања

 

Дортмунд — град во Германија. Се наоѓа во покраината Северна Рајна-Вестфалија, во областа Рур. Неговото население од 585.045 (во декември 2006) го прави осми најголем град во Германија и 41-ви најголем град во Европската Унија. Дел е од урбаната зона со некои 5,2 милиони (2009), тоа е најголемата урбана агломерација во Германија. Исто така, дел е од поголемиот метрополитенски регион Рајна-Рур со повеќе од 12 милиони луѓе.

Реката Рур тече јужно од градот, а малата река Емшер тече низ самиот град. Каналот Дортмунд-Емс исто така, завршува во пристаништето Дортмунд, кое е најголемото европско пристаниште поврзано со канал и го поврзува Дортмунд со Северното Море.

Дортмунд е познат како вестфалската „зелена метропола“. Околу половина од градската територија се состои од водотеци, шуми, земјоделски површини и зелени површини со огромни паркови, како што се Вестфалскиот парк и ботаничката градина Ромбергпарк. Ова е во спротивност со речиси стогодишната историја на експлоатација на јаглен и челик во рамките на градските подрачја


Предлог програма :


1 ден. Скопје – Дортмунд
Пристигање на аеродром, два часа пред полетувањето за Дортмунд. Пристигнување во Дортмунд.
По пристигањето, индивидуален трансфер од аеродром  до избраниот хотел во Дортмунд. Сместување.
Ноќевање.

 

2 ден.-3 ден. Дортмунд
Појадок. Слободно време за разглед на градот и индивидуални активности.
Ноќевање.

 

4 ден. Дортмунд - Скопје
Појадок.
Напуштање на хотелот и индивидуален трансфер до аеродромот. Лет за Скопје. Пристигање на аеродромот
,, Александар Велики ''. Крај на услугата

 

ЦЕНА –  од 157 евра 

Хотел / Категорија

Пан.услуга

Цена

Mercure Dortmund City 2*

Наем

Од 157 евра

Novum Hotel Excelsior 3*

Наем

Од 208 евра

Mercure Hotel Dortmund Centrum 4*

Наем

Од 170 евра

 

Важни напомени -
* Цените дадени во табелата се изработени врз основа на најповолната понуда од авио компанијата и хотелот,
расположливоста за сместување на лет и во хотел е на основа на моменталната состојба, како на авионот, така и во хотел.
* Наведените цени, НЕ важат во период на државен национален и верски празник.

Во цената е вклучено :
* Авионски билет Скопје – Милано – Скопје
* 3 ноќевања во избраниот хотел
* Соодветно избрана пансионска услуга

Во цената на аранжманот НЕ е вклучено :
* Аеродромски такси -
* Трансфер аеродром – хотел – аеродром
* Патничко осигурување

ПРЕДЛОГ МЕСТА ЗА ПОСЕТА -
- U-Tower
- Port Authority
- Opernhaus Dortmund
- Museum für Kunst und Kulturgeschichte
- Rombergpark
- Florianturm
- Altes Rathaus 

 


Опис на хотелот :

MERCURE DORTMUND CITY 2*

http://www.mercure-dortmund-centrum.de/en/
Овој урбан хотел се наоѓа во централното гратско подрајче, на само 5 мин. пешачење од железничката станица, кој го поврзува хотелот со сите најзначајни атракции во градот, почнувајки од Изложбениот центар па се до Westfalenhallen стадионот. Овој удобен гратски хотел на гостите на располагање им нуди 82 звучно излоирани, опремени со сопствен тоалет, фен, интернет пристап, телефон, ТВ... Во склоп на хотелот, на гостите на располагање им е 24 час.рецепција, интернет пристап на јавните делови од хотелот, менувачница, лифт, ресторант, кафе бар, сала за состаноци, ноќен клуб, касино, внатрешен базен, сауна, солариум .....

 

NOVUM HOTEL EXCELSIOR 3*

https://www.novum-hotels.de/hotel-excelsior-dortmund 
Овој 3* хотел нуди удобност и достапност без разлика дали сте во Дортмунд поради бизнис или поради одмор и прошетка. Хотелот нуди висок стандард на услуги и удобности, приспособени да ги задоволат вкусовите и на најприбирливите клиенти. Во рамките на хотелот, на гостите им е овозможен бесплатен бежичен интернет, како во собите така и на јавните површини од хотелот. Секоја соба е елегантно дизајнирана и опремена за сите практични погодности. Хотелот нуди различни можности за релаксација, без разлика кои се вашите причини за посета, Novum Hotel Excelsior ќе ви овозможи да се чувствувате како дома.....

MERCURE HOTEL DORTMUND CENTRUM 4*

http://www.mercure-dortmund-centrum.de/
Опуштете се во еден од поубавите 4* хотели во Дортмунд, со одлична локација, Mercure Hotel Dortmund Centrum, хотел на само неколку чекори од Friedensplatz, стариот пазар, бројните кафулиња, ресторанти, галеријата, операта и театарот .... Покрај опкружувањето со бројни знаменитости, на само неколку стотина метри од хотелот се наоѓа и метро станицата, што хотелот го прави лесно достапен до сите значајни туристички атракции....
 

 

Начин на плаќање :
* Готовинско или плаќање со кредитна картичка
* При резервацијата на аранжманот се уплаќа 50% од износот на аранжманот,
остатокот се уплаќа најдооцна 15 дена пред почетокот на аранжманот
* Доколку плаќањето се врши преку девизна сметка – банкарските трошоци ги покрива барателот на услугата

Важни Напомени :

* Категоризацијата и класификација на хотелите е во согласност со законодавството и нормите на земјата-домакин
* Потврда од хотелот се чека околу 48 часа од уплата на аконтацијата (несметајки ги сабота и недела)
* По правило влезот во хотелот е после 14 часот, излезот најкасно до 10 часот според локално време
* Задолжителен dress code за време на оброците во хотелот
* ТА АтлантиС не е одговорна за реализација на избраните локални факултативи  и излети
* Патниците сами сносат одговорност за личната патна документација и нејзината валидност
* Малолетните лица кои патуваат без придружба од двајцата родители, задолжително треба да имаат заверена согласност од родителите при премин на границата

 


ТА АтлантиС го задржува правото да пропише и други услови за плаќање, при поедини промотивни периоди
Цената е гарантирана само при уплата на комплетниот износ. Во спротивно, гарантиран е само износот на аконтацијата.
Во случај на промена на монетарниот пазар или промена на цените на авио услугите и хотелското сместување, агенцијата го задржува правото на корекција на цената, измена на програмата на патување или отказ на патувањето.

КРАЕН РОК ЗА ИЗВЕСТУВАЊЕ НА ПАТНИЦИТЕ, ВО СЛУЧАЈ НА ОТКАЗ НА АРАНЖМАНОТ ОД СТРАНА НА ТА АТЛАНТИС Е 5 ДЕНА ПРЕД ПОЧЕТОКОТ НА ПАТУВАЊЕТО.
Организаторот има право да 5 дена пред поаѓање го откаже патувањето, поради пребукираност во хотелот или да понуди алтернативен смештај во друг хотел од иста категорија и слична цена.

СЕ МОЛАТ ПАТНИЦИТЕ ЗА ДОПОЛНИТЕЛНА ПРОВЕРКА НА ТОЧНОТО ВРЕМЕ НА ПОЛЕТУВАЊЕ, НАЈКАСНО ДВА ДЕНА ПРЕД ПОЛЕТУВАЊЕ.

ЗА ОВОЈ ПРОГРАМ ВАЖАТ ОПШТИТЕ УСЛОВИ НАВЕДЕНИ ВО ПРОГРАМАТА И ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ ПРИ ТА АТЛАНТИС ВО СОГЛАСНОСТ СО СКТМ.


Сезони



Награди и признанија

1. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија, 2015 год.
2. Топ 100 ВИП локации во Источна Европа од Western Union, 2015 год.
3. Награда за 20 години постоење и значителен придонес во туризмот од Општина Струмица, 2015 год.
4. Благодарност и најдобро партнерство во Република Македонија доделен од страна на Turkish Airlines,2014 год.
5. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија,2012 год.
6. Изворедна поддршка и посебна соработка со Turkish Airlines, 2012 год.



Let's socialize




© 2015
All Rights Reserved


Тури



Корисничка поддршка
+389 34 345 212
marketing@atlantis.com.mk